Идеи за интернет продавница

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Што би било добра идеа за интернет продавница која ќе продава на Западна Европа па и Америка?Што мислите?

Поточно, кои се скапи македонски производи. Скапи во смисла висока цена/кг.. Производите мора да бидат скапи затоа што пакет од 1-5кг испратен на запад кошта 750-1200 ден.. Значи производот мора да вреди многу за да се исплати поштарината.

Дали ги има такви производи, и ако ги има кои се?

Јасно ми е дека нашава мизерна економија не дава можност да произведуваш висококвалитетни производи.

Не ми влегува в глава ова некако дека е возможно, но ако е тогаш најскапите македонски вина би биле еден од производите..Сепак прајме муабет за вина од над 50 евра шише ако ги има толку екслузивни во Македонија воопшто.. И пак, кој би чекал 2 недели за некое македонски вино?

Друга варијатна би биле продажба на мало на дјути-фри цигари.. Тука е поинтересно ама би се убил од документи, царински склад и што ти ја знам други легални бариери.. Инаку јас додека бев америка цигарите ги порачував преку интернет за 25$ штека од украинска продавница.

Понатаму дали поштата ќе одобри попусти? Кои се роковите на испорака на пратките? Праќал некој пратки во странство?

Исто интересни би биле и ситнурија производи како обетки и некаков накит и слично кои би можеле да се испратат ефтино како препорачано писмо...

Кои се најскапите цени по килограм на локални македонски производи?
 
T

templar55

Гостин
Зашто би продавал македонски производи ? Има милион работи што те спречуваат во тоа. Знаеш дека можеш да продаваш производ кој воопшто не го ни поседуваш и тоа комплетно легално?
Си слушнал за дропшипинг?
Знам пред 4-5 години многу луѓе натепаа пари од дропшипинг, продавајќи туѓи ствари и производи. Правеа од 6 до 10 000 долари се додека индијците не се вклучија во игра. Денеска со жива сила може да се извади од тоа 1500 долари макс.
гуглај drop shipping.
За повеќе информации ти ја препорачувам страната blackhatworld, која патем е светско собиралиште на интернет маркетери.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Drop-shippingot е интересен и сум запознат.. Проблемот е што кога дроп-шиперот ти продава си калкуира работна рака за паковање и испраќање.. Го немаш оној принос и онаа преднос што доаѓа со лагерување на производи.. Во смисла поефтини набавни цени...
 
Јасно ми е се тоа. Порано маржата беше луди 10-12% сега поради стокава од Индија треба да си среќен на 2-3% маржа. Ама ако си почетник во IM ова е добар старт, верувај ми за пола година ке наидеш на друг бизнис и други идеи.
Јас пред 8 год започнав со 10 блога на кои имав адсенсе. Потоа се префрлив на clickbank, па на амазон... и сега сосема трето.
Со тек на време ке се надоградуваш, инаку премногу е макотрпна работа.
 
V

viktora

Гостин
Накит, например охридски бисер, или рачна изработка на некои антички огрлици, нормално со чак пат нешто позлатено. Мислам дека рачната изработка ептен се цени на запад.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Накит, например охридски бисер, или рачна изработка на некои антички огрлици, нормално со чак пат нешто позлатено. Мислам дека рачната изработка ептен се цени на запад.
Филигран![DOUBLEPOST=1406244156][/DOUBLEPOST]Колку кошта изнајмување на магацински простор во САД, Канада, Мексико?
Можеби ваква опција ти е подобра во зависност од буџетот. Многу повеќе се заработува кога купуваш на големо.
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Кинезите имаат више џабе филигран.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Во старт ти се скршени нозете и рацете со цените на нашиот шипинг.
Пратка со дхл од Германија е 17,5-25 евра,истата пратка од кај нас да ја испратиш е најмалку 40 евра
 
Член од
24 јули 2014
Мислења
118
Поени од реакции
64
Или треба да ти е преуникатен производот (хендмејд) или не почињај надметање со кинезите. Немаш шанса тука никаква. Мој совет е онлајн "продавница" за услуги. Колку толку повеќе опции ќе имаш.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Во старт ти се скршени нозете и рацете со цените на нашиот шипинг.
Пратка со дхл од Германија е 17,5-25 евра,истата пратка од кај нас да ја испратиш е најмалку 40 евра
...е проблем , но не е најголемиот. Има и за него поевтини решенија кога имаш нешто што се бара и продава.
ГЛАВНИОТ проблем е немањето идеи што и како, а и професионалноста , пред се знаењето како идеата да се донесе до ниво на продавлив, квалитетен во секој поглед производ со прифатлива , читај ниска цена.
Овде нормално не ги сметам игриците за телефони и разноразните apps-ови за кои многу клинци овдешни.., неубедливо ми докажуваат дека се обогатиле со нивно онлајн продавање.;)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
...е проблем , но не е најголемиот. Има и за него поевтини решенија кога имаш нешто што се бара и продава.
ГЛАВНИОТ проблем е немањето идеи што и како, а и професионалноста , пред се знаењето како идеата да се донесе до ниво на продавлив, квалитетен во секој поглед производ со прифатлива , читај ниска цена.
Овде нормално не ги сметам игриците за телефони и разноразните apps-ови за кои многу клинци овдешни.., неубедливо ми докажуваат дека се обогатиле со нивно онлајн продавање.;)
Ах таа ниска цена.
Каква идеја каков квалитетите сите(80-90%)цената ја гледаат а сакаат екстра квалитет.
Аман бе луѓе разберете дека нема ефтино а квалитетно.

Сакаш фрижидер самсунг или зануси епа ќе си го платиш во спротивно купи беко или леов бојлер па удирај си ја главата.
 
Член од
24 јули 2014
Мислења
118
Поени од реакции
64
Чичо за секое говно има купец, стара добра изрека е таа. Колку ќе се помачиш ти да му напраиш експириенс на купецот толку ќе ти биде плодоносна сеидбата. Ако идеш на традиционален начин и со традиционални сфаќања боље не почињај.

И производ и услуга се продаваат, ама процени што е потешко и избегни го :) Па кога ќе фатиш залет со едното укључи го другото.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Чичо за секое говно има купец, стара добра изрека е таа. Колку ќе се помачиш ти да му напраиш експириенс на купецот толку ќе ти биде плодоносна сеидбата. Ако идеш на традиционален начин и со традиционални сфаќања боље не почињај.

И производ и услуга се продаваат, ама процени што е потешко и избегни го :) Па кога ќе фатиш залет со едното укључи го другото.
Ако е скапо и смрди тешко дека за брзо време ќе се најде купец.[DOUBLEPOST=1407083141][/DOUBLEPOST]
Или треба да ти е преуникатен производот (хендмејд) или не почињај надметање со кинезите. Немаш шанса тука никаква. Мој совет е онлајн "продавница" за услуги. Колку толку повеќе опции ќе имаш.
И кинеското е скапо се разбира тоа што е убаво и добро исконтролирано од Германецот што отворил фабрика во Кина
 
Член од
24 јули 2014
Мислења
118
Поени од реакции
64
Види круцијална грешка што ја праиме ние, е тоа што секога се фокусираме искључиво на производот и цената, а не на бизнисот. Мораме да правиме баланс и темелно истражување, кој сакаме да ни биде купец, како ќе го најдеме тој купец, како тој купец ќе не најде нас. Што ќе му понудиме add value. Не е работава отвори сајт купив лиценца shopify за 6 месеци па што биде нека биде. Си регнал фирма, отишле 2-300 евра. Прошла пола година си платил РДТ немаш обрт, ајде затварај ја уште 5 шушки.

Кога ќе го направиш целиот модел, на хартија со пенкало - на хартија не во ворд, тогаш темава станува банална.

Иначе превише е маалски муабет - ќе купам патлиџан за 10 ќе го шитнам за 20.
 
Кога дојдовме до бизнисот овде излегува и друг проблем.
Кога ќе види некој дека добро ти оди веднаш почнува да те копира и намалува цени
 
Kajgana Shop

На врв Bottom