@dragonsky
@Lil Lamb
http://www.bikeradar.com/road/gear/article/30-reasons-to-take-up-cycling-23965/
Проблем?
Мислам дека вреди да се стимулира една ваква добра навика. Само што ништо не би променило тоа многу кога се стимулираат дузина чиновници од општината на град Скопје.
Барем јас така прочитав во вести.
За да допре нешто до вистинскиот човек и да осетиме сите бенефитите споменати погоре во линкот и во сите статии кога ќе изгуглаш " возење велосипед предности", потребно е да се направат добри велосипедски патеки и добра едукативна кампања.
Тоа нема секако да допре до Невзат од Дижонска за да се развози велосипед, ама секако ќе ја мотивира Сања од Аеродром да вози велосипед која што сега се плаши да го прави тоа за да не ја забери Невзат со Голфот.
За да почне да се менува нешто такво потребно е главата на градот сериозно да почне да размислува во тој правец, а не да прави ефтини политички кампањи како сега, по повод новиот указ на шефот дека треба да се живее здраво.
Во Скандинавија кога се прави ДУП-от, прв приоритет се велосипедските патеки, градскиот превоз и на крајот идат автомобилите.
Причината е очигледна, а тоа дека сакаат да има се помалку загадување во градот и кога некој би возел автомобил не би му менувало ништо да сврти км. плус за да дојде до саканата дестинација.
Во Шведска каде што се прават брзи велосипедски патеки кои чинат неколку милиони евра, направиле студија каде што истите би биле исплатени од буџетот на шведскиот здравствен систем со тоа што со нивната изградба би ги редуцирало трошоците на граѓаните кои идат за кардиоваскуларни заболување.
Погоре има студија каде што пишува оти секојдневно возење велосипед го намалува ризикот за скоро 50% од такви заболувања.
Кај нас пак прво се гледа каде би можело да се направи платен паркинг, а за останатите нека се снајдуваат како знаат.
И аман веќе со глупите изговори,
Ние немаме леб да јадиме, овие ни кажуваат точаци да возиме.
Минчо не сотре како глувци, тие ќе не спасуваат со точаци возење.
Нека земат нека возат оние од влада, а не нас ни кажуваат.
Сите се виновни, ама ние сме во право!
Од друга страна пак секој втор ден висат на бензиска и тураат по 500че за возење кола.
Признавам дека инфраструктурата е лоша, ама се останато е само изговор.