Единаесет години од бомбардирањето на Југославија

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
T

Tetro

Гостин
24 март 2010, 10:09Извор: Макфакс

Денеска се навршуваат 11 години од почетокот на воздушните напади на НАТО на Сојузна Република Југославија кои траеја 11 недели и загинаа околу 2500 лица.
Во бомбардирањата кои без престан траеја 78 дена беше оштетена инфраструктурата, училиштата, болниците, медиумските куќи, спомениците на културата.
Нападите на Југославија почнаа на 24 март 1999 година околу 20 часот врз основа на наредбата на тогашниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана, а југословенската влада истата ноќ прогласи воена состојба.
Акцијата на НАТО која српската влада но и бројни експерти ја нарекоа агресија, се случи по преговорите за решавање на кризата на Косово во Франција (Рамбује и Париз), февруари и март 1999 година. За материјалната штета која и е нанесена на Југославија во текот на бомбардирањето се изнесени различни податоци.
Тогашните власти во Белград проценија штета од околу сто милијарди долари и побараа отштета од НАТО .
Група од економисти на Г17 штетата ја проценија на 26, 9 милијарди долари.
Бомбардирањето на Југославија заврши на 10 јуни, со усвојување на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
Ден претходно претставници на југословенската војска и НАТО во Куманово потпишаа воено-техничка спогодба, со која е прецизирано повлекувањето на југословенската војска и приклучување на меѓународните воени трупи.
НАТО ги изведуваше нападите на СРЈ со бродови во Јадранот од четири воздухопловни бази во Италија, а во некои операции учествуваа и стратешки бомбардери кои полетаа од базата во Западна Европа и од САД.
По неколку неуспешни дипломатски обиди, кризата беше завршена со посредничката мисија на финскиот претседател Марти Ахтисари и поранешниот руски премиер Виктор Черномирдин.
Тогашниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, на почетокот на јуни го прифати нивниот план за разместување на меѓународните трупи на Косово, а потоа тој договор го верифицира собранието на Србија.
Единиците на југословенската војска се повлекоа од Косово, со донесувањето на резолуцијата на ОН, а првите меѓународни трупи влегоа на територијата на Косово од Македонија на 12 јуни 1999 година.
Тоа досега беше најголема операција на Алијансата, а најмногу војници имаше од Германија, Франција, Италија и САД.
 
B

Borg_Drone

Гостин
.............Нападите на Југославија почнаа на 24 март 1999 година околу 20 часот врз основа на наредбата на тогашниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана, а југословенската влада истата ноќ прогласи воена состојба...............
Ете и зошто нашето општество е дезинформирано, покрај вакви медиуми ништо не треба да ве чуди.Во ова време главен генерален секретар беше Џорџ Робертсон, а не Хавиер Солана. Солана е во канцеларија од октомври 1999 година.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.135
Поени од реакции
2.778
Ентузиазмот или уште подобро изненадувањето од овој резултат не е претеран, особено ако се потсетиме дека меѓу земјите членки на НАТО, како што е Грција, во којашто 98% од јавното мислење беше против интервенцијата насочена против православните српски браќа. Во Немачка исто така, јавното мислење беше поделено, а Италија беше повеќе за дијалог отколку за употреба на бомби.
А нашиот народ им го отстапи воздушниот простор и им дозволи да се складираат во нашата територија.
Доволно ќе беше вето од атина или од Рим, за да се блокира целата сојузничка воена машина. Ако се гледаат работите од тој аспект. може да се смета како неоспорна дипломатска политика на НАТО, особено во својство на политичка институција.

ВОЕН НЕУСПЕХ

Многу е тешко да се направи биланс за ефикасноста на воените операции во косово. Се чини дека бројките податоците и спротивставностите никогаш не се совпаѓаат. од еден доверлив извештај, што беше пробиен преку англиската влада се гледа дека постојат сериозни сомневања за ефикасноста на операциите водено од РАФ (Кралски воздушни сили). Според извештајот само 2% од „неинтелигентните бомби“, пуштени од англиските пилоти ја погодиле целта. Бомбите со ласерски наведувал имале поголема среќа но сепак помала во однос на воздушната кампања во Ирак 1991 година.

Овие податоци се потврдени од извештајот обелоденет од страна на една парламентарна комисија на долмиот дом. Англиските парламентарци строго го осудија текот на операциите во Косово нарекувајќи ги плановите на сојузничките команди „импулсивни и конфузни“. Слични заклучоци се одржани и во еден доверлив извептај на Пентагон. Во него се демантираат официјалните бројки објавени од алијансата : уништени биле 14 српски тенкови, а не 120 како што вели командата на НАТО, 18 оклопни возила, а не 220, 20 артилериски парчиња, а не 450. од вкупно 744 цели, како што се тврдеше погодени се само 58.

За ова голем придонес има тоа што Србите изградиле голем број на лажни цели како што се: Toпово од цевки за водовод и две гуми, војници од слама, макети на авиони, тенкови и хеликоптери и др...

Па дури граделе Србите и лажни воени објекти.

Јака финта им направиле.

Грешките на НАТО значи би претставувале само несакан и трагичен ефект од еден overkilling што се должи на тишпот на воздушна кампања, неопходна за да ги скрши Србите.
Тогаш зошто се продолжи војната? Едноставно бидејќи ако завршеше воздушната кампања без признавањето на поразот од страна на Милошевиќ, на НАТО немаше да му остане друга опција освен копнена офанзива и никој друг освен лондон, а уште помалку Вашингтон не беше подготвен за таков чекор.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
I na kraj evo sto dobi Jugoslavija od (NACISTICKATA ORGANIZACIJA NATO):tapp:

Ova e stara vest samo da znaete

Косово - изрешетано од проектилите на НАТО-агресорите на чело со САД

Според Српскиот весник Блиц е утврдено дека во војната на НАТО против Југославија, авионите F-16 на воздушните сили на САД,Германија,и Турција користеле муниција со осиромашен ураниум. Според податоците на војската на Југославија, околу 50 000 проектили со осиромашен ураниум се фрлени на 100 густо населени места во Косово, а 3 000 до 5 000 проектили се фрлени во Прешево, Бујановац, Врање и Црна Гора. Во овие места е регистрирано зголемување на радијацијата за 1 100 пати во однос на дозволеното ниво на контаминација.
Според експертите, во Косово се уште постои радијациа што можно е во иднина разни болести да се појавува.
Најмногу осиромашен ураниум е фрлен на просторот Призрен - Дечани, на самата граница помeѓу Албанија и Југославија од една и Македонија и Косово од друга страна.

Американските извори тврдат дека авијацијата на САД извршила 23.000 летови со удари врз 995 објекти и со фрлање на 25.000 тони експлозив и 3.000 крстосувачки ракети

Германските извори тврдат дека се извршени 37.465 воздушни полетувања, со исфрлување на 20.000 тони бомби и ракети.

Турските извори оперираат со проценти- Турција изврши 2.000 воздушни летови или 10,9% од вкупниот број воздушни напади врз Југославија.

------------------------------------------------------------------------------

НАТО војската има упаство на Косово.
Да се избегнува погодени објекти или возила со проектилот.
Ако сте во допир со такви објекти да се користат заштини средства за радиоактивност.
Вода и храна да не се употребува од погодените подрчја.
Итн.А преку Косово и кај нас има на некои места забележано радиоактивност .... Италијаните го имаа поставено тоа упаство.
Дали народите на Балканот знаат за тоа ?
Не.

Осиромашениот ураниум донесе алармантен пораст на малигни заболување

Косово е мала Хирошима!

"Порано имавме само еден тумор на три месеци, а сега секој ден. Неодамна имавме дете од 12 години на кое му е отстранет тумор на штитната жлезда. Нема дена а да не ја откриеме оваа подмолна болест кај некој човек. Ние сме како мала Хирошима"- вели д-р Властимир Цветковиќ од Звечан

Сите мерења на радиоактивноста покажуваат дека во Косово има дури 112 локации кои се изложени на дејство на нуклеарен отпад, или т.н. осиромашен ураниум, каде нивото на гама и бета радијацијата е два пати поголема од дозволената. Токму овој факт е и основната причина за алармантниот пораст на малигни заболувања кои во некои региони во Косово се дури 200 отсто поголема во однос на периодот пред војната.

Најзагрозена е Метохија, поточно: Пеќ, Ѓаковица, Призрен, Урошевац, Исток, Клина... Но, и покрај тврдењата на НАТО дека на северот на Косово нема ниту едно место погодено се проектили со осиромашен ураниум, со сигурност е утврдено дека го има и таму, како на пример во Подујево,Србица, Звечан, Лепосавиќ...

"Порано имавме само еден тумор на три месеци, а сега секој ден. Неодамна имавме дете од 12 години на кое му е отстранет тумор на штитната жлезда. Нема ден а да не ја откриеме оваа подмолна болест кај некој човек. Ние сме како мала Хирошима" - вели д-р Властимир Цветковиќ, радиолог-дијагностичар, кој воедно е и началник на Радиолошката служба во Домот за здравје во Звечан, кој секојдневнпо се сретнува со вакви пациенти од целата територија на Косово. Тој нагласил дека како последица од зрачењето со осиромашен ураниум, најмногу страдаат штитните жлезди кај двата пола, но страдаат и внатрешните репродуктивни органи, што исто така секојдневно го констатира.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FBA0FA7EDB439C40B84F4D34E6ED8F9C
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Мене ме интересира дали ако Југославија имаше добра одбрана ќе можеше колку толку да се одбрани?
 
GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Од тоа бомбардирање имаше штетно влијание и кај нас,поради употреба на осиромашен ураниум во бомбите,исто и ни се населија мирољубивите,кои по 2 години дигнаа војна против тие што им ги спасија животите.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286

leleeeeeeeee ironija:tapp: Pa od kade znaat srbite be deka tokmu bas SAD,Germanija i Turcija upotrebile osiromasen uranium,tocno e deka go bombardiraa poziciive,no od kade dojdoa do toa deka ovie zemji upotrebile osiromasen uranium?????????
 
Професорот на Универзитетот од Фиренца Џовани Казели, кој како специјален пратеник на италијанската Влада престојуваше на Косово по бомбардирањето на НАТО, почина од последици од осиромашен ураниум, соопшти италијанското Здружение на жртвите меѓу вооружените сили, пишува денеска белградскиот дневен весник „Глас јавности“.
Според нивните податоци, досега од последици од осиромашен ураниум заболеле околу 300 Италијанци кои престојувале на Косово.
Италијанските медиуми уште во март 2002 година пишуваа дека 13 италијански војници поради нарушено здравје заминале дома, а меѓу белгиските војници во тоа време веќе имаше пет смртни случаи од леукемија и четири случаи на рак.

Весникот наведува дека е многу тешко да се утврди бројот на лицата со малигни заболувања во Србија и на Косово и оти експертите предупредуваат дека за десет години се очекува вистинска експлозија на малигни болести.
Исто така не може точно да се утврди на кои локации се исфрлени бомбите со осиромашен ураниум и колку тони.
Повикувајќи се на невладината организација „Милосреден ангел“ од Косовска Митровица, „Глас јавности“ пишува дека бројот на заболените од малигни болести по бомбардирањето се зголемил за 200%, а дека просекот на заболените е намален од 65 на 40 години. Овие податоци одговараат и на резултатите од истражувањето што го спроведоа лекарите од болницата во Косовска Митровица.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=43077
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Мене не ми е јасно зошто го користеле осиромашениот ураниум при бомбардирањето?
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Ќе дојде ден кога Србите ќе го бомбардираат Њу Јорк, Вашингтон, Лос Анѓелес, Чикаго...

Мене не ми е јасно зошто го користеле осиромашениот ураниум при бомбардирањето?
Такви бомби постојат и мора да се исфрлат некаде. Дали во Србија, Босна или Ангола не е важно.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Ќе дојде ден кога Србите ќе го бомбардираат Њу Јорк, Вашингтон, Лос Анѓелес, Чикаго...

.

Плус и Германија и Турција,затоа што и тие се криви за осиромашниот ураниум:tapp::tapp:

Србија треба да се соедини со Русија
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.186
Поени од реакции
5.119
Мене ме интересира дали ако Југославија имаше добра одбрана ќе можеше колку толку да се одбрани?
Камо да беше Србија појака па да имаше поинтензинвни бомбардирања , иначе се знае дека бомбардирањата не беа како за војна , туку само како да им се покаже на Србите дека мора да бидат послушни пошто сериозни се.

Иначе не се заборава тој момент кога се приклучи Сител со вонредни вести , ај у пм , викаат НАТО почнале да стрелат кон србите , па се собиравме надвор и ги наблудувавме авионите како летаат над Македонија , а Сител се фалеше како тоа србите соборувале НАТО авиони арно ама овие натовците не признавале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom