- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.811
- Поени од реакции
- 15.916
ГРУПА Ц (група на смртта)
Група во која ако се соберат медалите од сите досега одржани европски првенства излегува како најтрофејна од сите четири групи на првенството, почнувајќи од некогаш велесилата во ракометот Шведска, завршувајќи со едниот сребрен медал на Словенија освоен на домашен терен, репрезентација која полека, но сигурно се враќа во врвот после смената на генерацијата.
Освен овие две репрезентации во оваа група се Шпанија со пет медали од европските првенства, но ниту еден не е златен, и репрезентацијата на Германија која после ерата на брклијата Хеинер Бранд доживеа мал пад, но и тие како словенците се враќаат назад во врвот на светскиот ракомет.
Група во која ако се соберат медалите од сите досега одржани европски првенства излегува како најтрофејна од сите четири групи на првенството, почнувајќи од некогаш велесилата во ракометот Шведска, завршувајќи со едниот сребрен медал на Словенија освоен на домашен терен, репрезентација која полека, но сигурно се враќа во врвот после смената на генерацијата.
Освен овие две репрезентации во оваа група се Шпанија со пет медали од европските првенства, но ниту еден не е златен, и репрезентацијата на Германија која после ерата на брклијата Хеинер Бранд доживеа мал пад, но и тие како словенците се враќаат назад во врвот на светскиот ракомет.
Шпанија
Како најголем фаворит за освојување на првото место во групата, а е меѓу трите фаворити за првото место и на шампионатот, тоа е репрезентацијата на Шпанија, предводена од играчот на Барселона Раул Ентрериос на среден бек и на пикерската позиција од Агинагалде играч на Кјелце, моторите на овој текст. Во овој тим на Шпанија има тројца „македонци“ во имињата на Штербик, Македа и Дујшебаев.Неофицијален состав
Голмани: Арпад Штербик, Гонзало Перез де Варгас, Родриго Коралес;
Десно крило: Виктор Томас;
Десен бек: Едуардо Гурбиндо, Хорке Македа, Алекс Дујшебаев;
Среден бек: Раул Ентрериос, Нико Миндегиа, Хоан Кањелас, Хуан дел Арко;
Лев бек: Виран Морос, Антонио Гарсија;
Лево крило: Кристијан Угалде, Валеро Ривера;
Пивот: Хулен Агинагалде, Рафаел Баена, Гедеон Гвардиола;
Селектор е 54 годишниот Мануел Кадењас .
На шампионатот во Полска првично ќе го бранат освоеното трето место на последното првенство одржано во Данска.
Шведска
Шведска одамна нема лидер во репрезентацијата, можеби најзвучните имиња ги има на клупата т.е во селекторите на овој тим во Ола Линдгрен и Штафан Олсон, некогаш златните момчиња на Шведска, но како најголемо име моментално во овој состав може да се спомене пивотот на Фленсбург, а воедно и капитен на оваа репрезентација Тобиас Карслон.
Шведска можеби и на позицијата пивот е најсилна, освен „Тоби“ тие ги имаат и Андреас Нилсон пивотот од Пик Сегед и Јеспер Ниелсен од Фуше Берлин, потпомогнати од „пензионерот“ на голот Матиас Андерсон кој во март ќе полни 38 години, еден од најстарите ракометари, ако не и најстар ракометар на првенството.
Неофицијален состав
Голмани: Матиас Андерсон, Микаел Апелгрен;
Десно крило: Никлас Екберг, Матиас Захрисон;
Десен бек: Јохан Јакобсон, Андреас Цедерлохм;
Среден бек: Јеспер Конрадсон, Маркус Олсон;
Лев бек: Виктор Остлунд, Филип Стенмалм, Лукас Нилсон;
Лево крило: Јонас Калман, Фредрик Петерсен;
Пивот: Андреас Нилсон, Јеспер Ниелсен, Тобиас Карлсон;
Како што споменав погоре во текстот, селектори на овој тим се Ола Линдгрен и Штафан Олсон.
На првенството во Данска 2014 го освоија седмото место.
Германија
Можеби најголем малер на ова првенство, ако на СП во Катар влегоа со вајлд карта, на ова првенство поштено си го заработија пласманот, но повредите не ги одминаа германците, и тоа им се повредија најдобрите крила, Уве Генсхајмер и Патрик Грецки, па можеби за ниво до две ќе дојдат на првенството ослабени, тешко дека ќе најдат достојна замена за овие двајца..
Па така сите надежи ќе бидат вперени во младите Руне Дамке и Кристијан Дисинџер иднината на оваа германска репрезентација, играчите на Кил би требало да се предводници на овој млад состав на шампионат во Полска, а и на следните собири.
Во овој тим има само еден интернационалец и тоа од екипата на Кјелце, а тоа е десното крило Тобијас Реихман, другите доаѓаат од најсилната лига во Свет, Бундес лигата.
Неофицијален состав
Голман: Карстен Лихтлеин, Андреас Волф
Десно крило: Јоханес Селин, Тобијас Рајхман;
Десен бек: Штефен Веинхолд, Фабијан Веде;
Среден бек: Мартин Штробл, Никлас Пицковски, Симон Ернст;
Лево крило: Михаел Алендорф, Руне Дамке;
Пивот: Хендрик Пекелер, Јаник Колбахер, Ерик Шмит;
Селектор на репрезентацијата е исланѓанецот Дагур Сигурдсон.
Германија на првенството во Данска 2014 не учествуваше, а на СП во Катар 2015 беа седми.
Словенија
Репрезентација која е составена од искусни и од млади ракометари кои се на доаѓање во ракометниот свет и за кои допрва ќе слушаме и читаме пофални зборови како на пример Јуре Доленец, Борут Мачковшек и Гаспер Маргуч, а на клупа предводени од миленикот на „комити“ некогашниот најдобар ракометар во Свет и тренер на РК Вардар, Веселин Вујовиќ.Во овој тим на Словенија ќе го има и еден од топ 5 крила во Свет, Гајиќ Драган, како и одличниот среден бек од екипата на Кјелце, Урош Зорман. Репрезентацијата на Словенија игра брз и атрактивен ракомет, далеку од „ју“ школата, а ракометарите се како по мерка на селекторот.
Неофицијален состав
Голмани: Горазд Шкоф, Клемен Ферлин, Матевж Шкоф;
Десно крило: Гашпер Маргуч, Драган Гајиќ, Вид Кавтичник;
Десен бек: Јуре Доленец, Давид Миклавчич;
Среден бек: Деан Бомбач, Урош Зорман, Миха Зарабец;
Лев бек: Клемент Цехте, Себастијан Скубе, Борут Мачковшек;
Лево крило: Дарко Цингесар, Симон Разгор, Лука Звижеј;
Пивот: Благ Благотиншек, Вид Потеко, Миха Звижеј, Матеј Габер;
Словенија немаше настап на последното ЕП во Данска, во Србија 2012 го освоија шестото место, во борба за петтото загубија од репрезентацијата на Македонија.
Град/Спортска сала
Натпреварите од оваа група ќе се одиграат во градот Вроцлав, во Centennial Hall која е со капацитет од 6000 гледачи.