Зошто (не) читате?

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување
С

Сатори

Гостин
А порано читав и то многу, на почеток ме тераја ( професорката по македонски основно) па сватив дека е поубо за мене ако читам си го збогатвам речникот па почнав од ќеф да читам.
Навиката мислам ми е од основно од професорката по македонски . Таа повеке беше свртена на уметничкото одколку на граматика. И многу засакав од тогаш книги. И до ден денес книги читам многуу.
Ги дозасакав книгите кога бев средно, професорот ми беше одличен и тој има голема заслуга што подоцна се запишав на филолошки.
Интересен е феноменот колку всушност може професор/ка да влијае врз развивањето на една толку битна животна навика.Јас имав многу слична ситуација, да еден од поголемите идоли во мојот живот во основно, педагогот, секоја година ми даваше листа на книги кои што би требало да ги прочитам, ми покажа толку убав свет со тоа што ги анализираше дел од книгите со мене, ми ги објаснуваше работите кои што не можев да ги разберам, што таа љубов за книгата и пишаниот збор воопшто ми остана како еден од спомените за тоа колку многу ми помогнала низ животот.

Битно е во животот на секоја личност да се најде таков карактер со авторитет кој што потикнува на себе надградување и ја доловува вистинската убавина на тоа што книгите сами по себе можат да го дадат како знаење.
И колку мразам коментари од типот : лелеее читашш книги преку летото??? ти не си нормален ... И ке почнат да те гледаат ко да си некој неарен ...
Like its a book ... its not going to eat you ... :)
И само да се надоврзам на постот на The Mistaken, кога луѓето ќе слушнат колку и колкави книги читам посебно моите врсници мислам дека добиваат шок (или срцев удар).
Ова е изгледа феномен. :)
Веројатно живееме во таков тип на општество каде не се цени толку многу да се „троши“ време на читање.Но затоа имаме се помалку оратори и вистински образовани академски граѓани, но се додека има луѓе кои што разбираат и читаат.
Коментарите од овој тип се излишни.:smir:
Купувам книги и ми се случило и последите пари да си ги дадам за книга што навистина ќе ме привлече, не го сфаќам тоа како зошто да ги купувам кога откако ќе ја прочитам ќе ми собира прашина на полица туку едноставно знам дека некогаш пак ќе ми биде потребна, книга никогаш не е на одмет и затоа сакам барем оние книги што ми оставиле некаков впечаток да ги имам во колекција.
Ја имам истата навика. :)
Посебно кога станува збор за Венко Андоновски, ми фали уште „Вештица“ за да го комплетирам а ја имам книгата прочитано повеќе од 3 пати.Убаво е да се има книга која што те плени, за да можеш кога имаш време да се вратиш на глави, реченици или на целата содржина за да те инспирира по втор пат, зошто со секое читање се откриваат нови детали. :)
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Читам.Може да се рече дека сум зависник од книги.
Читам скоро од секој жанр.Најмногу сакам да читам некоја авантура,мистерија или трилер но сакам и интересна научно фантастична книга (Тwilight i Harry Potter на пр.).
Со читањето бегам од реалноста.Суровиот свет кој ми става ограничувања за да го правам тоа што го сакам.Се внесувам во ликовите и знам да се радувам за нивен успех, да бидам тажна за нивен неуспех.И самата пишувам така што често знам и со страни само да го проучувам стилот на писателот,речениците,метафорите,епитетите,компарациите.
И само да се надоврзам на постот на The Mistaken, кога луѓето ќе слушнат колку и колкави книги читам посебно моите врсници мислам дека добиваат шок (или срцев удар).
И јас исто, во 8мо кога ја читав Хари Потер и Редот на Фениксот (која е 800 страни) и ја носев на училиште ме гледаа како да сум вонземјан и ми викаа “Го читаш ОВА?!“ :pos2:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
И јас исто, во 8мо кога ја читав Хари Потер и Редот на Фениксот (која е 800 страни) и ја носев на училиште ме гледаа како да сум вонземјан и ми викаа “Го читаш ОВА?!“ :pos2:
Добро си стартувал, сега е време да прочиташ и нешто друго освен Хари. :helou:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Од како научив да читам па се до запишувањето на факултет книгата ја немав оставено. Интересот посебно се зголеми во средно кога речиси секој втор ден бев во библиотека. Секогаш си читав книги по сопствен избор додека пак училишните ги оставав за тогаш кога ќе добијам желба за нив, затоа што знам дека се убави и секоја во себе си носи своја мудрост, а јас нема да можам да уживам во неа само поради фактот што некој ми ја "наметнал" да ја прочитам а тоа ме нервирало и ограничувало. Затоа сум ја оставала за покасно.

Не се ориентирам кон одреден тип на литература. Читам се што ќе ми дојде при рака и се што ќе ме привлече. Посебно ако станува збор за некој непознат наслов. Ја земам книгата и потоа жедно трагам низ неа барајќи сличности на лик од книгата со моменталната ситуација во која јас се наоѓам и така секоја книга емотивно ја доживувам.

Ми недостига времето кога другарував со книгата постојано. Сега едвај наоѓам време за себе, а не за книга. Но, период е. Ќе помине и ова, битно е љубовта да остане, а таа е тука :)))
 
M

MIL

Гостин
Porano citav mnogu knigi najveke psiholoski ama sea so faksot pa i netot ne mi teknuva na kniga ja izgubiv navikata za kniga a premnogu opusta i plus go zbogatuvas recnikot so preubavi zborovi
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Колку што професорот може да влијае да читаш книги, може да се случи и обратното.И што сега јас кога ги прочитав сите книги, кога ја немам оценката што ја заслужувам.Ама нели не е битна оценката, ние си ги читаме книгите за нас себеси да имаме побогат речник.
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
само заради една работа не читам....МРЗА :tapp:
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Едноставно затоа што ме мрзи и несакам да го губам времето со читање иако тоа е многу добро.. јбг :)
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
38
Поени од реакции
4
можеби не читам премногу бидејќи немам доволно време или само со тоа се вадам :smir: Не знам, не сум сретнала некоја книга до сега што многу ме заинтересирала, некако ми е досадно да земам и да читам :wink: Надвор убаво време, сонце, лето, друштво, луд провод, а ја дома да зеам и да читам :pos2::pos2: хмм.. No Thanks :baeh:
али во секој случај поздрав до сите оние што редовно читаат :helou:
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
276
Поени од реакции
13
Читам бидејки некој паметен од моето семејство ми ја наметна навиката за читање. Фала му. Книгата може да те релаксира, насмее, расплаче. Може да послужи за да научиш многу нови работи, да те однесе на крајот на светот, да се сретнеш со различни култури и цивилизации.Може да ти ја разбранува фантазијата и да те допре длабоко во душата. Секако, збогатувањето со вокабулар и градењето на лични ставови се важен дел од таа убава навика на читање. Сега читам литература на англиски за да си го подобрам јазикот. Има резултати :pipi:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
За тие што читаат, зошто го прават тоа, кога и како им се создала навиката, каков тип на книги читаат и дали добиваат нешто што вистински им користи од нив или станува збор само за празна теорија или чиста релаксација?
За мојата навика за читање најмногу има придонесено професорката по македонски јазик. Бидејќи обрнува поголемо внимание на литературата отколку на граматика имаме доволно време подлабински да ги разработуваме делата. Често и ми сугерира кои книги да ги прочитам кои не се предвидени во програмата.
На почетокот читав крими романи т.е. Агата Кристи и Артур Конан Дојл, а сега ми е Достоевски фаворит. Кога сакам да прочитам нешто посериозно тогаш ги читам класиците, за релаксација ги читам бестселерите бидејќи повеќето се лесни.
Од читањето дефинитивно се подобрува дикцијата и се богати речникот. Исто така се доаѓа до поголеми знаења. Најмногу ми се свиѓа бегството од реалноста што го овозможува книгата и незалудното губење на време. :pipi:
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Читам книги, но претежно слободна литература. Мразам да читам досадни книги кои ни ги задаваат на училиште.
Некои од оние книги кои ни ги задаваат на училиште се добри, но претежно повеќе не ме бендисуваат.
Откако ќе прочитам некоја книга и ми оставила голем впечаток најверојатно би ја купил. Едноставно тоа да ја имам во мојата библиотека (која расти се повеќе и повеќе) ме исполнува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom