Жени кои не сакаат да станат мајки

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Nema losi roditeli ako se obleani so bozja milost!

Zatoa bog veli, veruvajte vo mene i jas ke vi obezbedam spasenie!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Za vistinskiot vozljubenik i vernik Bog ke se pogrizi!


Milosta bozjake obezbedi sekoj vistinski vernik!
Аха да.
Ова е ко размислувањето “Од љубов се живее“.
Е ни љубовта кон бога не носи хартивчиња со сликички од вредност кои за жал се премногу потребни при одгледување на дете. Луѓето не им купуваат миленичиња на децата кога не се способни да се грижат за нив, а ти збориш деца да раѓа секоја жена која има верба и љубов кон бога.
Nema losi roditeli ako se obleani so bozja milost!

Zatoa bog veli, veruvajte vo mene i jas ke vi obezbedam spasenie!
No further questions your honor.
Your witness.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.703
Поени од реакции
11.861
Треба, да.
Но, ајде малку да бидеме реално сурови и а не само површно и што со оние жени кои што имаат индивидуално право да немаат деца, а можат и со оние што би биле најдобрите мајки на светот ако само имале можност, но поради стерилитет не можат?

Како тоа можеме да процениме кои би биле најдобри мајки доколку би имале можност, едните имаат ама не сакаат а други сакаат ама не можат и крај, пириод. Еве ајде кажи што со тие жени, што...ништо.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Жена без дете неможе да биде исполнета ...
Семејство без деца не е семејство ...

џаба муабети и филозофии како и шо ...:toe:
 
С

Сатори

Гостин
Реков веќе, единствено кое луѓето мораат, е да умрат. Ништо повеќе. А ти биди си пак традиционална, ја не ти брцкам у манџата шо ти е у глаа.
Ама, ако ја има среќата да може, не значи дека мора. Како што ти како жена можеш да се едуцираш, ама не мораш, можеш да работиш, ама не мораш, можеш да скокаш со банџи, ама не мораш... сето тоа ти го дозволува природата а и општеството во денешно време, а ти сакаш вековната борба на жената да одлучува за себе и своето тело, да ја ставиш под клуч зашто... ммм, ете ти се сака да си бидеш малку традиционалистченце...
Хех, не ме чуди што мажите викаат “по патот одат човек и жена“... :toe:
Зарем денес абортусот не е дозволен?
Зарем денес сите жени не се на праг на „еманципација“?
Зарем не е се толку розово и полно со пеперутки и можности и права и избори?

Оххх, јас немам никаков проблем со контрацепција и со тоа жената да одлучи кога ќе има дете во својот живот, но, идивидуален став е дека е грешка кога би ги имала сите можности тоа дете да го роди и порасне да се одлучи дека ете сепак подобро би било да не го направи тоа затоа што детето ќе и смета во секојдневните обврски или нема да може да се справи со неговото плачење.
Крајно, ако сите размислувале со таа логика многу од нас денес немало да ги има, а тука можат да се вбројат и квалитетни луѓе кои што ти е мило дека постојат.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Зарем денес абортусот не е дозволен?
Зарем денес сите жени не се на праг на „еманципација“?
Зарем не е се толку розово и полно со пеперутки и можности и права и избори?

Оххх, јас немам никаков проблем со контрацепција и со тоа жената да одлучи кога ќе има дете во својот живот, но, идивидуален став е дека е грешка кога би ги имала сите можности тоа дете да го роди и порасне да се одлучи дека ете сепак подобро би било да не го направи тоа затоа што детето ќе и смета во секојдневните обврски или нема да може да се справи со неговото плачење.
Крајно, ако сите размислувале со таа логика многу од нас денес немало да ги има, а тука можат да се вбројат и квалитетни луѓе кои што ти е мило дека постојат.
Болдираното - Ех, да размислуваа сите логично... замисли колку прекрасно ќе беше, колку од нас немаше да постојат... утопија прекрасна... :icon_lol:

Сега остатокот. Зошто е грешка? Зашто ќе знае дека тоа дете ќе расте само и со нечија туѓа грижа која нема да биде мајчинска? Зашто знае дека единствена причина заради која би го родила е што некој ја убедува дека така треба или ајде да не го терам мојот традиционализам, зашто мисли дека подоцна нема да може да го има?

Влегувам пак со муабетот во тривијалности, апсолутно не се работи за тоа дали една жена треба да има дете или не, се работи за глупавото ограничување кое општествено е наметнато. Ти решаваш дали сакаш да го имаш и тоа е се` во муабетот. Секој додаток на оваа реченица е идиотштина наметната од комшиите да имаат шо да праат уз кафенце.

Еве совет, коа ќе биде една форумџика кафеџика, место да збори за децата на Сатори или на Виктор, може да отвори жолта штампа, славните се платени за да бидат озборувани и да им се каже дали смеат, не смеат, требаат или не требаат да имаат едно две пет или дванаесет деца, дали да бидат тие посвоени или биолошки нивни, дали да се од Камбоџа и дали на Тоше некој смее да му одбие песна и тоа да оди на насловна страна... :wink:
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.703
Поени од реакции
11.861
Постојат многу болести и несреќи коишто произлегуваат од човечките грешки, но ниту една не е поголема од плеткањето на наметливците. Тие имаат претензија подобро да ја познаваат човековата Волја од него самиот, и подобро да управуваат со неговата Волја и да прават планови за неговата среќа. Најлошиот наметливец е оној кој што се "жртвува" за блиските кој глуми мудрост демек ја познава туѓата Волја.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Абе има и луѓе кои се вегетерјанци или не сакаат да носат крзно бидејќи е неетично.
Исто има и некои кои сметаат дека светот не е место на кое би сакале да донесат нешто кое ќе се соочува со гадостите.
Има и лезбејки.
Има многу и заебани, дали се поебани од старт дали животот така ги научил, сеедно.
Раѓајте деца бе жени, тоа е всушност она за кое сте на светов. Дргите причини се безначајни.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Не е.
Но јавна тајна е дека се прават абортуси исто како да закажеш преглед за нос.
Maло интермецо од моја страна,како приговор во една расправија во судница :wink:
Toa е веќе проблем во менталитетот на тие што прават абортуси. Абортусот не е решение за незаштитениот секс. Заштитениот секс е решение за абортусот. мада да не бегаме офтопик :)
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Треба, да.
Но, ајде малку да бидеме реално сурови и а не само површно и што со оние жени кои што имаат индивидуално право да немаат деца, а можат и со оние што би биле најдобрите мајки на светот ако само имале можност, но поради стерилитет не можат?:
Животот не е праведен,светот не е совршен,дури и природата не е совршена и не игра по правила секогаш.Тогаш ние како несовршени
дела на природата ги имаме сите права да отстапуваме од нејзините совршени закони и правила.
 
M

marsovka

Гостин
Мајчинскиот инстикт е природен но исто така и за животот, ама сепак има луѓе покрај се самоубиваат така и за жените, некоја причина ги натерала да направат таков избор- да бидат без деца.

Не знам дали некој го прочита вториот пост од матеас кој гласеше дека била наречена дрска ради тоа што прашала „зошто“ . Али таков одговор кажува многу повеќе. Да беше на запад каде има организации, пари , дури и да работиш некоја не толку доброплатена пабота пак имаш пари за основни трошоци и плус да издржуваш и друг, и каде храната (гмо) и ред други работи се практично бесплатни - да речеш себичност ај некако ќе сватам. Ама за овде ако збориме, за оваа држава листата е долга на причини да не кажам предолга.

- жените овде во македонија редовно се отпуштани од работа ако затрдуднат, никој не ги штити , единствено по некоја статија во весник во која пишува за тоа и тука завршува се
- здраството е никакво знам дека луѓе бркаат врски плаќаат мито само за да ја добијат услугата која им следува е сеа замислете отпуштена од работа со една плата се прерануваат треба да плаќа мито и прегледи .
- следно ај ако преживее сета таа калакурница следува исхраната итн според калкулациите на некои весници последен пат што видов 2000 евра плус годишно не им бегаат на родителите , да не споменувам дека безбедност и контрола на тоа каква храна се увезува стои само на хартија , имаше случаи каде се увезуваше канцерогено масло од украина и кинески отровни играчки и никој не мрдна со прстето дури и се правдаа дека немаат реагенси за да тестираат па сеа видете до кое дереџе сме дојдени
-градинка носење заборавете додека не стигне до некоја 3-4 година пошто немаат соодветни услови за чување на бебиња .
-следува школо и сите знаете што следува а богами и компјутер и нет конекција за да детето се образува (
- каде се тука дополнителните курсеви пошто во школине се да не кажам крш
-каде е тука немањето регулатива за казнување на малолетници до 14 години , да ви преведам вашето дете може да биде ограбено , претепано дури и силувано од 14 годишник и полицијата практично не може ништо да стори .
- неспособна полиција , последен случај едно 7 годишно девојче на еден наш познаник беше жртва на егзибизионист- педофил кој и ги покажал гениталиите - полицијата не можеше да го најде ( ебати полицијата)
- заборавив наоѓање соодветен партнер за гледање деца е сеа тука јабана работата исто ко да влечеш на лотарија(а како да го убедиш за деца исто така) , на запад да може некако сам/а да гледаш дете има и организации за подршка, а овде што има ?организации за подршка на за неменување на името ( поголем парадокс од ова наше општество нема амин)


Е сеа ако не ви го убив инстинктот за размножување - имајте деца !

И не, е ова не е запад па некоја плаво офарбана шмизличка, фан на бритни спирс, која цел живот минувала на туѓа сметка да се проќењава дека не сака деца бидејќи се како навиени или не може да ги смисли. Ова не е амрика па сите кои не сакаат се едноставно размазени или не знам па што ја па, прекинете да гледате лоши амерички филмови .Овде многумина знаат дека не може да раснеш деца во вакво опкружување - you just cann't afford it, for god sake !
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
mozebi taka velat zenite bidejki ne sretnale nekoj so koj sto bi sakale da imaat deca i da oformat semejstvo, naiduvale na pogresni licnosti, jas mislam deka kaj sekoja zena se aktivira toj majcinski instikt dokolku e so licnost koja sto ja saka, avtomatski saka da ima dete so taa licnost
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Значи, не е нормално, не е човечки да се нема деца... тоа значи дека човечките закони според тебе налагаат да се има деца, биологијата на човекот вели дека тој мора да има деца, така?

И сега, како наеднаш ти сакаш да имаш дете, ама покасно. Биологијата вика дека треба да имаш дете веќе на 15-16 години. Како тоа произволно си ја толкуваш природата? :toe:
Ти тропа на врата и ти вика да имаш бебе? :)
Не се повикувам јас на природата нешто посебно, иако секое суштество треба да се размножува за опстојување на светот.
Зборев цело време за карактерот на човекот и за неговото одлучување, не ми е битно што оди против природата.
Но 100 пати реков себично е човек да живее само за да си ги задоволува своите потреби.
Не велам да се има 10 деца (сум против тоа), но доволно е само 1.

Така да тоа е мое мислење и мене не може некој да ме убеди во животов дека е логично и нормално една жена да не сака потомство. Не бе, не е нормално тоа. Но за тоа е виновна и заедницата во која живеела. Некој кој имал среќно детство и одличен однос со родителите, посебно цврста врска со мајката, не верувам дека не би сакал дете.
Најчесто тоа се луѓето желни само за свои успеси, гледајќи ги родителите како се стремеле пред се за свој успех и можеби се чуствувале позапоставено и не биле поврзани со родителите, па не сакаат да имаат деца.
Но секој родител си е приказна за себе, нема 2 исти родители. Додека не станеш родител веројатно нема ни да знаеш што е тоа родителство и каков ќе бидеш.

А како што ги прочитав родителиве на темава, нема ниеден што се кае. Па и нормално децата се најголемо богатство.

Да би го замислила животот на моите без мене и сестра ми, ахххх глуп и досаден живот посветен само на себе, живеејќи во ладна куќа која никогаш не почуствувала детски плач или од, живеејќи самостојно без да тагува за нашите падови и без да се радува на нашите успеси. Вака се сакаме, се караме, викаме по дома, одиме на прошетки, ручеци, одмори, куќата е полна и се на се среќна.

Нема да поверувам некој да ми каже дека посреќен и поубав живот ќе има без дете.
И тоа е мое мислење и то е то :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom