Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
На помладите, обично им одговара да се има полабав професор, во смисла да не дава домашни, да можеш да добиеш висока оцена со кажување 5 реченици, но колку е тоа добро за ученикот кој понатаму треба да го продолжува своето образование и кој е навикнат да не учи ништо? Се разбира дека е тоа огромна штета за ученикот и како што поминува време се појасно ми е дека треба професорите да бидат построги, да имаат авторитет, да знаат како да ги заинтересираат учениците за предметот. Не да бидат тирани и децата да се плашат од нив, но сепак да се знае односот професор - ученик. Одговорно тврдам дека повеќе се учи кај построг професор.
Инаку за делбите. Ги имало и секогаш ќе ги има. Интересно е што сум приметила неколку случаи каде оние најнемирните ученици, оние кои не ги извршуваат своите обврски биле миленици на професорите.
Од каде доаѓа тоа не знам. Не е ни тоа толку битно. Побитно е да се мотивираат учениците да учат, бидејќи со такво млитаво однесување се случува и да го замразат предметот.