Според некои марксисти и развојот на капитализмот, земји како Грција, Шпанија, Португалија и Ирска се наведуваат како периферни. Како такви тие секогаш ќе бидат во криза и се зависни од „централните земји.“ Понатаму теоријата објаснува дека земји како Финска, Италија и Британија можат да паднат под искушенија ако производството падне. (не дека ова е некоја голема филозофија, но се појаснува дека се мисли на индиректно зависни од централните земји)... не се споменуваат кои се тие централни земји ама моја проценка е дека станува збор за Германија, Франција и Холандија.
Јас не сум застапник на марксистички теории, но Историскиот Капитализам за кој што зборува Валерстајн (и тие што го критукуваат него) пред многу години, како бел ден ни се разјаснува со ова што се случува денес.
Интересно дека некои работи се насетени уште доста одамна.