Законот за возење на моторни возила со задолжително запалени светла

Член од
9 јануари 2010
Мислења
24
Поени од реакции
14
Уште 2006 година пишував за овој најидиотски Закон што некогаш е донесен во оваа наша земја. Пишував уште неколку пати, но, се’ по старо...... Пoгледнте>>>>

Идеја и предлог за промена на Закон
Предлог: Промена на законот за возење на моторни возила со задолжително запалени светла.
Предлог за измена на законот за возење на моторни возила со задолжително запалени светла само во периодот од 1 Ноември до 31 Март, односно кога е задолжителна зимската опрема за сите моторни возила.

Замислете, од Април до Септември кога сонцето е најсилно и највисоко на хоризонтот и кога денот трае повеќе од 16 часа, температурата доаѓа и до 40 целзија, вие во 12 часот на ручек к’о ретардирани возите со запалени светла.

Португалија, Шпанија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и сите други медитерански земји ( а во оваа група на земји спаѓаме и ние, бар по медитеранската клима во Македонија) ) кои се на исти напоредник од земјината топка, овој закон го немаат, што е и нормално кога денот трае 16 часа. .... … Доколку некој од Вас не знае, пред да биде донесен ваквиот сличен закон во Шведска ( донесен е уште далечната 1976 година ), година дена се правеле разни експерименти , возења во разни временски услови, компјутерски симулации и уште што не, каде што денот трае не повеќе од 10 часа и тоа во летниот период. Проучувани се сите позитивни и негативни резултати од овие испитувања, па дури тогаш е дадена виза за донесување на овој закон….)

МВР читајте малку блогерски постови
Инаку со овој Закон им ебавме мајката на фаровите. Доколку не ги менувате сијалиците на два месеца , тогаш тие ја губат својата функција за што се и наменети. Навечер приметете, над 70% од возилата, светлата се како фенери а како по некое непишано правило едното светло кај повеќето возила не работи. А сето тоа е последица од овој идиотски закон.
=============
unquote

За ваша лична информација. Извадокот е од 17 Март, 2009 година од загрепскиот Jutarnji list
clipped from www.jutarnji.hr

S početkom računanja ljetnog vremena, na snagu stupa zakon o neobavezom korištenju svjetla danju

Svjetla su postala obavezna u svim uvjetima, a prošle godine uveden je zakon po kojemu u ljetnom računanju vremena danju više nije obavezno ih koristiti. Nakon brojnih studija dokazalo se kako automobili s upaljenjim svjetlima više štete okolišu zbog nešto povećane potrošnje goriva.


Također je bilo primjedbi da svjetla i sunce baš i nisu uvijek najsretnija kombinacija. Zbog toga je izmijenjen zakon kako bi se išlo u korist ekologije.

blog it

… а ние како ретардирани ќе продолжиме да си возиме со запалени светла на 40 целзија и кога сонцето пече како вршник….
============
Законот за возење на моторни возила со задолжително запалени светла

Овој Закон кај нас е донесен како што беше тогаш наведено во предлог Законот од поранешниот Минисер за ВР, г-инот Сиљановски дека во многу земји во Европа е задиолжително возење со запалени светла. И како пример тогаш покрај другите земји беше наведена и Шведска. Еве ви еден пејсаж со летен мотив, заоѓање на сонцето во 18 часот во месец Јули на некој фјорд во Шведска.
И една мала ислустрација. Сончевата светлина постихнува до 120.000 luxa, додека автомобилската ламба од 800 до 1.100 Luxa. Па сега вие самите заклучете, колку е потрбен да биде во сила овој закон во Маикедонија. Повелете видете некои параметри за светлината >>>​
.... Од 1ви Јануари, 2008 година се укинува законот за задолжително запалени светла на возилата во Австрија. А кога кај нас ќе се укине? ......​
...​
Австрискиоит Министер за транспорт се повикува на одлуката за укинување на задолжително запалени светла на возилата преку денот на основа на истражувањето на еден австрискки сообраќаен институт во кое е докажано дека автомобилите со запалени светла емитираат поголема количина на јаглен диоксид. Во студијата од овој сообраќеаен институт истот така е дојдено до заклучок дека со запалените светла преку денот не се зголемува безбедноста во сообраќајот, туку напротив, во такви услови не се препознаваат возилата на две тркала а посебно пешаците. Веста е превземена од денешниот хрватски ДНЕВНИК
За овој закон кај нас имав напишано пост Идеја и предлог за промена на Закон . Но кој ги слуша и гледа кај нас понекогаш паметните предлози од народот а камоли од блогерите .....
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
не си ми јасен, шо има евн со темава?
Се тро ши струја од акумулаторот со тоа што се пуштени светлата,а за да се наполни акумулаторот зарем не треба струја??
 
T

Tetro

Гостин
Се тро ши струја од акумулаторот со тоа што се пуштени светлата,а за да се наполни акумулаторот зарем не треба струја??
:facepalm: ако така се трошеа акумулаторите, за секој ден да се полнат, во право си до некаде, ако ги забораваш светлата вклучени нон-стоп.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Се тро ши струја од акумулаторот со тоа што се пуштени светлата,а за да се наполни акумулаторот зарем не треба струја??
- ова ме потсети на една случка, ( ова е за чек д...)
многу одамна „један од туд Куманово“, а ги имаше половина во Скопје
во секоја фирма дојдени-симнати од таму па овде на работа.
Ние кој фичо,кој шкода 1000Мб или трабант а тој чоекот купил Москвич
и тоа прво па мушко нов. Кажува на работа и се фали и ја пикнал во гаража.
Еве точен цитат. „ а куде мене на Москвич,мотор не ради а светла има“
ние му ги дигаме акциите како може така,не може,лажеш,не е вистина,
и ај да видиме кај него одиме во гража после работа,отиде кило ракија,
се уверифме стварно, МОТОР НЕ РАДИ, СВЕТЛА ИМА.
уште се смееме на ова некогаш.

но ова ме интересира.
Јас а и други секако,не ги палам светлата, тие сами се палат
и што ако сега не мора да светат дење, кој тоа ќе го направи.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Помалце #trololololo на темава, подобро за сите...

Инаку и јас сум против законот за светла и каиш низ град, ама некни ме застанаа... Немаш светла 40 евра, немаш каиш 40 евра, на здравје.
За 40 евра ќе си инсталирав диоди во фаровите (во новите возила ги викаат day lights) кои значително помалку трошат струја од сијалиците, и решена маката.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Безврска е тоа со светлата преку ден, па да бидат и соборени (ендаш сум имал позиција наместо соборени и ми пишаа казна, за што побарав негативни поени кои никогаш не ми ги впишаа).
Како и да е, не сум сретнал човек што менува сијалички на два месеца, никогаш до сега. И мислам дека поентата на светлата преку ден е сигнализација, а не да си го осветлиш патот. И донекаде можам да се сложам дека возила со запалени светла преку ден повеќе се приметуваат од оние кои немаат запалено. Само мое мислење, поздрав.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
што се случи со законот кој велеше дека за време на летното сметање на времето во државава не треба да возиме со запалено светло ?! изгласан ли е или беше само онака пуштано по медиумите........ако знае некој најсигурно нека каже за да не налепиме утре другиден........
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
498
Поени од реакции
522
Како и многу други закони во сообраќајот и овој е изгласан само за да се казнува а не за да се намалат бројот на сообраќајки.Ај нека излезат со некои бројки каков е соодносот на сообраќајки пред и по донесувањето на овој закон и колку имаат до сега собрано пари од овој закон.А дека се менуваат често сијаличките сум сведок,работам во фирма каде што робата си ја носиме со свои возила.Какви ни се патиштава со дупки при мал посилен удар нормално е да прегори сијаличката.Еве ви и еден од многуте случаи кога ги казнувале шоферите.
Кога го правеа патот накај Маврово поради дупките и двете сијалици му прегореле на шофеерот и по некој километар го запрела полиција поради непуштени светла.Шоферот им објаснувал дека се пуштени ама најверојатно прегореле поради дупките на патот а он нема начин какко да види дека се прегорени и се понудил дека сега одма ќе ги смени.Ама полицајците не дозволиле бидејќи целта била да го казнат а не да се договараат.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.470
Сабајлево изедов казна заради глупиов закон. Возев со позиција, а требало со средни. Сред бел ден на автопат.

Порака до џукелите: веќе не ви возам по посраниот автопат, ќе возам по помошните. Без светла.
Немам намера да плаќам да ме малтретира некој.
Вагина ви копулирам мајчина.
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
А да си направите на контакт/палење да ви се палат и средните светла ?
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Сабајлево изедов казна заради глупиов закон. Возев со позиција, а требало со средни. Сред бел ден на автопат.

Порака до џукелите: веќе не ви возам по посраниот автопат, ќе возам по помошните. Без светла.
Немам намера да плаќам да ме малтретира некој.
Вагина ви копулирам мајчина.
Полицијата работи против својот народ, ко дабземаат плата од марс
 

Kajgana Shop

На врв Bottom