Избори за нов студентски лидер

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Изборите поминаа и после се отвори темата. Значи стварно се заспани студентите(не само во уким)!!!
Е па затоа е отворена темата, за да се најде чаре, што да правиме кога се затаија и конкурси за лидер и промоција на кандидатите? Закржлавена и заспана институција, а студентите намерно се држат неинформирани, зошто полесно ќе се манипулира на тој начин со нив.

...кај е спасот...во парламент,по 5 души од секој факс и да се формира тело кое ќе комуницира со министер медиуми и слично,вака протестов како да беше само за Скопјани со домовиве!
Точно во право си. Го тргаме протестот што беше на страна, затоа што за тој си имаше посебна тема. Идејата за парламент со претставници од сите факултети е најдобра идеја, најпаметно решенија и може да дојде најлесно до обединување на студентите.
Но, за да го добиеме тоа ние студентите, потребно е обединување, како да го добиеме тоа што го сакаме? Како да се тргне пасивноста?
Значи имаме избори за лидер, а не знаеме ни како изгледаат. Денеска никој не ни знаеше кој е избран.
Како да направиме парламент, кога најпрвин не сме единствени меѓу себе, а ни посебно заинтересирани? Сите се спремни да се жалат и кукаат како ги малтретираат на факултет, а откако ќе се пожали не ни се обидува да види кој тоа треба да го претставува, ниту пак да покрене иницијатива, а и кога ќе се дигне иницијатива се настапува со ставот - е што ако се спротиставам - бетер ќе биде.
 
Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Е па затоа е отворена темата, за да се најде чаре, што да правиме кога се затаија и конкурси за лидер и промоција на кандидатите? Закржлавена и заспана институција, а студентите намерно се држат неинформирани, зошто полесно ќе се манипулира на тој начин со нив.

Точно во право си. Го тргаме протестот што беше на страна, затоа што за тој си имаше посебна тема. Идејата за парламент со претставници од сите факултети е најдобра идеја, најпаметно решенија и може да дојде најлесно до обединување на студентите.
Но, за да го добиеме тоа ние студентите, потребно е обединување, како да го добиеме тоа што го сакаме? Како да се тргне пасивноста?
Значи имаме избори за лидер, а не знаеме ни како изгледаат. Денеска никој не ни знаеше кој е избран.
Како да направиме парламент, кога најпрвин не сме единствени меѓу себе, а ни посебно заинтересирани? Сите се спремни да се жалат и кукаат како ги малтретираат на факултет, а откако ќе се пожали не ни се обидува да види кој тоа треба да го претставува, ниту пак да покрене иницијатива, а и кога ќе се дигне иницијатива се настапува со ставот - е што ако се спротиставам - бетер ќе биде.
Епа треба да се најдат неколку фаци од различни факултети со проект и да се отиде до министерот за образование со план во раката,да се донесе нов закон за високо образование и неговото функционирање :toe: значи според мене да се направи парламент и од него да излезе група која ќе работи со сето она што ги засега студентите,а не некој лидер што ги јаде и пие нашите пари или студентски правобранител што ми се чини дека попрво ќе видам Марсовец околку него :toe:
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.923
Поени од реакции
483
А значи вчера биле изборите. Затоа мината недела имаше фрки низ факултетите:). Делеа флаери за еден од кандидатите како и едни други со натпис "не биди овца". Само не дознав кој е вториот кандидат:toe:.
Како и да е, ниту некогаш до сега сме имале некаква корист од нив, ниту пак мислам дека некогаш ќе имаме. Едноставно тие се партиски фигури на кои подоцна им е загарантирано место во повисоките редови на партијата (некако комунистички делува, нели:)).
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Презаштитени студенти, ете тоа е вистината зошто сеуште се во длабок сон. Како мамини и татини мази научени се друг да им го бере гајлето. Девизата „Ваше е само да учите, а за другото не се секирајте“ ги прави толку троми и инертни кога станува збор за изборување на сопствените права. Башка што многу студенти студираат заради тренд и ги боли за протести и избори. Башка многу студентки студираат за да уловат некој апсолвент кој ќе им го реши статусот и ги боли за избори и протести. Башка што многу студенти студираат заради мама и тато и ги боли за избори и протести. Башка што многу студенти се вечити студенти и тоа им одговара, ги боли нив за изботи и протести. А пак оние што вистински сакаат да студираат, башка на се, се толку малку што ги боли за ибори и протести, концентрирани се на колоквиумските недели. Башка на се, се повторувам ама тоа е тоа.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Зар се стварно потребни тие таканаречени студентски лидери?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Зар се стварно потребни тие таканаречени студентски лидери?
Па да, потребни се. Ок, можеби еден лидер не, но потребна е организација каде ќе може студентите од сите факултети да се обединат. На пример студент од Електро ако има проблем да се обрати на таа организација или студент од Правен ако е малтретиран псхиички да може без страв да побара заштита, кога веќе деканите ретко го прават тоа.

Идејата за студентски парламент е одлична и постои веќе подолго време, но се уште тлее само во воздухот. Значи во тој случај би било организација каде ќе има претставници легитимни од сите факултети во рамки на универзитетот и кои ќе ги застапуваат и ќе се борат за правата на студентите.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Па ние годинава при упис плаќавме 200 ден за студентски парламент на УКИМ. Зар нема веќе? Тие пари се значи фиктивно дадени.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па ние годинава при упис плаќавме 200 ден за студентски парламент на УКИМ. Зар нема веќе? Тие пари се значи фиктивно дадени.
Не, не. Таа организација за која ние ги даваме парите се вика “Студентски парламент“. Но, тоа е всушност оставина од поранешниот “Студентски сојуз“. Студенсткиот сојуз направи промена и реформа, затоа што се бунеа студентите дека сакаат да имаат студентски парламент со претставници од сите факултети. И направија промени и реформи. Во името. Го сменија името во Студентски парламент и не направија ништо друго. Само два-тројца на врвот, организација без никаква содржина и смисла, а ние им ги даваме парите секоја година. 200 денари од човек не е многу, но кога ќе се помножи со целокупниот број на студенти излегува убава сума.

И имаше избори, а ние воопшто не бевме информирани околу тоа како што треба, а наредна година пак ќе треба да се дадат тие 200 денари на организација за која никој нема поим што е целта.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Па да, потребни се. Ок, можеби еден лидер не, но потребна е организација каде ќе може студентите од сите факултети да се обединат. На пример студент од Електро ако има проблем да се обрати на таа организација или студент од Правен ако е малтретиран псхиички да може без страв да побара заштита, кога веќе деканите ретко го прават тоа.

Идејата за студентски парламент е одлична и постои веќе подолго време, но се уште тлее само во воздухот. Значи во тој случај би било организација каде ќе има претставници легитимни од сите факултети во рамки на универзитетот и кои ќе ги застапуваат и ќе се борат за правата на студентите.
Нели имаше студент продекан на секој факултет или сега е укината таа функција?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нели имаше студент продекан на секој факултет или сега е укината таа функција?
Прв пат слушам за ова, искрено. :) Мислам дека нема вакво нешто, барем не на мојот факултет. По правило треба да има и студентски правобранител, ама и тој 99 посто не знаат ни како се вика, ни како изгледа. :)
 
Ок, изгледа е укината таа функција со некои од последните „реформи’’ во високото образование.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Прв пат слушам дека имало избори за студентски лидер. Ќе може некој да ме просветли што е неговата функција, колку му трае мандатот и кој се може да се кандидира ?

Не знам точно како одат овие процеси, прва година сум, но зарем не треба благовремено да бидеме информирани во врска со ова ? Ако веќе некој ме претставува, во најмала рака мислам дека е чесно да знам кој е, што постигнал до сега и за што се залага нели ?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прв пат слушам дека имало избори за студентски лидер. Ќе може некој да ме просветли што е неговата функција, колку му трае мандатот и кој се може да се кандидира ?
Изборите беа во средата, инаку, и не се секирај не си единствен што појма немаше за тоа. 26% од студентите излегоа на гласање, што е многу мал процент, па прашање е колку ќе биде легитимно неговото “владеење“. Функцијата на студентскиот лидер е да се бори за правата на студентите или барем да ги штити, преку таа организација која он ја води (Студентски сојуз или по ново Студентски парламент) студентите треба да се обединуваат, да се жалат за проблемите што ги имаат и студентскиот лидер да смислува решенија како тоа ќе функционира. Нормално не може еден човек се да реши, но треба да биде креативен и продуктивен. Мандадот е на 2 години, а не може секој да се кандидира, тоа е проблемот, што има неколку услови за исполнување, мислам дека треба 3000 потписи или така нешто, па треба кандидатот да бил веќе доста активен и некои такви работи. Конкурсот беше исто така прилично затаен, некои не ни знаеја дека имало конкурс се до завршување на изборите. :)

Не знам точно како одат овие процеси, прва година сум, но зарем не треба благовремено да бидеме информирани во врска со ова ? Ако веќе некој ме претставува, во најмала рака мислам дека е чесно да знам кој е, што постигнал до сега и за што се залага нели ?
Па треба да бидеме благовремено информирани, и во право си за се што имаш напишано. Проблемот е што намерно се затајуваат информации, зошто така студентите полесно можат да бидат манипулирани. Се разбира дека имаме основно право да знаеме каква е платформата на нашиот иден студентски лидер, но ете...
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.965
Поени од реакции
5.560
Нели имаше студент продекан на секој факултет или сега е укината таа функција?
Мислам дека има на секој факултет по еден студент што има некоја функција со која може да влијале на одлучувањето, е дали е продекан појма неам. Но сеедно, главно тие студенти се LG, т.е. лижачи на газови.

Што се однесува до изборите, бев на факултет, знаев дека има избори, ама не гласав. Поточно се мислев дали да гласам и да го поништам ливчето, но ај си реков што да си ги валкам рацете со некои идиоти. Кога гледав како некои колеги доаѓаат специјално за гласањето... ми се плачеше. Инаку јавна тајна беше дека ќе победи кандидатот со прекар Медо, студентот кој студира два факултети (правен + политички науки) на Јустинијана „го“ прима, факултет на кoј мајка му е професорка. Патем имал и просек од 9.6.

Одѕивот на изборите беше 26 отсто, односно од вкупно 29.747 студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, само 7.633 студенти го оствариле правото на глас. Од нив 5.976 гласале за Живковски, 1.373 за неговиот противник Иван Саздовски од Економскиот факултет, а 284 ливчиња се неважечки.
.....................
Како виновник за малиот одѕив беше посочена неформалната студентска организација „Слободен индекс“. Живковски ги обвини за организирање партиски студентски протести, но негираше дека и зад него стои политичка партија. „Зад мене стои тим што ќе работи со мене и со кој заедно ја презентиравме програмата пред студентите. Зад мене стојат 5.976 студенти“, изјави тој.
Код:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0531E4806B1ED149BA70A3DE6D5DCA97
Ова го има само кај нас... па уште зад мене стојат 5.000 студенти... :raz:
А што правиме со другите 20.000?
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
Еј кога на УКИМ не може да има фер избори што зборувам јас од УКЛО!Со факултетите владеат декани,професори како со своја сопствена фирма!:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom