Едвард Сноуден обелодени дека САД масовно ги шпионираат сопствените граѓани

Член од
27 март 2013
Мислења
42
Поени од реакции
58
После ова народот ако не превземе нешто, стварно Американците се многу глупава нација.
 
Н

на мајка ти љубовникот

Гостин
После ова народот ако не превземе нешто, стварно Американците се многу глупава нација.
Затоа што ние им ебавме маме на Албанците кога со шпонски знамиња го украсија ова бедно државиче.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Ќе биде интересно да се види што ќе му етикетира американската медиумска машинерија. Дали ќе испадне геј педофил, соработник на Осама или ќе се самоубие пукајќи си 5 пати во грбот од 2 различни калибри.
CNN почна вчера да се просерува дека не бил добро образуван, дека не завршил гимназија, па добро му дошло што владава му дала работа во војска и во неколку агенции.

Исто така, “експерти“ почнаа да шпекулираат во медиумите дека работел за Кинезите.

Денес неколку сенатори побара да биде суден за предавство (тоа обично значи доживотна робија или смртна казна). Па сега Министерството за правда разгледува што може да му прикачат за да докажат акт на предавство.

Многу умно детево, алал да му е.
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.802
Поени од реакции
2.600
Американецот Едвард Сноудин, кој ги провали деталите за тајното надгледување и прислушување на телефоните и на интернет мрежата, од американските безбедносни служби, исчезна од хотелот во Хонг Конг, каде престојуваше по бегството од САД.

Претставник на хотелот изјавил дека тој ги зел со себе сите свои лични работи и се одјавил.
Се верува дека тој се уште се крие на територијата на Хонг Конг.

Британски „Гардијан“ претходно објави дека „претставник на хонгконшките власти го советувал Американецот да го напушти Хонг Конг. Бирото на дирекори на државното разузнавање на САД соопшти дека целиот случај е пријавен кај американското Министерство за правда,како „криминал“.

„Гардијан“ во своето интернет издание објави 12-минутно интервју со Сноудин направено во Хонк Конг, каде тој престојува од 20-ти мај. Тој сам посакал да му биде откриен идентитетот како извор на информација за тајните програми на обвинителството за следење на телефони и интернет комуникации преку директен пристап до северите на девет од најголемите интернет компании како Гугл, Фејсбук, Скајп и Јутуб.

Во интервјуто за „Гардијан“ Сноудин вели дека работел во Хаваи за консултантската фирма Буз Алиен Хамистон како аналитичар на инфраструктурата на Агенцијата за национална безбедност (Натионал Сецуритѕ Агенцѕ - НСА ). Тој одлучил да ја открие информацијата пред медиумите бидејќжи шефовите не посветиле внимание на неговите предупредувања за самоволието и нарушувањето што НСА ги прави при набљудување на приватни лица.

Хонг Конг, кој е кинеска територија со посебен статус и силна самоуправа, од порано има со САД спогодба за екстрадиција.Локални правни експерти, сепак, тврдат дека доколку Американците покренат постапка за вракање на Сноудин во САД,таа би можела да трае со месеци и веројатно би била блокирана од Пекинг.

Во своите први изјави во Хонг Конг тој се однесува како основачот на Викиликс Џулијан Асанж,па иако станува збор за различни случаи и Сноудин зборува за правото на луѓето да бидат информирани и да знаат што прави нивната влада.

„Чувствував обврска да им помогнам на слободните луѓе од угнетувањето на кое се изложени“, изјави пред своето исчезнување Едвард Сноудин.


Извор: Нетпрес
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
И така, си исчезна!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Се јави, рекол дека ќе се бори да не го пренесат во САД.

http://www.scmp.com/news/hong-kong/article/1259335/exclusive-whistle-blower-edward-snowden-talks-south-china-morning

Сега Кинезите можат да го држат со умисла да го испитуваат да ископаат информации.

Не е шега ова, дечково имал пристап до огромен дел од информаиите. 3атоа не знаат што да прават ако случајно држи голем адут во ракавот (како на пример да ја предаде ЦЕЛАТА листа шпиони и доушници).
 
Член од
27 март 2013
Мислења
42
Поени од реакции
58

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Добредојдовте!
Добредојтовте во Новиот Светски Поредок!

За сите оние кои им е шубе од шпионските софтвери, оперативни системи итн.
еве еден линк на кој ги има алтернативите кои се безбедни за користење.

Информирајте се за начинот на кои ве шпионираат овде.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
На CNN најавуваат дека ќе успеат да го пренесат од Хонг Конг во САД. Ако тоа го сторат, не му гине доживотна на дечково. Мислев дека ќе игра умно, т.е. дека ќе игра, а тој се повикува на правда и слобода на говор. Вака е само прашање на време кога ќе го стигнат тие што признаваат само сила.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.344
Поени од реакции
57.966
Респект за дечково. Да се множат. Ако завршат по затвори и тој и Асанж како што заврши Бредли, тоа и не е знак дека борбата е загубена. Напротив, колку повеќе завршуваат по затвори толку повеќе нови ќе никнуваат. Се си мислам дека ова е само почеток.
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Па што ново открил човеков?? Веќе кажано секој Тел. повик, Маил кој содржи т.н жешки зборови во кои спаѓаат имиња на конгресмени, лица од НАСА, Претседател и низа функционери спортисти па до Мајори во војска како и Хемиски формули од експлозиви, од хемикалии е автоматски следен или поточно ако сте вие ЧИСТ нема од што да се плашите. Системот работи на софтвер развиван во Белгија(тој за фаќање мејлови) како што и многумина се фаќаат кога ќе пробијат мејл на коју намерно има од Сарин до Алаху акбар(на пр мојот) по дефаулт системот ќе ги следи. Затоа пазете што пишувате, менаџери на јаки корпорации, Инженери во Росатом, Локхид Мартин, НБА кошаркари, бејзбол играчи, пестициди се до класа 2 е следено и тоа е оправдано. Повторувам ако сте чист нема зошто да се плашите всушност подобро за вас. Па на овој начин беа спречени над 60 терористички напади во САД и Европа(вклучително и Балканот) со посебни агенти кои се нудат да соработуваат, па работат 4-5 години и на крајот пред напад или под A) Екипата ако не е искусна и обучена добива лажен експлозив посебен и ги фаќаат на дело. B) следува Ликвидација. C)Гвантанамо Барем пет од нападите се на Балкан околу 15 на територија на ЕУ(Германија,ФГранцијаУК додека остатокот е САД и нивните Сојузници(ова значи најмногу за Турција и Израел) има шпекулации дека NSA им помогнала и на Русите токму со оваа метода. Инаку софтверот е апгрејдуван исто и хардверот можностите се...маестрални. Исто така постои и посебна единица налик Делта Форс, посебна единица командоси со задача строго да убиваат терористи и да ги праќаат директно кај 72 девици со нхапрчени нозе кои чекаат шврг, штк так, туууууу). Имајте предвид дека вас ве штитат, ова е исто како МВР да прислушува сомнителни лица а потоа и вас бидејќи соработувате со нив за да на крајот си добиете заслужено. Предавникотѕ треба да биде казнет.
И да додадам нешто уште поважно, нека не се плашат луѓето конкретнбо за приватноста од NSA(нема работа таму со разводи, неверства) туку нека се плашат од оние внатрешни оператори во телекомуникациски фирми, можете сами да проверите уплаќате 10 долари и ја добивате листата на повици на вашата сопруга повеќе може и време и локација нормално за повеќе пари ова покрај љубоморни мажи го користат и сталкери, рејпери но сепак во компаниите има такви Кртови и во дури 80% од случаите на повредена приватност во САД имаме случаи налик примерот погоре.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
ако сте вие ЧИСТ нема од што да се плашите
Системов, со сигурност ти кажувам, ќе биде злоупотребен: ќе се прислушкуваат и надледуваат политички опоненти (бетер од Watergate ќе биде), може да се користи за индустриска шпионажа... итн.
Башка системи како FinFisher имаат способност и да подметнат ствари на твојот комп или мобилен.

Проблемот е: преголема моќ во рацете на луѓе на кои им верувам, не може да им се верува, се контролирани од власта, може да се подмитат....


А и уосталом типот не изврши велепредаја зашто онака, беше глуп. Тоа го направи зошто, како што самиот кажа, се вршеле невидени злоупотреби.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
ако сте вие ЧИСТ нема од што да се плашите.
Проблемот е што некој тоа го контролира, значи ако ти си политички против-кандидат со некоја агенда што не им се свиѓа на пар луѓе во армијата, за тебе може да извадат доста валкан веш што потоа ќе го пуштат во нивните медиуми.
Вака на времето во југославија, ни крив ни дужен одиш во затвор, затоа што си имал убава жена, па некој од комунистите сакал да ја плесне. Се што требало да направи е каже дека зборуваш против државата и Тито. Ова не е поразлично од тоа, само што сега е на неколку клика од него да го направи твојот живот пекол.
Да е системот целосно автоматизиран и да може навистина да препознае терорист без никаква интервенција од страна на луѓе тогаш да нема од што да се плашиш ако си ЧИСТ.
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Системов, со сигурност ти кажувам, ќе биде злоупотребен: ќе се прислушкуваат и надледуваат политички опоненти (бетер од Watergate ќе биде), може да се користи за индустриска шпионажа... итн.
Башка системи како FinFisher имаат способност и да подметнат ствари на твојот комп или мобилен.
Системов оперира 30 години токму за злоупотребата затоа го дадов примерот со Телеко9муникациските разговори или поконкретно жива вистина во екот на кампањата беше пробиен мобилниот на Обама т.е листата на повици.

Проблемот е што некој тоа го контролира, значи ако ти си политички против-кандидат со некоја агенда што не им се свиѓа на пар луѓе во армијата, за тебе може да извадат доста валкан веш што потоа ќе го пуштат во нивните медиуми.
.
Те разбирам сопсема но условите се такви да мерки од овој тип мора да се превземат а софтверот да се апгрејдувва.

Еве за пример индиец кој работеше на Духот


поточно на пропулозијата(овој не е соборен ниту е детектиран има и тема посебна за истата технологија) и на намалување на термален одраз(забелуваш ер интејк се горе а не доле а има и систем за ладење продал инфо и на Кина, и на Русија(И опа испаднаа руските НЕБО радари) но кој го откри-NSA, има примери од овој тип да не ги спомнувам.

Само овде има мала разлика

Вака на времето во југославија, ни крив ни дужен одиш во затвор, затоа што си имал убава жена, па некој од комунистите сакал да ја плесне. Се што требало да направи е каже дека зборуваш против државата и Тито
Имаат докази за да те средат за разлика од порано.

Но се користи 30 години и ќе продолжи пак ќе повторам Чистите нека УЖИВААТ дека ова е за нивна безбедност а нјека се плашат кај кој интернет или мобилен оператор се и во која банка им се парите посебно да пазат што им работат жена, маж зад грб.

Мислам дека се разбираме позз
 

Kajgana Shop

На врв Bottom