Колеги ке може ли повеке информации за предметиве:
1.Ревизија
2.Управувачко сметководство
3. Сметководствени контролни системи
Дали се лесни/тешки,на кои е задолжително да се иде на предавања,за кои требаат оригинал книги да се купат и сл??
Ревизија е интересен, но многу обемен предмет. Како главен предмет на смерот што сте го избрале, пожелно е да се оди на предавања и да се прати професорката, предава класично поддржано со слајдови, и пушта тестови од она што било предавано на час. Тестовите не носат бодови во однос на тоа дали сте решиле точно или не (одговорите ќе ги добиете на крај од предавањето), туку ги собира за да евидентира присуство. Колоквиумите се состојат од прашања Т/Н, повеќекратен избор, отворени прашања и проблем (обемна задача со вметнати недостатоци при вршење ревизија/ користење одреден стандард/ вид на ревизор кој го решава проблемот ... , која носи 20 или 30 бодови, не ме фаќајте за збор). Првиот колоквиум е релативно полесен од вториот. Вежби држи Атанаско, кои се користат за презентации од студентите за повисока оценка. Одвреме навреме се случува да се разгледа и дискутира определен проблем и да се одржат интересни вежби. (Enron Scandal, Lehman Brothers...)
Управувачко сметководство е во летен семестар, тоа е фактички продолжение на книгата management accounting или оние што во втора го учеле како сметководство на трошоци. Изминатава година г-динот Блажо Недев ни се "налути" бидејќи присуството на предавањата беше очајно (од познати причини..
) па и двата колоквиума беа на пишување, 3 задачи и 3 отворени прашања/лекции. Предавањата се катастрофа, професорот нема никаква контрола над студентите и не зборува нешто посебно.. оди по учебник. Препорачувам да се посетуват вежбите, ги држи Марина и многу ќе ви бидат од помош при решавањето.
СКС е нов предмет, кој за првпат го слушаше мојата генерација минатата година. Предавањата ги држат Блажо и Атанаско комбинирано, се учи од фотокопирани материјали бидејќи книгата била во процес на изработка, незнам дали е готова за оваа година. Лесен предмет, колоквиумот е на заокружување плус проблем (пропусти на интерна контрола), но прилично очигледни недостатоци и доста поени се земаат од овој дел. Првиот колоквиум мислам дека беа 75 со 25 бода (шифрарник/проблем), а вториот 60 со 40.