Значењето на Јосип Броз - Тито за Македонија и Македонците

Steve Vai

Guitar Wizzard
Член од
14 декември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
7
Go2bed напиша:
знаете зашто ви беше убаво тоа време...зашто работеле не работеле,на први си земавте плата..а сега богами треба да работите за да земете плата,а може и да не ја земете..
и дај доста веќе со тој Тито Тито....да беше арен и да беше арна таа држава немаше да се распадне...
Државата се распадна затоа што на некој не му одговараше да постои, затоа што како таква беше моќна, и своевремено на чекор во ЕУ. И доста го вреѓавте човекот затоа што некој незнајко ве убедил дека е лош, и дека не напрвил ништо. Тито е, и секогаш ќе остане великан, човекот кој знаеше како да владее со балканските народи, а во исто време народот да е задоволен, и горд на својата држава. Јас бев горд да кажам дека сум од Југославија. А тоа дека не направил ништо за Македонија, е чиста бесмислица. Јас не познавам ниту еден народ кој не е горд на својата антифашистичка борба, додека ние плукаме по нашите херои.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
фио напиша:
Ај потсети ме што направил Гоце?

Јас само знам дека во времето на Гоце, турците салата ми ги праеле предците, а во времето на Тито, одевме на 3 одмори годишно со нормални плати и без визи
Споредбава што ја направи ти е на место колку што е на место да пееш на погреб али нема везе...

Како прво, Гоце бил идеалист и генијалец и како него човек нема да се роди ни за 10 века, а зашто не му испаднал планот како што го замислил? па мислам дека е редно да отвориш историја па да прочиташ дека е предаден и убиен и тоа скоро три месеца пред да почне востанието(што бај д веј почнало прерано и неподготвено).

И Гоце каде каде повеќе се залагал за Македонија за разлика од Тито....

Е сега за споредбата: кажи ми како можеш да правиш споредба со револуција и одење по одмори???
Тито нит го осмислил НОБ нит ја создал НОВ, а тоа како било по ослободувањето сме го виделе затоа што било остварено, но НЕ Е остварено од страна на Гоце (горе имаш и зашто) а за тоа како би било да се остварело.

сувишно е да се збори пошто ќе биде од типот: еее да ја ослободеше Гоце Македонија до сеа...

Затоа остајте го Гоцета на раат и продолжете со анализата на Другарот.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Steve Vai напиша:
А тоа дека не направил ништо за Македонија, е чиста бесмислица
Аха, да.
Тогаш зошто кога се одредуваа кои фабрики каде ќе се градат, најнепрофитабилните и најнеразвиените ги изгради во Македонија?

Зошто го избегнуваше Скопје додека Белград, Загреб и Љубљана ги правеше метрополи????

Зошто кога Македонците очајнички побараа помош од Другарот и неговата Југославија да се вратат егејскиот и пиринскиот дел под наши нозе Тито ги прати во Срем? Демек Срем бил побитен??? Да сигурно...

Има уште милијарда зошто на кои ни Вук Караџиќ нема да може да даде одговор...
 
Go2bed

Vasilij Zajcev
Член од
2 март 2005
Мислења
972
Поени од реакции
13
Дајте бе доста со овие ВМРО-овски глупости.

Дај кажи нешто свое доста се користите секогаш со истиот речник.

Дај малце отворете се погледнете напред и не бидете толку ограничени....секогаш истата реторика....
 
Член од
21 мај 2006
Мислења
51
Поени од реакции
1
Tito bil eden i nepovtorliv..... Kolku bi bilo podobro koga nekoj od segashnava vlast bi ostvaril barem 1% od toa shto Tito go napravil za nas! Ne deka Goce ne chini ama on bil u drugo vreme. Taka da kolku i da ve boli vistinata, faktot pokazuva deka Tito e kluchna lichnost vo nashata istorija. I toa kolku sakate demantiraj te go nema da moze da se promeni.
 
Go2bed

Vasilij Zajcev
Член од
2 март 2005
Мислења
972
Поени од реакции
13
Класичен напиша:

се слагам со тебе комлетно....нашиве политичари све што се градеше 50 години, го уништија за 15 години...браво за нив.Во времето на Тито СИТЕ ИМАА а сега кој има...само тие што крадат ( пратеници,судии, политичари)...колку ли тоа перверзно време дојде ....
 
Steve Vai

Guitar Wizzard
Член од
14 декември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
7
TpH_Bo_OkO напиша:
Аха, да.
Тогаш зошто кога се одредуваа кои фабрики каде ќе се градат, најнепрофитабилните и најнеразвиените ги изгради во Македонија?

Зошто го избегнуваше Скопје додека Белград, Загреб и Љубљана ги правеше метрополи????

Зошто кога Македонците очајнички побараа помош од Другарот и неговата Југославија да се вратат егејскиот и пиринскиот дел под наши нозе Тито ги прати во Срем? демек Срем бил побитен??? Да сигурно.....

Има уште милијарда Зошто на кои ни Вук Караџиќ нема да може да даде одговор......
1. Фабрики во Македонија имаше доволно! Прашај ги земјоделците во времето на Тито, колку пари земаа за еден камион зеленчук??? Од само еден продаден камион роба, селанецот купуваше ганц нов трактор. Земјоделецот беше богат, имаше пари да не купи сосе гаќи!!!

2. Ако Скопје беше како шо велиш избегнуван град, кога го фати земјотресот, Скопјани сами да не го изградивте???

3. За ова третото, Класичен фино ти има објасето погоре во еден пост.

Има уште миљарда убави работи, кои во Британика нема да може да ги собери!
 
Go2bed

Vasilij Zajcev
Член од
2 март 2005
Мислења
972
Поени од реакции
13
џабе им се објаснува на децава ( склони кон ВМРО),нив никој не им чини....они ти се самобендисани....
дај доста веќе гледаме назад...оставето го човекот нека си почива во мир....дај да гледаме малце напред....
 
Steve Vai

Guitar Wizzard
Член од
14 декември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
7
Go2bed напиша:
џабе им се објаснува на децава ( склони кон ВМРО),нив никој не им чини....они ти се самобендисани....
дај доста веќе гледаме назад...оставето го човекот нека си почива во мир....дај да гледаме малце напред....
Не е поентата дали си од ВМРО или СДСМ, јас знам доста луѓе од ВМРО, кој го ценат ликот и делото на Јосип Броз, знам и луѓе од СДСМ кој не го почитуваат, да не мешаме баби и жаби...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ке го напишам уште ова на оваа тема:

1. Последиците на економскиот систем на Титовата СФРЈ ги чувствуваме и денес. Кон средината на 60-тите морал да се префрли на пазарен модел.
2. Неспорни се придобивките за македонската државност од страна на Тито.
3. Тито не презема ама баш ништо за македонското национално малцинство во Грција и Бугарија (по смртта на Димитров во 1948), а од друга страна се утепа за Трст и за правата на корушките Словенци во Австрија.
4. Према останатите „источни„ држави, Југославија беше далеку најразвиена. Факт. Ама тоа по падот на системот ни се удри во главата.( образложено во претходните постови, а види и под 1)
5. Една работа поради која го ценам Тито: Успеал во крв до колена омразени народи да ги држи заедно, и да врти половина свет. Нема друг таков лидер.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Економските теоретичари сметаат дека договорниот начин на стопанисување бил доста успешен до средината на 60-тите. Поради: неразвиена и скоро без никаква индустрија држава. Земјоделието било екстензивно и со мали приноси. Тито убаво тргнал, ама морал кон средината на 60-тите да воведе пазарен модел на работа на фирмите и слободен влез на странски капитал. (Било дозволено најмногу до 45% на странски капитал). Управувањето било во државни раце( и на мешовитите фирми). Не се вложувало во нови капацитети, и се доаѓало до превработеност. Ова ни тресна по главата со приватизацијата во 90-тите. Државата е по дефиниција лош стопан, бидејки го максимизира профитот, а не вложува во нови погони.

Со контролирана приватизација (како сега Кина што прави) сметам дека Југославија ке била многу моќна држава, оддамна член на ЕУ, немаше да дојде до војни и распади, ама пуста идеологија и национализми во почетокот на 90- тите ја уништија творбата наречена Југославија.

Едит: Ова што го напишав сега е она што сум го прочитал за СФРЈ и Тито. Не сум југоносталгичар, напротив: Македонец, патриот. Тоа е од книги од странски автори, посветени на СФРЈ, држава- полукапиталистичка, полусоцијалистичка, еден голем експеримент, уникатен по своето општествено уредување, и која заврши како што заврши.
 
Член од
27 април 2006
Мислења
176
Поени од реакции
2
:eek:ftopic:Уште еднаш ако некој ме навреди го пракам на Голи Оток:pishtoldz:pos:
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Steve Vai напиша:
Државата се распадна затоа што на некој не му одговараше да постои, затоа што како таква беше моќна, и своевремено на чекор во ЕУ. И доста го вреѓавте човекот затоа што некој незнајко ве убедил дека е лош, и дека не напрвил ништо. Тито е, и секогаш ќе остане великан, човекот кој знаеше како да владее со балканските народи, а во исто време народот да е задоволен, и горд на својата држава. Јас бев горд да кажам дека сум од Југославија. А тоа дека не направил ништо за Македонија, е чиста бесмислица. Јас не познавам ниту еден народ кој не е горд на својата антифашистичка борба, додека ние плукаме по нашите херои.
Доста бе со муабети како ние сме биле најголема најубава, најсилна земја. Нашата армија била втора (ај да не кажам прва) во светот, нашата трева најзелена, кај нас платите најголеми и киселата зелка највкусна! Југославија не беше ни особено моќна ни особено стабилна. Никогаш. Тито не владееше за да народот е задоволен, туку си ја подреди работата да народот МОРА да е задоволен. Јас не сум горда кога ќе ми кажат дека сум родена во југославија, за мене е навреда тоа FYROM зашто се чувствувам како Македонка. Нашите херои? НАШИТЕ херои? Тито е НАШ херој? Не знам кој сте тоа вие али јас не се наоѓам тука. Не ми се верува! Великан? Па пред некој ден и во маалската продавничка видов слика од Тито? Што е следно? Пак да почнат да се продаваат книги за животот на Тито, Јованка и пудлиците??? Оние по 15 тома... ЗНаете... Пссссс
 
Steve Vai

Guitar Wizzard
Член од
14 декември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
7
strumics напиша:
Со контролирана приватизација (како сега Кина што прави) сметам дека Југославија ке била многу моќна држава, оддамна член на ЕУ, немаше да дојде до војни и распади, ама пуста идеологија и национализми во почетокот на 90- тите ја уништија творбата наречена Југославија.
Така е, бевме во првиот круг за влез во ЕУ, ако болните националистички умови не дојдоа, и растурија се...

Анастазија напиша:
Доста бе со муабети како ние сме биле најголема најубава, најсилна земја. Нашата армија била втора (ај да не кажам прва) во светот, нашата трева најзелена, кај нас платите најголеми и киселата зелка највкусна! Југославија не беше ни особено моќна ни особено стабилна. Никогаш. Тито не владееше за да народот е задоволен, туку си ја подреди работата да народот МОРА да е задоволен. Јас не сум горда кога ќе ми кажат дека сум родена во југославија, за мене е навреда тоа FYROM зашто се чувствувам како Македонка. Нашите херои? НАШИТЕ херои? Тито е НАШ херој? Не знам кој сте тоа вие али јас не се наоѓам тука. Не ми се верува! Великан? Па пред некој ден и во маалската продавничка видов слика од Тито? Што е следно? Пак да почнат да се продаваат книги за животот на Тито, Јованка и пудлиците??? Оние по 15 тома... ЗНаете... Пссссс
Да, нашата земја беше најголема најубава најсилна. Нашата армија беше наша гордост, нашата трева најзелена, платите беа супер. Статистиката говори дека во 1968 година Југославија и Јапонија се на исто економско ниво, додека земјите како Италија, Португалија, Шпанија, ни ја голтаа прашината, за циганите Грци да не прам муабет. Додека Бугарите и Пољаците си ги продава жените за една червена, ние се бањавме во Јадранот. И те молам малце поубаво да ги прочиташ постовите пред да реплицираш. Прам муабет за НАШИТЕ херои, на оние по кој шарате со спрејови и ги уништувате, на хероите партизани, родољуби, кои го дадоа својот живот за слободата, и за борба против фашизмот. И да, пак ќе се продаваат книгите за Тито, и еден ден многу ќе вредат, многу повеќе отколку што мислиш.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Go2bed напиша:
дајте бе доста со овие ВМРО-овски глупости...дај кажи нешто свое доста се користите секогаш со истиот речник...дај малце отворете се ..погледнете напред...не бидете толку ограничени....секогаш истата реторика....
Имаш нешто друго против мене освен тоа за која партија сум?

Тито е крив за многу работи за кои ти ги гледаш, а не сакаш да ги согледаш, капиш?

50 000 000 000 Долари му се искешираа на тој твој Тито за да ја смота цела Југославија, а тука спаѓаат и украдените делови на Македонија!!! Ете ти ја јаката економија на Тито!!!!!

Комунист кој се стремеше кон западната демократија!

А дали ти текнало некад која економија ќе ја имала Македонија ако била на територијата што ја имам на аватарот???
Ако за Тито и се околу него знаеш од тоа кога те учеа како пионерче, не значи дека треба на секој пост да враќаш со почеток „доста ми е од овие ВМРОвски пишувања....“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom