Зошто жените сакаат уметници?

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Да, има многу стереотипи.
Прашањето беше зошто жените сакаат уметници (оние кои сакаат, има некои кои сакаат спортисти, економисти, кулинари итн)

Што е тоа што ги привлекува - that is the question !
Баш поради болдот, релевантен одговор ќе се добие тек кога сите таму 3 и нешо милијарди жени посебно ќе се прашаат која професија и зошто ја преферираат кај партнер, па, евентуално (а, и тоа е дискутабилно) да се извлече некој заклучок.

Се на се, темава у целина е само една безвезе предрасуда и стереотип.

:back:

edit:Уствари, авторот на темава лажел дека е режисер, монтажер...нешта поврзани со кинематографија...од шо заклучуваме: цурите се надевале ваљда дека ќе се појават на филмско платно и ќе станат rich and famous:wub:
Значи, ипак се спонзоруши само :(

(и од ова, за да не се отвори и таква тема, може да го дадеме и одговорот на прашањето, зошто девојките сакаат модни агенти)

Резонирањево...:pos:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Баш поради болдот, релевантен одговор ќе се добие тек кога сите таму 3 и нешо милијарди жени посебно ќе се прашаат која професија и зошто ја преферираат кај партнер, па, евентуално (а, и тоа е дискутабилно) да се извлече некој заклучок.

Се на се, темава у целина е само една безвезе предрасуда и стереотип.

:back:
Привлечноста на генерализациите е неодолива!
Стереотипите се исто многу атрактивни...

Годината беше 2061...и никој не генерализираше...

И што беше тоа уметник...којзнае...
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Баш поради болдот, релевантен одговор ќе се добие тек кога сите таму 3 и нешо милијарди жени посебно ќе се прашаат која професија и зошто ја преферираат кај партнер, па, евентуално (а, и тоа е дискутабилно) да се извлече некој заклучок.

Се на се, темава у целина е само една безвезе предрасуда и стереотип.
Темата не е воопшто безвезе, напротив се докажува и те како и во реалноста.
Види кој најмногу ебе, покрај директорите и политичарите. Тоа се некои кои ги има на телевизија, најверојатно себеси прокламирани и прифатени од останатите како уметници.
Така да ова не е нешто кое ќе помине туку така, ќе бидат до крај разјаснети мотивите кои девојките ги води славата/надежта за слава на партнерот.

Дали ги пали помислата дека нивниот партнер е јавна личност или со потенцијал да биде јавна, па тука влегува некоја исконска желба за борба со конкуренцијата?
Слично на едно микрониво е и желбата за ќарување на маалскиот фраер/фраерот во основно/средно, менаџерот на некоја дискотека.
Најверојатно авторитетот кој го проектира или ќе го проектира, е прилично привлечна работа.
 
Ај прво дефинирај ми што подразбираш под уметник?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
:pos: :pos:

Свесни сте колку уметници има, така?
Свесни сте дека само од ликовна академија искачаат по 40 луѓе годишно со диплома дека се творци, прават изложби и сл....па на тоа додади и музичари, писатели, драматурзи, глумци...и сите се као мистериозни, алкоси и без пари? :pos: :pos:

Стереотипи и предрасуди, глава боли.
Македонското школство и дипломите никако не смеат да бидат показател за вистината на муабетов. Кога (барем јас) велам уметник, мислам на профилот кој речиси секој од нас го има во глава. Смешно е да даваме дефиниција на секој збор на секоја тема на форумот само затоа што некој е неспособен или мрзлив да се потруди да разбере што означува зборот.

И секако дека генерализираме, па се е генерализација. Кога на форумов не би го правеле тоа, не би имале ниту една дискусија, туку би имале купче емотивно егоистични размислувања кои би почнувале со Јас...
Да, секој различно ги сфаќа работите и за многу нешта си имаме изградено само лична слика која можеби нема да се поклопи со ничија друга, но ако сакаме да учествуваме во групна дискусија мораме да се приклучиме кон одредено крило.

Уметник е човекот споменат во првиот пост. Ако некому не му се допаѓа дефиницијата нека понуди друга, ако не сака да понуди, нека чита само. Врз основа на таа генерализација ги темилиме своите мислења, ништо страшно нема, а и време нема за да бидат набројани сите милијарда уметници во светот и да напишеме како тие ги разбираат жените, и како секоја жена поединечно ги разбира нив.
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Затоа што се мистериозни,размислуваат на друг начин и се делат од другите мажи.
Ние жените сакаме да испитуваме,да откриваме,љубопитни сме,па затоа овој вид луге можат да ни бидат интересни.
Отпосле кога ке ги `дешифрираме`,заклучокот е дека воопшто не се посебни и мистериозни,ниту уникатни,и дека не се за заеднички живот... затоа повекето од нив се сингл.
И опет кај старите,добри,обични мажи:tv:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не е мое да дефинирам. Човек кој твори најверојатно, најчесто нешто кое влијае на некое од сетилата.
Македонското школство и дипломите никако не смеат да бидат показател за вистината на муабетов. Кога (барем јас) велам уметник, мислам на профилот кој речиси секој од нас го има во глава. Смешно е да даваме дефиниција на секој збор на секоја тема на форумот само затоа што некој е неспособен или мрзлив да се потруди да разбере што означува зборот.

И секако дека генерализираме, па се е генерализација. Кога на форумов не би го правеле тоа, не би имале ниту една дискусија, туку би имале купче емотивно егоистични размислувања кои би почнувале со Јас...
Да, секој различно ги сфаќа работите и за многу нешта си имаме изградено само лична слика која можеби нема да се поклопи со ничија друга, но ако сакаме да учествуваме во групна дискусија мораме да се приклучиме кон одредено крило.

Уметник е човекот споменат во првиот пост. Ако некому не му се допаѓа дефиницијата нека понуди друга, ако не сака да понуди, нека чита само. Врз основа на таа генерализација ги темилиме своите мислења, ништо страшно нема, а и време нема за да бидат набројани сите милијарда уметници во светот и да напишеме како тие ги разбираат жените, и како секоја жена поединечно ги разбира нив.
Битно е да се дефинира што во случајов се подразбира под уметник, затоа што, у првичниов пост на темава, авторот спомиња нешта поврзани со кинематографијата...а, таа како гранка директно се поврзува со слава, затоа што е најмногу јавно експонирана.
Па, како што и претходно реков, цурите се лепат едино на идејата за слава=моќ.

После, иаме и естрадни уметници...тие не творат, не креираат, тие само репродуцираат (најчесто кич)..и пак цурите со со нив ради истото, односно слава=моќ.

И оваа равенка може да се пренесе на било кој кој е успешен/јавно експониран у својата професија, макар бил и боксер. (па професијата врз која се темели темава станува тотално небитна за тој тип на муабет)

Од друга страна имаш творци, кои се некако верифицирани (кај нас најчесто преку диплома...да таа прави дистинкција) и кои не се јавно експонирани ниту богати...и околу нив не гледам цури да летаат (и тоа веќе го кажав).

Затоа, решете прво за каков уметник зборите.
 
ИвањушкА

some-thing
Член од
17 јули 2009
Мислења
342
Поени од реакции
526
добро бре луѓе шо не ти ги направивте уметниците.
еве ја студирам ликовна уметност, дечко ми студира ликовна уметност.
зошто ме привлекол?
ме привлекол поради тоа што е таков каков што е.
нема тука леле овој е уметник, па сигурно е чуден мистериозен бла бла.
едноставно се разбираме како и секоја друга двојка безразлика на професија или сл.
значи има од уметник...до уметник.
така да не се вртат цури исто околу секој.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada

Ние решивме, ти нешто немаш желба да го прифатиш тоа, ама па немаш желба ни да ни ја искажеш својата желба.

Мислиме на уметник кој е способен да креира, да создава. Но тоа и не е толку важно, важен е карактерот, начинот на размислување на човекот. Уметниците, генерално се луѓе кои живеат во свој свет. Воопшто не е важно дали е тоа сликар, глумец или некој кој секојдневно смислува најдегенски инсталации на сред улица. Различноста од досадно среброљубиво општество.

Не мислиме на струка, мислиме на профил на човек.
 
Виктор, ваљда не треба да цртам дека јавно експонирана особа, која е рецимо уметник, не е исто со творец анонимус.

Па, првиот го облетуваат од ист разлог поради кој облетуваат и политичатри, бизнисмени.

Всушност, еве и авторот на темата што вели:
Види кој најмногу ебе, покрај директорите и политичарите. Тоа се некои кои ги има на телевизија, најверојатно себеси прокламирани и прифатени од останатите како уметници.
Така да ова не е нешто кое ќе помине туку така, ќе бидат до крај разјаснети мотивите кои девојките ги води славата/надежта за слава на партнерот.

Дали ги пали помислата дека нивниот партнер е јавна личност или со потенцијал да биде јавна, па тука влегува некоја исконска желба за борба со конкуренцијата?
Од ова испаѓа дека мисли на, шо знам, рок-ѕвезди, глумци од филмско платно и евентуално типови ко Салвадор Дали...и по трет пат ќе речам, кон нив ги влече само ветувањето за слава и моќ и е небитно дали се уметници, Синан Шакич, Боки 13, типот од српскиот Survivor или министерот за здравство.

A, мојот колега Наум, кој е неверојатно талентиран и креативен, и кој е дефинитвно уметник, е друга приказна...и него не би го дефинирала ко магнет за цури.

добро бре луѓе шо не ти ги направивте уметниците.
еве ја студирам ликовна уметност, дечко ми студира ликовна уметност.
зошто ме привлекол?
ме привлекол поради тоа што е таков каков што е.
нема тука леле овој е уметник, па сигурно е чуден мистериозен бла бла.
едноставно се разбираме како и секоја друга двојка безразлика на професија или сл.
значи има од уметник...до уметник.
така да не се вртат цури исто околу секој.
Така е колешке :back:
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
е од кај сега сакале уметници абе ај, има некој се палат на земјоделци а јас лично познавам пример на една шо се пали на невработен сељак:vozbud: ова искрено и не да речеш и таа дае сељак нее само тој е тежок невработен сељак
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Виктор, ваљда не треба да цртам дека јавно експонирана особа, која е рецимо уметник, не е исто со творец анонимус.

Па, првиот го облетуваат од ист разлог поради кој облетуваат и политичатри, бизнисмени.

Всушност, еве и авторот на темата што вели:

Од ова испаѓа дека мисли на, шо знам, рок-ѕвезди, глумци од филмско платно и евентуално типови ко Салвадор Дали...и по трет пат ќе речам, кон нив ги влече само ветувањето за слава и моќ и е небитно дали се уметници, Синан Шакич или типот од српскиот Survivor.

A, мојот колега Наум, кој е неверојатно талентиран и креативен, и кој е дефинитвно уметник, е друга приказна...и него не би го дефинирала ко магнет за цури.
Секако дека си во право, но оној кој работи дома и својата работа не ја презентира на јавноста и не е уметник, тој е морон, извини на речников. Дури ако фатам да филозофирам, не си ни богат (финансиски) ако парите кои ги имаш не ги трошиш. Ама ај тоа на страна.

Кога збориме за уметници секако збориме за оние кои околината ги знае, и смешно е да влегуваме во такви зборовни игри, но дури и да не се појавиле на телевизорот, можеле и како Никола, да се претстават себе си во најдобро светло, бидејќи маркетингот е важен во секоја област. Ако другар ти Наум има желба за девојки, тогаш неговиот уметнички дух во голема мера ќе му помогне да ги добие, но ако не го истакне и девојките не го видат тој дух, секако дека ќе биде сам.

Всушност, еве еден трејлер, кој го поткрепува лудилото кое уметниците знаат да го создадат :) И во позитивна и во негативна смисла.

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Мислам дека Никола убаво ја поставил темата и јасно е на каков тип на уметници мисли. Сегурно не ги земал во предвид тие што се идоли долж Ибарска магистрала...

Самата професија кај уметниците наложува посебен стил кој мора да биде комплетно „осмислен“, (многу поретко вроден) за да се вклопи во self-marketing.

Приказната што тие ја продаваат за себе, најчесто пали како и секоја приказна...
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Секако дека си во право, но оној кој работи дома и својата работа не ја презентира на јавноста и не е уметник, тој е морон, извини на речников. Дури ако фатам да филозофирам, не си ни богат (финансиски) ако парите кои ги имаш не ги трошиш. Ама ај тоа на страна.

Кога збориме за уметници секако збориме за оние кои околината ги знае, и смешно е да влегуваме во такви зборовни игри, но дури и да не се појавиле на телевизорот, можеле и како Никола, да се претстават себе си во најдобро светло, бидејќи маркетингот е важен во секоја област. Ако другар ти Наум има желба за девојки, тогаш неговиот уметнички дух во голема мера ќе му помогне да ги добие, но ако не го истакне и девојките не го видат тој дух, секако дека ќе биде сам.

Всушност, еве еден трејлер, кој го поткрепува лудилото кое уметниците знаат да го создадат :) И во позитивна и во негативна смисла.

Не само кај нас, туку и во светот, освен, со исклучок на такоречи шака луѓе, сите останати уметници се анонимуси за просекот, односно се познати за ужи, пофесинални кругови.
Чак и презентирањето на делата се одвива во тој круг + фамилијарниот. Мнозинството ама појма нема за истото.
И тука е смешно за збориме за познати уметници на околината (еве у Македонија кои се, на пример..Најмногу глумци,па Милчо и некои режисери, Симон Трпчевски, Борис Трајанов, Миро Масин, Коџоман и евентуално Ботев...и толку од творците познати на јавноста..а, кон нив може и повеќе да ги влече нивната јавна експонираност, отколку "шармот на уметноста".)

Патем, идејата за уметникот која е екранизирана во филмот, е романтичарски некој стереотип (тоа баш и на предавања сме го дискутирале).

Денешните уметници се оние ко Damien Hirst...пред се бизнисмени, менаџери...многу трезвени и исклакулирани индивидуи кои познаваат корпоративен маркетинг.
Далеку од идеалите за боемот/креативец.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom