Епа ете современово општество и борбата за живот (читај: пренаселеноста на планетава) се повеќе бараат и прават од нас бесчуствителни фригидни роботи, а тоа повеќе се одразува и прикажува кај луѓето од западното општество, ама се повеќе доаѓа и кај нас...
Што е подобро? Хм...зависи во која смисла...Како што реков, денешниот свет бара од нас што е можно помалку покажување на чувства и бркање на својата работа, ама можеме ли ние така да живееме? Забележувам дека се поретки се насмевките и искрените моменти, а се повеќе се гледа кој бил ставен на повисока функција на работа, кој имал повисок просек на факултет, да заокружам - кој имал повеќе пари в џеб и во банка.
Ама! Сакаме ли ние (ах пусти Балканци ) да се пластифицираме и да заборавиме на искреното честитање кога некој ќе успее, грижата за некој пријател што не се чувствува добро, пуштање солза при добра/лоша вест и сл.? За вас не знам, јас нејќам.
Значи ако сакаш да успееш на материјално ниво во животчево, мораш да бидеш малце ладнокрвен и амбициозен (себичен?), а ако сакаш да не се осеќаш празен, истовремено и да зачуваш од она топлото во тебе, само треба да пазиш пред кој го покажуваш. :salut: