Европско Првенство 2012 - репрезентации

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.451
Поени од реакции
42.738
AНГЛИЈА


Јас како фан на Англија на големите натпреварувања ќе се обидам да направам некоја анализа, со цел да се запознаеме со тимот, историјата на Европските натпреварувања, натпреварите кои му претстојат и слично.. Одиме со ред...​
Листа на повикани фудбалери:

(настапи - број на постигнати голови); Капитен - Стивен Џерард

За голманската позиција нема многу да се зборува, бидејќи сигурно Харт ќе биде прв избор.. Дефинитивно најдобар англиски голман моментално, без никаква конкуренција.. Интересно е што е повикан Џон Руди, кој блескаше оваа сезона во дресот на Норич, па заслужи бар да биде во тимот на репрезентацијата, ако не нешто повеќе...

Во одбраната го нема Рио Фердинанд, па партнерот на Тери на штоперската позиција ќе биде еден од Кејхил, Лескот и Џонс.. Како што може да се забележи од сликата погоре, Лескот има најмногу натпревари од овие тројца, но мое мислење е дека Кејхил ќе добие доверба од Хоџсон, бидејќи цел живот беше првотимец во Болтон, а плус и супер се покажа во дресот на Челзи, беше и еден од најзаслужните за освојувањето на ЛШ на неговиот тим....па мислам дека е доволно искусен за да може да се снајде на вакво натпреварување.. .. Никако не го исфрлувам ни Фил Џонс од комбинација, иако му падна формата малку од малку во последните 2 месеци.. Можеби бидејќи беше форсиран да игра десен бек, иако тоа не е негова природна позиција.. Сепак одигра одлична сезона за Манчестер Јунајтед, некои натпревари ги изигра за чиста 10ка, па не гледам зошто ни тој не би бил спремен за настап на едно ЕП.. Нормално, останува на Хоџсон да одлучи.. Кејхил, Лескот или Џонс?? Иако и тројцата без проблем можат да го пополнат местото на Рио, уште еднаш ќе кажам, мое мислење е дека Кејхил ќе игра со Тери во одбраната.. Пред се ради моменталната форма, па и нешто што не го спомнав погоре е дека Кејхил е во Челзи заедно со Тери, па сигурно ќе има поголемо разбирање и поголема комуникација меѓу нив двајцата.. Десен бек најверојатно ќе биде Џонсон, бидејќи тој е единствен десен бек од повиканите.. За левата бековска позиција, повторно има мала дилема.. Бејнс или Кол?? Мое мислење е дека Кол ќе биде изборот, без разлика на квалитетот што го поседува Бејнс.. Главна причина за тоа е искуството пред се.. Ешли Кол има најмногу настапи од сите 23ца што ќе патуваат во Полска и Украина (93), а и не гледам причина зошто да биде исфлен од стартните 11.. Уште еднаш ќе кажам, секоја чест за Бејнс, ама Ешли Кол си е Ешли Кол...

Во средниот ред има најголем избор.. Дури 9 фудбалери, па може да се направат разни комбинации.. Искрено тука тешко ми е да погодувам кој може да избори место во стартните 11, пред се ради конкуренцијата.. Да почнеме со ред.. Уште на самиот старт од игра би ги исфрлил Чемберлејн и Даунинг.. Едниот е премлад и неискусен за да настапи на ова Европско, па и сеуште нема ниту еден настап за репрезентацијата до сега.. Другиот едноставно не направи ништо позначајно сезонава за да добие место во тимот.. Плус ако се земе дека конкуренција му е Ешли Јанг за позицијата лево крило, мислам дека сигурно ќе ја грее клупата.. Јанг е одличен фудбалер, покажа во Јунајтед дека може да игра и за голем тим без страв и без никаков проблем.. Одлично се снајде, иако му беше дебитанска сезона во Манчестер, постигна неколку преубави голови, направи и неколку асистенции, па убеден сум дека тој ќе биде изборот на Хоџсон за левата крилна позиција.. Да не заборавам да напоменам дека го бива и за "diving".. :icon_lol:.. Десно крило, да е до мене би го играл Волкот.. Гледам навивачите на Арсенал не го сакат кој знае колку.. Ама далеку побрз и подобар техничар е од Милнер, знае понекогаш да даде влезе во шеснаесетникот и да даде гол, па не гледам зошто Милнер би играл пред него.. Знаат да го форсират овој Милнер од време на време англичаните, но мене не ми се допаѓа кој знае колку.. Не знае баш да се пробие и да центрира убаво и мислам дека Волкот би бил многу покорисен од него.. На средината од теренот има голем избор.. Бери, Џерард, Лампард, Паркер (кој има некоја повреда и уште мислам дека не е 100% сигурен дека ќе патува со тимот), па дури и тука може да влезе Милнер во комбинација.. Џерард беше назначен за капитен, а сигурно нема да биде капитен, а да не биде првотимец.. А + има врски кај Хоџсон, му беше тренер лани :D, така да Џерард сигурно ќе игра во првиот тим.. За парнерот, зависи од тактиката на менаџерот.. Може да игра со 3ца во средина, тогаш едниот ќе биде Лампард, другиот еден од Бери и Паркер во улога на деструктивец.. Ако игра со двајца поофанзивно Лампард без дилема.. Во позатворена формација мислам дека Бери ќе добие место пред Паркер.. Паркер одлично се покажа во Тотенхем сезонава и јас дури би го избрал пред Бери.. Ама Бери последниве години нон-стоп добива шанса пред било кој што игра на неговата позиција и мислам дека и на претстојното ЕП ќе биде така.. Не дека имаат кој знае колкава корист од него, ама ете го играат.. Искрено, има многу комбинации.. Неможам да влезам во главата на Хоџсон за да погодам.. Ќе кажам само дека Лампард, кој е најефикасен фудбалер од средниот ред во историјата на ПЛ со сигурност заслужува да настапи во првиот тим, најмногу од сите кои може да играт на средината од теренот.. Дури и пред Џерард.. Но фактот дека Џерард е капитен, логички е да го прави и првотимец... За другите, пак ќе речам, останува на Хоџсон и асистентите да одлучат..

Во нападот првите 2 меча, без Вејн Руни кој е суспендиран... Баш тие 2 натпревари се најважни за пласманот на репрезентацијата и Руни може да си ја чука главата за глупоста што ја направи во Црна Гора.. Но во 3тото коло и во продолжението од турнирот, зависи до каде ќе стигнат Руни сигурно ќе биде главен шпиц.. Е сега тука има повторно неколку прашалници.. Дали ќе настапи Хоџсон со еден шпиц со поголема поддршка од крилата?? Дали ќе игра со Велбек како партнер на Руни, меѓу кои има одлична комуникација, потврдено на натпреварите на Јунајтед од оваа сезона......или пак ќе му даде шанса на Керол, бидејќи знаеме дека англичаните практикуваат да играт и со еден повисок напаѓач (Крауч/Хески) чисто ради нивниот стил на игра со нафрлувања од крилото... Сите 3 комбинации се во игра според мене.. Ќе речам за Керол дека иако немаше блескава сезона, успеа малку од малку да се извади на самиот крај со головите во полу-финалето (победнички гол) и во Финалето на ФА Купот... А Дефо не покажа ништо посебно сезонава, има далеку повеќе настапи од Керол и Велбек, ама мислам дека само при некоја повреда на другите 3 напаѓачи може да добие шанса..

Од овие 23ца има по 4 фудбалери на Јунајтед, Сити, Ливерпул и Челзи, по 2 на Арсенал и Тотенхем и по 1 од Евертон, Норич и Вест Хем..
4-1-2-3:
-Харт-​
-Џонсон-Тери-Кејхил-Кол-​
-Бери-​
-Лампард--------Џерард-​
-Волкот----------Руни-------------Јанг-​
4-4-2
-Харт-​
-Џонсон-Тери-Кејхил-Кол-​
-Волкот-Лампард-Џерард-Јанг-​
-Руни-Велбек/Керол-​


Дрес ("домашен" и голмански):



Историја на Европските Првенства:

Англија иако секогаш е еден од фаворитите во големите фудбалски натпреварувања нема некои големи резултати.. На Европските Првенства најголемо постигнување им е 1/2 финалето во 1968 и 1996.. Во '68 во 1/2 финале загубиле 1-0 од тимот на Југославија, а потоа во меч за 3то место со победа од 2-0 против СССР ја освоиле бронзата.. Во 1996, како организатори на првенството, на домашен терен во 1/2 финалето загубиле од тимот на Германија 6-5 на пенали.. Тука веќе не се организира меч за трето место, па така во 1/2 финале го завршиле натпреварувањето.. Како што може да се забележи на сликата, 4 пати биле исфрлени уште во групната фаза, а на 4 првенства не настапувале воопшто, вкучувајќи го и последното пред 4 години.. Имаат и 2 1/4 финалиња во 1972 и 2004 во Португалија..


Група и термини од натпреварите:
Англија е во групата Д, заедно со Франција, Шведска и Украина... Во групата на хартија се фаворити, заедно со Франција, но Швеска и Украина имаат опасни екипи и може да им ги замрсат сметките.. Швеѓаните беа победници во квалификациската група, имаат квалитетен тим и сигурно желба за докажување пред Европа.. Украинците се домаќини, ќе ја имаат публиката на своја страна, плус можеби и некоја мала наклонетост од судиите.. Сигурно и тие ќе се борат, посебно за домашната публика..

Термини:
  • 11 Јуни, 18:00 - Англија vs Франција - Доњецк
  • 15 Јуни, 20:45 - Англија vs Шведска - Киев
  • 19 Јуни, 20:45 - Англија vs Украина - Доњецк
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Јужниот сосед , а.к.а ПОР Грција, Гејлада, Hell-ass.........




Не го играат најубавиот и најгледливиот фудбал.Ги немаат најдобрите техничари на светот.Немаат ни многу талентирани играчи.Досадни се и не освојуваат многу симпатии.
Се кажано погоре е точно за тимот на нашиот јужен сосед.Сепак точна е и уште една констатација кога се грците во прашање - тие се со години во врвот на европскиот фудбал.
Нивната игра не плени со својата убавина,но нивната игра носи големи резултати на една така лимитирана со талент екипа.Редовни учесници се на големите натрпеварувања (ЕП 04,08,12 СП 10 ),низ квалификациите поминуваат реалтивно лесно и имаат освоено и една титула Европски првак со нивната игра !!!
Нивната игра поставена уште од бившиот селектор Рехагел (кој според мене е еден од најдобрите и најпотценети тренри на светот) ја знаат сите.Нема тука тајни.Се игра бункер,тежок бункер на кој и италијаните од времето кога не поминуваа центар можат да им позавидат.Не е битно со кого се игра,грците седат назад и дисциплинирано се бранат.
Со топката не се на ти,не сакаат многу да ја имаат во свој посед.Но затоа се екстремно опасни при секој прекин на играта,па макар бил и длабоко во нивната половина и знаат да ја искористат секоја грешка на противникот.
Нивните играчи не се најспретни и технички добро потковани,но се физички доста спремни.Можат 90 минути само да седат и да трчаат во одбраната.Имаат доста високи и корпулентни играчи(на претходното ЕП беа највисоката екипа),мајстори се за високи топки и игра со глава.
Таквата игра ( и многу среќа,мамичето нивно !!!) им го донесе најголемиот успех на нивниот фудбал во 2004 година - Европски првак.Истата игра ја играат и денес 8 години подоцна,со помал успех .Многу играчи се сменети од тогаш,но не и филозофијата.

Патот до ЕП
На ова ЕП се пласираа релативно лесно.Имаа и лесна група во која само тешок кикс не би им донел некое од првите 2 места во групата.Главен противник им беше Хрватска,но и нејзе со нерешено во гости и победа лесно ја решија.Хрватите пробуваа да напаѓаат,но не успеаа да направат ни 2-3 посериозни шанси на двата натпревари,додека Грција од 2 корнера дадоа 2 гола.Одлична изведба на грчкиот бункер.
И другата екипа која нешто вредеше во таа група,Израел је поминаа без проблеми со 2 победи и дома и на гости.
Сепак со послабите противници каде што требаа тие да напданат имаа проблеми.Едноставно не знаат да играат против противници кои што мора да ги напднат.Поради тоа мислам дека им се погоди ептен групава, Русија,Полска и Чешка се тимови кои скаат да ја имаат топката и да напаѓаат,а грците се тие на кои што им одговара да се бранат..Една Малта со гол во 94 минута едвај ја победија и се вадеа со Грузија 2 пати.


Team
PldWDLGFGAGDPts
Greece
10 7 3 0 14 5 +9 24
10 7 1 2 18 7 +11 22
Israel
10 5 1 4 13 11 +2 16
Latvia
10 3 2 5 9 12 −3 11
10 2 4 4 7 9 −2 10
Malta
10 0 1 9 4 21 −17 1


Тимот
Name Club
Goalkeepers:
Alexandros Tzorvas Palermo
Michalis Sifakis Aris
Kostas Chalkias PAOK
Defenders:
Kyriakos Papadopoulos Schalke
Sokratis Papastathopoulos Werder Bremen
Vasilis Torosidis Olympiakos
Avraam Papadopoulos Olympiakos
Giorgos Tzavelas Monaco
Stelios Malezas Paok
Jose Holebas Olympiakos
Midfielders:
Alexandros Tziolis Monaco
Grigoris Makos AEK
Giannis Maniatis Olympiakos
Kostas Katsouranis Panathinaikos
Giorgos Karagounis Panathinaikos
Sotiris Ninis Panathinaikos
Giorgos Fotakis PAOK
Kostas Fortounis Kaiserslautern
Panagiotis Kone Bologna
Giannis Fetfatzidis Olympiakos
Attackers
Giorgos Samaras Celtic
Dimitris Salpingidis PAOK
Fanis Gekas Samsunspor
Nikos Liberopoulos AEK
Kostas Mitroglou Atromitos


Нема тука некои големи изненадувања,а ни големи ѕвезди.Главни играчи на тимот се искусните Карагунис,Кацуранис, Слапингидис и Гекас.Исто така многу важна улога имаат столбот на одбраната Торосидис и Самарас во нападот.Самарас им е особено корисен,прв ја прима топката при контрите,знае да ја задржи да чека да се приклучат друите играчи.
Сепак многу појак колектив се него што имаат индивидуалци.Сите работат заедно и играат доста цврсто и дисциплинирано.

Очекувања од ЕП
Оваа група некако ми се чини дека им е добро легната на грците.Нема тука некој противник од највисока класа.Полска,Русија и Чешка се солидни екипи,но грците знаеле и против многу појаки противнци да се одбранат.Играат брзо и со доста додавања по земја.
Сепак можно е ако се прими некој ран гол и да ги направи нервозни,да мора да играат.Тоа е лекот за нив.......
Моја прогноза,се или ништо.Или прописно ќе се избрукаат против сите или ќе бидат први без некој да им шутне кон гол.
 

Дејмон

why not
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886
Данска

Патот до Полска и Украина
Без разлика на тоа што беа во тешка група во која беа вклучени нивните скандинавски ривали Норвешка и фаворитот Португалија, Данците успеаа да го освојат првото место во групата Х со победа во Копенхаген против Португалија во последната рунда од натпреварите.
Тие се соочуваат со истите противници во "групата на смртта" во која уште се вклучени Холандија и Германија. Тимот на Мортен Олсен да се означи како аутсајдер во оваа група е големо потценување.

Составот и тактики
Мортен Олсен ја презеде репрезентацијата на Данска во Јули 2000та година и оттогаш тој стана селектор со најдолг стаж на нивната репрезентација а и воедно тој е селектор со најдолг стаж во својата репрезентација од сите други селектори на првенството.
Се очекува Данците да играат со формација 4-3-3 која се покажа најдобра за нив во поголем дел од натпреварите во квалификациите, а и во последните неколку години.
Пред стартот на првенството, Данска ќе одигра два пријателски натпревари против Бразил и Австралија и тоа ќе биде одлична шанса Олсен да ги одигра сите негови комбинации.

Можен прв состав на Данците


Голмани: Томас Соренсен(Стоук Сити), Стефан Андерсен(Евиан), Андерс Линдегаард(Манчестер Јунајтед)

Чуварот на мрежата на Стоук, Соренсен ќе треба да го даде својот максимум за да ги спречи едни од најдобрите напаѓачи во светот. Линдегард кој закрепна од неговата повреда на глуждот која го држеше надвор од терените од Јануари, беше исто така именуван како дел од репрезентацијата.

Одбрана: Ларс Јакобсен(Копенхаген), Даниел Вас(Евиан), Даниел Агер(Ливерпул), Симон Кјаер(Рома), Андреас Бјеланд(Нордсјаленд), Симон Поулсен(Аз Алкмар), Јорес Окоре(Нордсјаленд)

Сите три од нивните противници во групата се познати по напаѓачкиот стил на игра, па така да одбраната на Данска ќе треба да биде на највисоко ниво. Капитенот Даниел Агер ќе биде највлијателниот играч на теренот играјќи во срцето на одбраната на Данците. Симон Поулсен и Ларс Јакобсен се очекува да имаат клучна улога во помагање на средниот ред. Симон Кјаер се очекува да му биде партнер на капитенот Агер во одбраната, но поради лошата сезона во Рома, Олсен би можел да биде принуден да го остави на клупа. Појасна слика ќе може да се формира после пријателските средби против Бразил и Австралија.

Среден ред: Кристијан Поулсен(Евиан), Јакоб Поулсен(Митиланд), Вилиам Квист(Нирнберг), Ники Цимлинг(Клуб Бриж), Томас Каленберг(Евиан), Кристијан Ериксен(Ајакс), Михаел Силбербауер(Јанг Бојс), Ласе Шоне(НЕЦ Нијмеген)

Кристијан Ериксен е на радарот на некои од најголемите европски клубови, а Европското првенство е идеално место за играчот на Ајакс да ги покаже своите перформанси. Повредата на ветеранот Кристијан Поулсен кој имаше одлична сезона со Евиан е еден од проблемите на Олсен. Неговиот клубски играч Томас Каленберг беше една од главните алки во квалификациите за Данците и може да се очекува од него да игра клучна улога на првенството. Покрај Ериксен најверојатно се очекува средниот ред да го пополнат Цимлинг и Квист.

Напад: Денис Ромедал(Брондби), Никлас Бентнер(Арсенал), Михаел Крон Дели(Брондби), Тобиас Микелсен(Нордсјаленд), Никлас Педерсен(Гронинген)

Нападот се очекува да се состои од Ромедал, Бентнер и Крон Дели. Ромедал на 33 години може да го игра својот последен елитен турнир и сигурно посакува барем да ја помине групната фаза. Бентнер од кого се очекува многу на ова првенство го постигна клучниот гол против Португалија во квалификациите, кој и помогна на Данска да дојде до првото место во групата.

Играч на кој треба да се обрне внимание: Кристијан Ериксен
Играчот кого го споредуваат со големиот Лаудруп. Среќата на Данска ќе зависи многу од овој играч од средниот ред на Ајакс. Тој е познат по неговата несебична игра и создавање шанси. Тој е еден од најмладите играчи во Европа, но тој е способен да има големо влијание врз играта.

Брзи Факти:
Најдобар СП резултат: Четврт-финале (1998)
Најдобар ЕП резултат: Шампион (1992)
Најдобар стрелец: Пол Нилсен и Јон Дал Томасон (52 голови)
Играч со најмногу настапи: Питер Шмајхел (129 настапи измеѓу 1987 и 2001)
Тренер: Мортен Олсен
Капитен: Даниел Агер

Натпревари во групата:
Сабота, 9 Јуни, 18:00 против Холандија
Среда, 13 Јуни, 18:00 против Португалија
Недела, 17 Јуни, 20:45 против Германија

Ждрепката за групите беше многу оштра за Данците со оглед на тоа што тие се во група со три репрезентации кои се во првите пет на ранг листата на Фифа. Тие ја победија Португалија во квалификациите, но натпреварот на првенството ќе биде сосема поинаков од тој натпревар. Присуството на финалистите од СП2010 Холандија и три пати ЕП победниците Германија ги намалуваат шансите на Данците.
Ќе биде навистина тешко Данска да помине во следната рунда од првенството, но се случувале изненадувања на европските првенства па зошто да не и Данците да го направат тоа на ова првенство.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.135
Поени од реакции
21.048
УКРАИНА

Жолто-плавите, како домаќини(заедно со Полска), директно, без квалификации учествуваат на ова ЕП. Украина досега нема учествувано на ниедно Европско Првенство, а единствено учество на големо натпреварување им е СП 2006 во Германија, каде што стигнаа до 1/4 финалето.
Во квалификациите за големите натпреварувања, кои секогаш завршуваа без конечен успех за Украина(освен 2006), дури три пати отпаѓаа во самата завршница, односно во плеј-офот на квалификациите. Изгубија од Хрватска во плеј-офот за СП 1998, од Словенија во плеј-оф за ЕП 2000 и од Германија во плеј-офот за СП 2002.
После неуспехот во квалификациите и за ЕП 2004, на селекторското место доаѓа Олег Блохин. Оваа одлука донесува резултат и Украина успева да се квалификува на СП 2006 во Германија. Во тоа натпреварување стигна до 1/4 финалето, каде што изгуби 3-0 од Италија.
Во моментов, Украина се наоѓа на 50та позиција на ранг листата на ФИФА.

На ова ЕП, Украина се најде во тешката група Д, заедно со Франција, Англија и Шведска. Англичаните се 7ма репрезентаицја во светот според ФИФА, Франција е на 16то, а Шведска на 17то место. Според ова, Украинците се аутсајдери во оваа група, но предност им е домашниот терен.
Селекторот Олег Блохин сеуште не го соопштил конечниот список со играчи.
Листата со 26 играчи е:
Голмани:
Andriy Pyatov
Oleksandr Horyainov
Maksym Koval
Oleksandr Bandura

Одбрана:
Oleksandr Kucher
Taras Mykhalyk
Vyacheslav Shevchuk
Vitaliy Mandzyuk
Yaroslav Rakitskiy
Yevhen Khacheridi
Bohdan Butko
Yevhen Selin

Средина:
Anatoliy Tymoshchuk
Oleh Husyev
Ruslan Rotan
Serhiy Nazarenko
Oleksandr Aliyev
Yevhen Konoplyanka
Taras Stepanenko
Denys Harmash

Напад:
Andriy Shevchenko (c)
Andriy Voronin
Artem Milevskiy
Yevhen Seleznyov
Marko Devych
Andriy Yarmolenko
Андриј Шевченко е веројатно најпознатото име во украинскиот фудбал. Други поголеми ѕвезди се Анатолиј Тимошчук од Баерн и Андриј Воронин, кој играше во Ливерпул.

Натпревари во групата:
11 Јуни, 21:45 Украина - Шведска (Киев)
15 Јуни, 19:00 Украина - Франција (Доњецк)
17 Јуни, 21:45 Украина - Англија (Доњецк)

Брзи факти:
Најдобар СП резултат: 1/4 финале (2006)
Најдобар ЕП резултат: Без учество
Најдобар стрелец: Андриј Шевченко (46 погодоци / 105 настапи)
Најмногу настапи: Анатолиј Тимошчук (114 настапи)
Капитен: Андриј Шевченко
Селектор: Олег Блохин

Играч на кој треба да се обрне внимание: Андриј Јармоленко
Младиот, 22-годишен, брз играч, со одлична техника и одлично чувство за гол е еден од адутите на Украина на ова ЕП. Покрај познатите, искусни имиња како Шевченко, Воронин, Тимошчук, најголемата опасност кон противниците доаѓа од левата крилна позиција, каде што игра Јармоленко. Овој играч има потенцијал да стане најдобар фудбалер во репрезентацијата(доколку веќе не е) и да биде нејзин предводник во наредните години.
Ме интересира да видиме како ќе се покаже Јармоленко на ЕП и дали ќе направи трансфер после првенството.

Ждрепката воопшто не и се погоди на Украина. Иако многубројните верни украинските фанови ќе ја бодрат Украина на секој натпревар во огромен број, веќе се појавија шеги од типот 'Кога отпаднат од групите, барем нема да патуваат многу за да се вратат дома'. :)
Шансата Украинците можат да ја бараат најмногу на првиот натпревар. Шведска е одлична репрезентација, но со помош на домашната публика, Украина може и да ги добие 3те бода од првиот дуел. Во останатите 2 натпревари, против Франција и Англија, на Украина освен добра игра, потребно и е и среќа и божја волја. Против новата француска генерација, Украина има минимални шанси, но во фудбалот се е можно и не треба да се предвидува однапред. Во последниот меч, против Англија, кај англичаните се враќа најдобриот играч, Руни. Исто така, пеколен натпревар за Украинците, но знаејќи ги Англичаните, какви киксери се во големите натпреварувања, јас не би ја отпишал Украина.
Тешка група за Украина. Доколку поминат понатаму дефинитивно ќе биде изненадување. И Англија и Франција, па и Шведска се подобри по квалитет, но предноста на Украинците ќе биде домашниот терен, желбата за докажување на оваа генерација, која иако воглавно е составена од искусни играчи, има и млади, кои треба да се докажуваат(Ракитски, Степаненко, Коноплијанка, Јармоленко, Хачериди).

Можен состав:
Пјатов​
Бутко - - Ракитски - Кучер - - Селин​
Гусев - Тимошчук - Ротан - Јармоленко​
Милевски​
Шевченко​

--- надополнето: 27 мај 2012 во 12:29 ---
Само заради оваа анализа која ја правев, ќе ја следам Украина во сите натпревари и ќе навивам да ја поминат групата. :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Россија
Фудбалската репрезентација на Русија или позната како Зборнаја е мојот избор за презентација за ова Европско Првенство во Полска и Украина 2012. Репрезентацијата со долга историја во учествата на Европските собири на најдобрите репрезентации, со славно минато, повремени подеми и падови и со многу разочарувања. Но фактот дека ова за Русија е 9то појавување на ЕП, се подразбира дека се работи за репрезентација која сегогаш е важен актер на овие натпреварувања. Репрезентацијата изобилува со технички добро потковани играчи, брзината е исто една од посилните страни на играчите, силната и цврста искусна одбрана и секако одличните голмани кои ја продолжуваат традицијата на руски голмани кои секогаш биле најсилната точка во репрезентацијата. Репрезентацијата на Русија, на минатото ЕП стигна до полуфиналето на натпреварувањето но беше запрена од подоцнежниот шампион - Шпанија.​
Патот до ЕП
Русија беше во квалификациската група Б, заедно со Р. Ирска, Ерменија, Словачка, Андора и нашата репрезентација Македонија. Групата ја помина условно речено лесно, со 7 победи, 2 нерешени натпревари и 1 пораз од репрезентацијата на Словачка. Во квалификациите покажаа дека можат да дадат многу голови но и покажаа цврста одбрана, која прими само 4 гола во 10те напревари во групата. Најдобри стрелци за Русија во квалификациите беа Џагоев и Павличенко со по 4 гола. Со првото место во групата, директно се квалификуваа на Европското првенство.​
Составот на играчи за ЕП
Селекторот Дик Адвокат имаше неколку проблеми при составување на листата на играчи кои ќе бидат дел од репрезентацијата на Русија но главниот проблем му беше откажувањето на доминатниот дефанзивец Василиј Березутцки поради повреда на мускулот на десната нога. Поради тоа беше приморан во тимот да го викне ветеранот Шаронов. По пријателскиот напревар со Уругвај, кој заврши 2-2, селекторот го објави финалниот состав со кој ќе излезе на првенството.​
Голмани:
Igor Akinfeev (CSKA Moscow),
Vyacheslav Malafeev (Zenit St. Petersburg),
Anton Shunin (Dinamo Moscow).

Одбрана:
Alexander Anyukov (Zenit St. Petersburg),
Alexei Berezutski (CSKA Moscow),
Sergei Ignashevich (CSKA Moscow),
Vladimir Granat (Dinamo Moscow),
Yuri Zhirkov (Anzhi),
Roman Sharonov (Rubin Kazan),
Kirill Nababkin (CSKA Moscow).

Среден ред:
Igor Denisov (Zenit St. Petersburg),
Roman Shirokov (Zenit St. Petersburg),
Konstantin Zyryanov (Zenit St. Petersburg),
Denis Glushakov (Lokomotiv Moscow),
Igor Semshov (Dinamo Moscow),
Dmitry Kombarov (Spartak Moscow).

Напад:
Andrei Arshavin (Arsenal),
Alexander Kerzhakov (Zenit St.Petersburg),
Roman Pavlyuchenko (Tottenham),
Pavel Pogrebnyak (Stuttgart),
Alan Dzagoyev (CSKA Moscow),
Marat Izmailov, (Sporting),
Alexander Kokorin (Dinamo Moscow).


Moжните тим на Адвокат е:

Голманската позиција е прилично резервирана за Акинфеев иако Малафеев е исто силна замена за првиот голман па затоа овој дел од тимот би рекол дека е најсолидно покриен од солидни играчи.

Одбраната најверојатно ќе биде со двајца брзи крилни одбрабени играчи - Анјуков од десната страна и Жирков од левата а централните позиции би ги завзеле цврстиот Алексеј Березутцки и искусниот Игњашевич. Овие играчи подолго време се дел од репрезентацијата на Русија и имаат големо искуство со натпревари во Европските клубски натпреварувања па според мене се работи за доста солидна дефанзивна линија.

Средниот ред би биле Широков, Зирјанов и Денисов кои можат да изиграат одлично во дефанзивните и офанзивните задачи кои би се појавиле во натпреварите. Сепак Денисов би играл подефанзивно од другите двајца во линијата но би можел да се приклучи во контра нападите. Широков и Зирјанов се креативниот дел од средниот ред кои можат со долги топки да ги "хранат" напаѓачите и да се приклучат во нападот.

Нападот на Русија се состои во Џагоев, Аршавин и Кержаков, каде што Џагоев би делувал како надворешен напаѓач од десната страна а Аршавин истото само од левата страна а Кержаков би бил најистурен во нападот. Се работи за многу брзи играчи, многу опасни од сите позиции во нападот и би предизвикале сериозна опасност кон противничкиот гол.

Кога ќе се погледне кон целосниот список на играчи, кога ќе се види дека како подршка на првите 11мина се играчи како Павличенко, Погребњак, Семшов и Комбаров, тогаш се гледа дека се работи за репрезентација со солидна клупа, која можеби и со сосема иста сила би се спротиставила на секоја репрезентација на ова првенство.

Главни ѕвезди
Капитенот Аршавин, ѕвездата од последното ЕП каде што блесна на Европската сцена и ја покажа своја способност како брз крилен напаѓач. Од него најмногу се очекува на ова ЕП и да биде лидер на Зборнаја кон можеби некој успех.​
Друг играч од кој многу се очекува е младиот Џагоев, за кој се смета дека е еден од најдобрите 10 млади играчи во светот а се прослави со играта во ЦСКА Москва во натпреварите во ЛШ. Се смета дека можеби е најскапиот играч во тимот а за играчот од ЦСКА Москва се заинтересирани многу тимови од врвот на Европа.​
Историја на ЕП
На Русија ова и е 9то учество на завршницата на Европско Првенство а најголем успех до сега е Европската титула на првото ЕП во Франција 1960 година. Останати позначајни резултати се 3те финалињата во 1964,1972 и 1988 а до сега биле 2 пати биле во полуфинале, во 1968 и на минатото ЕП во 2008ма година.​
 
D

draft

Гостин
ПОРТУГАЛИЈА
Позадина:
Португалија се наоѓа во групата Б, позната како "група на смртта", заедно со репрезентациите на Германија, Холандија и Данска.
Квалификациите за ова ЕП ги почнаа лошо, со само еден освоен поен од можни шест, по што дојде смена на тогашниот селектор Карлош Квеирош. Пауло Бенто, наследникот на Квеирош, ја стабилизираше репрезентацијата и го освои второто место го групата, откако во последниот меч загуби од репрезентацијата на Данска, во мечот за првото место во групата кое води дирекно на ЕП. Со освоеното второ место во групата, Португалија мораше да игра плеј-оф двомеч. За противник ја имаа репрезентацијата на Босна, која без сериозни проблеми ја совладаа и така се пласираа на ЕП2012 во Полска и Украина.​
Брзи факти:
- Најдобар резултат на Светско Првенство: трето место (1966)​
- Најдобар резултат на Европско Првенство: второ место (2004)​
- Најдобар стрелец: Паулета (48 голови)​
- Најмногу настапи: Луиш Фиго (127 настапи)​
- Селектор: Пауло Бенто​
- Капитен: Кристијано Роналдо​
Составот на Португалија за ЕП2012
Голмани: 1 Едуардо (29 години, 27 настапи, Бенфика), 12 Руи Патрисио (24 години, 10 настапи, Спортинг Лисабон), 22 Бето (30 години, 2 настапи, Клуж)​
Голманот на Бенфика, Едуардо, беше првиот човек на голот на Португалија изминативе неколку години, вклучувајќи го Светското Првенство пред 2 години во Јужна Африка. Но оттогаш, тој смени неколку клубови, му падна формата и го изгуби првотимскиот статус во сегашниот клуб Бенфика. Откако селекторот Пауло Бенто ја превзема Португалија, младиот 24 годишен голман на Спортинг, Руи Патрисио, е стандарден меѓу стативите и многу веројатно е дека тој ќе биде првиот избор за ова ЕП. Руи Патрисио е еден од најдобрите млади голмани во Европа. По фантастичната сезона во Спортинг, медиумите пишуваат дека Сир Алекс Фергусон се заинтересирал за младиот голман и е подготвен да плати 11 милиони евра за да го доведе во своите редови. Само шпекулации но како и да е, Португалија има одличен голман на ова Европско Првенство во Руи Патрисио.​
Одбрана: 21 Жоао Переира (28 години, 14 настапи, Валенсија), 5 Фабио Коентрао (24 години, 21 настап, Реал Мадрид ), 2 Бруно Алвеш (30 години, 45 настапи, Зенит Санкт Петербург), 14 Роландо (26 години, 14 настапи, Порто), 13 Рикардо Кошта (31 година, 10 настапи, Валенсија), 3 Пепе (29 години, 38 настапи, Реал Мадрид), 19 Мигел Лопез (25 години, 0 настапи Брага )​
Во квалификациите за ова ЕП, репрезентацијата на Португалија прими 12 гола на 8 натпревари, што би требало да кажува дека нивната одбрана е лоша, но не е баш така. Баш кога е најпотребно, тие играат супер одбрана. Пред две години на СП, во група со силни и напаѓачки ориентирани репрезентации како Бразил и Брегот на Слонова Коска, тие не примија ниту еден гол.​
Стандардни во одбраната во тимот на Пауло Бенто се левиот бек Коентрао, централните дефанзивци Пепе и Бруно Алвеш, и десниот бек Жоао Переира. Страничните бекови, Коентрао и Переира, се офанзивно ориентирани играчи кои многу ќе помогнат во нападите на Португалија но и се доста солидни во одбраната. Централните бекови Пепе и Бруно Алвеш се долго време во репрезентацијата и одлично соработуваат еден со друг.​
Во групата на Португалија се наоѓаат моќните Германија и Холандија, две од трите најголеми фаворити за освојување на ова ЕП, и Данска, која заврши пред Португалија во квалификациите за ова ЕП, така да одбраната на Португалија треба да биде исто ниво како што беше на СП од пред две години ако сакаат да имаат некакви шанси за понатаму.​
Среден ред: 16 Раул Меирелеш (29 години, 56 настапи, Челзи), 4 Мигел Велосо (26 години, 23 настап, Џенова), 8 Жоао Мутињо (25 години, 41 настап, Порто), 15 Рубен Микел (25 години, 8 настапи, Сарагоса), 20 Хуго Виана (29 години, 27 настапи, Брага), 6 Кустодио (29 години, 0 настапи, Брага)​
Средниот ред на Португалија е можеби најнезабележителен затоа што Португалија најчесто игра преку крилата. Под водство на Бенто, стандардни во средниот ред се Меирелеш, Мутињо и Мартинс, играчот на Бенфика кој поради повреда го откажа учеството на ова ЕП. На негово место во првиот тим ќе игра Велосо, кој често влегуваше од клупата на местото на Мартинс на изминатите натпревари на Португалија.​
Жоао Мутињо е најважниот играч на Португалија од средниот ред, со улога на плејмејкер. Тој го диктира темпото, ја шири играта преку крилата и неуморно трча помеѓу двата шеснаестинка. Велосо е последниот играч од средината, веднаш пред одбраната. Не е брз играч но е технички поткован играч познат по одличните долги топки и слободните удари. Меирелеш слично како Мутињо е голем работник на теренот и неуморно трча помеѓу двата шеснаестника но исто така е и најофанзивниот среден играч на Португалија кој може брзо да ја изнесе топката од неговата половина и да се најде пред противничкиот гол. Познат е по одличниот шут и затоа најчесто се вклучува во нападот кога Португалија напаѓа и чека отпадоци.​
Среден ред каков што одговара на тактиката на Португалија, да се игра преку крилата, К. Роналдо и Нани. Без големо задржување на топката во средниот ред, со многу трчање и помагање на одбраната.​
Напад: 17 Нани (25 години, 53 настапи, Манчестер Јунајтед) , 7 Кристијано Роналдо (27 години, 89 настапи, Реал Мадрид), Хуго Алмеида ( Бешикташ) , 10 Рикардо Кварежма (28 години, 34 настапи, Бешикташ), 18 Силвестре Варела (27 години, 6 настапи, Порто), 23 Хелдер Постиѓа (29 години, 48 настапи, Сарагоса) , 11 Нелсон Оливеира (20 години, 2 настапи, Бенфика )​
Стандардни во нападот се К. Роналдо на левата крилна позиција, Нани десно и Постиѓа како централен напаѓач.​
К. Роналдо е еден од двајцата најдобри играчи на денешницата, тоа е доволна причина што играта на репрезентацијата се базира главно на него. Екстремно брз, одличен дриблер, одличен шутер кој многу често знаел да реши натпревар со индивидуален блесок. Најчесто од крилната позиција доаѓа пред шеснаесетникот откаде што шутира. За Португалија да има значаен успех на ова ЕП, К.Роналдо треба да биде на нивото од изминатава сезона во Реал Мадрид. Нани, крилото на Манчестер Јунајтед, е исто така брз и одличен дриблер. Нема некој добар шут, затоа од крилната позиција или нафрла, или со одличниот дриблинг влегува длабоко во противничкиот шеснаесетник од каде што шутира или асистира. Постиѓа е кондиционо спремен играч кој константо прави притисок на дефанзивците на противниците и е одличен во пас играта, што им одговара на К. Роналдо и Нани кои нечесто од крилата преку link-up play со Постиѓа, доаѓаат пред или во шеснаесетникот на противникот и се опасни по голот.​
Прв тим:​
Патрисио​
Переира - Пепе - Бруно Алвеш - Коентрао​
Меирелеш - Велосо - Мутињо​
Нани - Постиѓа - К. Роналдо​
Натпревари во групата:
- Сабота, 9 Јуни 2012 против Германија ( 20:45 во Лвив )​
- Среда, 13 Јуни 2012 против Данска ( 18:00 во Лвив )​
- Недела, 17 Јуни 2012 против Холандија ( 20:45 во Каркив )​
Предвидување за групната фаза:
Португалија досега ја поминала групната фаза на секое ЕП на кое учествувала но овој пат шансите за да го направат тоа не се многу големи. Германија и Холандија се фаворитите во групата а Данска која заврши пред Португалија во квалификациите не е воопшто наивна репрезентација. Како што пишав погоре, според мене единствен начин за Португалија да ја помине групата е да ја повтори играта во одбрана од Светското Првенство пред 2 години кадешто не прими ниту еден гол во групната фаза, затоа што и Германија и Холандија имаат подобар напад од нив.​
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Република Ирска
По долгиот пост од неучество на финалните турнири, најсвежо е големата пропуштена шанса поради бламажата на ФИФА за квалификациите на Мундијалот 2010 и контраверзниот натпревар со Франција оваа генерација на Република Ирска најде сили да се квалификува за завршницата на Еуро 2012.
Куриозитет е тоа што патот до ова Еуро 2012 им го трасира токму нашата репрезентација со двата последователни порази во Даблин и Скопје кога почна полека да тоне бродот на Ирците по домашниот пораз од Русија и ремито со Словачка.
Сепак клучниот натпревар кој го завери нивното учество беше против Ерменија на домашен терен кој заврши со 2-1 за Р. Ирска.
На селекторската позиција е стариот вампир Трапатони кој заедно со еден од најдобрите дефанзивни тактичари Тардели ќе ја води Р. Ирска низ тешката група со надеж за освојување на едно од првите две места кое ќе биди ѓаволски тешко.
Не мора да се биде генијалец за да се очекува дека тактиката на Р. Ирска на оваа завршница ќе биде класичната 4-4-2 посветена на одбраната со згуснат среден ред од двајца средни играчи кои ќе се користат за прекинување на акциите на противникот, две брзи крила кои ќе покриваат назад, еден супер креативен шпиц и еден сидраш.
По објавување на финалниот список на Трапатони од 23 играчи составот на Трапатони и Тардели би требало да изгледа вака некако.
Неприкосновен на голманската позиција e искусниот Shay Given поранешниот капитен на Њукасл и моментално прво голман на Астон Вила.
Тоа е едно од местата во тимот каде што Ирска има неспорен квалитет и константност, и покрај тоа што не е во формата како што настапуваше во Њукасл сепак Гивен е голман кој знае да одбрани чисти зицери и да спаси утакмица.
Дефанзивната двојка ќе ја предводи капитенот на Aston Villa Richard Dunne, кој е неприкосновен во воздушните дуели и знае да биде инспиративен со неговата борбеност и желба.
Вториот централен ќе се бара помеѓу искусниот John O'Shea и Sean St Ledger. За очекување е овој вториот да му прави друштво на Dunn во срцето на одбраната додека O’Shea како ол-раунд играч би ја зазел левата бековска позиција.
Од десната страна ќе има доста ротации во зависност од противникот, но по мое во моментот најквалитетен на таа позиција тука е бекот на Fulam, Stephen Kelly.
Малку тенки се на позициите во средината Ирците во моментот, но секако двоецот тука Daren Gibson кој настапува во Everton и Glenn Whelan од Stoke со помош на искусниот Keith Andrews се играчи кои не може секој да ги импресио нира. На позицијата на крило Трапатони има навистина солиден избор на играчи од искусниот Damian Duff, квалитетниот McGeady и секако откритието на Сандрленд оваа година, еден од најперспективните ирски играчи и Премиер Лигата во моментот James McClean. Тука е секако и Stephen Hunt кој може да изигра на позиција како лево крило и полутка.
Нападот на Ирска ќе се темели на капитенот Robbie Keane кој е и прв стрелец на тимот, за очекување е да настапува како полушпиц веднаш зад сидрашите Shane Long/Kevin Doyle кои се скоро идентичен тип на играчи од причина што на Ирска им недостасува креативец во средината.

Што може да очекуваме:
По освојувањето на Грција на трофејот пред 8 години со сличен аутсајдерски состав може да биде се, но сепак покрај Шпанија, Италија и Хрватска во групата за очекување е Ирска да не успее да се квалификува ако само бегло се помине низ составот и се споредат играчите на екипите, но да не заборавиме дека Трапатони има одличен скор со Италија низ утакмиците како селектор против нив и истата Италија во моментот ја тресат скандали кои можеби и ќе се одразат на дел од играчите во составот. Историјата покажува дека Италијаните направиле најдобар успех на завршниците кога имаат вакви внатрешни скандали во федерацијата, но сепак можеби и тоа ќе биде некој фактор Ирците да преминат преку нив.
Коцкестите” се солиден состав, и тоа ќе биде еден од клучните дуели на Ирска за пласман во осмина-финалето.
Секако Шпанија веќе ја гледам високо на првото место во оваа група.

Позитивна карактеристика на екипата:
Во сегашниот состав на Ирска со исклучок на капитенот Роби Кин нема типична звезда, борбата на ега во тимот е сведена на минимум и е се предодредено за тимската игра. Ирскиот состав е доста искусен и овие играчи имаат многу заеднички натпревари во нозете, па ќе биде тешко да се импресионираат од имиња на состави и статистики, и треба секој екипа добро да се потруди да ги совлада. На дел од најквалитетните поеднци како Duff, Dunn, O’Shea и Keane можеби ова ќе им биде последна шанса за докажување и трофеј што ќе биде и дополнителна мотивација за нив.
Тренерскиот тандем Трапатони-Тардели е доста искусен и со играчи од типот на Dunn, O’Shea и голманот Given во последниот бедем пред голот ќе им биде тешко на секоја репрезентација да даде гол.

Негативна карактеристика на екипата:
Ирска има најслаб играчки кадар од сите репрезентации во групата, со исклучок на неколку поедници кои и не се баш во најдобри години и форма, останатите се просечни играчи во екипи кои се борат за испаѓање во Премиер Лигата или се пак во средината на табелата со исклучок на Robbie Keane кој настапува во САД и Aiden McGeady кој настапува во екипата на Спартак од Москва.

Играч на кој треба да се внимава:
Тука е секако капитенот на екипата Keane, но ако му се даде шанса на младиот McClean кој се развива во одичен играч со астрономска брзина би можел да биде и откритие на мундијалот ако Ирска успее да врзе неколку добри резултати и ја помине групата.

Повикани играчи:
1. Shay Given (Aston Villa)2. Sean St Ledger (Leicester)3. Stephen Ward (Wolves)4. John O'Shea (Sunderland)5. Richard Dunne (Aston Villa)6. Glenn Whelan (Stoke)7. Aiden McGeady (Sp'k Moscow)8. Keith Andrews (West Brom)9. Kevin Doyle (Wolves)10. Robbie Keane (LA Galaxy)11. Damien Duff (Fulham)12. Stephen Kelly (Fulham)13. Paul McShane (Hull)14. Jonathan Walters (Stoke)15. Darron Gibson (Everton)16. Keiren Westwood (Sunderland)17. Stephen Hunt (Wolves)18. Darren O'Dea (Celtic)19. Shane Long (West Brom)20. Simon Cox (West Brom)21. Paul Green (Derby)22. James McClean (Sunderland)23. David Forde (Millwall)
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
ПОЛСКА
Основни информации:​
Основани: 1919​
Прекар: Biało-czerwoni​
Највеќе настапи: Michał Żewłakow (102)​
Најдобар стрелец: Włodzimierz Lubański (48)​
ФИФА ранг листа: 75​
Најголеми успеси: 7 настапи на СП, 2 бронзи (1974. и 1982.)​
Полска е домаќин на ЕП 2012, со тоа не и беше потребно да игра квалификации. Додека другите репрезентации играа квалификации, Полска изгигра 20 пријателски утакмици. Остварија успех од 6 победи, 9 нерешени и 5 порази со гол разлика 24:24. Највеќе се истакнува победата против Аргентина од 2:1. Полска е доста млада репрезентација, која допрва треба да го достигне својот максимум. Европското првенство, секако ќе биде добра прилика, посебно на домашен терен, за да се докажат младите играчи. Релативно слабата група, секако им оди од рака. Поминување на групата и настап во 1/4 финалето, секако нема да биде никакво изненадување.​
Полска нема никакви успеси на ЕП. Досега само еднаш успеале, да ги поминат квалификациите и да се пласираат на ЕП. Тоа се случи 2008 година, кога домаќини беа Швајцарија и Австрија. Таму забележаа нерешено токму против домаќинот Австрија и 2 порази од Германија и Хрватска. Досега постигнале само еден гол на ЕП.​
Повикани играчи:​


Селектор: Franciszek Smuda (63)
Смуда го презеде кормилото на Полска 2009 година. Пред преземање на репрезентацијата водел повеќе полски клубови со кои неколку пати го освоил полското првенство. Од странски клубови ги има водено Konyaspor 1992 и Omonia 2004.

Предности:
Најголема предност на Полска секако е домашниот терен. Сепак, тоа лесно може да биде меч со две острици, заради големиот притисок, на кој ги ставија навивачите, затоа што минимално што очекуваат е пласман во 1/4 финале. Тука секако се и одличните играчи на Борусија Дортмунд: Piszczek, Blaszczykowski и Lewandowski, кои секако ќе претставуваат најголема опасност за противничките играчи.

Слабости:
Слабост е секако недостаток на класичен плејмејкер, кој ќе знае да задржи топка, против технички добро потковани противници. Многу од играта на Полска ќе зависи од Blaszczykowski и Lewandowski. Ако бидат добро затворени, Полска ќе има огромни проблеми, да оствари добар резултат, затоа што не се истакнува никој друг, да ги презеде работите во свои раце.
Песната, која ќе се пушта, кога ќе игра репрезентацијата​
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
ИТАЛИЈА

Oснована во: 1898​
Познати како: Аѕури​
Аспоцијација: Federazione Italiana Gioco Calcio​
Селектор: Чезаре Прандели​
Капитен: Џанлуиџи Буфон​
Највеќе настапи: Фабио Канаваро (136)​
Најдобар стрелец: Луиџи Рива (35)​
ФИФА код: ITA​
ФИФА ранкинг: 12-ти​

Аѕурите се мојот избор за анализа. Пред се навивачки, бидејќи од секогаш ми биле фаворити. Станува збор за една од репрезентациите кои од секогаш биле во врвот на европскиот и сведскиот фудбал. Иако не можат да се пофалат со којзнае каква историја на европските првенства во минатото (победници само еднаш, во далечната 1968; второпласирани еднаш, во 2000 година; четвртопласирани во 1980 и полуфиналисти во 1988), сепак, станува збор за една репрезентација желна за промена на не толку одличната историја на европските првенства досега. Во последниве две декади, доживеаа неколку прерани елиминации во ова натпреварување, но Чезаре Прандели и неговите селектирани играчи летово ќе дадат се од себе да се погрижат тоа да не се случи во Полска и Украина. Напротив - решени се да напишат ново поглавје во историјатот на Италија во европските првенства.


Патот до ЕУРО 2012
Како што може да се види на сликата од табелата на групата С, на репрезентацијата на Италија и беше падната прилично лесна група, каде немаа многу потешкотии. Tимот на Аѕурите, предводен од одличната одбрана која прими само 2 гола, рутински газеше како што течеа квалификациите. Главниот конкурент на Италија во кфалификациската група - репрезентацијата на Србија, потфрли, што беше уште еден голем плус Италија да има лесен пат до ЕУРО 2012 Полска/Украина. Четата на Чезаре Прандели гордо ги исчекори квалификациите, давајќи до знаење дека сериозно го сваќа престојното Европско првенство.​
Повикани играчи, селекција:
Голмани: Џиџи Буфон (Јувентус) Морган Де Санктис (Наполи), Салваторе Сиригу (ПСЖ);​
Одбрана: Игнасио Абате (Милан), Федерико Балзарети (Палермо), Андреа Барзаљи (Јувентус), Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Киелини (Јувентус), Кристиан Маџо (Наполи), Анџело Огбона (Торино)​
Среден Ред: Даниеле Де Роси (Рома), Алесандро Диаманти (Болоња), Емануеле Џакерини (Јувентус), Клаудио Маркисио (Јувентус), Рикардо Монтоливо (Милан), Тиаго Мота (ПСЖ), Антонио Ночерино (Милан), Андреа Прило (Јувентус)​
Напад: Марио Балотели (Манчестер Сити), Фабио Борини (Рома), Антонио Касано (Милан), Антонио Ди Натале (Удинезе), Себастиан Џовинко (Парма).​
Како што може да се види од листата погоре, Чезаре Прандели ќе настапи на ова првенство со речиси комплетно нова генерација на играчи. Ги нема легендите Дел Пиеро, Тоти, Гатузо, Канаваро, Инзаги, Ѕамброта, Матераци. На нивно место, доаѓа една мешавина на млада, желна за докажување генерација (Џовинко, Бонучи, Борини, Балотели, Огбона, Маркисио, Абате...) со генерација на фудбалските професори, искусните сведски шампиони од пред 6 години за кои нема потреба од коментар, играчи чии успеси зборуваат повеќе одколку сите зборови што би ги напишал за нив во анализава (Буфон, Киелини, Пирло, Де Роси, Касано...).​
Италија може да се пофали со една од најјаките ако не и најјаката одбрана на првенството. Во квалификациите, имаа најјака одбрана со примени само два гола. Оваа бројка е благодарение на неколку играчи од таборот на Аѕурите кои имаа перфектна сезона и на клубски план: Буфон и Киелини, но и препородениот Барзаљи. Поддржувани од солидните бекови во имињата на Маџо, Балзарети, Абате, како и младите централни дефанзивци Бонучи и Огбона, Прандели ќе има слатки маки при склопување на одбраната на престојното првенство.​
И во средината репрезентацијата на Италија може да се пофали со свои адути. Феноменот Андреа Пирло, заедно со Де Роси и Маркисио најверојатно ќе бидат прва опција на Чезаре во тимот. Уиграноста на овој дел од теренот е на високо ниво. Поддршката на овие тројца е исто така солидна. Одличните Ночерино, Тиаго Мота, Џакерини, Монтоливо, кои имаа феноменални сезони во своите тимови гарантираат можност за ротација во таборот на Аѕурите.​
Нападот се чини дека е најслаба алка во составот. Тотално подмладен, без класичен голгетер освен Ди Натале, Италија е куса во овој сегмент. Меѓутоа, доколку Ди Натале, Џовинко, Борини и пред се Касано и Балотели си ја сватат сериозно работата, и доколку се прикажат во најдобро светло, ќе гледаме една комплетна, јака и воиграна селекција на играчи која ќе постигнува многу голови.​
Играчи кои можат да направат разлика:
Сите видовме сезонава зошто Пирло е најгоре во оваа листа. Колку е значаен во тимот, докажа неговиот учинок во Јувентус. Андреа беше лидер и главна алка во играта на Јувентус, воедно и еден од клучните играчи на Јуве сезонава, играч што често ја направи разликата со својата фудбалска способност, техника и креативност. Како и обично, главниот диригент на играта на Италија и играчот кој ќе ги почнува сите акции на репрезентацијата и ќе биде клучна фигура при дистрибуција на топката до напаѓачите. Доколку Пирло изигра како што знае, целата репрезентација ќе оди напред.​
Антонио Касано
Иако повреден цела сезона, сепак на крајот доби повик од Прандели. Профил на играч кој задолжително мора да се има во шампионска екипа. Играч кој сам може да реши натпревар. Тоа што нема голем притисок кон него за да се покаже, што е резултат од тешката повреда која ја имаше, му ја олеснува задачата на Антонио да се прикаже во најдобро светло. Извонреден играч доколку сериозно си ја свати работата. Ди Натале и Балотели и те како ќе можат да профитираат од неговата визија во нападот.​
Џанлуиџи Буфон
Нема потреба од многу зборување. Најдобриот голман на сите времиња. Доволно е.​
Предности:
  • Одбраната пред се​
  • Воиграна средина
  • Одлични голмани
  • Очекувањата и притисоците не се преголеми како кај Шпанија, Германија и Холандија на пример
  • Океј опции од клупата доколку некој од првотимците подфрли
  • Играта од прекини
Недостатоци:
  • Не многу ефикасен напад, недостиг на вистински голгетер
  • Недостиг на лидер во нападот од калибарот на Тоти, Дел Пиеро
  • Не толку искусен селектор
  • Преголем број на SS (сапорт страјкери)
  • Солидни но неискусни бекови
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Хрватскa
Во последен момент влегов во анализава на репрезентацииве. Несакав да ја анализирам ниедна друга репрезентација, освен мојот фаворит на првенствово, како и фаворитот насите досегашни првенства - Хрватска.​

Хрватска отсекогаш била мој прв избор на Европските првенства (на светските заедно со Бразил). Иако не е којзнае колку силна репрезентација, можеби не е секогаш во фудбалскиот врв, Хрватската репрезентација си има свои блескави моменти одвреме-навреме.​
Побитни факти:
Основена: 1912 година​
Примена во ФИФА: 1941​
Прекар: Коцкести​
Тренер: Славен Билиќ​
Играч со најмногу настапи: Дарио Шимиќ (83)​
Играч со најмногу постигнати голови: Давор Шукер (45)​
Најголем успех: 3то место на СП во Франција 1998 година​
Најдобар успех на ЕП: четвртфинале во 1998 година​
Патот до ЕУРО 2012:
Хрватска може да се каже дека беше во некоја средна по квалитет група за квалификации на ЕУРО 2012. Во друштво на Грција, Израел, Латвија, Грузија и Малта, Хрватската репрезентација го завзема 2рото место позади Грците со 22 освоени бодови, со 7 победи, 1 нерешена и 2 пораза. Далеку на третото место се наоѓаше Израел со освоени 16 бода.​
Хрватите потоа се префрлија на бараж - дуелите против Турција, каде што скоро сите ја отпишаа Хрватска, дури и хрватската јавност не веруваше дека пулените на Билиќ ќе можат да направат нешто повеќе. Но се случи нешто, после кое сите се чудеа. На првиот напревар Хрватска потполно ја потопи турција на гостински терен поразувајќи ја со 0-3. Вториот натпревар беше само формалност за коцкестите, играа смирено и само го чекаа крајот завршувајќи со резултат 0-0.​
Така Хрватите се пласираа на Европското Првенство.​
Група:
Хрватска на ова Европско првенство е во групата Ц во која се уште Светскиот и Европскиот првак Шпанија, Италија и Република Ирска. Ждрепката и не и беше којзнае колку наклонета на Хрватска, сепак Шпанците се први фаворити за освојување на титулата, Италијанците се секогаш во фудбалскиот врв, Ирците се релативно најслабата репрезентација во групава (барем на хартија, кога ќе почне натпреварот веќе се е можно). Сепак и со оглед на тоа Хрватите се надеваат и веруваат дека можат да им ги поматат сметките на Шпанците или Италијанците и да ги бутнат на 3тата позиција и со самото тоа, коцкестите да се пласираат во нокаут-рундата.​
Натпревари:
Република Ирска - Хрватска: 10 јуни, 20:45​
Италија - Хрватска: 14 јуни, 18:00​
Шпанија - Хрватска: 18 јуни, 20:45​
Реално гледано, Хрватите својот пласман во следната фаза мора да го бараат после првите 2 кола. Ирците мора да се победат по секоја цена, па после со сите сили да се атакува на победа и против Италија, која сите знаеме сеуште ги тресе скандалот со наместените натпревари, па имаат малку нарушена атмосфера во соблекувалната. Во третиот натпревар Хрватите нема што да бараат, едноставно Шпанците се премногу моќни за да успеаат да направат нешто против нив, така да пласманот мора да го обезбедат после првите 2 кола.​
Состав:
Голмани:
Стипе Плетикоса, Иван Келава, Данијел Субашиќ​
Одбрана:
Иван Стриниќ, Јосип Шимуниќ, Јурица Буљак, Ведран Чорлука, Гордон Шилденфелд, Домагој Вида​
Среден ред:
Данијел Прањиќ, Иван Ракитиќ, Огнен Вукојевиќ, Лука Модриќ, Дарио Срна, Милан Бадељ, Иво Иличевиќ, Томислав Дујмовиќ, Нико Крајнчар, Иван Перишиќ​
Напад:
Никица Јелавиќ, Марио Манџукиќ, Ивица Олиќ, Едуардо​

Според составов, може да се види дека Хрватитие имаат доста добар состав, можеби се малку кратки во одбраната, но затоа за тоа надокнадуваат со нападот и најмногу со средниот ред.​
На голот сигурно ќе биде Стипе Плетикоса, кој е најискусен од голманите и е долго време прв голман на репрезентацијата.​
Во одбраната едно е јасно....немаат централен дефанзивец. На бековските позиции премногу ќе фали Ловрен кој се повреди непосредно пред ЕП, но сепак имаат добра замена тука. На десната страна прв избор најверојатно ќе биде Вида, во некој случај можеби и Срна кој можеби е подобро да игра десен бек отколку десно во средината, но тоа е на Билиќ.​
Во средината Билиќ е на слатки маки кој попрво да го одбере, затоа што сите имаа одлични сезони во своите клубови и играа фантастични сезони. Со оглед на тоа дека Вида ќе игра десен бек, Срна влегува десно во одбраната, веднаш до него Дујмовиќ и Модриќ а можеби нешто понапред од нив ќе биде Перишиќ. За Модриќ нетреба да се трошат зборовите, игра фантастично во Тотенхем, голем број на европски клубови се заинтересирани за него. Срна е веќе институција во Хрватска и по десната страна е неприкосновен. Перишиќ со Борусија ја освои двојната круна во Германија, изигра одлична сезона, и ќе биде од огромна помош за нападот.​
Уште кога ќе видиш дека на клупа ќе ти останат играчи како Крајнчар, Ракитиќ, Прањиќ, Бадељ па и Иличевиќ јасно е дека Хрватите имаат кој да им ја организира играта.​
За нападот е скоро па сигурно дека ќе се стартува со Манџукиќ и Јелавиќ, а Олич да биде златната замена. Времето на Едуардо помина, но сепак ако во некој наптрревар ќе се бара погодок, јасно е дека и тој ќе ја дочека својата шанса за да влезе во игра и да покаже дека сеуште има нешто во него...ако не друго искусен и знае кога и каде треба да биде.​
Можеби во составов е неочекувано изоставувањето на Калиниќ, но според Билиќ, Бадељ, Буљат и Иличевиќ се многу побитни за репрезентацијата отколку тој.​
Најверојатно ќе играат со 4-2-2 формација: Плетикоса - Вида - Чорлука - Шилденфелд - Стриниќ - Срна- Дујмовиќ - Модриќ - Перишиќ - Манџукиќ - Јелавиќ....ова се барем играчите кои на тренинзите тренираат како прва 11ка.​
Најдобар играч:
Моментално најдобриот играч на Хрватска е дефинитивно Лука Модриќ. Човекот изигра две фантастични сезони во Тотенхем и го привлече вниманието на најјаките европски клубови, но засега тој е сеуште играч на Тотенхем (иако никој не верува дека тоа ќе остане така уште долго време). Од него се очекува да ја гради целата игра на Хрватите и да не прекине да им дава топки на напаѓачите, а одвреме-навреме и тој смаиот да се закани со по некој шут од далечина.​
Играчи од сенка, играчи кои можат да изненадат:
Марио Манџукиќ и особено Никица Јелавиќ се играчите од сенка кои можат да им направат огромни проблеми на противничките одбрани. Манџукиќ изигра одлично во Волсфбург многу често беше стрелец, така да тој можеби и нема да биде којзнае колку неочекувано да блесне, но според мене Јелавиќ ќе биде оној што ќе растура на ЕП. Од Ренџерс годинава се префрли во Евертон во една од најјаките лиги на светот и на 13 настапи имаше 9 гола постигнато за нив. Од него јас како навивач очекувам многу.​
Се на се, очекувам Хрватите да се борат до крај за една од првите 2 позиции кои ќе ги однесат во следната фаза, каде што ќе ги очекуваат Франција/Англија/Шведска или Украина. Но отом-потом, прво на 10 јуни мора да се победи Ирска и да се исфрлат уште од старт од трката, па потоа да се бараат бодови против фаворизираните Италија и Шпанија.​
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.856
Поени од реакции
24.306
ШПАНИЈА


Основана во: 1909​
Познати како: La Furia Roja​
Селектор: Висенте Дел Боске​
Капитен: Икер Касиљас​
Највеќе настапи: Икер Касиљас (131)​
Најдобар стрелец: Давид Виља (51)​
ФИФА ранкинг: 1​
Пред 4 години, Шпанија испиша историја на Европското првенство, прекинувајќи ја низата од 44 години не освоена титула на ова првенство. Сега пристигнуваат на Евро 2012 како европски и светски шампиони, гледајќи да испишат уште една историја со тоа што ќе станат првиот тим кој успеал да освои три интернационални големи титули во низа. Не е некое изненадување дека токму Шпанија (заедно со Германија и Холандија) се главните конкуренти за освојување на титулата. Нивната доминација во светскиот фудбал е сеуште во подем. Од како е тренер Висенте Дел Боске, Шпанија има забележано само 2 порази од кои едниот е против селекцијата на Америка во 2009та година на Купот на Конфедерации, а вториот пораз е против селекцијата на Швајцарија во нивниот прв меч од Светското Првенство 2010та година.​
Патот до ЕУРО 2012
Шпанија на Евро 2012 во Полска и Украина успеа да се квалификува како прво пласирана во последната група, во која за противници ги имаше Чешка, Шкотска, Литванија и Лихтенштајн и успеа да ги освои сите можни 24 поени од осумте натпревари и да заврши со гол разлика од 26:6. Шпанија е единствениот тим заедно со Германија кои на патот кон Евро 2012 успеаа да ги победат сите репрезентации во својата група. Лихтенштајн ги победија со 4:0 и 6:0, Литванија двапати ја победија со 3:1, Шкотска со 3:2 и 3:1 и Чешка со 2:1 и 2:0. Најдобар стрелец во квалификациите за Евро 2012 беше Давид Виља со седум гола, а блиску позади него беа Давид Силва со четири гола и Фернандо Љоренте со три гола.​
Повикани играчи, селекција:
Голмани: Икер Касиљас (Реал Мадрид), Пепе Реина (Ливерпул), Виктор Валдес (Барселона)​
Одбрана: Алваро Арбелоа (Реал Мадрид), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Хуанфран (Атлетико Мадрид), Јорди Алба (Валенсија), Раул Албиол (Реал Мадрид), Џерард Пике (Барселона), Чави Мартинез (Атлетик Билбао)​
Среден ред: Чави (Барселона), Серхио Бискец (Барселона), Андрес Иниеста (Барселона), Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Давид Силва (Манчестер Сити), Санти Казорла (Малага), Цеск Фабрегас (Барселона), Хуан Мата (Челзи)​
Напад: Хесус Навас (Севиља), Педро (Барселона), Фернандо Љоренте (Атлетик Билбао), Фернандо Торес (Челзи), Алваро Негредо (Севиља)​
Дел Боске има голем избор кога се работи за изборот на играчи кои ќе играат во средниот ред, секако од дуото на Барса, Чави и Иниеста уште еднаш ќе се очекува да и помогнат на Шпанија да ја диктира нејзината игра со својата визија, контрола на топката, и брзите и кратки додавања. Не сите од Серхио Бускец, Чаби Алонсо, Давид Силва, Хуан Мата и Фабрегас ќе влезат да играат секој натпревар, но било која комбинација што ќе биде направена со овие играчи ќе донесе добар резултат за репрезентацијата.​
Напред, иако Виља беше најдобар напаѓач на Шпанија на Евро 2008, Светско Првенство 2010 и дури и на квалификациите од ова првенство, сепак тука ќе бидат Фернандо Торес, Фернандо Љоренте, Педро и Алваро Негредо кој се повеќе од доволни и способни да обезбедат голови за шпанската репрезентација и да го заменат отсуството на Давид Виља. Посебно Љоренте имаше импресивна сезона во дресот на Атлетик Билбао, неговата сила, способноста во воздушните дуели и осетот за гол покренаа интерес кај неколку големи Европски клубови. Во меѓувреме, под закана да не го изгуби своето место во репрезентацијата, Торес кој постигна гол во националниот дрес за прв пат после цела година во пријателската утакмица против Јужна Кореа, може да направи разлика, покажувајќи знаци на враќање на својата самодоверба откако имаше лоша сезона во дресот на Челзи.​
Одбрана е можеби единствената релевантно слаба точка на Шпанија. На голот несомнено ќе биде незаменливиот Икер Касиљас кој воедно има и највеќе настапи за шпанската репрезентација, неговото присуство влева поголема самодоверба кај сите репрезентативци. Отсуството на искусниот Пујол дефинитивно ќе се осети како на терените така и во соблекувалната на играчите, неготово отсуство ќе го замени Серхио Рамос заедно со својот партнер Џерард Пиќе во центарот, и Алваро Арбелоа и Јорди Алба на страничните бековски позиции.​
Шпанија беше сместена во малце потешка група заедно со Италија, Хрватска и Ирска, и иако се очекува од нив да ја поминат лесно групата и да стигнат далеку, па и да станат првиот тим што до сега освоил Евро два пати по ред, нема да биде лесно. Исто како и со Барселона, противниците почнуваат да наоѓаат начини со кој ќе ја фрустрираат Шпанија со тоа што ќе се ориентираат на дефанзивни тактики кои добро се покажале во вакви натпреварувања. Ако шпанските ѕвезди усепат да го надминат овој предизвик и да најдат начин за додатна мотивација, со нивниот квалитет и искуство може да напишат повторно историја.​
Играчи кои можат да направат разлика:
Чави Хернандез
Ова беше една од подобрите сезони на Чави во кариерата на Барселона. Неговите 14 гола означуваат дека ова му е втор пат во 14 сезони како ова било двоцифрена бројка. Беше одбран за најдобар играч на минатото Европско и не се ни сомневам дека ова Европско ќе биде еден од клучните и главни играчи на Шпанската репрезентација. Но, исто така оваа сезона имаше и доста повреди. После Светското првенство, Чави мачи мака со повреди и иако вети дека ќе биде целосно спремен за ова натпреварување, сепак 6 натпрвари во 3 недели може да биде тежок предизвик за него.​
Давид Силва
Силва во титулата на Манчестер Сити доприносе со тоа што постигна 8 гола и 17 асистенции. 26 годишниот шпански репрезентативец ја започна својата карера во Селта, па преку Валенсија стигна во Манчестер Сити и стана еден од повеќе почитуваните средишни играчи со тоа што во 102 натпревари за Сити има постигнато 14 голови и 37 асистенции. За националниот тим има настапено прв пат во 2006та година и до сега има одиграно 55 натпревари и постигнато 15 голови. Ако Дел Боске му довери повеќе шанса, сигурен сум дека Силва ќе биде човек што ќе може да направи голема разлика на ова европско првенство.​
Серхио Рамос
Рамос ја започна својата кариера како десен бек, но оваа сезона се прекомандува во централен бек. Толку добро се покажа на оваа позиција што тренерот на Реал Мадрид сака и следната сезона да го остави на оваа позиција. На ова Европско првенство ќе треба да го замени отсуството на Пујол, со што ќе биде главниот координатор во одбраната. Неговите способности како централен дефанзивец се веќе докажани и нема потреба да се сомнева во неговите квалитети на оваа позиција. Некои дури изјавуваат дека подобар е како десен бек, отколку како страничен.​
Се на се кога ќе се земе се очекува Шпанија да ја помине групата како фаворит на првата позиција и да стигне до полуфинале. Но како и да е освојувањето на втората по ред Европска титула и освојување на третата голема интернационална титула ќе биде претежок предизвик дури и за оваа златна генерација на Шпанија.​
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
ХОЛАНДИЈА
На два дена до Европското првенство конечно анализа и за Холандија. :D Четвртата репрезентација на Фифа рангирањето е еден од главните фаворити за освојување на златото. Холандија како фудбалска нација отсекогаш располагала со многу талентирани фудбалери, со страшен напаѓачки потенцијал и дала голем број на фудбалски легенди. Сепак, исто така за Холандија важи и дека е репрезентација која највеќе потфрлила на големите натпреварувања. Иако претставувала фаворит во речиси секое големо натпреварување уште од седумдесетите, може да се пофали само со една титула и тоа на Европското првенство во 1988.

Со својата напаѓачка игра привлекува голем број на фанови, а додека сме кај фановите мора да се спомене дека Холандија го има и главниот адут, Силвија Ван Дер Ваарт. :D
-








Моменталната репрезентација на Холандија не е многу поразлична од таа која загуби во финалето на Светското првенство во 2010, што значи дека претставува еден добро уигран склоп кој повторно ќе атакува на злато.
Да ги претставам повиканите фудбалери..

ГОЛМАНИ
1.Стекеленбург (Рома), 12. Ворм (Свонси), 22. Крул (Њукасл)
Можеби најдобрата репрезентативна тројка голмани на првенствово. Ворм и Крул имаа одлична сезона во своите клубови, посебно Ворм, но Стекеленбург е оној со најголемо искуство, па тој ќе биде во првата постава. Како и да е, голот е во сигурни раце. :D

ОДБРАНА
21. Буларуж (Штутгарт), 3. Хајтинга (Евертон), 4. Матијсен (Малага), 13. Влаар (Феенорд), 5. Боума (ПСВ), 2. Ван Дер Вил (Ајакс), 15. Вилемс (ПСВ)
Одбраната претставува единствената слабост на Холандија. Ван Дер Вил е еден од најбараните играчи на трансфер пазарот и еден од најголемите таленти во светот на својата позиција. Хајтинга и Матијсен имаа одлични сезони во своите клубови, а изненадувачки е повикот на Боума и на Вилемс. Јетро Вилемс е 18-годишен лев бек од ПСВ кој е повикан место својот клупски колега Ерик Питерс и судејќи според последните пријателски натпревари на Холандија би требало да игра во првата постава. Берт Ван Марвијк се надева дека Вилемс е вистинското решение за левата бековска позиција која претставува посебна слабост на репрезентацијата по пензионирањето на Ван Бронкхорст.

СРЕДИНА
20. Афелај (Барселона), 6. Ван Бомел (ПСВ), 8. Де Јонг (Манчестер Сити), 14. Шаарс (Спортинг Лисабон), 10. Снајдер (Интер), 17. Строотман(ПСВ), 23. Ван Дер Ваарт (Тотенхем)
Без изненадувања во изборот на средината. Ван Бомел е капитен на репрезентацијата и незаменлив во првата постава. Ако Ван Марвијк избере 4-2-3-1 или 4-3-3 формација, тогаш Де Јонг би требало да му биде партнер на Ван Бомел во средината и заедно да ја покриваат релативно слабата одбрана. Снајдер по својата разочарувачка сезона во Интер се очекува да ја врати својата форма во репрезентацијата. Афелај иако беше долго повреден оваа сезона сепак не е изненадување тоа што е повикан во репрезентацијата и се очекува да биде еден од најдобрите замени на ова првенство. Исто така Ван Дер Ваарт е голем играч за кого најверојатно нема да има место во првата постава. Строотман и Шаарс по своите одлични сезони во своите клубови се добри опции на клупата.

НАПАД
9. Хунтелар (Шалке), 18. Лук де Јонг (Твенте), 7. Кајт (Фенербахче), 19. Нарсинг (Херенвен), 16. Робин ван Перси (Арсенал), 11. Робен (Баерн Минхен)
Берт ван Марвијк го има тој луксуз во својата репрезентација да ги има најдобриот стрелец во Премиер лигата и најдобриот стрелец во Бундес лигата. И Ван Перси и Хунтелар ги имаат своите најдобри сезони во кариерата па нема да е чудно ако и двајцата бидат вклучени во првата постава. Доколку тоа се случи, Ван Перси би играл како десно крило, а Хунтелар како централен напаѓач. Сепак, Ван Перси и Робен доколку е спремен се незаменливи во првата постава. Кајт кој имаше разочарувачка сезона во Ливерпул исто така може да биде вклучен во првата постава во некои натпревари, а тука е и 21-годишниот Нарсинг од Херенвен кој имаше одлична сезона. Лук де Јонг од ПСВ беше избран на сметка на неговиот брат Сим де Јонг од Ајакс и заедно со Нарсинг ќе ја чекаат својата шанса од клупата.

МЕНАЏЕР
Берт Ван Марвијк го наследи Ван Бастен по Европското 2008 и постигна значаен успех со Холандската репрезентација. Успеа да воведе една хармонија во играта на репрезентацијата и стигна до финалето на Светското првенство во 2010. На почетокот имаше доста критики кон него поради тоа што играта на репрезентацијата била дефанзивна, но под негово водство Холандија има 23 победи во последните 25 официјални натпревари. Во квалификациите Холандија имаше 9 победи од 10 натпревари и постигна најголема гол разлика. Во овој циклус Холандија ја забележа најголемата победа во својата историја со 11-0 над Сан Марино.
Ван Марвијк, кој има освоено Уефа куп со Феенорд во 2002, има договор до 2016 година.

-



ДРЕСОВИ




-
ТАКТИКА
Очигледно е дека Холандија ќе игра 4-2-3-1 формација, со двајца офанзивни бекови и двајца дефанзивни играчи во средината. Ван Марвијк има слатки маки во изборот на играчи во нападот поради тоа што има голем избор на располагање. Во минатото еден од клучните проблеми за неуспехот на репрезентацијата претставувало егото на големите играчи, но по се изгледа овој проблем во оваа репрезентација на Холандија е надминат. Единствено важно прашање е како ќе соработуваат Снајдер и Ван Перси поради тоа што иако и двајцата се тимски играчи за своите клубови, на моменти делуваат како себични играчи за репрезентацијата. Неколку поситни дилеми за Ван Марвијк се ситуациите на Афелај и на Кајт бидејќи Кајт има изиграно најмногу репрезентативни натпревари под водство на Ван Марвијк, а Афелај на време се опорави од својата повреда.
Генерално, Ван Марвијк употребува две варијации на оваа формација. Првата варијација е онаа која ја играше Холандија на Светското и онаа која ја игра против посилни противници, наречена како “Двоен пивот” варијација. Втората варијација е против противници кои се ориентирани на одбраната каде што употребува двајца плејмејкери во средината и оваа варијација главно е употребувана во квалификациите за Европсково. Фановите на Холандија бараат Ван дер Ваарт да биде вклучен во првата постава на местото на Де Јонг со што би се вовела уште поголема креативност, но мое мислење е дека сепак Ван Марвијк ќе си остане на своите желби. Од почетокот на Светското 2010 година па до сега, со исклучок на натпреварот против Украина каде што играше Холандија Б и со исклучок на натпреварот против Баерн Минхен, Холандија има изиграно 20 натпревари со првата варијација со што во просек има 2.39 поени по натпревар, а со втората варијација има изиграно 7 натпревари со просек од 2.71 поен по натпревар. Битно е да се напомене дека просечниот Фифа ранг на репрезентациите против кого била употребена првата варијација е оној на Чешка, а втората варијација била употребена против репрезентации од типот на Унгарија.
Друга дилема и ситуација каде што се спротиставени желбите на Ван Марвијк и оние на фановите е ситуацијата Ван Перси-Хунтелар. За истиот број на анализирани натпревари, Хунтелар има дадено 14 голови во 13 натпрвари, а Ван Перси 5 голови во 14 натпрвари. Битно да се напомене е дека Ван Перси има дадено и 5 голови како лево крило. Сепак, најважната статистика која го подржува мислењето на Ван Марвијк е онаа која покажува дека со Ван Перси како централен напаѓач Холандија има 2.57 поени по натпревар, а со Хунтелар значително помалку со 2.15 поени по натпревар додавајќи го фактот дека Хунтелар е употребен против репрезентации со понизок ФИФА ранг. Споредувајќи ги првата варијација + Ван Перси и втората варијација + Хунтелар ни дава уште позначајна слика со тоа што првиов избор има скор од 9-2-0, а вториот има скор од 5-1-3.
-




За крај, Холандија своите натпревари ги игра на 9 јуни против Данска, на 13 јуни против Германија и на 17 јуни против Португалија.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.732
Поени од реакции
9.856
ШВЕДСКА
Квалификации за Еуро 2012​
Шведска во квалификациите за Еуро 2012 почна со новиот тренер Ерик Хамнер ,почнувајќи добро во групата Е против Унгарија и Сан Марино.Потоа загубија во Амстердам од Холандија со 1-4 ,за да потоа ги добијат Молдавија на домашен и гостински терен и комшијата Финска со високи 5-0.После тоа следи пораз од Унгарија на гости со 2-1 со гол на Унгарите во последната минута,за да потоа ги добие Сан Марино и Холандија на домашен терен со 3-2..и така да се пласираат за Еуро 2012,каде што се паднаа со Франција и Англија во иста група и домаќинот Украина. Групата Д.​
Прв состав на Шведска​
  • Isaksson — Голман
  • Lustig — Десен бек
  • Mellberg — Десен стопер
  • Granqvist — лев стопер
  • Olsson —Лев бек
  • Svensson — Средина десно
  • Källström —Средина лево
  • Larsson — Напаѓач десно
  • Ibrahimovic — Напаѓач центар
  • Elm — Напаѓач лево
  • Тolvonen - Шпиц

Ибрахимовиќ,првата ѕвезда на Шведска

Фифа ранк : 17


Распоред на натпреварите во група Д.


Јуни 11, 2012Украина-Шведска (Киев)
Јуни 15 15, 2012 Англија (Киев)
Jуни 19, 2012 Франција (Киев)


Голмани
Aндреас Исаксон (ПСВ )
Јохан Виланд (Копенхаген)
Пар Хансон (Хелсингборг)
Odbrana
Михаил Антонсон (Болоња)
Aндреас Гранвис (Џенова)
Oлоф Мелберг (Олимпиакос)
Joнас Олсон (ВБА)
Maртин Олсон (Блекбурн)
Beхранг Сафари (Aндерлехт)
Mихаел Ластинг (Селтик)
Среден ред
Eмир Бајрами(Tвенте)
Raсмус Елм (Aз Алкмаар)
Saмуел Холмен (Истанбул)
Kим Калстром (ЛИОН)
Seбастиан Ларсон (Сандерленд)
Aндреас Свенсон (Eлфсборг)
Понтус Вермблум (ЦСКА Москва)
Кристиан Вилхелмсон (Aл-Хилал)
Напад
Jохан Елмандер (Галатасарај)
Toбиас хисен (Гетеборг)
Златан Ибрахимовиќ (Милан)
Maркус Росенберг (Вердер)
Oла Тоивонен (ПСВ Ајндховен)

Тренер
Ерин Хамрен


Кратка анализа,наредните денови ќе дополнувам уште,пуса :love:
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.224
Поени од реакции
21.486
Германија

Драги љубители на фудбалот, еве и од мене една анализа за фудбалската велесила Германија. Имав веќе преданализа напишано но тогаш не се знаеше уште комплетниот состав и исто така има некој новости во врска со тимот. Но за почеток некој основни информации за Германскиот тим:​
Deutscher Fussball Bund (DFB) - Германски фудбалски сојуз (ДФБ)
  • основан: 1900​
  • претседател: Др. Тео Цванцигер​
  • Спортски директор: Матиас Замер​
  • официјална страна: www.dfb.de
  • Најголеми конкуренти: Англија, Холандија
Досегашни успеси:
  • Светски првенства:
  • Светски шампион: 1954, 1974, 1990
  • Светски вице-шампион: 1966, 1982, 1986, 2002
  • Трето место на СП: 1934, 1970, 2006, 2010
  • Европски првенства:
  • Европски шампион: 1972, 1980, 1996
  • Европски вицешампион: 1976, 1992, 2008
Официјален состав: (име, години, настапи, голови, клуб):

Гол:
  • Manuel Neuer / 26 / 26 / 0 / FC Bayern München
  • Tim Wiese / 30 / 6 / 0 / TSG 1899 Hoffenheim
  • Ron-Robert-Zieler / 23 / 1 / 0 / Hannover 96
Одбрана:
  • Marcel Schmelzer / 24 / 6 / 0 / Borussia Dortmund
  • Benedikt Höwedes / 24 / 8 / 0 / FC Schalke 04
  • Mats Hummels / 23 / 14 / 1 / Borussia Dortmund
  • Holger Badstuber / 23 / 20 / 1 / FC Bayern München
  • Philipp Lahm / 28 / 86 / 4 / FC Bayern München
  • Per Mertesacker / 27 / 81 / 1 / FC Arsenal London
  • Jérôme Boateng / 23 / 21 / 0 / FC Bayern München
Средина:
  • Ilkay Gündogan / 21 / 2 / 0 / Borussia Dortmund
  • Sami Khedira / 25 / 27 / 1 / Real Madrid
  • Bastian Schweinsteiger / 27 / 90 / 23 / FC Bayern München
  • Mesut Özil / 23 / 33 / 8 / Real Madrid
  • Lars Bender / 23 / 6 / 0 / Bayer Leverkusen
  • Toni Kroos / 22 / 26 / 2 / FC Bayern München
  • Mario Götze / 20 / 14 / 2 / Borussia Dortmund
Напад:
  • André Schürrle / 21 / 14 / 7 / Bayer Leverkusen
  • Lukas Podolski / 27 / 97 / 43 / FC Arsenal London
  • Miroslav Klose / 33 / 116 / 63 / Lazio Rom
  • Thomas Müller / 22 / 27 / 10 / FC Bayern München
  • Marco Reus / 23 / 6 / 1 / Borussia Dortmund
  • Mario Gomez / 26 / 52 / 22 / FC Bayern München
Стручен штаб:
  • Joachim Löw (Селектор)
  • Hansi Flick (Помошник селектор)
  • Oliver Bierhoff (тимски менаџер)
Значи од првите 27 одпаднаа Андре Тер Штеген, Свен Бендер, Јулиан Дракслер и Какау. Најголем блок на репрезентацијата има Баерн Минхен со 8 играчи, следува Борусија Дортмунд со 5, Леверкузен, Реал Мадрид и Арсенал Лондон со по двајца играчи. Просекот на овај тим изнесува 24,5 години и со тоа Германската репрезентација е најмлад состав на ова првеснтво.


Критични позиции:
Прв голман за Германија без сомневајне ќе биде Мануел Нојер кој годинава покажа одлични настапи во Баерн. После него иде искусниот Тим Визе и талентираниот Цилер. И во случај Нојер да се повреди Германија има одлична замена на оваа позиција.

За одбраната се водат најголеми дискусии и поред мене овој дел може да биде најкритичен за ДФБ-тимот. Сигруни играчи ќе бидет Бадштубер кој ќе игра лев-централен бек. Втората средна бекска позоција е спорна. Тука Хумелс и Мертесакер водат конкурентска битка. И двајцата имаат предности и слабости. Хумелс е одличен играч и втор пат во ред во Бундеслигата е изгласан за најдобар бек на годината но неговите досегашни настапи за Германскиот тим беа просечни и полоши што се должи можеби и на помалото искуство. За разлика од него Мертесакер има огромно искуство, многу турнири и настапи за Германија но важи за послаб играч од Хумелс и исто така сега се враќа од долгорочна повреда и прашајнето е дали ќе биде фит. Моја прогноза е дека Лев ќе почне со Мертесакер и зависит од неговите настапи Хумелс ќе добие шанса или не. Иначе Лев денес на пресконференцијата изјави дека Лам ќе игра лево. Една причина за тоа е што Шмелцер како лев бек не е доволно стабилен и Лев мора да ја игра оваа опција иако Лам десно е подобар. Значи десно сепак ќе игра Боатенг кој е централен бек но има често пати играно десно. Можеби не е најдобра опција ама со оглед на тоа што Лам ќе игра лево мора вака да се игра. Интересен факт е што Боатенг пред некој ден беше ноќе сликан со една жена и Лев изјави дека не му се допаднало тоа и очекува од сите играчи дисциплина и најкасно во 24ч. да се легнати. Исто така Лев изјави, дека Бендер е интересна опција за десен бек, дали ќе го проба ќе зависит и од настапите на Боатенг.

Средината на Германија несомнено е најголем атрубит на тимот. Имаме мотори како Швајнштајгер и Кедира но исто таќа техничари како Озил или Геце. Сепак како 6ки Швајнштајгер и Кедира се сигурни но му давам на Гундоган шанса како креативец да добие некој настап на ова ЕП. Во последните утакмици се покажа како добра алтернатива. Офанзивниот дел на средината нуди многу опции со земените играчи. Озил и Подолски се сигурни и исто така Милер засега е сигурен пошто се врати во форма. Како алтернативи имаме игачи како Ширли и Геце кој би биле одлични замени. Геце сеуште не е 100% во форма пошто се врати од повреда но со неговиот талент може да внесе импулси во играта. Исто така Ширле е одлична алтернативе и во добра форма иако годината со Леверкузен не му беше најдобра. Значи на Лев му се отвараат многу опции, секој играч може соодветно да биде изменет од клупа без големи последици.

За мене сигурно е дека Лев ќе игра со еден шпиц. Му давам предност на Клосе кој е институција во Германската репрезентација. На Клосе му фалат уште 5 голови за да го изедначи рекордот на легендарниот Герд Милер кој даде 68 голови за Германија. Затоа и Клосе ќе биде екстра мотивиран и од предходните турнири знаеме дека ќе биде фит. Гомез е одлична алтернатива и исто така Ројс ќе игра во нападот, така Лев изјавил. Значи со овие тројца играчи на Лев сепак му се отвараат повеќе опции да реагират на противникот. Клосе е играч кој може да комбинира, Гомез е голгетер и тенк а Ројс е планиран за екипи кој се затвараат назад. Неговата техника му даваат можности да се справи со такви тесни ситуации.

Се на се би го опишал тимот како одличен микс од постари и искусни играчи како Лам, Швајнштајгер, Подолски, Клосе и нови млади таленти како Хумелс, Геце, Ројс кој сепак прво ќе седат на клупа. Исто така Баварскиот блок е столбот на оваа репрезентација. Нојер - Лам - Бадштубер - Швајни - Милер...се надевам дека сите се психички подготвени после поразпот во финалето на ЛШ. Убеден сум дека е така пошто поранешниве турнири покажаа дека во ДФБ-тимот владеат и поинакви правила. Тимот ќе биде целосно подготвен и вкрај мотивиран.


Очекувајна:
Германскиот фудбал после успешните години 1988-1996 од 1998 до 2004 несомнено се наоѓаше во тешка ситуација. Немајне кадар, лоши резултати и многу тренери беа причините сојузот да ги смени работите темелно. Се направи стратегија за форсирајне млади таленти и несомнено Германскиот фудбал има одлични таленти како никојпат досега. Исто така Клинсман во неговото време донесе добри одлуки од кој Лев, кој тогаш му беше помошник, уште профитира. Со Бирхоф си имаат одличен тим и се спремни за секоја ситуација. Се чинит, дека ладни глави работат, стручно и без многу емоции. Клинсман 2006 донесе трето место за Германија што после слабите настапи пред неговото време беше доживеан како успех. Исто така ЕП 2008 и СП 2010 со Лев беа доживеани како успех пошто Шпанија реално беше појјакиот тим ама и Германскиот тим важеше за сеуште млад и неискусен. Но тоа се смени сега. Германскиот тим е зрел за титула, секој очекува и бара титула. Несомнено е дека Германија во последните турнири има најдобар просек од сите тимови но од 1996 нема титула земено. Тоа го знае и Лев. Затоа има и првични гласови кој викаат дека Германија ако не ја земе титулата треба да смени нешто, односно да го смени тренерот. Не смее да се задоволи само со втори и трети места, посебно не со ваков тим. Притисокот е насочен кон Лев кој е во неблагодарна ситуација. Ако ја донесе титулата сите негови одлуки ќе бидат проценети како точни но во противен случај ќе се бара на погрешни одлуки. Тука поред мене се ќе зависит од одбраната која како што кажав е најкритичен дел на составот.


Пат до ЕП 2012:
Германија изигра префектна квалификација во групата А. Од 30 можни бодови Германија освој сите 30 со вкупна голразлика од 27+. Најдобар стрелец беше Клосе со 9 голови, следуват Гомез со 6 и Озил со 5.

1. Германија - 30
2. Труција - 17
3. Белгија - 15
4. Аустрија - 12
5. Азербајџан - 7
6. Казахстан - 4


Групата Б на ЕП 2012:
Германија се наоѓа во најтешката група на ова првеснтво. Ќе го почне турнирот против Португалија и исто така ќе игра против актуелниот светски вицешампион Холандија. Како четврт тим во групата Данка не е за подценувајне, тоа го знаат Германците од изгубеното финале на ЕП1992. Моја прогноза е дека Германија со 7 бода ќе биде прв во оваа група и со тоа крстува со вториот од групата А. За другите места во групава не сакам да шпекулирам, се е можно. Ја темелам мојата прогноза поради последните натпревари. Португалија последните настапи против Германија сите ги изгуби и мислам дека во сабота реално е да тепа. Холандија беше прегазена со 3:0 во последниот пријателски меч кој поради ривалството меѓу овие две нации не беше сфатено како обична утакмица.

Утакмици на Германија:
09.06.2012: Германија - Португалија во 20.45ч
13.06.2012: Холандија - Германија во 20.45ч
17.06.2012: Данска - Германија во 20.45ч


Идеален состав:
--------------------Neuer--------------------
---Boateng----Merte--Badi----Lahm----
----------Schweini---Khedira-------------
--Müller----------Özil----------Podolski--
-------------------Klose---------------------

Вакантни позиции: Мертесакер-Хумелс и Клосе-Гомез и нормално ако се повреди уште некој. Сега читав дека Мертесакер го прекинал тренингот па ќе видиме дали ќе може да игра. Убеден сум дека првите 11 на терен ќе бидат 100% подготвени, кој и да игра.




Моја прогноза: После тешката групна фаза ќе следува послаб противник затоа мислам Германија сигурно влага во Полуфинале со одлични шанси и да влезе во финалето. Ако се падне Шпанија во финале, Германија ќе биде втор пошто мислам Лев неможе да им го најде лекот на Шпанците. Ако се падне друг Германија зема титула.


И на крај уште една слика со новите зелени дресови на Германија кој мене лично многу ми се допаѓаат:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom