Знаеме ли да ги цениме умовите кои што вредат?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да, Каков статус имаат оние умови кои вредат т.е. луѓе кои знаат да размислуваат и тоа аргументирано, реално, издражно,правилно и со факти?

Дали во Македонија знаеме да ги цениме и почитуваме умовите кои вредат и кои знаат да размислуваат?

Дали работно место во Македонија се добива според квалитетот на размислувањето или со нешто друго?

Каков статус имаат паметните луѓе во нашето општество, дали тие се почитувани од средината во која постојат и функционираат?

Дали на форумов (како еден вид на мало општество) се почитуваат умовите кои вредат и кои што знаат да размислуваат? Дали го почитувате нивното мислење?

И што е за вас добар ум, и добро размислување, и дали ги почитувате луѓето кои можаат и знаат да размислуваат т.е. дали вие ги цените добрите умови?

Малку конфузна тема но се надевам дека ме сфативте.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Очигледно е дека од Македонија имаме одлив на мозоци, што е и карактеристика за земјите во транзиција...Секој петти образован човек ја напушта нашата држава, проблем за кој треба да мисли Владата...
А на нашиов форум има многу добри умови кои особено ги почитувам и респектирам, и се гордеам што овој форум може да се пофали со доста интелектуален мозок:pipi:
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
city кај нас владее еден самоубиствен менталитет кој се состои во тоа што сите се паметни и токму поради тоа што сите се најпаметни се неспособни односно одбиваат да чујат и друго мислење и да го прифатат ако навистина е подобро, со други зборови од тоа што сите се најпаметни неможеме да направиме една добра тимска работа, и затоа не не бива.
Значи не треба само да се почитуваат умовите кои вредат, туку треба сите умови да се почитуваат, и користејќи што е можно повеќе умови, без разлка дали се подобри или полоши, може да се постигне развој.
 
Зошто гледаш така црно...Нели на форумов има прекрасни мислења, дебати од прекрасните ни кајганџиски мозочиња?
Си ги забележал ли дека ги има многу такви?
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
критериумите се изместени!блескавите умови,интелектот воопшто кај нас не се цени.на форумов мислам дека е слично!сите прогресивни замисли и проекти се тешко остварливи во средина во која живееме.и што се случучува потоа?сите луѓе се наоѓаат на исто рамниште,кое ги прави исти.разочарувања и помирување со ситуацијата.ништо друго.
темата не е воопшто конфузна!супер е!
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во Македонија, прва фаза е да се исплука тој што вреди, а после да се признаат неговите квалитети.
И покрај фактот што во Македонија претежно требаат врски за да успееш, сепак сметам дека не е се баш така и дека има голем број на луѓе кои што успеале чисто според своите заслуги. Барем јас лично познавам такви примери.
Глобалната слика можеби е таква, но сепак сметам дека не е се така црно.

Што се однесува на форумов, сметам дека секој си го искажува своето мислење и веднаш се издвојуваат и паѓаат во очи луѓето кои што пишуваат содржајни коментари. Се разбира и оние другите веднаш се приметуваат, но сепак има доста луѓе кои навистина јас лично ги почитувам и навистина сакам да ги читам нивните постови, без разлика дали се согласувам или не.

Што е добро размислување?
Хм...релативна работа. Според мене човек кој има свој став кон работите и не го менува како што се менува ветерот и човек кој своите размислувања ги поткрепува со аргументи и факти, добро размислува.

И за крај, се разбира дека ги почитувам оние кои вредат и кои имаат ум. Од нив пред се има многу да се научи и самите тие по себе заслужуваат почит.
 
vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Каков статус-никаков,кај нас се цени сеуште тоа што е туѓо ние сеуште не сме научени да го цениме тоа што е наше и што го имаме,работно место ретко кога се добива според тоа дали си заслужил и колку ти тежи и ти е капацитет на умот секогаш преовладувале некои други карактеристики дали политичка ориентираност или пак врски,ретки се тие кои се почитувани од општеството поради тоа што вредат...

Размислувања кои се поткрепени со аргументи и мислења кои не се менуваат кога како ќе ни текне ги сметам за добри умови како што кажа Crazy in Love...

На форумов има да доста паметни и личности на кои им фаќа црпката народски кажано и на кои им ги ценам мислењата и на некој начин се гордеам и почитувам.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Што е тоа ценење???
Тоа е модерен збор, кој што се употребува во развиените и западноевропските држави. Овде кај нас... Се гледа кој колку пријатели има, кој кого може да го фати за пријател и така да поротурка некоја работа.
Конкретно за умовите во државава, едноставно немаат напредок баш од таквите работи. Сите важни и клучни места се добиваат со пријатели, а не со знаење... И најлошо ке му биде поттрчко на некој идиот кој што појма нема од ништо, туку мама-тато го туриле на некое директорско местенце да си ги прибира сите заслуги. затоа има одлив на мозоци од државава.
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Воопшто не знаеме да ги цениме нашите големи умови. Секој паметен кај нас, коа ќе види дека никој од ремен не го мава, оди и станува факултетски професор или директор на фирма во Америка.
 
С

Сатори

Гостин
*

Добра тема!:smir:
Да, Каков статус имаат оние умови кои вредат т.е. луѓе кои знаат да размислуваат и тоа аргументирано, реално, издражно,правилно и со факти?
Зависи пред се каде им го бараме статусот, дома, во околината, на училиште/на работа/на факс, на форумов?
Дали во Македонија знаеме да ги цениме и почитуваме умовите кои вредат и кои знаат да размислуваат?
Македонија е земја која не знае да го искористи тоа што го има, но, не, знае да го искористи до експлоатира за мала сума и притоа да не го погоди доменот.
Дали работно место во Македонија се добива според квалитетот на размислувањето или со нешто друго?
Работните места кај нас одамна се добиваат со тато и со мама или со нешто друго ... зависи дали сте девојка или момче и колку сте еластични во ширење тиииит.
Каков статус имаат паметните луѓе во нашето општество, дали тие се почитувани од средината во која постојат и функционираат?
Ретко, чисто од причина што просечните луѓе не поднесуваат непросечни луѓе.Симпл ес дет.
Дали на форумов (како еден вид на мало општество) се почитуваат умовите кои вредат и кои што знаат да размислуваат? Дали го почитувате нивното мислење?
Зависи за кој дискутираме, лично за мене кога ќе прочитам некое мислење на Пикасо, на Ада или пак на Бада Бенг одново и одново се повеќе ги почитувам затоа што се и за тоа што го пласираат.
И што е за вас добар ум, и добро размислување, и дали ги почитувате луѓето кои можаат и знаат да размислуваат т.е. дали вие ги цените добрите умови?
Да ги ценам добрите умови, затоа што можат на нешто да ме научат.
 
Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Да, Каков статус имаат оние умови кои вредат т.е. луѓе кои знаат да размислуваат и тоа аргументирано, реално, издражно,правилно и со факти?
Реално, имаат статус. Е сега проблемот е за тие таквите дека треба да се многу, многу повеќе од сите оние мамини и татини мази за да дојдат на пиедестал. А всушност, на тие луѓе и не им е потребно одликување за колку тоа вредат, барем не од државата. Постојат кај нас луѓе кои се многу почитувани, а државата или не дава или почитта кој ќе ја даде е откако тие паметни глави ќе ги признаат официјално надвор од држава.

Дали во Македонија знаеме да ги цениме и почитуваме умовите кои вредат и кои знаат да размислуваат?
Знаеме, ама пак ќе се повторам, тоа се обичните смртници, а не нашите ВРВНИ ПОЛЧИТИЧАРИ и сл.

Дали работно место во Македонија се добива според квалитетот на размислувањето или со нешто друго?
Реално врските ги има се повеќе и се полесно успеваат. Но, жално е што сите ја криват државата дека нема работа, а всушност сите тие се борат за некое место во државна фирма или администрација каде би можеле да инвестираат во својот гз. Толку приватни фирми има и толкава побарувачка што просто не ми се верува дека нема работа. Кај нас, нема работници. На први сите сакаат штркот платата да ја донесе. Тоа веќе одамна не функционира. Сега е време кога треба повеќе да се потиме и работиме за да можеме да уживаме.

Каков статус имаат паметните луѓе во нашето општество, дали тие се почитувани од средината во која постојат и функционираат?
Сметам дека се почитувани, Симон Трпчевски ја има подршката од многу. Јас лично познавам 3 кои со својата пот и труд, се момци позади кои стои вистински успешна кариера.

Дали на форумов (како еден вид на мало општество) се почитуваат умовите кои вредат и кои што знаат да размислуваат? Дали го почитувате нивното мислење?
Дефинитвно има луѓе за восхит овде. Многу од нив не ги знам, но постовите ги карактеризираат доволно. Ќе го спомна Викторгг со својот цврст став, искреност... ме фасцинира колку е реален. Такви членови има, а дефинитивно има и кој да ги чита и фали.

И што е за вас добар ум, и добро размислување, и дали ги почитувате луѓето кои можаат и знаат да размислуваат т.е. дали вие ги цените добрите умови?
Добар ум= цврст и реален, моќен, горд и истовремено покорен. Ние сме земја со многу паметни луѓе, се што фали е да се заборави на себичноста и верувам дека нема да можат да ни се фатат ни на малото прсте.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Да, Каков статус имаат оние умови кои вредат т.е. луѓе кои знаат да размислуваат и тоа аргументирано, реално, издражно,правилно и со факти?

Дали во Македонија знаеме да ги цениме и почитуваме умовите кои вредат и кои знаат да размислуваат?

Дали работно место во Македонија се добива според квалитетот на размислувањето или со нешто друго?

Каков статус имаат паметните луѓе во нашето општество, дали тие се почитувани од средината во која постојат и функционираат?

Дали на форумов (како еден вид на мало општество) се почитуваат умовите кои вредат и кои што знаат да размислуваат? Дали го почитувате нивното мислење?

И што е за вас добар ум, и добро размислување, и дали ги почитувате луѓето кои можаат и знаат да размислуваат т.е. дали вие ги цените добрите умови?

Малку конфузна тема но се надевам дека ме сфативте.
Постојат луѓе кои вредат во Македонија. Постојат луѓе со добри размислувања, издржани ставови, аргументи... Но едноставно сите тие луѓе кога веќе немаат каде си заминуваат од кај нас. Одговорот е многу едноставен. Ние не знаеме да го цениме она што го имаме.

Кај нас е полесно да вработиш син или ќерка на некој твој познаник или пак пријател затоа што секој очекува да му биде возвратена услугата. Одсекогаш било така. Можеби некогаш нештата ќе се сменат, не велам не, но дотогаш ќе изгубиме многу наши интелектуалци, луѓе кои можат да помогнат за афирмирањето на нашата држава.

Тоа што јас ги ценам мислењата на луѓето можеби менува нешто. Но, јас сепак не сум таа која може да им помогне. Таа свест која се јавува кај повеќемина од форумов, или пак од државава не им значи ништо материјално. Можеби само духовно ги поткрепува да продолжат понатаму, да не запираат на препреките кои им се поставени. Сепак други луѓе, кои имаат одговорни функции, се тие кои треба да ги одобрат нивните проекти и да ги остварат нивните замисли. Тие луѓе си одат од овде со цел да имаат подобра иднина и да можат да обезбедат подобри услови за живот. Нешто што овде не добиваат.:wink:
 
lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
ако добро сум приметил во земјава на некој баш и не им одговара да дојдат до израз големите умови и од иста причина ги задушуваат ...тие што навреме сватиле дека е тоа така, денес се далеку од овде :toe:
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Што е тоа ценење???
Тоа е модерен збор, кој што се употребува во развиените и западноевропските држави. Овде кај нас... Се гледа кој колку пријатели има, кој кого може да го фати за пријател и така да поротурка некоја работа.
Конкретно за умовите во државава, едноставно немаат напредок баш од таквите работи. Сите важни и клучни места се добиваат со пријатели, а не со знаење... И најлошо ке му биде поттрчко на некој идиот кој што појма нема од ништо, туку мама-тато го туриле на некое директорско местенце да си ги прибира сите заслуги. затоа има одлив на мозоци од државава.
Овде кај нас,најбитно е другар да ти биде локалниот координатор на партијата која е моментално на власт,така ќе добиеш и работно место и позиција која ја посакуваш,ама под услов да ти е во друштвото овој погоре спомнатиот "локален шериф".Е сега,има и таленти кои стварно вредат,ама тие пак нема да вредат ако немаат пријател на висока функција и ако немаат членска книшка од партијата која е моментално на власт(ова важи за сите партии,некој да не ме разбере погрешно).Ова е потврдено досега многупати во пракса,истото се случува и во скоро сите фирми,познавам дечки кои се тапа,ама татко им е главен акционер во "Гранит",и сега едниот вози BMW 3-ка најнов модел(од дивидендата на тато) а другиот нешто слично,а и двајцата се "градежници".Ете тоа е за кај нас,слично е и на Запад,немој некој да се залажува дека таму е идеално,со таа разлика што таму има повеќе фирми кои гледаат повеќе кој колку вреди,отколку да се занимаваат со непотизам,поздрав ;)
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Колку и да ти е голем умот ако на челото немаш лав или ружа ни на микробилогија не може да ти го најдат:icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom