Драга,
Денеска случајно поминувајќи покрај моето средно школо кое што важеше за едно од помирните училишта гледам поставиле обезбедување, двајца добермани што изгледаат ко напумпани гуми и камери пред училиштето.
За мултиетничките школи да неправам муабет, посебни етнички влезови, етнички смени и силно обезбедување засилено со полиција измеѓу смени. Бидејќи таков ми е патот, секој ден поминувам покрај едно озлогласено мултиетничко школо, покрај обезбедување и камери после секое завршување на смена надвор се поставува полициски пункт, а на автобуската стои полициско комбе за да можат учениците мирно да се разотидат дома без инциденти и тепачки во автобусите. Еден пријател полицаец ми вели ,,мора да постапуваме така, ако не секој ден ќе биде покољ и црна хроника по автобусите и школите" .
Мислам во што се претворивме еј
тешко на денешните родители што ги праќаат децата во училиште, незнаат дали живи ќе им се вратат дома.
Јас кога поминувам покрај КПД Идризово помалце полиција и обезбедување гледам, отколку покрај некое средно училиште.
Школите ни станаа бетер од затвори
Не драга, несакам моето дете да учи по вакви школи - затвори каде што при секое влегување и излегување може да биде претресувано како најголем криминалец (ради превентива де, да не носи оружје или некој поостар предмет,што се повеќе се случува меѓу учениците) и да учи баци рака и дека власта треба да се почитува по цена на своите слободи.
Гоце Делчев така да размислуваше никогаш немаше да почне револуционерна борба.
Незнам дали за сето ова е криво опшеството и ние како луѓе, бидејќи децата се рефлексија на возрасните. Жално навистина