Завршна фаза од ЕП (ФИНАЛЕ: Шпанија-Германија | ТРЕТО МЕСТО: Хрватска-Норвешка)

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Последниов ден од втората фаза во ЕП беше ФАК МАЈ ЛАЈФ, луд јебе збунењог :vozbud::vozbud::vozbud:


Замислуваше некој дека во полуфинале НЕМА ДА ИГРААТ НИ ДАНСКА НИ ФРАНЦИЈА???

Замислуваше ли некој дека Норвешка ќе издоминира се до полуфиналето и само Македонија ќе им земе бод во втората фаза? :icon_mrgr:
Замислуваше некој дека мртвата Хрватска со мртвиот Бабиќ ќе игра полуфинале?
Замислуваше некој дека десеткуваната Германија ќе ја елиминира Данска?

Еј Данци слепци, се имаа во свои раце и се испосраа. Вчера си изгубија бод од традиционалните пријатели (сетете се како им ја пуштија последната утакмица во Белград :D), можеби си имаа некои потајни математики, за денес да го земат како баба внуче :kuracc:
Што да се каже за Франција? Како голем поддржувач на нивната репрезентација, можам да кажам дека сум фрапиран од денешниот бродолом кој им се случи :icon_mrgr: Сеуште не верувам дека Норвежаните се толку јаки :icon_mrgr: Секоја чест за нив, без ниту една ѕвезда во составот, со голмани од нисколигашки клубови, со ниту најпознат бек кој игра во факинг РНЛ, а меѓудругите има бек од Австриско првенство :icon_mrgr:
И тука од нигде никаде, мртвата Полска која игра пред 15000 гледачи, треба да загуби само минус 4 за да оди во полуфинале од Хрватска која не покажа апсолутно ништо дотогаш и на крај губат 100 разлика :pos::pos::pos:
Да биде трагедијата поголема, Франција ќе одеше понатаму доколку Полска загубеше меѓу 4 и 10 разлика, но не... :icon_mrgr:
Торпедирање, 23-37 :kuracc:
Јурецки дек си бе брате? :kuracc: Четврто место во ГРУПАТА на крајот :pos::pos::pos:
А влегоа мисирите со 4 бода, со +6 гол-разлика во однос на Франција.
Немам што да кажам, освен лудо првенство :icon_mrgr:

Не ми се прави никаква математика за нашите шанси за ОИ на крај, НЕ ГИ ЗАСЛУЖИВМЕ. Нека освои НОРВЕШКА, заслужија нешто такво. Нека освојат дупла титула и во машка и во женска конкуренција.
Од нигде никаде, Шпанците останаа единствени од триото фаворити кои поминаа во нареден круг и тоа како првопласирани во групата, со најмртвата игра на светот, со мистер ротации на клупата :icon_mrgr:

ПОЛУФИНАЛЕ:
ШПАНИЈА-ХРВАТСКА
ГЕРМАНИЈА-НОРВЕШКА

Во натпреварот за 5-то место ќе се сретнат Франција и Данска :kuracc:
Шведска и Полска ќе играат за 7-мо место.

Хајлајт на втората фаза е коментарот на Кире: Ние сме мајстори за да направиме беља, им ги уништивме шансите на Норвежаните, сега Франција и Полска одат во полуфинале :pos::pos::pos:Абе Кирца бе, пак да се истрчуваш со вакви изјави...
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.981
Поени од реакции
6.912
За Германија бев сигурен дека ќе ги треснат Данска од земја, а ова со усташите ни у најлуди сништа немаше да го замислам.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.234
Изгледа бевме нај усрана група, ни експертите не се на ниво.
За Полска не се чудам ич телиња се тие, шом имаат изгубено од нас неколку пати, тоа ми беше јасно, знаев дека Хрватска че ѓи исплеска.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.705
Поени од реакции
5.336
реално од овие 4 репрезентации шо се во полуфинале најубав ракомет игра Норвешка..
одлично би било Норвешка - Хрватска да играат финале, па конечно коцкестите нека го освојат тој толку посакуван европски медал, единствениот шо им фали :)
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Kako e sega matematikava? Dokolku pobedi Germanija protiv Norveska sigurno obezbeduvame mesto na kvalifikacionen turnir, vo sprotivno ne?

Sent from my SM-G900I using Tapatalk
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
Kako e sega matematikava? Dokolku pobedi Germanija protiv Norveska sigurno obezbeduvame mesto na kvalifikacionen turnir, vo sprotivno ne?

Sent from my SM-G900I using Tapatalk
jawohl, за спротивно не знам сигурно, дали Хрватска/Шпанија со победа во финалето ни дава шанса за квалификации ...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Да ми речеше некој вчера сабајле дека Норвешка и Хрватска ќе се пласираат во финале ќе го ишамарев,онака со ќеиф....
Ејјј кое лудо првенство чувече еј,не ми се верује бе...:D
Кој можеше да очекува ваков расплет ејј?Норвешка и Германија во полуфинале...:pos:
Посебно Норвешка,покрај Франција и Полска да се пласираш во финале,секоја чест,ќе ги сонуваат бековите на Норвешка и Омејер и Носот Шмаловски...
Норвешка бе,ја потопи Франција,лекција по ракомет...
А ние ќе им земевме свеста на Норвешка,ние бе,Македонија еј,со Вилипче кој имаше 2/2 против Кристенсен и Еревик,еј Вилипче,а вчера Карабатакот едвај даде 2 гола од 7,8 удари...
Значи Вилипче е повеќе од Карабатакот,end of story...:vozbud:
:giggle:
Ок,сите се согласуваме дека се и тоа како СЕРИОЗНА СЕЛЕКЦИЈА,ова веќе го установивме,ама по само два дена откако се провлекоа со нас бе,со нас,со мизериите невидени на првенството да одиграш во онаков ритам против една Франција,wtf,кај замина ракометниот свет?
Не сум изненаден толку од нивниот напад,навистина имаат со шо да се пофалат,сериозни вањски пуцачи,одлични крила,пикери доста солидни,и повеќе од тоа,ама одбраната бе,хаха,да ја запреш ти Франција на само 24 гола еј,примија само 24 гола од најјаката селекција во светот..
Па од Исланд примија повеќе:pos:
Голмани како Еревик и Кристенсен станаа ноќна мора за една Франција,и тоа по само 48 часа откако примија 31 парче од нашите бе,Вилипче ги решеташеејјј Вилипче бе,кој денес не даде ниеден гол,нула,нада...:bance:...
Ок,не е мерило тоа за нашите,како шо не е мерило тоа што нашите дрвца цел меч губеа од Белорусија....
Ова од Франција не го очекував,и се повторува проклетството,годината во која има Олимпијада играат најочајно,така беше во србија кога беа распарчени од Хрватска,ОК,од Хрватска се трпи некако,ама од Норвешка бе...
Последните 15 минути беа ревијални,како РК Охрид-Радовиш да играа.и едвај се чекаше да заврши мечот..
Ова го нема ни во некоја пародија,секоја чест за Норвежаните...
За Хрватска шо да кажам..
Според мене победата на Норвешка имаше ТАКОВ ЕФЕКТ ШТО ГИ ИЗБУДАЛИ МОЗОЦИТЕ,пред се тие мали мозочиња на Полска,зошто?
Пољаците како беа накурчени,до ЈАЈА,и си мислеа дека во било која ситуација тие се оние кои одат понатаму,дека Франција ќе тепа 100% како шо мислеше цел нормален ракомет свет,и дека им останува само да го изиграат тој меч и да одат финале..
И им се случи ДОМИНО ЕФЕКТОТ:D
Но она што никој не се надеваше во Полска е дека со победа на Норвешка и Хрватите добиваат искра надеж..
И шо се случува?
Хрватска доби џек пот,како им се наредија коцките секоја чест,и им се отвори таа мала врата,ако игра за себе,за својата чест и секое чудо е можно,јас мислам дека никој освен играчите не очекуваа дека Хрватска ќе победи,камоли да победи на ваков начин,иако играа против селекција како Полска која покажа милион слабости на шампионатот,сепак домашен терен си е домашен терен..
А Пољаците како што ги дарил Горниот,тие се како нас во психата,ЗА НИКАДЕ,дури и ние нема онака да се распадниме...
Тие влегоа растеретено,со прва брзина шо би рекол Тони коментаторот односно Механичарот:tapp:,со цел само да изиграат,и да се прошлепаат некако до полуфинале...
Онаа глутница џукели и пит були како Михал,Карол,Шиба,Лијевски не ни играше,изгледа се испокараа нешто:D,Крајевски звездата,:pos:како го кренаа овај билдер во звезда не ми е јасно,чист просек,оваа банда треба некој да ја ЗАУЗДА,да заигра стапот,а без среден бек,е исто како да водиш стадо овци среде шума и да очекуваш дека нема да има волци...
Како да им беше сеедно дали ќе победат,или не,како да беше тренинг,влегоа со мисла дека НИЕ СМЕ ДОМАЌИНИ,НЕ ГУБИМЕ СО 5 РАЗЛИКА ПА ЈАНА МАЈКА ДА Е,ХРВАТИТЕ СЕ БАЛКАНЦИ САМИ ЌЕ СЕ ПОБЕДАТ..
И добија нокдаун уште во прва рунда...:kuracc:

Колку жално изгледаа ејј,од -5 во 30 минута,1(еден)гол за 15 минути,ејјј чист просек од голман како Стеван СТИВИ БОЈ Стевановиќ ги потопи,хаха:pos:,за само 15 минути во второ им направија серија од 15-3:pos:,хаха,па ние од форум да се собериме нема толку да не изрешатаат,не играчи од Киелце,Висла и компанија,резил невиден се оние бе...
И онаа публиката во Краков ептен мирна,да беше фудбал она во Полска ќе слезеа и ќе ги прегрбавеа од ќотек...
И сеуште не ми е јасно како успеаа да ја тепаат Франција со толкава разлика,како?Како шо нема да ми е јасно уште долго време како Норвешка ги ишлака сите?
Како и да е,заслужено Норвешка и Хрватска одат понатаму,нема што,секоја чест мајстори..
Од другата Вроцлавска група...
Очекував Германија да изигра машки,и навистина уште еднаш по 5 пати по ред покажаа карактер,упорност,дрскост...:vozbud:
Секоја чест,спроред мене Швабите го имаат најдобриот тимски дух од сите полуфиналисти,стабилни се,не паѓаат во кризи,освен првото полувреме со Шведска и тој прв меч со Шпанија на сите други мечеви беа одлични,контролираа се на терен..
Имаат одлична одбрана,секоја чест,да ја задржиш една Данска на само 23 гола,во меч беа кој играш без еден Вајнхолд,без Дисинџер,навистина треба да си квалитетен,и покажаа заслужено дека се враќаат на голема врата на светскиот ракомет...
Млада екипа,полетна,добро баланисиран тим,пред се во одбрана со играчи кои навистина знаат како се игра одбрана,Лемке,Пекелер надополнети со новата звезда на голот Волф,секоја чест за другарчето,стабилен,пред се константен голман,не како онај циркузант со репчето Хајненветер кој е пан дан на нашиот министер(за дегустација):boksix:
Секоја чест,онака се игра за боите на својата држава,без компромис и без страв од никој,а ако играш калкулантски СО ОВИЕ МОЖЕМЕ ЌЕ НАГАЗИМЕ,СО ДРУГИТЕ ЌЕ ОДМАРАМЕ..
Така се прај смена на генерации од корен,а не како ние,демек менуваме,подмладуваме а уствари тие шо треба да се носители на играта седат на клупа...
Секоја чест за Сигурдсон,се гледа другарчето дека си ја познава работата,и не за џабе ужива таква доверба во Германија,ејјј во Герамнија да си селектор пред Германец,навистина треба да вредиш...Браво мајстори,вие сте ми омилени во полуфинале,заедно со Хрватите...
Данците од друга страна неспремни влегоа во дуелите,на почеток со Русија се мачеа,се провлекоа некако,со Црна Гора бетер беа,со Унгарија лесно,со Шпанија го достигнаа зенитот,иако на почеток беа изгубени свемирци,а после ги снема..
Не очекуваа таков отпор од Шведска,самите се доведоа во ситуација од готово вересија да имаат,и сега нека плачат,добија лекција по ракомет и тимска игра од Германија,секоја чест уште еднаш....
За Фуријата шо да кажам,од овие најмногу сум разочаран,и навистина е штета шо Русите изгубија бод со Шведска,а и со Германија можеа барем до бод,па да им ги замрсат сметките...
Никаква игра немаат,како без идеја играат,бездуша,никаква поврзаност нема во играта...
Дали намерно вака сакаат да изгледаат,и да се чуваат за она главното или навистина лудакот Кадењас ги има згрешено апчињата не знам,ќе видиме со Хрватска...
Јас сум за децата на Колинда,Колинда срце мое..:drk:
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.304
Поени од реакции
5.508
Кoлку е лудo oвa Еврoпскo првенствo и шпaнскa серијa мoжи вoдa дa му нoси. Не знaм зa вaс , aмa јaс не би се чудел нa крaј и Ислaнд дa гo oсвoи :D
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Само Норвешка и Германија заслужуваат да освојат.
Шпанија никаква доминација и убавина не покажаа. На сите натпревари се провлекуваа некако. Екипа која се основа само на голман. Во нападот немаат никаква креативност, само на сила се оди.
Хрватска спиеше до мечот со Полска. Поминаа како втори во најслабата група со Белорусија, Исланд и Норвешка. Со Франција беа избришани набрзинка а против нас најдоа село без кучиња. Со Полска единствено изиграа на ниво, ама имаа огромна среќа и во тоа што играчите на Полска изгледаа како излезени од центрифуга, не знаеа да одат.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.218
Поени од реакции
4.963


И Норвешка има свое УШЛЕ, ДАМБО или на битолски "УВО КЛЕМА" само овај со сигурност не е Гробар :D
Лајна да јади Мојсо и НЕГОВИТЕ УШИ за ушите на Сандер Сагосен :D погрди уши од на Мојсо има....
Мајтапот на страна, Сагосен му донесе многу битни голови на Норвешка, не стрелаше кузнај по колку ама просек 4-5 пукаше на утакмица, ама во најбитните моменти, кога треба да се одлепат резултатски или пак се крши резултат тој тука беше, полетваше со ушите и стрелаше :pos: Па така му посакувам да не лета многу со германците, можи да си полета за Осло, ама голој шо помалку да дава, заедно со кослајот Тонесен и бомбашот Ли Хансен, па да му се исполни сонот на нашите за таа Олимпијада и да го прогласат тој ден за државен празник :D
Да живее ВМРО :D:oeoeoe:
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Колку и да ми беше сумљив распоредот на утакмиците во втора фаза (јер прв пат ова се дешаваше), ако распоредот беше причина за ситуацијата од вчера... јас би на сите првенства тој формат да се применува :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
Страшно интересни ќе бидат 1/2 финалињава, само да нема распад система на некоја од екипите па некој натпревар предвреме да се реши. Сакам борба, драма до крај, макс 2 разлика :duel: Моето предвидување е финале Норвешка-Хрватска. Зошто? Прво затоа што Норвешка ми се чини како покомплетна екипа од Германија. Се чини дека таа екипа е создавана неколку години наназад и сега едноставно експлодираат. Им тргна уште од почетокот, а кога некој ќе го фати добар ветар, далеку стигнува (y) Германците имаат смена на генерации и навистина досега покажаа многу, секоја чест ама до толку па и финале да играат не верувам. Настрана судии и повредени (да не се враќа некој или до крај се повредени?).
Второ, Хрватска ќе бидат страшно мотивирани после она вчера. Побрзи се од Шпанците и тоа ќе им биде уште поголема предност. Ако ги начукаат барем со пола контри од она што беше вчера, Шпанија ќе го јаде јако. И заслужува да биде конечно казнета за слабата игра што ја прикажаа до сега, без разлика што ги имам на ливче за шампиони, реално ги согледувам работите. Помило ќе ми биде Хрватска да го освои конечно тоа европско злато, отколку Шпанија да ја фатам. Поарно нека губат сега, барем ќе знам сигурно, отколку ем Хрватска да ми ја елиминираат, ем да ме заебат после финале, со кој и да е. А и Штербик не им е некоја гаранција, со Данска имаше 21 одбрана па пак изгубија. Ништо не е сигурно овде, ова е само прелиминарно мислење, па ќе видиме што и како ќе биде. :oleee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom