Eve kako evreite ja spasuvaat Makedonija so plakanje (samo) na DDV koe potoa si go vrakaat od drzavata:
Како што информираат од ЕЛЕМ, "по проверката на книговодствената евиденција", било констатирано дека "Силмак" го има намирено делот за ДДВ во сите фактури од кои се состои салдото што му го должи на ЕСМ. Што значи, дали платил или не платил за струја, "Силмак" го плаќа ДДВ-то и по таа основа зема поврат од Управата за јавни приходи, велат во ЕЛЕМ. Оваа изјава е речиси идентична со изјавата на директорот на "Силмак" Ѕвонко Стојановски, спред кого комбинатот до денар им ги плаќа парите за ДДВ на УЈП иако не плаќа сметки за струја, а врз таа основа си зема поврат од Управата.
Зошто ЕЛЕМ ја промени првичната информација дека не е изводливо "Силмак" да плаќа ДДВ ако не ја плаќа потрошената струја, а по која основа комбинатот веќе му должи на ЕСМ околу 7 милиони евра одговорните не сакаа да објаснат. Наводно, и УЈП и тие се во право, но случајот не може да Ј се објасни на јавноста пластично, бидејќи станува збор за многу компликувани обврзнички релации. Меѓутоа, фактите покажувале дека и УЈП и "Силмак" , и покрај сў, постапувале во законски рамки.
Оваа вчерашна информација дојде по изјава на директорката на УЈП, Петра Митева, која објасни дека плаќањето на ДДВ не е поврзано со плаќањето на сметките за струја. Според неа, "Силмак" му плаќа редовно ДДВ на државата, но така функционира целиот наш систем за ДДВ за сите компании. Странката не се условува да плати или да наплати. "Оној што го фактурира излезното ДДВ е должен да Ј плати на државата, а оној што ја користи услугата да го употреби како влезно исполнување. Тоа е редовна практика и не би требало да има нејаснотии во јавноста", рече таа.
Ако е сето ова законски и ако важи за сите компании, прашање е колку од нив, исто како и "Силмак", плаќаат само ДДВ, но не и сумата за потрошената струја и колку вака ЕСМ губи пари.
Проблемот на неплатениот ДДВ за струја на "Силмак" исплива во јавноста по упатеното предупредувачко писмо на Светска банка до Владата, со кое се вели дека државата губи многу пари поради неплатениот ДДВ и затоа треба да најде начин да си ги наплати средствата. Министерот за финансии Никола Поповски, пак, на последната прес-конференција, рече дека банката греши, дека ДДВ е платено сто отсто и дека ЕСМ за сите неплатени, како и платени обврски од должниците, го плаќа данокот на додадена вредност. Односно, дека ДДВ не плаќа тој што ја користи услугата, туку тој што фактурира, а во овој случај фактурира ЕЛЕМ.