Извлекување на добитниците на субвенции за соларни колектори.

Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Денес беше извлекувањето во салата Борис Трајковски, присуствуваше и министерот Ваљон Сараќини. Може не успеав да најдам, но никаде на нетов не најдов каде ќе бидат објавени имињата на добитниците. НИКАДЕ не е кажана информацијата. Каде да се провери ова или пак да се гледа снимка од извлекувањето..ццц
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
ццццц не е можно...сега читам како се прави извлекувањето...за да сум во игра за извлекувањето, не само што треба да имам купено соларен систем и да поднесам апликација (што и го имам направено), туку и требало да присуствувам на извлекувањето денес во Борис Трајковски инаку го губам правото на надоместок. Па нормално ли е ова бре. Кој експерт го смисли начинов на извлекување. СРАМОТА
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
јас само видов на вести мислам дека беше некоја снимка како Сарачини влече плико од БАЗЕН со пликоа и го отвара.. друго појма немам :)
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
зар стварно мислиш дека ке помине а да не е наместено ова
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
112
Поени од реакции
26
..туку и требало да присуствувам на извлекувањето денес во Борис Трајковски инаку го губам правото на надоместок. Па нормално ли е ова бре. Кој експерт го смисли начинов на извлекување. СРАМОТА
како бе така?? каде тоа го прочита, можеш линк да ставиш? па ова не е нормално, небаре наградна игра на PINK е ова??:facepalm:
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
Врз основа на точка 1 од дел IV од Програмата занадоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2013 година (Службен весник на Република Македонија бр. 4/13), Министерството за економија
објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени
сончеви термални колекторски системи во домаќинства за 2013 година

1.Опис на јавниот оглас
1.1Министерството за економија со цел за стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Македонија, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе гикупат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 31 мај 2013 година, ќе им обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на сончеви термални колекторски системи до 30 %, но не повеќе од 300 евра во денарска противредност под услов купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончеви термални колекторски системиво својот дом врз основа на претходните Јавни огласи на Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи објавени во 2007, 2009, 2011 и 2012 година.
1.2За времетрањето на огласот, најмалку два пати ќе има известување за јавноста на национална телевизија.
1.3На 8 јуни во просториите на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала Борис Трајковски ДООЕЛ, Скопје ќе сеодржи јавно извлекување на лицата кои ќе може да се стекнат со правото на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор. За времето и местото на извлекувањето Министерството за економија ќе даде дополнително соопштение кое ќе биде објавено во три дневни весници и на национална телевизија со кое сите баратели ќе бидат поканети на јавниот настан. Секој барател кој има доставено барање за надоместување на дел од трошоците има право доколку сака да присуствува на јавното извлекување
1.4За спроведување на активностите за реализација на Програмата и овој Јавен оглас министерот за економија ќе формира пет комисии кои ќе бидат составени од три члена и нивни заменици.

2.Барање за искористување на правото на надоместок
2.1Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат купувачите кои ќе гикупат и вградат во своите домови соларните колектори по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 31 мај 2013 година, кои го немаат искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончеви термални колекторски системи согласно точка 1.1 од овој оглас и кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото на надоместок.
2.2За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите од дел 2.1 на овој оглас се исплонети, барателот до Министерството за економија ги доставува следните документи:
1.пополнет образец за барање (кој во себе содржи изјава дека барателот го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончев термален колекторски системврз основа на претходните Јавни огласи на Министерството за економија во 2007, 2009, 2011 и 2012 година). Барањето задолжително треба да биде поднесено на образецот на барањето кое може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk,
2.доказ во оригинал дека е извршено купувањето на сончев термален колекторски систем, и тоа:
- фискална сметка, или
- фактура со извод од деловна банка по денот на објавувањето на огласот.
Доколку купувачот достави доказ во оригинал за направените трошоците за вградувањето на соларниот колектор (фискална сметка или фактура со извод од деловна банка по денот на објавувањето на овој оглас), истите ќе му бидат земени во предвид при утврдување на надоместокот на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колектори.

2.3Едно лицеможе да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.

2.4Купувачот на сончев термален колекторски систем, барањето за искористување на правото на надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15 по пошта, или во архивата на министерството, секој работен ден од 9:30 до 15:00 часот.
2.5На пликот треба да стои: ОГЛАС ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПЕНИ И ВГРАДЕНИ СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОТРСКИ СИСТЕМИ ВО ДОМАЌИНСТВА ЗА 2013 ГОДИНА, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ.

3.Јавно извлекување на добитниците
3.1Комисиите по пристигнувањето на сите барања за надомест на дел од трошоците доставени за времетраењето на јавниот оглас со записник ќе го утврдат точниот број на пристигнати барања. Пристигнатите коверти во присуство на сите членови на комисиите ќе бидат ставени во унифицирани коверти на Министерството за економија
3.2Извлекувањето ќе се одвива на следниот начин:
-извлекувањето ќе биде снимено и за истото Министерството за економија ќе има видеозапис и секој заинтересиран барател има право да побара увид во видеозаписот од извлекувањето за што треба да достави писмено барање до Министерството за економија.
-унифицираните коверти во присуство на сите членови на комисиите ќе се стават во посебен сад.
-лицето кое го врши извлекувањето, секој извлечен коверт го предава на една од Комисиите.
-претседателот на секоја одделна комисија го соопштува името на барателот, по што комисијата пристапува кон проверка на документите доставени од страна на барателот и соопштува дали барањето е во согласност односно не е во согласност со условите и барањата од оваа програма.
-за времетрање на извлекувањето ќе се составува листа која ќе содржи податоци за извлечениот барател, за износот на надоместокот и за персоналниот данок на добивка.
-во оној момент кога ќе се извлечат барателите чиј збир на износот на надоместоци и на износот на персоналниот данок ги ангажира средствата наменети за оваа намена, ќезаврши извлекувањето на барателите кои имаат комплетна и уредна документација, по што ќе следи отварање на ковертите и читање на имињата и презимињата на останатите баратели.
-листата на извлечени баратели кои имаат уредна и комплетна документација за времетраењето на извлекувањето ќе биде достапна на видеобим на местото на извлекувањето
- листата на извлечени баратели кои имаат уредна и комплетна документација ќе биде објавена на веб страната на Министерството за економија најдоцна во рок од пет дена од денот на извлекувањето.


3.3Избраните лица кои немаат уредна и комплетна документација нема да го остварат правото на надомест.

3.4Министерството за економија, по објавувањето на листата на баратели кои имаат уредна и комплетна документација, ќе ги провери извлечените баратели кои имаат уредна и комплетна документација дали го искористиле правото на поврат на дел од средствата врз основа на претходните јавни огласи на Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи објавени во 2007, 2009, 2011 и 2012 година. Доколку се констатира дека некои од извлечените баратели кои имаат комплетна и уредна документација веќе го искористиле правото на надомест истите нема да го остварат правото на надомест за 2013 година.

4.Министерството за економија по објавувањето на листата на баратели кои имаат уредна и комплетна документација и по извршената проверка од точка 3.4. на овој Јавен оглас, во рок не подолг од четири месеци од денот на јавното извлекување по случаен избор ќе направи увид на лице место во 100 домаќинствата и доколку констатира дека соларниот термален колектор не е инсталиран во тој случај извлечениот барател кој има комплетна и уредна документација нема да го оствари правото на надоместок.

4.1Средствата наменети за извлечените баратели кои имаат комплетна и уредна документација за кои по извршената проверка ќе се констатира дека веќе го искористиле правото на надомест во 2007, 2009, 2011 и 2012 година како и средствата за барателите за кои по извршениот увид на лице место се констатира дека соларниот термален колектор не е инсталиран ќе се вратат во Буџетот на Република Македонија.

1.6 Не подоцна од 10 дена од завршувањето на увидот на лице место, листата на баратели кои го остваруваат правото на надомест ќе биде објавена во два дневни весници и на веб страната на Министерството за економија, по што ќе следи исплатата на средствата.
5.Начин на остварување на правото на надоместок

5.1Министерот за економија ќе донесе Решение за исплата на средства, во износ од 30 % од средствата потрошени за купување и вградување на соларните колектори во своите домови, но не повеќе од 300 евра, доколку утврди дека се исполнети условите од овој оглас.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 19:38 ---
Во врска со претходно напишаното сум грешка, тоа било во 2012 година...од овде го читав

http://www.euroterm.net.mk/content/file/javen_oglas_2012.pdf
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Искрено незнам дали да се смеам или да плачам.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Имам слушнато дека за нелегализирани куќи не важело :cautious:
 

Styx

nocturnal
Член од
8 ноември 2008
Мислења
47
Поени од реакции
91
И што се случи со списокот? Знае некој каде и кога ќе може да се прочитаат добитниците или? По нетов нема ништо... сега за сега.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.435
И што се случи со списокот? Знае некој каде и кога ќе може да се прочитаат добитниците или? По нетов нема ништо... сега за сега.
Списокот го има во секој Општински Комитет на Вемеро, треба само да се зачлениш за да ти го дадат.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
112
Поени од реакции
26
нема ли список на добитниците?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom