Етичкиот карактер на нашиот однос во моралното верување

Член од
16 мај 2011
Мислења
19
Поени од реакции
5
ЕТИЧКИОТ КАРАКТЕР НА НАШИОТ ОДНОС ВО МОРАЛНОТО ВЕРУВАЊЕ

Верување

Емпиризмот во теологијата е правец која е свекупно сознание базирано на искуството. Неговата епистемолошка теза ( краен домет на човековото сознание), е да нема вродени идеји, туку само стекнати (ништо не постои во свеста а да при тоа не било на сетилото).
Тоа не случај со атеистите кои се скептици со претендноста за натприродните појави, објаснувајки го нивниот став со недостатокот на емпириските докази.
Иако некои атеисти ја прифатиле секуларната филозофија, не постои одредена идеологија или форма со збир на правила за на нивното однесување спрам кои се управувани, а да тоа би го почитувале сите атеисти.
Меѓутоа, атеизмот сепак се појавува и постои, и во некои верски или духовни системи на верувањето, како што е џаинизмот, и секти во будиизмот; кои не проповедаат верување во богови, потоа Wicce..., коишто не е со сотонистичко верување, но не веруваат во поимот наречен добриот и лошиот, туку тие веруваат во природната равнотежа која што, за да бо можело да функционира мора да содржи; и добро и лошо...
Атеисти своето неверување во теизмот го наоѓаат и во аргументетотите наречени “ Аргумент на неверувањето“, “ Контрадикторни откритија“...
Според некои сваќања агностицизмот е став во разликата измеѓу верувањето и знаењето, наместо ставот во некоја конкретна претенција или верување.
Денес e наметнато сваќањето дека е агностик некој кој што ниту верува ниту не верува во постоењето на Бог или богови, додека неверникот атеистот или теистот или верува или не верува. Соодветно во тоа верување даваат и антитеизмот и деизмот.
Теиста - теологот или апологета ( обично го брани своето верување од критики...) - со своето верување ја прикажуваат тоа преку сопственото убедување и уверување, кое што e на некој начин и ментален чин на некоја случка, и ја прифаќаат како една вистина , претенција или мислење - иако за тоа прифаќање нема непосредна основа во властитото искуство ниту пак може тоа да го оправда со правилното логичко изведување на таа случка кое што е веќе утврдено како вистинит. Тоа е субјективно духовна перцепција, на властитото размислување или комуникација.

Влијание на карактерот

Шекспир често го цитираше и обилно го парафризираше, на неколкуте преводи на Плутарховиот живот во своите драми. Шекспир тоа го правеше од причина што, високо ги ценеше вредностите на Плутарх, кого што не го интересираше за да ја напише историјата како таква туку, го интересираше да го истражи влијанието на карактерот 'добриот или лошиот' на животот и судбината, првенствено, на познатите луѓе ( на Александар Македонски и др.)
Дали Плутарх (45 - 120. во Беотиа, 35 км до Делфи, старогрчки историчар, биограф..., судија, амбасадор, свештеник во светилиштето - во денешниот Археолошкиот објект и град Делфи ) кој што живеел во времето на царот Клаудије и Римскиот цар Трајан..., во неговата перцепција, тоа што го интересираше; за да го истражи влијанието на карактерот односно, моралното правило - доброто или лошото, добриот или лошиот - можел да знае нешто повеќе во тоа, во однос на денешната небула!, од тоа што го кажува, за судбината на познатите луѓе - нa личности денес?!
Плутарх, тој е еден од најпознатите историчари на сите времиња, и дека е најдобар во неговиот творечки зафат т.е., во теоретскиот зафат на етичките записи.

Морално правило

Моралните норми се експлицитни или имплицитни правила во однесувањето во одредени заедници или или врз оние каде што нивното однесување се проценува како морално или неморално, односно добро или лошо.

Мухамед (с.а.в.с) на многу места јасно го афирмираше златното морално правило, со објаснувањето на неговите асхаби за златното правило, ставајки го тоа спроти етиката на реципроцитет и ќе рече:

Ако луѓето ви прават некое добро, и вие правете им добро, а ако на вас ви направат некое зло, немојте да им возвратите со зло, ниту поради тоа да им правите некоја неправда.

И Исус (Иса а.с) исто така често пати го афирмираше златното правило.

И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним. Евангелије според Лука 6 : 31

Универзалноста на златното правило се огледува во тоа, дека таа ја препишува еднаквоста кон сите луѓе, без оглед на нивната етничка и верска припадност, и не само кон припадниците на својата заедница и вера.
Златното правило се наоѓа во темелите на разните етички системи како и во темелите на модерниот концепт на човековите права. Таа се наоѓа во корените на различитите култури со нивните морални стандарди.
Успехот во моралното правило е во тоа, за да се запознае етиката од аспект на теологијата (одредба како продлабочување на тоа во што се верува), која што е наука за моралот и моралниот феномен, и има задача и цел, да го прoучува потеклото, целта и смисолот на моралните норми и однесувања, и основните критериуми за моралното вреднување, како и на општата основа на моралниот извор на една заедница; и на секој негов поединец. Значи, етиката го проучува човековото однесување; која што треба да биде прифатено под одредените морални аспекти. Таа е нормативна наука, а нормите одлучуваат за специфичниот етички карактер на човекот, и сето тоа се разликув од другите науки.

Морален кодекс и неговите норми

Моралниот кодекс на етичкиот карактер го одредува човековата активност во правец; како треба он да делува во одредени ситуации односно, кон некое лице или кон припадниците на една заедница, кои ги прифаќаат моралните правила и принципите, како пристојни и подлежни на одредбите кои произлегуваат од фактичката ситуација! Моралните правила понекогаш не се апсолутно важни - кога тие се разликуваат временски и просторно - доколку концептот имал близок концепт на етос ( етика, метафизика, теологија...).
Системот на моралните норми на етичкиот однос кон другите може на експлицитен начин да биде даден во вид на напишани збирки на на прописи, или пак имплицитно, во вид на усмени прописи и обичаји кои што го утврдуваат меѓучовечките односи, а со тоа, ќе просудат што е добро, и што е лошо. Значи, моралниот кодекс може да игра значајна улога во примената на широката друштвена заедница, или во некоја област или во некои професији. Се дефинира како форма на друштвената свест во системот, во навиките и нормите.

Етички карактер како содветен на карактерот

Постојат многу теории за историјата на етиката, и етичкиот карактер, но битно е да се каже и за етичкиот код како би биле запознати поединците и заедниците, дека тоа е документ, експлицитна изјава на вредностите, принципите и правилата на тоа што се прави и работи; со која се регулира односот на поединецот односно заедницата.
Карактерот како содветен на етичкиот карактер; еманира и ги дава резултатите на праведниот однос на поединецот, во прикажувањето и презентирање на неговиот однос кон другите, а со тоа ја прикажува вистинската слика на сопствената заедница.

Постојат повеќе различни теорији за карактерот, но за нас е важно да ја знаеме дефиницијата, како таков, за карактерот.
Карактерот е човековата свест, мисла, и чуствата на однесување што ја прават личноста со сите неговите одлики - карактеристични перформанси, како единствен. Значи, он со тие одлики треба да остане како таков вечно во неговиот живот, без оглед како на тоа гледа околината, и како он ќе се однесува во одредени ситуацији. Значи, тоа е резултат на интеракцијата (влијанието на едните врз другите...) на индивидуалецот со околината.
Карактерот со горе наведените одлики не треба да влиаје на тоа како другите ќе се однесуваат на тоа што го опкружува, туку тој, вечно треба да остане како таков, со своите одлики.
По утилитаристичкото размислување, кое што е воедно и правец во етиката, е предпоставка дека делувањето етички е исправно, кога тоа нешто што го зголемува вкупната среќе во светот, т.е го надминува свеопштото добро.

Но не е карактерот само според тоа како се гледа на неа, туку, на тоа треба повеќе да се обврне внимание и на чуствата кон блиските и кон тие кои заслужуваат почит.
Исто така, карактерот може да се пренесе односно, да е добиен од внатрешните карактеристики, пренесувани врз генетска основа.
За карактерот може да се говори до без крај, но само да се спомене влијанието за несвесното врз карактерот, потоа анализа на наблудувачките и мерливи однесувања и теориите со хуман карактер кои го нагласуваат значењето на слободната воља и индивидуалното искуство во развојот на карактерот.

И да заклучам, карактерот е клучен показател на личноста каде што со тоа на специфичен начин го покажува и говори преку неговите емоционални чувства кој што реагираат на некоја случка (негативна или позитивна) .
Се темели и базира врз етичкото начело, каде што потоа го истражува и го препишува смисолот на целта односно на универзалното морално - златно - правило; како би можело да се покаже што е добро, и што е лошо...!!!
 
Член од
17 јуни 2015
Мислења
35
Поени од реакции
65
Малце долго и конфузно ми е напишаното, меѓутоа мислам дека моралот има флуидна форма и извира од еволуцијата на традицијата во одредена култура. Различни култури - различни морални и етички норми. Многу од нив имаат сличности, веројатно како бипродукт на самата биолошка еволуција се втемелиле како неопходни, но многу тематики кои порано биле нормални денес мнозинството има прилично конзервативен став, иако веројатно сите во себе знаат дека одредени предрасуди се нефер, банални, табу без причина, но тешко е да се мрдне од зацртаното бидејќи во вкрстена проверка на сите им е поважно мислењето т.е. одобрувањето на другиот, што пак има еволуциска причина, да бидеме прифатени во племето, групата, друштвото, што и да е.

Имам некое мислење дека одредени морални сфаќања на луѓето (не навлегувам во легалитет) пред се имаат улога на некакви перја за китење и покажување културолошка надменост, иронично тоа се случува во позаостанати општества како нашето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom