Знаев дека вакво нешто ке напишеш,ама на мене нема така лесно да ми се извадиш!
Ајде да видам фино да образложиш се што си сакал да кажеш!
Залепи еден километарски пост!
Ке уживам додека те читам!
И додека ти одговарам!
Збори!
Нема што многу да се пишува.
Едноставно, сметам дека на е потребно да го живееме животот согласно нашите желби, идеи, идеали, во потрагата по среќата, во потрагата по духовното богатство, надополнувајќи се постојано, надградувајќи се, ноо и оставајќи печат зад себе, со своите постапки, со својот живот, со своите идеи и начини.
Се е убаво и моќно доколку решиме да го живееме животот со полни гради, исполнет со успеси, падови, со љубов и разочаруавња, со борба за успех и издгинување, себевоздигнување, на пиедестали кои самите ги целиме, со цел да бидеме, да постоиме, не само за нас, за себе, туку и за сите наоколку. Но најчесто само за себе и својата суштина.
Во тоа свое секојдневие на постоења, какви и да ги избереме, доколку сакаме да се чувствуваме живи, таму, некаде, кој како поима, но рамо до рамо со невидливите ангели, со тајновитите самовили, со вилениците и боговите, како едни од нив, мораме постојано, реков, да се трудиме да живееме, а вистинското живеење е да бидеме среќни.
Оливера Николова, таа наша писателка на детска литература, во една од своите книги имаше напишано, а јас парафразирам:
"малите радости не прават среќни, а крупните не тераат за да живееме и бидеме среќни"!
Следствено, мораме да живееме, во правилата на функционирање, според сопствените норми и нормативи, кои за нас се закон и канони.
Значи, доаѓаме до моментот на тоа што е среќата?
Дали е материјалното богатство? Дали е среќата мажачка за богат човек или женидба со богата сопруга? Дали е дипломирањето? Дали е магистратурата? Докторатот? Напишаната книга? Измислениот конвертор на солена во питка вода? Нобеловата награда? Дали е индулгенцијата во одреднеи земски, телесни или духовни страсти и сладострастија или посветеноста на Бога и кон Бога? И други нешта, да не должам. Не знам, за секого различно.
Сепак, едно знам, а тоа е од кога е век и поредок на планетава, дури и пред да се спуштиме од дрвјата и станеме луѓе, но особено откако стануваме најразумско битие до ден денешен и тоа е единствената непроменлива аксиома.
Децата се најголемата среќа за луѓето.
КОга по деветмесечно носење, жената, идната мајка, ќе се измачи до крај, и по сите болки, ќе го чуе првиот крик, плач, на новороденото нејзино бебе, сите мисли одат кон блаженства и блаженија, како врв на постигнувањата, како едне до божествата, како рамен на природата, како најголем момент и миг на среќата! И нема мајка која не го почувствувала тоа.
Велат, поради можноста да раѓаме, дури и ангелите ни завидуваат, иако сме несовршени, нам ни е дадем моментот и можноста в миг и за миг да бидеме богови. Да родиме, да создадеме и тоа, од љубовта, како врв на постоењето земско, да се искачиме на Олимп и да погледнеме нов живот, наш, од наши бедра изнедрен.
Сето ова, се однесува и на татковците, кои штом првиот поглед го фрлат кон новороденото им бебе им се топат сите бариери и задршки, се престоруваат во аморфна маса на љубов, среќа и радост за да бидат обликувани по потреба на тоа бебе. За мајките и татковци, кои од тој миг ја знаат единствената вистина, а таа е, децата се најголемото богатство и врвно постигнување, нивното растење, нивата среќа и наша, нивната болка триж наша болка, а нивнито успех, стопати нивни, а наша гордост.
Тој поглед на љубов, упатен од детенце, кон родител, не може да се замени ни со сто кариери, ни со илјадници златни прачки, ни со милиони сладострастија.
Затоа велам, тој/таа што не сака да го почувствува тоа, едноставно не е човек, не го постигнал тој степен на развој потребен за едно разумско битие!
Толку.
Да не должам, ќе скратам, иако знам дека би сакала (а верувам и другите, на кои не им смрди устата од многу лајненици изедени) да продолжам со објасненијата.
Но, да скратам, кој е умен ќе разбере, кој не е, жалам, има Listerine Mouthwash штити од каирес, забен камен и зацврснува непца, а има и пријатен мирис.
Благодарам, ако беше доволно прецизно!
He who had a child and she that gave birth to a child have been blessed by the Mother (Нature) and by all the Gods that are, that were and that will be!