Зошто постојат црквите?

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Деновиве ја препрочитувам Библијата.

Настрана стилските разлики помеѓу првиот и вториот дел, воочливи се и концептуалните разлики во пристапот на Господ кон стадото.

Во првиот дел е многу силен, горд, љубоморен, импулсивен... Во вториот дел, во телото на Синот, е правичен, толерантен, милостив. Не личи многу-многу на себе, ама мене лично повеќе ми се допаѓа.

Е сега, на почетокот на Матеј (6) зборува за скромност, за прибраност, искреност, наспроти „старите начини“ на формализам, фалење пред господ и чатал пред „сограѓаните“.

Тука, Исус (у ствари Господ, нели) јасно и многу во детали објаснува како треба да му се молат луѓето...

5 ”И кога се молите, не бидете како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето; вистина ви велам, ја имат својата награда.
6 А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.”
Ако црквите не се место каде вистинскиот христијанин треба да се моли на Господ, тогаш ЗОШТО ПОСТОЈАТ ЦРКВИТЕ?!?
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Зошто се градби и институции кои водат потекло (ако гледаме архитектонски) од храмовите (наос: дом на бога) на античка грција и антчки рим (кој води потекло од етрурците).

Секоја религија си има храм, како деификација на неговиот дом на небото тоа е цела филозофија.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Црквите,а и другите верски објекти останале традиција од паганските храмови да кога боговите ќе се симнеле од небото да имале на земјата каде да престојуваат.Секој град си имал храм за соодветниот бог кој го славел.А сеа незнам зошто точно служат храмојве.Бог не е само у црква,и црквата не е ништо по света од рецимо ќошето во собата каде што се молам,не?Можеби служат за собирање на рајата и заедничко славење на Бога.Ама ко ќе видиш у црква двајца без тројца,на водици шамари летаат кој да го фати крстот и така....Мислам дека има и религии кои не користат храмови.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Фер. Тоа се историските причини...

Ја мислев на тоа што христијаните одат (добро, кај нас и не толку редовно) во црква за да му се молат на Господ иако овој експлицитно им вика да не го прават тоа?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Фер. Тоа се историските причини...

Ја мислев на тоа што христијаните одат (добро, кај нас и не толку редовно) во црква за да му се молат на Господ иако овој експлицитно им вика да не го прават тоа?
Од толку многу ствари што прават и не прават христијаните во однос на тоа што пишува во библијата ти се фати за ова? :D
И искрено, очекуваш одговор? Или само бескрајна дискусија која ќе е скоро копи-пасте како претходните 50 билитрилипеталиони што се верглале како кола со слаб акумулатор..?
Не, не те критикувам, само сакам да ти кажам дека христијаните не прават гомила (used for effect) ствари кој треба, а двојно поголем amount кои не треба.
Почни од самите просветители - поповите. Мислиш дека тие се нешто по свети луѓе него ние обичните смртници од кои секој што малце повеќе размислил на таа тема или станал атеист или едноставно го маркирале како херетик?
Тие кога тогаш, доаѓаат дома, пијат алкохол, пушат цигари, и 102.3% коа биле мали мастурбирале на разни жени кои им се чинеле привлечни.
Пцујат - не само на погрешно досуден фаул или пенал, туку ги пцујат и цајканите кога ќе им пишат казна пошо поминале на црвено, иако се самите криви пошо “не го виделе“ семафорот.
Го спомнуваат името господово напразно, стартувајки од “да дае господ да ти умре козата“ до прости узречици како “господе боже“.
Не сум нешо премногу насочен кон поповите стрикно пошо се “гласници на бога“ и носители назначени за ширење на богосвеста и тоа дека сите кои нема да идат по правилата ќе идат у пеколот, туку сум насочен кон нив само поради тоа што се еднакво морално и неетичко настроени како и 98% посто од другите луѓе (овие 2% се само малите бебиња кои ги вбројувам како позитивно морално свесни, иако не можат да размислуваат ко што треба).
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Црквата е дно на христијнството. Институација за манипулација, разврат, место каде работат најголеми криминалци, деликвенти, педофили, развратници и најголеми НЕВЕРНИЦИ. Во минатото била симбол за страв, терот, убиства, прогонства, спалувња, дегенски обвинувања, причина за вековна стагнција на човечкиот нпредок... а сега е дел кој под итно треба да се отстрани од графата на институции. Клуч на врата и слобода на умот!
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Фер. Тоа се историските причини...

Ја мислев на тоа што христијаните одат (добро, кај нас и не толку редовно) во црква за да му се молат на Господ иако овој експлицитно им вика да не го прават тоа?
Прво, да разграничиме што е тоа ЦРКВА. Црква не е некаква зграда од камен, цигли, даски и малтер. Црквата е всушност заедница на луѓе обединети во Христос. А таа зграда, која ти ја нарекуваш црква се нарекува дом за молитва или молитвен дом (Марко 11,17) , како сакаш.Црквата Христова е родена на педесетница (духовден), денот кога Светиот Дух слегол на апостолите во вид на пламени јазици (Дела апостолски 2,1-5). Како што во времето на апостолите Црквата се собирала во Недела (Господовиот ден) за заедничка молитва и прекршување на лебот за спомен на Спасителот (Лука 22,19; 1 Коринтјани 11,24), така и сега во денешно време Црквата (зедницата) се собира, најчесто во недела и на празници на заедничка молитва („Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреди нив“ -Матеј 18,20) и за причестување со телото и крвта на Спасителот (евхаристија).
Навистина Господ е секаде и секаде може да се повикува Неговото Име, ама не секаде може да се собере Црквата (заедницата) за заедничка служба, за Литургија. Не би било соодветно тоа да се прави „Кај Злате“, „Кај Маршалот“ во „Златно буренце“ итн.

П.С. Посочи ми каде тоа Господ експлицитно вели да не се оди во „црква“ ?
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Za da zbiraat pari zaso... gleash deka popoite najgolemi lopovi i mafijasi se dzipovi po 100 000 eura vozat
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Za da zbiraat pari zaso... gleash deka popoite najgolemi lopovi i mafijasi se dzipovi po 100 000 eura vozat

Ама си ангел, тоа у пичкуматер.

Црквите се ОБЈЕКТ, место каде што се ЗБИРААТ луѓето да се помолат на мир, нешто оставено од историјата кога неможеле да го направат и се криеле. Самото збирање во ЦРКВИ е ПОЧИТ кон првите христијани кои ги издржале сите маки и искушенија за да останат христијани. Плус самиот храм преставува ДОМ на Бог. А тоа за поповите и слично - немам коментар. Не си достоен/достојна за одговор.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Деновиве ја препрочитувам Библијата.

Настрана стилските разлики помеѓу првиот и вториот дел, воочливи се и концептуалните разлики во пристапот на Господ кон стадото.

Во првиот дел е многу силен, горд, љубоморен, импулсивен... Во вториот дел, во телото на Синот, е правичен, толерантен, милостив. Не личи многу-многу на себе, ама мене лично повеќе ми се допаѓа.

Е сега, на почетокот на Матеј (6) зборува за скромност, за прибраност, искреност, наспроти „старите начини“ на формализам, фалење пред господ и чатал пред „сограѓаните“.

Тука, Исус (у ствари Господ, нели) јасно и многу во детали објаснува како треба да му се молат луѓето...

Ако црквите не се место каде вистинскиот христијанин треба да се моли на Господ, тогаш ЗОШТО ПОСТОЈАТ ЦРКВИТЕ?!?
брат искрено би ти препорачал место да ја читаш библијата земи читај нешто покорисно.. со читање библијата и молитви ама баш ништо корисно не добиваш освен brainwash. јас на пример боље би читал камасутра ќе и покажам некоја нова "финта" на куклето.. место да и кажувам зошто служат црквите :vozbud:
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Зошто се градби и институции кои водат потекло (ако гледаме архитектонски) од храмовите (наос: дом на бога) на античка грција и антчки рим (кој води потекло од етрурците).

Секоја религија си има храм, како деификација на неговиот дом на небото тоа е цела филозофија.
Не, туку затоа што во средниот век христијанството како религија било политички злоупотребено и биле извршени многу злодела како инквизицијата од страна на самата црква и папа. Со други зборови црквата како објект е формирана за манипулирање на народот со помош на религијата. Вистинскиот христијанин треба да го побара Бог во себе а не во некоја градба. Поповите денес и самите гледате колку му се „посветуваат“ на Бог, нашиве не до таа мера ама тие во Италија секојдневно се вбројуваат во секс-скандали со деца. Нашите пак се на некое ниво подобри, гледаат само да не украдат. Дали Бог би дозволил едно свештено лице да зема пари за пеење или за крштевање? Јован Крстител им наплаќал на верниците?? Зад сите тие заплеткани конци ќе го најдете вистинското христијанство, она кое денес не постои туку само се злоупотребува за да си ја испереме совеста.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Плус самиот храм преставува ДОМ на Бог.
Како мислиш црквата била божји дом?Јас мислам дека човековото срце е божјиот дом.Какво и да било значењето на црквата како објект,веќе го изгубила тоа значење.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Наједноставно кажано црквата е место каде што се собираат верниците.

Вие или ич немате стапнато во црква или од мали не сте биле или нешто трето, па да не знаете што се прави во една црква. Знаете дека секоја недела и на празниците верниците се собираат во црквата на Богослужба? Знаете дека таму ги примаме светите тајни? Дека имаме литургија, се причестуваме, се исповедаме? Знаете дека поголемиот дел од вас (ако не и сите) сте крстени таму? Идека вашите родители таму се венчани?

Што мислите каде треба сето тоа да се прави, ако не во црква? Секој дома? На улица? По ридовите?
 
Можеби во матично? Како што е и законски
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Знаете дека секоја недела и на празниците верниците се собираат во црквата на Богослужба?
2. Знаете дека таму ги примаме светите тајни?
3. Дека имаме литургија, се причестуваме, се исповедаме?
4. Знаете дека поголемиот дел од вас (ако не и сите) сте крстени таму?
5. И дека вашите родители таму се венчани?
1. Претпоставувам дека богослужбата е некој вид молитва кон бога, не?
2. Дали постојат свети тајни вон Библијата? Ако да, кој кому ги предава овие свети тајни и како се воошто откриени или научени овие свети тајни? Јас мислев дека Светото писмо е основа и граница - алфа и омега - почеток и крај на Христијанството. Од каде сега Свети тајни?!?
3. Литургијата, ако не се лажам е пеење молитви кон бога, не?
4. и 5. Крштевки и венчавки... абе нели Исус во река беше крстен?!? И венчавките, чинам, на времето (Исусово) се правеа по ниви и средсела... Знам јас дека сега во црква се прават, ама пребарав по Македонска Библија и гледам во целиот текст само 8 пати се споменува свадбата и таа секогаш е надвор, со луѓе, храна и журки. НИКАДЕ не пишува венчавање во храм!?!? Како сега венчавките и крштевките се прават во ЦРКВА?!?!

Ете, тоа се моите недоумици околу сите тие 5 посебни работи што ти, Боби, викаш дека треба да се прават во црква.

...посебно ми е интересен делот со Светите тајни.... Ако некој има срце да го објасни тоа стварно би бил благодарен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom