не можи така да се изведи. Напонот и струјата на излез нема да се константни.
Ај кажете ми како можам од 12 волти да намалам на 3.5 волти
вака
за да намалиш од 12 волти на 3.5 волти ти треба стабилизатор еден.
- 1 ва опција: Во логин имаш и се 70* денари (70 денари за 12 во 5 волти) LM7805. Еве како изгледа и како се поврзува со 12 V
Бидејќи ова е наменето за 8V , на 12 V ќе загрева, па затоа препорачливо е и еден ладилник да му ставеш (алуминиумска плоча) или еве како
и ова е евтино, мислам дека беше 20 денари.
Сеа на излезот од 5 те волти можеш да му ставиш отпорник, измери колкава струја дава на излез и пресметај колкав пад на напон ти треба, и соодветно стави му го сериски отпорникот на излезот од 5V. Со цел постабилен напон на излез можеш да му врзиш уште еден кондензатор од 0.1uF на следниот начин.
сега ќе имаш константен и стабилен 3.5 V напон.
За посликовито да ти доловам:
еве на сликиве продолжи ги хоризонталните линии горна лево со горна десно и долна лево со долна десно.
ме мрзи сеа инаку ќе ти нацртав поубо
- 2ра опција. Ти е да купиш стабилизатор LM7803. На истиот начин го поврзуваш како предходниот само без десното RC коло. Ама ќе имаш 3 волти и треба да се молиш електрониката да ти работи на толку (да има голем праг на толеранција) и друг проблем е тоа што незнам дали има во Македонија ваков LM7803.
Ако имаш други прашања цитирајме
е патем заборавив
ако те мрзи да пресметуваш колкав отпорник ќе ти треба за LM7805 тогаш купи си потенциометарче едно (70 денари е) ама ќе му речиш што е можно помал обем на вредности на опорност пример 0 до 10К или слично.
еве како изгледа. Се поврзува тоа ноџето напред и едно од ноџињата назад (на местото од отпорникот горе)
потоа со штравцигерче и со унимер ќе си погодиш точно 3.5V