Завршени се ЕКСТЕНИТЕ за матуранти. Нова бодовна листа без најава! Никакви информации за бодовната листа ниту од МОН, ниту од ДИЦ. Неистакнати бодовите покрај оценките, како што беше пракса минатите години. Зошто? Општиот просек во целокупното средно образование помал кај ученици кои оваа година освоиле 25 бода, отколку кај оние што минатата година освоиле 23. ПОЛУГОДИШНАТА оценка ја диктира крајната. Учењето во второто полугодие губи секаква смисла. Секако дека професорот, да се убие ученкот од учење, ќе му ја спушти оценката од екстерното. Успехот зависи од СРЕЌАТА (дали му се паднал предмет кој го знае повеќе или оној што го знае сепак малце помалку; дали му се паднале прашања кои ги знае или не). Додека за одлична оценка бодовите се без најава покачени од 23 на 26 (огромен скок без најава). Ученик кој појма нема, заокружува се под Б и ја негира слабата оценка од професорот. Имате ли мислење?