Егеец-племе или Македонци од Егејскиот дел на Македонија

dsc

Член од
3 ноември 2012
Мислења
16
Поени од реакции
16
Темава ја започнувам од едноставна причина да се дефинираат некои работи.Дали овие луге се Македонци од Егејскиот дел на Македонија или се можеби некое племе или изумрен народ.Дали етикетата Егеец некогаш ке исчезне од главите на нашиот народ.Дали некогаш ке разберат нашите сограгани дека се работи за Македонци кои во вртлогот на Балканските војни се најдени на погрешната страна.Дали дефиницијата за циција=Егеец некогаш ке исчезне од нашите глави.

Но да почнеме од почеток....
Јас сум дете на родители кои се родени во Егејскиот дел на Македонија каде им е забранет пристапот додека се живи.Татко ми почина и не си го виде родното огниште.Растен без татко,по домови успеа од мене и брат ми да создаде принципиелни личности со карактер.Мајка ми е сеуште жива,и едниствена желба и е пред да умре да го посети родното огниште.Уште како мал ми беше чудно зошто ги нарекуваа Егејци.Но како поминуваа годините истото почна да ми се случува и на мене.Зошто?Си го поставував ова прашање секој ден.Зошто не етикетираат?

Лугето по потекло од Егејскиот дел на Македонија,по завршетокот на 2 Световна Војна се додјени во матичната држава голи и боси.Мораа да создаваат се од почеток.Стравот од немање ништо,создаде кај нив еден феномен,да секогаш се размислува каде се трошат парите.Тие луге немаа ништо,беа оставени на самите себе.Татко ми покоен мораше да има во џебот пари да купи пола супермаркет за да оди да купи еден леб и млеко:(...Стравот од немање ги направи тие луге да се малку повеке стиснати:):)во однос на другите...

Сега и после 60 години,лугето сеуште не етикетираат со етикетата наречена Егеец.А зошто?Зарем сме ние племе некое па да не нарекуваат така?Или можеби некој животински вид?Сеуште се обидувам да ги разберам лугето.А да е трагедијата најголема и младата генерација ја користи таа етикета,а знам дека немаат поим што значи тоа.Сигурно слушнале од дома,а бе Егеец е тој,и под дифолт и они го користат.

Јас сум горд што моите родители се по потекло од Егејскиот дел на Македонија,и никој нема право да ме етикетира со дефиниција Егеец.Значи после 40 години труд и мака(никој не ни поклонил ниту ни дал)сме успеале со брат ми да создадеме нешто за нашите деца т.е. да пуштиме корења:(:(

Затоа ке ве замолам да ги разберете тие луге....Поздрав
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Најдобрата другарка ми е Егејка :) :) :)
Многу заебанции паѓаат на нејзина сметка, ама и таа сама се зеза на своја сметка.
Летово прв пат беше во селото во Егејска, со баба и и дедо и, има роднини уште таму.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Познавам МНОГУ Егеjци, стереотипите за нивната скржавост можеби се претерани но сепак има нешто, пре би оделе пеш од Чаир до Центар и обратно отколку да платат автобус или такси ;)
Иначе да, и тие се Македонци.
 

dsc

Член од
3 ноември 2012
Мислења
16
Поени од реакции
16
Да заебанциите се дел,но сепак треба да се внимава.За жал повекето од лугето не се шегуваат многу на таа тема....
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Мое длабоко и искрено жалење за трагедијата и егзодусот што им се случил на македонците од Егејска Македонија.

Јас сум сретнал луѓе кои себеси се нарекуваат Егејци . Често знам да слушнам Абе Македонец сум јас, по потекло егеец, мајка ми/татко ми се од Егејска. Кога ќе ми рече мене некој Егеец дека е , исто како да ми кажал дека е Мариовец,Галичанец, Струмичанец и тн. Не разбирам зошто твоето "етикетирање" го поврзуваш со голготата која ви се случила од другата страна на границата.

Имам чуство како Егејците денес да сакаат од својата трагедија и голгота да направат бизнис и да го уновчат тоа што е можно повеќе. Чичко ми беше новинар во МТВ и секогаш кога договараше интервју со Егејските Македонци, интервјуата беа договарани во нивните трособни станови и куќи по Капиштец, Чаир,Аеродром, а интервјуата секогаш беа снимани во полураспаднатите бараки во автокоманда.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Како вицот за Влавот и Егеецот.
Оди еден ден Егеецот кај Влавот на кафе (се извинувам ако Влав го пишувам погрешно) и Егеецов ја врие водата, врзал едно зрно кафе на конче и стави-вади прави во водата.
Утредента, оди Влавот кај Егеецот на кафе, а овој земал, го врзал на конче зрното кафе, и го врти околу ѓезвето, на пареата.
Влавот вика: Зашто бе така, што правиш?
И Егеецов одговара: Абе вчера многу јако ни беше кафето......
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
И јас познавам еден егеец од Тетово, и племе невидено е.
 

dsc

Член од
3 ноември 2012
Мислења
16
Поени од реакции
16
Проблемот е во тоа што Македонците од Егејскиот дел на Македонија за жал никогаш не беа прифатени од своите брака и сестри.Памтам како дете еден комшија на улица збореше...дојдоа,ни ги земаа становите,пензии огромни,добија се бакшиш од државата.Тогаш бев мал и ми беше чудно...Но сега можам да порачам дека никој не им ги зема становите,туку беа доделени од државата на користење,за да потоа ги откупат по нереални цени...Пензиите да точно беа големи,но никој од тие луге не се запрашал,што оставиле тие луге во својата родна грутка кога биле приморани да бегаат од наездата наречена МЕТАКСА......

Зарем тие луге не се бореа на истата страна со Титовите партизани за слобода.И сега земале големи пензии..Никој не ги праша тие луге како е да бегаш од родното огниште и знаеш дека никогаш нема да се вратиш.......

А тие приказни дека договарање имало во трособни куки,а интервју во полураспаднати бараки.....:unsure:
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 14:50 ---
И јас познавам еден егеец од Тетово, и племе невидено е.
А ти од кое племе си?
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Како вицот за Влавот и Егеецот.
Оди еден ден Егеецот кај Влавот на кафе (се извинувам ако Влав го пишувам погрешно) и Егеецов ја врие водата, врзал едно зрно кафе на конче и стави-вади прави во водата.
Утредента, оди Влавот кај Егеецот на кафе, а овој земал, го врзал на конче зрното кафе, и го врти околу ѓезвето, на пареата.
Влавот вика: Зашто бе така, што правиш?
И Егеецов одговара: Абе вчера многу јако ни беше кафето......
Овој ми е најјак виц секад го кажувам во друштво, а ми го има кажано Егеец. :)

dsc Еве пријателе да дадеш свој придонес и разбиеш стериотипи меѓу народот дека Македонците со потекло од Егејска не се како во вицот, остај број во инбокс да се договориме да частиш кафе за цел форум, да ти дојдеме на гости . :)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Јас имам потекло од егејот......нит сме скржави,нит штедливи.Ако гледаш кај мене во фамилија од таа страна се се само не скржави...
Башка бев во посета на роднини таму лани..........нема некој што е спремен да поебе повеќе пари од нив.
Ни с од стиснати...
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Тие се Македонци, а македонците не се делат на племиња.
Ако се делат тогаш јас сум Караорманец
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Егеец е гордост и баш знам и да си го потенцирам тој 50% дел од потеклото :D.

Точно е дека порано дел од народот малку со презир гледал кон Егејците (така сум слушал од моите) ама сум читал дека во сите случаи каде еден дел од народот мора да бега (мигрира) во туѓа (иако матична држава) домородното население ги гледа со недоверба и мисли сега ќе има помалку за мене. Не е убаво ама не е толку трагично, впрочем не ни мора секој да те сака. Многу потрагичен е животот во домови и почеток од нула а дали комшијата ќе те збори или некој ќе рече си бил циција е помалку важно ;) .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom