Игор Стефановски - најдобриот македонски автомобилист кој стана централно-европски шампион

Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.003
Поени од реакции
14.819
браво.се надевам дека ќе загризат некои појаки спонзори и барем да му обезбедат повеќе комплети на гуми за понатака. другите ги мењаваат кога сакаат,а Иџе тера по незнам колку трки со исти гуми
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Иџе со незгода на враќање од трката која се возеше во Италија. Се скинала куката од комбето на која била закачена приколката со автомобилот кој завршиле во банкина. Приколката била тотално уништена а голема штета има и на автомобилот. Незгодата се случила во Србија :(
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
:( Среќа што немало возила од спротивната страна во моментот кога се откачила приколката. Ако имало возило, не сакам ни да помислам на последиците. Железо се прави...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.003
Поени од реакции
14.819
А што значи тоа ``Nailed them``:kuracc:

Шала на страна, Иџе ги изненади дури и најголемите оптимисти за неговите успеси. Му го отвораа моторот на некои трки, му бараа некои неправилности, ама се покажа дека е мајстор на својот занает.

А ги посматрав неговите возења на јутјуб, и воопшто невози релијашки,никогаш не ја користи кочницата за занесување на колата(пауер слајд), но сепак вади најдобри времиња
 
па не вози рели за да користи рачна
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.003
Поени од реакции
14.819
Многу груги возачи на ридски патеки користат занесување на задниот дел на колата, и потоа со контра волан и нагло додавање на туража брзо да се помини низ кривината
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Многу груги возачи на ридски патеки користат занесување на задниот дел на колата, и потоа со контра волан и нагло додавање на туража брзо да се помини низ кривината
Тоа е само за публика. Никој не користи рачна за влегување во кривина.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.003
Поени од реакции
14.819
Го пратам мотоспортот долго време, и познавам некои техники на возење, т.е. финти кои многу тешко се изведуваат а ,лошата изведба знае и да одземе време наместо да се добие.

Малку ако се прогугла на интернет, ќе се види дека многу возачи ги користат сите три папучи истовремено за би се добил некаков ефект во кривините. Многу тркачи влегуваат во кривина со притисок на петата од десната нога на туража а со прстите на кочница,притоа се левата нормално би се притискало квачилото.

Ова во Скопје го правеше легендарниот (сега покоен) Кунчер со неговото БМВ пред околу 20 години и влегуваше во кривини како никој друг.

Дека ова не нешто необично, можи да се вратиме во 1997-98 година во времето на Хакинен кога тогашниот Мекларен во Ф1 користеше дополнителна трета папуча за кочница заедно со дополнителна мала клешта само за задните тракала. При влез во кривина се оритискаше оваа мала папуча како и се довел болидот во положба за подобар излез. После некое време се забрани оваа трета папуча

Ова до пред 3-4 години го правеше и Раиконен во времето на атмосферските мотори, со тоа што малку пожустро кочеше и го знаесуваше болидот на влез во кривина, и го подесуваше со воланот да добие скоро права линија на излез.Затоа со сегашниве правила тешко се снаоѓа во Ф1 бидејќи со новиве гуми за џвакање со име Пирели тоа не е можно
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
"Она што Иџе го направи во Германија не е само импресивно, туку и ретко видено на европските трки. Ослободен од товарот на домашна конкуренција каква што имаше на претходните две трки, свесен за фаворитскиот статус, Иџе јурна по рушење на рекордот на патеката во групата Н кој самиот го собори и минатата година. Веќе во првото возење, мерачот на време застана на 2:35.466 – цели 4 секунди подобро од ланското време."

Што значат нови гуми. :ojeaa:
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Го пратам мотоспортот долго време, и познавам некои техники на возење, т.е. финти кои многу тешко се изведуваат а ,лошата изведба знае и да одземе време наместо да се добие.

Малку ако се прогугла на интернет, ќе се види дека многу возачи ги користат сите три папучи истовремено за би се добил некаков ефект во кривините. Многу тркачи влегуваат во кривина со притисок на петата од десната нога на туража а со прстите на кочница,притоа се левата нормално би се притискало квачилото.

Ова во Скопје го правеше легендарниот (сега покоен) Кунчер со неговото БМВ пред околу 20 години и влегуваше во кривини како никој друг.

Дека ова не нешто необично, можи да се вратиме во 1997-98 година во времето на Хакинен кога тогашниот Мекларен во Ф1 користеше дополнителна трета папуча за кочница заедно со дополнителна мала клешта само за задните тракала. При влез во кривина се оритискаше оваа мала папуча како и се довел болидот во положба за подобар излез. После некое време се забрани оваа трета папуча

Ова до пред 3-4 години го правеше и Раиконен во времето на атмосферските мотори, со тоа што малку пожустро кочеше и го знаесуваше болидот на влез во кривина, и го подесуваше со воланот да добие скоро права линија на излез.Затоа со сегашниве правила тешко се снаоѓа во Ф1 бидејќи со новиве гуми за џвакање со име Пирели тоа не е можно
Фрањо Кунчер не возел пред 20 години туку пред десетина години со БМВ па со ауди. Не се избрзувај може ти си гуглал ама некој тука и учествува во трки :). Трите папучи истовремено не се користат во кривина туку на кочење да се одбегне блокирање на погонските тркала бидејки тие и покрај кочница имаа и моторно кочење. Во формула сега немаат потреба од никакви дополнителни папучи туку можат де мењаваат биас на кочење од кривина до кривина (колку да кочат предни колку задни тркала). А тоа пролизгување при влез во кривина (тркачки кажано кај нас местење во кривина) го има насекаде на трките ама и за тоа не треба рачна кочница ниту па power slide, и не само кими туку сите го користат тоа само тогаш било по изразено сеа не се забележува толку. Како и да е рекорди и први места на ридско брзински и кружни натпревари не се зимаат со рачни кочници и пролизгувања туку со прецизно возење. Толку од мене
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.003
Поени од реакции
14.819
Сигурно Кунчер со БМВ-то беше пред повеќе од 10 години (пред толку се женев а ова беше далеку пред тоа додека скитав кај ќе стигнам), и лично го гледав. Мото трките кај нас ги пратам од 1991 година па навака скоро редовно, пошто сум од малку постарата генерација.

Во Ф1 третата папуча Мекларен е користеше пронаоѓајќи дупка во правилата. Имено дозволен е само еден кочионен вод за преди тркала и еден за задни(до лани,годинава задните се кочат со електроничка контрола). Но тогаш небеше стрикно забрането да има уште еден паралален вод и меклареновците тоа го искористија за да ги подобрат возните карактеристики во кривина. Сега е тоа забрането уште од 1999 година.

Ако активно возиш трки,пиши на ПП па кога ќе дојдиш во Кичево на кружна ќе подебатираме подобро.

Иначе последниот мотор кој сам сум го фризирал без никаква помош беше пред 20 години, па така и јас не сум само гуглач ,туку и самиот нешто сум чепкал (за ремонти на мотори да не зборувам)
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
ПОБЕДА! Освоена титулата шампион на брдо на европа по вторпат!
Игор пишува историја. Браво ИЏЕ!

"- Направив нешто што не им успеало на неколку генерации пред мене, а тоа е да ја одбранам титулата на ридски патеки. Последен кој може да се пофали со таков подвиг е Германецот Јорг Вајдингер во 2005 и 2006 година,- потенцира Иџе, кој освен деветте победи постави и осум рекорди на патеките ширум Европа."

Македонија се гордее со тебе. Иако македонците го уништија автомотоспортот во државава, ти продолжи да си го остваруваш сонот. После толку труд и жртва успехот беше неминовен.
Честитики за европскиот шампион.

ФИА го кани Стефановски да вози на кружни патеки
Во ФИА го препознаа мојот квалитет и веќе дојде понуда да настапувам во Европскиот шампионат на кружни патеки. Трките директно се пренесуваат на Еуроспорт. Поканата е голема чест за мене, но и голема можност за промоција на Македонија, рече Стефановски...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom