Torte Mobile
Модератор
- Член од
- 29 ноември 2007
- Мислења
- 7.098
- Поени од реакции
- 1.885
Предности
- 1.63" Super Amoled екран со резолуција од 320x320 пиксели
- Мултитач екран
- Акцелерометар за активирање со едноставно движење на раката
- 2 мегапикселна камера на ремчето
- Конекција преку Bluetooth и NFC
- S-Voice комуникација
- Гласен звучник
- Доволно осетлив микрофон при разговор
- Вибрации како и мелодии за ѕвонење
- Одличен дизајн
- Квалитетна изработка од алуминиум/гума
- Мала маса на уредот
- Лесно закопчување/откопчување и зголемување/намалување на ремчето
Слабости
- Релативно слаба издржливост на батеријата
- Во погласна околина скоро невозможно е да разговарате преку Gear-от
- Конекторот за полнење се наоѓа на посебен држач
- Компатибилен е со мал број на уреди од високата класа на Samsung
Компатибилни уреди
Листата на компатибилни уреди со кој може да го поврзете Gear паметениот часовник е мала, поддржани се следните модели:
Note 2, Note 3, S3, S4, S4 Active, S5
Камера
Камерата се наоѓа на ремчето и е свртена кон надворешниот дел со цел олеснето сликање или снимање. Камерата е 2 мегапиксела со автоматски фокус и макро слика за фотографирање на поблиски предмети.
Видео клиповите се снимаат со HD видео снимка 720p.
Снимените фајлови се сочувуваат на уредот и на телефонот
Батерија
Батеријата на Gear-от е литиум-јонска со капацитет од 315mAh, во пракса издржливоста е колку онаа на смартфоните, еден ден со активно користење
Меморија
Внатрешната меморија изнесува 4GB, додека уредот поседува 512MB RAM меморија
Процесор
800MHz, што е сосема доволен за брзо и мазно работење на андроидот на уредот
Конекција
Првото конектирање со уредот, треба да го доближите докот за полнење на Gear-oт до вашиот смартфон и преку NFC конекција, ќе го препознае и ќе побара инсталација на апликација Gear Manager (околу 35mb), понатака конекцијата се одвива преку Bluetooth.
Нотификации
Нотификациите се најдобрата страна на Gear-от, имате можност да ги вклучите токму оние нотификации кои ви се потребни. Она што мене ме интересираше, има можност за нотификации од популарниот Viber, како и од било која друга апликација што ја имате инсталирано на смартфонот.
Gear Manager
Официјалната апликација од Samsung преку која се поврзуваат часовниот и телефонот. Преку истата можете да менувате часовници, изменувате нотификации ...
Watch Styler
Официјалната апликација преку која можете да креирате сопствени теми за вашиот Gear.