Зошто Македонците не протестираат?

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
После ова во Босна и Украина...не излагам на протест макар и корења јадел секој ден. Додуше Корења се здрава храна :D
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
265
Поени од реакции
202
Македонците имаат преку 10 добри причини за да протестираат од формирањето на оваа наша држава прво ни го сменија знамето,СДСМ па ни го сменија името,па ни извршија атентат на прецедателот,па направија приватизација КРИМИНАЛНА,СДСМпа се затворија многу добри фабрики кој можеа да работатСДСМ,па криза 99 на косово 1 ооо ооо албанци во макеоднија,па криза 2001 во македонија,па политички пораз во арачиновоВМРО ПЛУС СДСМ,па централна поделба по рамковенСДСМ,па не не примија во НАТО и покрај исполнување на условите,па преку нок ни објавија ПРОЕКТ 2014 кој го срами секој македонец ЈАС СУМ ГОРД и се задолжи државата.ГРЦИЈА И ЕУи уште
Е сега оди протестирај ама ми гледа најпоќе ке треба да протестираш пред СДСМ.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
5.099
Од неколку месеци во Украина има масовни протести, кои прераснаа во војна мегу властта и народа. Во Бугарија исто така има масовни протести веќе од година. Има и окупација на Софијскија университет, но не нјамаше оставка. Спуштивме една влада, на негово место дојде друг, уште повеќе безобразен, но тоа не сака да си отиде, иако протестираме веќе повеќе од 200 дена. Љубопитно ми е да знам дали медиумите во Македонија објавена за протестите во Украина, Бугарија, Босна и Турција, како и зошто во Македонија луѓето не протестираат, а колку што знам животот кај вас не е лесен и демократијата исто така не е на добро ниво.
Не протестираме затоа што сме имуни на тежок живот.

Каде и да одиш , каде и да влезеш ... сите велат дека никогаш не било потешко , но и најжално е што немаат надеж , па затоа и нема протести , пошто мислат дека нема да биде подобро, демек судбина ни било и помирени се со тоа. (вклучувајќи ме и мене).

Во Македонија има власт која граѓаните ги гледа како ГЛАСОВИ а не како луѓе.

Вчера видов еден дебат меѓу двајца албански политичари , овој од опозицијата пукаше бројки и факти ... а овој од позицијата неможејќи да даде друг аргумент велеше: Ние имаме 150.000 гласови, ја имаме подршката. Кога ќе видиш така е , сами сме им дале легитимитет да работат така. (еве и јас излегов им дадов глас, очекувајќи личен корист ... иако убеден бев дека не заслужуваат мој глас .... и пак на следните ќе дојде некој ќе вети нешто, и како ниско интелегентно суштество ќе му поверуваме ).

Испаѓа дека ваква власт и состојба заслужуваме , кажете зошто да протестираме за нешто што сами сме виновни.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Да се надоврзам - и зашто голем дел од младите мислат дека тоа е политика и дека не сакаат политика а не сфаќаат дека општествените случувања не може да се игнорираат само зашто „мразиш“ политика.
Проблемот е што кај нас не сме доволно политички информирани и образовани.
Другиот дел од младите протестите не ги сфаќаат како еден општествен процес за граѓанско изјаснување туку за нешто каде што треба да се искрши автобуската пред Влада и да се пее фашистички песни. Протестите е да излезеш и да имаш цел за што протестираш и гласно да кажеш што сакаш.
Иронично, со оглед на тоа што политиката е огромен дел од она што ни се сервира на ТВ.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Кој вели дека не протестираат? Малку протестирачи има на форумов како кршат дугмиња кој од кој посамоуверен и посупериорен од другиот?
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
За протестирање некои протестираат тие шо имаат срце шо имаат храброст протестираат.Имаат некоја мака која што ги мачи и мислат дека нема излез освен да протестираат.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.401
Поени од реакции
7.851
Кој вели дека македончето не протестира?

 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Затоа што народното незадоволство секогаш се користи од страна на некои цетри на моќ,кои после сменување на ситуацијата ќе бидат бетар од претходните!
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Затоа што народното незадоволство секогаш се користи од страна на некои цетри на моќ,кои после сменување на ситуацијата ќе бидат бетар од претходните!
Дали, според оваа логика, може да заклучиме дека оваа власт на ДПМНЕ е полоша од претходната на СДСМ, која пак беше полоша од претходната на ДПМНЕ, која пак беше полоша од претходната власт на СДСМ - од каде што логички следува дека најдобра од сите беше Владата на СДСМ на Црвенковски?
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Дали, според оваа логика, може да заклучиме дека оваа власт на ДПМНЕ е полоша од претходната на СДСМ, која пак беше полоша од претходната на ДПМНЕ, која пак беше полоша од претходната власт на СДСМ - од каде што логички следува дека најдобра од сите беше Владата на СДСМ на Црвенковски?
Според оваа логика гневот и очајот на народот го искористуваат некој други моќници независно дали од внатре или од надвор.Така е уште од француската револуција истото се деси воЛибија ,Египет сега и во Украина.Дали сега животот во овје држави е подобар или ќе биди некојпат подобар?
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.277
Не ја злоупотребувајте сивата зона на темиве со партиски препукувања, ако не сте знаеле забрането е. Play nice, да не се затвараат темите непотребно.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Според оваа логика гневот и очајот на народот го искористуваат некој други моќници независно дали од внатре или од надвор.Така е уште од француската револуција истото се деси воЛибија ,Египет сега и во Украина.Дали сега животот во овје држави е подобар или ќе биди некојпат подобар?
Види го овој политичар, како избегнува директен одговор. Бај д веј, животот во Франција е сигурно подобар денес отколку пред Француската Револуција.[DOUBLEPOST=1393183372][/DOUBLEPOST]
Не ја злоупотребувајте сивата зона на темиве со партиски препукувања, ако не сте знаеле забрането е. Play nice, да не се затвараат темите непотребно.
Само си играм логика.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
jacно е во моментов дека ако излезеш на протест си опозиционер,ако излезеш на контра -протест си со владејачкава гарнитура. Ако не излезеш на протест дали си паметен или глуп !?!? ;)
на кој протест ќе излезеш зависи од тоа кој може да те вработи одма после тоа:facepalm: ... значи паметно би ти било да излезеш :facepalm:
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.348
Поени од реакции
22.789
на кој протест ќе излезеш зависи од тоа кој може да те вработи одма после тоа:facepalm: ... значи паметно би ти било да излезеш :facepalm:
Јасно ми е тоа ,туку ако не искочиш никого да поддржиш ?!?!?!?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom