Венетите го имаа и најстарото писмо што досега е откриено и дешифрирано во светот – Винченското писмо. Лесно е да се заклучи дека Македонците со нивниот водач Филип Втори, пред да ги поробат античките Грци, кога ги присвоиле нивниот јазик и култура, со нив се ородиле, во историјата станале познати како антички Македонци, биле само Словени.
Еве ги научните докази:
На Светскиот конгрес на антрополозите, археолозите и историчарите одржан во Љубљана во септември 2001 година, од присутните научници од релевантните академии од Европа, САД, Канада и Австралија никој немал забелешки на рефератите на рускиот академик Тураев и академикот од Виена Томажич. А тие ги донеле следниве заклучоци: „Венетите се најблиски со предците на Словените. Антрополошки е докажано дека Венетите биле европејци од бела раса и дека се носители на европската цивилизација. Тие не биле ниту Келти, ниту Готи, ниту пак Скити. Не се ниту Германи, Скандинавци, Грци, Фениќани, туку праевропска независна група народи. Изворно е утврдено дека Венетите живееле во Европа и дека во текот на вековите повеќе пати се селеле, но го сочувале својот племенски систем на живеење. Од Венетите се развила пелешко-ретрурската цивилизација. Тие уште во бронзенато доба развиле свои верувања, култура и економија. Додека је ширеле својата цивилизација основале свои колонии-градови. Меѓу другите ги основале Троја, Рим, Венету. Според академикот Томажич, „нема докази за теоријата, на некои европејци, дека тие од некаде се дојдени”. Додека теоријата дека врз говорната основа настанале нови јазици е најблиска до вистината. Исто како што врз латинскиот се развиле романските јазици“. Томажич образложил: „Лужичкиот јазик најмногу апсорбирал од тој праевопски јазик, и може да се рече дека тој е основа на словенските јазици. Носители на културата биле познати како Венети, што значи јазикот на Венетите бил венетски, однсоно словенски јазик.“
Директорот на Европскиот институт за проучување на древните Словени од Лондон, во своето интревју за српскиот неделник НИН, во ноември 2006 година, изјавил: „Словените се тука барем десет илјади години. Званичната германска антропологија недодамна ја отфрли поранешната „германска школа“ и сега научно докажува дека основен супстрат на германскиот народ се Словените. Тоа значи, Германите ги колонизирале Словените и дека тие биле автохтоно население и на сегашниве германски територии... Инаку, името Словени прв пат било спомнато (официјално) во 552 година во едно писмо на византскиот цар и „историчар“ Профирогенит. Пред тоа нивното име не било познато, туку биле познати многубројни племиња. Кога Римјаните ги окупирале балканските територии, нив не ги интересирало да откријат кој сė тука живее, туку според имињата на териториите ги нарекувале народите. Така луѓето во Дакија ги нарекле Дакијци, во Тракија - Тракијци, во Илирија - Илири. Со тоа се докажува дека Илирите не се некои посебен народ, туку дел од многутте племиња кои живееле во таа римска колонизирна провинција.“
Кога словенските племиња кои живееле на територијата наречена Македонија биле обединети, секако насилно, под силниот водач Филип II Македонски, посакале да ги освојат напредните градови-држави каде државниот јазик бил грчки. Поради тоа во историјата пишува дека Филип II Македонски ја победил грчката војска кај Херонеите во 338 г. п.н. е. И ја освоил Грција. За оваа пригода треба да се спомне и Филип V (220-178), бидејќи тој не успеал да ги победи Римјаните кои продирале на Балканот и бил приморан да се откаже од сите грчки територии, а се изборил да управува само со Македонија. Но затоа пак, морал да ја предаде целата флота и да плаќа данок на победникот.
Со присвојување на јазикот, писмото и културата на античките Грци, Македонците се ородиле со нив. Но, понатамошните освојувања во Азија сė до Хималаите, како и древниот Египет, создавањето на најголемата империја, извршено е под водство на воената стратегија на синот на Филип, во светската историја познат како Александар Велики. Сите негови траги во Азија и во Северна Африка во историјата се познати како македонски. И денешното население, до 1974 година самостојното кралство кај Хималаиите познато како Хунзи, се нарекуваат Македонци, а не Грци. Нивниот принц и принцеза со исконска радост го посетија остатокот од големота царство, денешната Македонија.
Генетските истражувања што ги направи швајцарскиот Институт покажаа дека Македонците генетски водат потекло: од античките Македонци 30%, од Словените 15%, од Елините 15%, Феничаните 5% и од останатите народи15%. Кај сите институции постојат резултати на генетскиот профил и за останатите балкнаски народи, но во Србија се објавени за Македонците, Србите и Албанците.
Вакавата вистина за нечие еволутивното потекло некому му пречи поради расистичката теорија на нацистите, но, и поради сознаието дека генетски припаѓаат на некој клан што не им е по ќеф. Но, денес секој поединец може да го сознае своето потекло. Како што Србите ги дознале своите гени во споредба со нивните соперници Албанци - Србите во себе имаат 30% словенско, додека Алабнците имаат 20% од словенскиот супстрат. А што е поинтересно е што Србите имаат 21% генетски илирски материјал, а Албанците имаат 30% илирско во себе.
За крај, Грците – Елините се фалаат дека се во род со античките Македонци, а тие се нивните освојувачи, окупатори. Но, не сакаат да признаат дека античките Македонци се предци на сегашниве Македонци, кои во себе носат и гени на Елините. Грците имаат проблем со себе, па ќе мораат и да го решат за да можат да живееат со своите историски и генетски роднини Македонци, ако не во заедничка држава, тогаш во обединета Европа.
Велимир Цвејиќ