- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.481
- Поени од реакции
- 68.978
Иако целото внимание го удривме на нашата група од втората фаза, сепак фер е да отвориме тема и за групата 2, чии натпревари ќе се одиграат во Вроцлав.
Групата 2 е далеку посилна од нашата група, со оглед на тоа што нема слаби репрезентации од рангот на Белорусија (па и уште некои други може да влезат во оваа категорија, вклучувајќи не и нас ). Кога Унгарија со моменталната форма е условно најслабиот тим во оваа група, тогаш се е кажано. Шпанија и Данска некако се издвоија од другите и со самото тоа што влегуваат со 4 бода, ќе бидат големи фаворити за пласман во полуфиналето. Сепак, мислам дека овде секој може да победи секого, па Германија пред се ќе ја бара шансата за влез во полуфинале со евентуален триумф против Данците. Да не ги отпишуваме предвреме ни Русите, и тие имаат сосема солидни настапи, конечно наоѓајќи малку подобар голман во името на Киреев.
За разлика од нашата група каде што има натпревари во кои крајниот исход е сосема извесен, тука тешко е да се предвиди резултатот на било кој меч, со тоа што мала аутсајдерска улога би и дал на Унгарија.
Шпанците се покажаа како доста цврста екипа. Малку потфрлија против Словенија, но целосно го поправија впечатокот против Шведска. Во првото коло имаа низа осцилации против Германија, но сосема заслужено дојдоа до победата. Во нападот нема некој кој се издвојува, целата бековска линија е на ниво. За издвојување се голманите. Варгас веќе почна да ја превзема улогата на прв голман пред Штербик, откако Вардаровиот голман мислам дека не доби ниту минута против Словенија и Шведска, додека во првото коло одигра одлично просечно со Германија. Душебаев некако игра доста слабо, но Македа е на доста високо ниво, ако не се земе во предвид глупоста која ја направи против Германците. Германците искрено ме изненадија позитивно. Против Шпанија се држеа во целиот меч, против Словенија победија многу лесно (но, вреди да се напомене дека Словенците беа без ударната игла Бомбач), додека против Шведска успеаа да се вратат од огромна негатива и да го добијат дуелот со кој пренесоа 2 бода во наредната фаза. Доста млада екипа, добар голман на голот, солидни бекови. Русите истотака ме изненадија со пренесувањето на двата бода. Слично како и ние против Франција, и они се држеа изедначено со Данците до последните моменти, но на крајот ја посраа работата. Сепак, ја добија Унгарија и ја прегазија Црна Гора. Дибиров и Горбок си газат во нападот, отсуството на Игропуло засега е незабележливо, додека како што напоменав и претходно, добија одличен голман во Киреев, откако Богданов стандардно имаше слаби изданија на последните првенства. Можеби тоа е делчето што им недостасуваше за да дојдат до подобри резултати. Ниту Шведска не разочара, напротив ја добија Словенија, загубија добиен меч од Германија и одиграа конкурентно со Шпанија, иако победата на Шпанците не беше доведена во прашање во ниту еден момент. Унгарците се разочарувањето на првенството за мене во досегашниот дел
Данска прилично рутинирано ја мина првата фаза, со мали проблеми против Русија и Црна Гора, но се чини дека ниту они не го дадоа својот максимум во овој дел од натпреварувањето.
Значи, Данска и Шпанија се големи фаворити за полуфинале, но секогаш има простор за изненадувања.