Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?

Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
E ova e veke slicen ritam i ton barabandjija :) (da ne citriram i zafakam prostor)
Nazad sme vo mnogu raboti (pretpostavkata e deka komparacijata ja pravis so zemjite clenki na EU bidejki tamu sakame site a vlezot tamu pretpostavuva deka site se gore dole so ist razvoj na isto ramniste) i zatoa treba mnogu rabota trud verba... i za zal ona sto sega najmnogu ni e potrebno VREME!
Znam deka 2010 god ke bide godina na infrasttrukturata, 60 milioni evra za obrazovanieto slednive 3 godini mislam bese.. istoriska investicija vo zdravstvoto.. i nema da bide dovolno nitu pak nie treba da bideme zadovolni, toa sto nie treba site da go napravime da go pratime cekorot i da gi dademe svojot doprinos.. ili da ne odmagame kako miluvas..na eden ili drug nacin nekoi bile mozebi pohrabri od mene i tebe i direktno investirale uste sega.. nase e da barame nacin i moznosti i nie da im se pridruzime.. ne sakam da se polnam so negativna energija koga nesto se dvizi.. ama mozebi sum nestrpliv.. mislam deka tvoite stavovi i nameri se iskreni i mislam deka i ti se naogjas vo vtorive.. btw koga zborev za lugjeto sto sakaat neuspeh generalno zborev za makedonskiot del na nasevo opstestvo.. zal mi e sto se najde pogoden ti licno..

johny.. da ne dolzam mnogu, iskreno ti blagodaram i za toj doprinos sto go pravis za drzavata, stedenjeto, obvrznicite akciite i drugi zapisi se sepak investiranje i doprinos za idninata na drzavava.
 
Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
87
проклет ќе биде
среќа не ќе виде
профит најмалку
оној дијаспоричен
што крваво спечалени пари
би инвестирал во земја
контролирана од
5-та КОЛОНА
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Не планирав да ти реплицирам пак, веќе се разјаснивме, таман испадна, ама нешто гледам ептен не ми штима. Ова:
btw koga zborev za lugjeto sto sakaat neuspeh generalno zborev za makedonskiot del na nasevo opstestvo..
Шо е работава? Нешто не сфатив или..?
проклет ќе биде
среќа не ќе виде
профит најмалку
оној дијаспоричен
што крваво спечалени пари
би инвестирал во земја
контролирана од
5-та КОЛОНА
:helou:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Znam deka 2010 god ke bide godina na infrasttrukturata, 60 milioni evra za obrazovanieto slednive 3 godini mislam bese.. istoriska investicija vo zdravstvoto.. i nema da bide dovolno nitu pak nie treba da bideme zadovolni, toa sto nie treba site da go napravime da go pratime cekorot i da gi dademe svojot doprinos..
Се тоа добро ама не се почитува правото на сопственост, еве конкретно мојот татко има побарувања (не е битна сумата ама е прилично голема) од претпријатието во кое беше поранешно вработен. Тој не може да си ги наплати тие средства затоа што таму има ставено човек на функција стечаен управник кој располага таму со се и продава што ќе му чини. Судијата нема свикано рочиште едно десет месеци делат пари таму со стечаецот и тоа ти е.
Џабе татко ми мој има документи за сопственост кога нема пристап кон својот имот таму, и се доаѓа до заклучок дека во оваа земја приватната сопственост не се почитува, можи да дојди некој феудалец ставен таму и да те заебава како што сака.

А тоа вампирот од министер лани прикажа успех купил плакари и ги поправил фасадите од судовите, а мува не го лази дека со години се влечат случаеви нерешени во судството ни наше, кое што ужива во недоверба од високи 85 проценти.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не планирав да ти реплицирам пак, веќе се разјаснивме, таман испадна, ама нешто гледам ептен не ми штима. Ова:

Шо е работава? Нешто не сфатив или..?

:helou:
ОЧЕБИЈНО...НЕ СИ СВАТИЛ...:) , а бидејќи никако не ми личиш на затуцанко , останува само дека продаваш нечија демагошка блага водичка...

смешно е да тврдиш , дека луѓе на кои ич не им е мило што човечки беди му ги раскурцуваат економијата, народот и државата и кои барем овака виртуелно се противат на тоа, да им лепиш етикети на душмани...истовремено воспевајќи ги вистинските такви ...кои не растураат на терен и кои при тоа не тераат...како што праиш ти овде.....да им пееме химни благодарници...инсистирајќи...дури и тоа да го праиме со возвишен глас...:)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
останува само дека продаваш нечија демагошка блага водичка
тоа е само твојот вечен песимизам, твојата инфернална логика
смешно е да тврдиш , дека луѓе на кои ич не им е мило што човечки беди му ги раскурцуваат економијата, народот и државата и кои барем овака виртуелно се противат на тоа, да им лепиш етикети на душмани...истовремено воспевајќи ги вистинските такви ...кои не растураат на терен и кои при тоа не тераат...како што праиш ти овде.....да им пееме химни благодарници...инсистирајќи...дури и тоа да го праиме со возвишен глас...:)
Треба да бидеш малце поконкретен
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
тоа е само твојот вечен песимизам, твојата инфернална логика

Треба да бидеш малце поконкретен
а јас се чудам.....што му е начовекот :) пардоне муа м'сје сум утнал у кликање....репликата беше за brainbug! ..........уште еднаш се извинувам....
..а за песимизмот??? не сум бил одсекогаш такво нешто,порано си бев оптимист невиден :)...па го запознав лично Бранко, па после Љубчо, па после....брат Љубе...па....................и тако то....
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
а јас се чудам.....што му е начовекот :) пардоне муа м'сје сум утнал у кликање....репликата беше за brainbug! ..........уште еднаш се извинувам....
..а за песимизмот??? не сум бил одсекогаш такво нешто,порано си бев оптимист невиден :)...па го запознав лично Бранко, па после Љубчо, па после....брат Љубе...па....................и тако то....
:pos2:(Извинето:icon_lol:)
Си идам јас убо напијан ноќеска од по имина, гледам чоеков нешто очиве не ми гледат или .. (не можам да се начудам). Ми се налутил нешто ептен си викам ама шо е не можам никако да сфатам...
А на бреинбаг арно му рече само шо не му рече него:pos2:
Ај чао сега, ќе одам Крушево:helou:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Деновиве кажаа дека трговскиот дефицит на земјава за периодот јануари-ноември 2009 изнесувал 2.1 милјарда долари (што е патем страшно многу, можеби најмногу во светов како процент од БДП-то):

Тоа е доста повеќе од милијарда евра.
Кој го покрива овој огромен минус кој секоја година незапирливо се зголемува??? Да, тоа мора да се пари кои дошле од странство не по основ извоз, ами како приливи од туризам, или од фамозните девизни дознаки, и можеби нешто друго (?), но тоа воопшто не се инвестиции.
Платниот биланс донекаде се надеваше на дознаките од иселениците,ама годинава и они кризираа па дојдовме до коефициент на 2,1 милијарда.По правило треба да се рамни со извоз-кој го немаме и капитални инвестиции-кој ги немаме.
Деновиве го гледав Стварески како зборува за директни инвестиции годинава од 150 милиони евра и домашни инвестиции во патишта од 150 милиони.Само заборави да спомене која е оваа директна инвестиција,бидејќи јас такво нешто не видов.Може мислел на пренос на капитал од мајки фирми од странство до ќерки кај нас со странски капитал да не речам а ќе речам грчки :)
Не треба човек да ја познава областа да сфати што значи минус 2,1 милијарда.И како таа влијае врз стабилноста на девизниот курс кој Гошев го брани и како Гошев ги држи условите за кредитирање и како без кредити стопанството го снемува и се така во магичен круг.
А зошто дијаспората не инвестира кај нас?
-Кој нормален би оставил пари во ненормално економско опкружување?
Бирократи кој појма немаат што прават на столот,од документи низ фиоки,до земјишта каде не се знае кој јаде и кој пие,судство лудница,казни,уцени со писма за донации...до теткине во агенција за вработување каде се пријавуваат нови вработени-ако они знаат зошто седат таму јас правам слободен пад од стокатницата на гвујо што ќе ја градеше.
Едни ветерници чекаат заглавени,а камоли фабрики да се градат.Кај нас има само лопати и панделки,ми иде на ум да купам обработливо земјиште во Бунарџик и така е добро раскопано,таман за насад.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192

Таканаречените “директни инвестиции“ се пари кој странските фирми ги пратија малку да ги “заперат“ во пералнава Македонска.Всушност тоа се и домашните “инвестиции“,со таа разлика што тие не мора ни да се перат,затоа што се веќе предходно испрани со владиниот прашак за перење.Што се однесува пак до ненормалните закони за пристап до градежно земјиште,кое е основа за секоја вистинска инвестиција,и понатаму законите продолжуваат да се усложнуваат,па деновиве имав еден пример кога дискутабилно за приватизација стана токму еден квадрат земјиште,државно,втора категорија,скоро без никакво значење за државава но потребно за пристап до приватизирана парцела(за земјиште со вредност од 1 евро,мораше да се спремат буквално 50 страници елаборат,да се потроши две недели макотрпна работа,да се извршат мал милион премери и да се извадат уште толку скици,за да може да се приватизира од еден сопственик,кој потоа можеше да му го продаде на друг) и од сето тоа може човек слободно да заклучи дека овде нешто смрди бе,овие се навистина луди,скроз ненормални,како што потенцира и самиот инвеститор пред да се откаже од инвестицијата и да си инвестира во странство од каде си дојде со надеж дека овде нешто се сменило.:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.203
Зошто АБЦ? Директни, индиректни...зборот не ги носи парите туку овие што ги (зло)употребуваат, заради вакви "легални" тендери, трансакции...

Бучковски незаконски работел со три фирми

За само десет градежни зафати во 2004 година, Министерството за одбрана предводено од Владо Бучковски на фирмите Вил Градба, Иднина Инжинеринг и Криптон им има исплатено околу 100 милиони денари во една исклучително сомнителна постапка ...
Полни сме со вакви афери и кражби, нашиот народ можеби е припрост, но не и глуп.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Транзицијата продолжува! Започната во раните деведесетти од поранешните , па продолжува денес во 2010 со денешните. И секогаш партиите кои се на власт ги контролираат сите купо-продажби во земјава сите (не)инвестиции кои (не)се случуваат, само заради нивните лични односно партиски интереси и така нашата сирота Македонија е онаму каде што е и покрај своите потенцијали, бавно но сигурно, си стои во место, се додека не го допре дното :kesa:
Ама баш ништо не се променило од матните деведесетти освен начинот на крадење! :nesum:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ама баш ништо не се променило од матните деведесетти освен начинот на крадење! :nesum:
Еве сега се менува.Кога почнавме да зборуваме активно во овој подфорум,сите на нож не чекаа.Денес кога ќе разгледам,после една година секојдневно зборување,гледам голем напредок во критичката мисла.
Претходните не крадеа цела деценија,се надевам созреваме и брзо ги фаќаме цаките,па и брзо реагираме на неправда.Мора да се надеваме на подобро,тоа ни е во духот:)
И пак кога ќе излеземе надвор од границите ќе зборуваме добро за земјата и ќе гледаме да донесеме некој да отвори барем продавница и да вработи двајца во неа,сме постигнале успех.Секој на секого ако му помогне,не ни треба влада.Само малку од малку да го решат некои од мајка родени судството и градежното земјиште со приватната сопственост ќе ни завршат добра работа.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
нашинците од дијаспората се изгореа неколку пати во 90-тите кога се финансираше ВМРО ДПМНЕ(како партија која ги застапуваше мак интереси,како во државава така и во странство),па не верувам дека сега некој од тие има доверба во институциите,партиите,"бизнисмените"
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Еве сега се менува.Кога почнавме да зборуваме активно во овој подфорум,сите на нож не чекаа.Денес кога ќе разгледам,после една година секојдневно зборување,гледам голем напредок во критичката мисла.
Претходните не крадеа цела деценија,се надевам созреваме и брзо ги фаќаме цаките,па и брзо реагираме на неправда.Мора да се надеваме на подобро,тоа ни е во духот:)
И пак кога ќе излеземе надвор од границите ќе зборуваме добро за земјата и ќе гледаме да донесеме некој да отвори барем продавница и да вработи двајца во неа,сме постигнале успех.Секој на секого ако му помогне,не ни треба влада.Само малку од малку да го решат некои од мајка родени судството и градежното земјиште со приватната сопственост ќе ни завршат добра работа.

Јас верувам во силата на народот. Верувам во луѓе кои се доволно образувани и искусни и како што велиш „можат да ги фатат цаките“, а сепак се добронамерни и работат за доброто на својот народ и својата држава целокупно, а не за тесно партиски интереси.
Само доколку сме активни на ваков начин можеме да придонесеме за подобра иднина на нашата држава и идни поколенија. :smir:
А овде секако ја вбројувам и големата дијаспора Македонци и им предложувам, сите нивни идни инвестиции да ги извршуваат чесно и јавно, па доколку „некој“ сака да им наштети за тоа да им пресуди македонскиот народ а не „нечиј“ судија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom