Еден известај од декември 1909 година

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Еден извештај во декември 1909 год. беше повод царскиот дипломатски пратеник во Србија да му испрати на Министерството за надворешни работи текст со инструкција "кој бугарската влада во 1900 год. го испрати на својот тогашен претставник во Белград во врска со поделбата на сфери на влијание во Македонија, предложена од страна на Србија" и како што пишува понатаму господин Фон Рајхенау, "од која една копија ми беше достапна во тоа време." [1900 г.]

.....Ова е еден од ретките случаи во сите испитани документи, во кои македонскиот народ не е претставен само како жртва на агресивните соседи, како што и било вообичаено, туку и како предмет на трговија.

Во документот на бугарската влада до нејзиниот претставник во Белград се вели:

"Имаме неспорни докази, а и случувањата во последниве години јасно покажаа дека големото мнозинство на христијанското население во Македонија секоја поделба на сфери на влијание ја сфаќа многу непријателски. Нивната желба оди до таму, да им се гарантира личната безбедност и правото на сопственост и да им биде дадена слобода мирно и мирољубиво да се развиваат и да ги уживаат сите права на рамноправни отомански државјани според меѓународните договори и законите на Отоманското Царство. Секаков обид за било каква поделба кај македонското население би прeдизвикало огромно незадоволство и во оваа братска земја би причинил еден таков раздор и нeединство, што би можело да изврши многу штетно влијание не само врз тамошното население, туку и врз мирот и редот како во Бугарија, така и во Србија. Кога пред неколку години, за првпат, беше отворено прашањето на "сфери на влијание", од страна на населението во Македонија кон нас беа упатени најжестоки протести по однос на ова прашање. Населението со сите сили се бореше против една ваква поделба и се изјасни дека никогаш не сака да се стави ниту под старателството на Бугарија, ниту пак, под она на Србија. Идејата за сепарација и самостоен развиток за кратко време стана толку популарна, што во многу места во Македонија почна да се оспорува постоењето на било какви племенски сродства или други врски меѓу тамошното население и оние од другите балкански држави."

Ханс-Лотар Штепан, "Македонскиот јазол", Аз-Буки, Скопје, 2005 г., cтр. 102-103.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom