Зошто во Македонија не се користи правото на референдум?

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.679
Поени од реакции
4.414
Што е референдум?

Референдумот претставува облик на непосредно одлучување на граѓаните за одреден правен акт или за донесување на одредена одлука од посебно значење за државата или локалната заeдница. Референдумот претставува најзначајна и најраспространета институција на непосредната демократија во светот.

Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи. Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.

(1) Референдум може да се распише за целата територија на Република Македонија (во натамошниот текст: референдум на државно ниво).
(2) Референдум може да се распише и за подрачјето на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје (во натамошниот текст: референдум на локално ниво).

(2) Право на гласање на референдум имаат граѓаните кои имаат избирачко право и се запишани во Избирачкиот список (во натамошниот текст: граѓаните).

(1) За референдум овластениот предлагач може да води јавна пропаганда на свој трошок.

Референдум за исто прашање не може да се повтори пред истекот на рокот од две години од денот на одржаниот референдум.

(1) Граѓанска иницијатива на државно ниво се покренува на предлог на 100 граѓани.

(1) Предлагачот е должен граѓанската иницијатива на државно ниво за која е поднесен предлогот да ја спроведе во рок од три месеца од денот на добивањето на известувањето за нејзината уредност.

Прашањата за дискусија ми се следни.

1.Дали сте запознаени со проблеми од правна гледна точка кои отежнуваат свикување на рефендум?
2.Дали имате ваши предлози за измени на законот за референдум?

Мои предлози:

1. Закон за задолжително гласање на референдум. Ова може да важи и за избори. Главна цел би била оневознеможување на бојкот на волјата на мнозинството која и да е таа. ( Тука се подразбира дека не би било дозволено нарушување на правата на поединецот)
2. Доколку иницијативата е успешна ( се соберат потписи ) да се обезбеди одредена сума за предлагачот на иницијативата
3. Наместо фискна бројка на потребни гласачи процентуална бројка

На пример во Швајцарија земјата со највеќе референдуми, потребни се 100.000 потписи за нова иницијатива што е 1.79% од тоталното гласачко тело(5,583,221), а кај нас потребни се 150.000 потписи што е 8.27% од тоталното гласачко тело (1.814.317)

По швајцарскиот модел во Македонија би биле потребни 32,456 потписи за референдум или 1.79% од 1.814.317

Пример за прашања на референдум во интерес на народот:

1. Лимит на патни трошоци на пратениците во собранието. Една препорака е сума колку автобуска карта.
2. Лимит на плати на функционери. Како пример може да се земе процент од средна(не просечна) плата на населението.
3. Предлог за една изборна единица.
4. Предлог за отворени листи.
5. Закон за потекло на имот

Ова се само неколку примери за секогаш актуелни прашања.

Илустрација за референдуми во европа

referendums.jpeg
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2023
Мислења
431
Поени од реакции
1.731
Другар ние немаме основни работи, болници се срање, на онкологија им даваат физиолошки раствор наместо цитостатици на болните од канцер, школство е срање, хигиена е срање, администрација срање. Вакви референдуми се за средени богати држави каде основните работи се средени, буџетот е полн и сега треба да се средат финесите на пример во швајцарија имале референдум дека трамваите им биле многу гласни и со референдумот барале да ги направат потивки па сега ако стоиш како пешак на шина и се заборавиш неколку минути може да те акне трамвај зошто е невозможно да ги чуеш. Далеку сме ние од ова. За едно 50тина години ќе ги стигнеме.
 
Не би се согласил ама океј е да имаш такво мислење. Јас би рекол баш дека е таква ситуација народот би имал надеж доколку одредени работи сам ги доведе во ред додека моменталниот наратив е не можеме ништо.
Автоматски споено мислење:

П.С Во Словенија земја со слична популација како нас потребни се 40000 гласови за референдум.
Автоматски споено мислење:

П.С2 Во дух на финансиска одговорност референдум може да се одржува паралелно со парламентарни/претседателски/локални избори така да би го имале бенефитот од референдумот, а трошокот би останал ист.
 
Член од
7 април 2024
Мислења
19
Поени од реакции
32
Многу едноставен е одговорот. Референдумот е играчка за народи со високоразвиена свест, образованост, манири, цивилизираност, хигиена, солидарност, ако сакаш и материјална благосостојба. Македонците и другите племиња во Северна се сѐ спротивно на овие работи. Згора на тоа, неодамна имаше резултати од едно многу релевантно истражување на Обединетите нации кои велат дека Македонците се вториот најнеинтелигентен (читај НАЈГЛУП) народ во Европа, веднаш по Албанците. Дека ова е апсолутно точно, доказ се нашите ученици од основно и средно кои секоја година остваруваат најлош резултат во Европа на PISA (OECD's Programme for International Student Assessment) тестирањето по математичка и литературна писменост.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.057
Поени од реакции
35.546
...нема врска ова дека се поцивилизирани, понапредни од нас во ЕУ, напротив поглупи и посмотани се гледано во глобала, слаба ДНК имаат, ама се во предност затоа што таму се почитуваат законите т.е функционираат законите, да не се почитуваат во ЕУ законите, па ќе видите што значи хаос, човекот е ист и тука и таму, само таму се однесува цивилизирано затоа што важат законите, а овде НЕ, просто кажано!

...таму после 20ч шепоти во сопствениот стан, а овде истиот со бор машина во 05ч ќе брмчи во недела оти му се може не се почитува законот овде, а ист човек иста тимба на врат носи!

...нека профункционира тука законите и кривично да се одговара и дополнително општествена работа доколку се има прекршок ќе видите како ќе цвета Македонија!
 
Повеќе ми беше муабетот за структурни проблеми. На пример според мене бројка од 150 илјади е нереална и тешко остварлива.

Инаку да за другово се согласувам народот ја прави државата, а со глуп народ потешко е да правиш држава.
 
Член од
7 април 2024
Мислења
19
Поени од реакции
32
...нема врска ова дека се поцивилизирани, понапредни од нас во ЕУ, напротив поглупи и посмотани се гледано во глобала, слаба ДНК имаат, ама се во предност затоа што таму се почитуваат законите т.е функционираат законите, да не се почитуваат во ЕУ законите, па ќе видите што значи хаос, човекот е ист и тука и таму, само таму се однесува цивилизирано затоа што важат законите, а овде НЕ, просто кажано!

...таму после 20ч шепоти во сопствениот стан, а овде истиот со бор машина во 05ч ќе брмчи во недела оти му се може не се почитува законот овде, а ист човек иста тимба на врат носи!

...нека профункционира тука законите и кривично да се одговара и дополнително општествена работа доколку се има прекршок ќе видите како ќе цвета Македонија!
Ova sto go kazuvash e mnogu slichno so: Eh, da imashe baba mi patlak dedo ke beshe. Pa kako moze da funkcioniraat zakoni kaj narod chija deviza vo zivotot e "Snajdi se pa zhivej", vo prevod vlezi preku red, ne plati danok, fati vrska za deteto na shkolo, potplati obvinitel za poniska kazna, potplati policaec za da ne ti pishe krivichna.... Plitko ti e razmisluvanjeto, drugar, epten plitko. Razmislivash vo stilot: A be Vardar nash da vidish kolku go biva, ama go nemame Ancheloti za trener, a gi nemame ni Vinisius, Belingem, Modric i ostanatite. Da gi imavme, a be partal ke praeshe Vardar nash vo Evropa.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.679
Поени од реакции
4.414
Ova sto go kazuvash e mnogu slichno so: Eh, da imashe baba mi patlak dedo ke beshe. Pa kako moze da funkcioniraat zakoni kaj narod chija deviza vo zivotot e "Snajdi se pa zhivej", vo prevod vlezi preku red, ne plati danok, fati vrska za deteto na shkolo, potplati obvinitel za poniska kazna, potplati policaec za da ne ti pishe krivichna.... Plitko ti e razmisluvanjeto, drugar, epten plitko. Razmislivash vo stilot: A be Vardar nash da vidish kolku go biva, ama go nemame Ancheloti za trener, a gi nemame ni Vinisius, Belingem, Modric i ostanatite. Da gi imavme, a be partal ke praeshe Vardar nash vo Evropa.
Факт е дека сме глупи како целина. Тој што прошетал знае дека глуп човек се прави ( и е убеден дека е ) најпаметен, а тој што има акал цело време се преиспитува.

П.С „Глупавоста“ се учи, исто се учи култура и почитување закони само треба време и напор.

IQ-то е горе доле слично секаде разликите во глобала се резултат на sample sizes т.е помали примероци даваат поекстремни резултати. Друга работа е што и се поврзани со едукативен систем каде што има популации кои се целосно неуки па неможеш баш вердостојни резултати да имаш.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
12 март 2009
Мислења
19.894
Поени од реакции
15.857
еве актуелен предлог за Референдум, ама нека има 3 или повеќе опции за граѓаните
1. да ги внесеме блгарчињата во Уставот (и да не клукаат у мозок)
2. на сите кој сакаат по брза постапка да им дадат блгарски пашапорт и одма сме практично во гЕУ
.. а за ова имаше предлози од некој блгарски интелектуалци, ама немаат м@диња да го направат...
3. стара работа, предлог на Фродем, референдум за конфедерација со Турција, резервна опција...
имаше од сама Турција идеи за формирање "Турски комонвелт" , за држави кој биле во Отоманската Империја..
бај тхе веј, Џинпинг ќе ја поканел Србија во Брикс ??
 
Дискусијата е повеќе наменета за структурните проблеми за одржување на референдум.

Самите прашања и дали се релевантни или корисни би одлучил народот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.894
Поени од реакции
15.857
Дискусијата е повеќе наменета за структурните проблеми за одржување на референдум.

Самите прашања и дали се релевантни или корисни би одлучил народот.
Работата е дека самите политички партии не сакаат многу многу Референдум, ДА не му текне на Народот Референдум за Укинување на Политички Партии..
Патем, Парламентот си Напраил Закон дека САМИТЕ тие одлучуваат Колкав ќе биде БРОЈОТ на Пратениците и Нивните плати и други Лапања...Незнам дали воопшто народот би можел на некој начин, да ГО УКИНЕ овој тип ПРЕСКАП парламент и да воведе како во УК, Долен дом, со плати како на наставник и Горен Дом, Волонтери, богати луѓе...
Еве сега Мицика најавува намалување на џабалебароши на 90, ајд да видиме дали Самите ќе Изгласаат...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.679
Поени од реакции
4.414
Работата е дека самите политички партии не сакаат многу многу Референдум, ДА не му текне на Народот Референдум за Укинување на Политички Партии..
Патем, Парламентот си Напраил Закон дека САМИТЕ тие одлучуваат Колкав ќе биде БРОЈОТ на Пратениците и Нивните плати и други Лапања...Незнам дали воопшто народот би можел на некој начин, да ГО УКИНЕ овој тип ПРЕСКАП парламент и да воведе како во УК, Долен дом, со плати како на наставник и Горен Дом, Волонтери, богати луѓе...
Еве сега Мицика најавува намалување на џабалебароши на 90, ајд да видиме дали Самите ќе Изгласаат...
Доколку има свест и барање тогаш да. Инаку нормално е политичките партии да не сакаат референдуми пошто во таков случај би се слушала волјата на народот која и да е таа.

Тука битен факт е дека промени би се правеле со разговор и убедување, а не со сила како до сега.

Реално има многу реформи кои не би биле во интерес на политичките партии, а би биле во интерес на народот.

П.С Од укинување на политички партии би немало некој бенефит, а и не би ни било возможно бидејќи тоа се веќе индивидуални права кај што колективот нема право да се меша.
 
па не мора да се укинат, доволно да не ги ПЛАЌА народот
( Државата) и Полицијата да ги контролира партиите..
Млад си веројатно и не знаеш дека пред ~25 години беше Застрелана приватна забарка, Тетово или Гостивар, најверојатно не платила донација за некоја партија, ама полицијата не расчисти ништо..
Од почеток на повеќе партискиот систем си поделија кој приватници кому треба да плаќаат....
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.679
Поени од реакции
4.414
па не мора да се укинат, доволно да не ги ПЛАЌА народот
( Државата) и Полицијата да ги контролира партиите..
Млад си веројатно и не знаеш дека пред ~25 години беше Застрелана приватна забарка, Тетово или Гостивар, најверојатно не платила донација за некоја партија, ама полицијата не расчисти ништо..
Од почеток на повеќе партискиот систем си поделија кој приватници кому треба да плаќаат....
Океј за тоа максимално се согласувам. Еве и ова што е по ново милиони се даваат за политичка реклама. Така да има многу случаеви кај што народот треба да си бара отчет.

Конкретно за донациите 15 уставни судии се назначуваат од собрание/влада па тука има директен судир на интереси. Вакви ситуации сигурно има мал милион.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom