Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.470
ДК,

Најавена е новата програмска шема на нашите телевизии во следните 4 години:

07:00 Добро утро војводо - утринско будење со евергрините на Зоран Настев и Орце Стефковски
08:00 Госпот Бок Исус Кристус-Првио Македонски ЛАФ - Патриотско-патетична емисија за поздрави и честитки од дијаспората
10:10 Среќни рала и опинци - Програма за земјоделците, специјален гостин - Драган Вучич
12:00 Длабоко грло, Контактна емисија со Миленка Неделковска и Мирко Велиновски
13:20 Величенствената малечка невеста Бандини - Срцепарателна турско-индиска бљувотина
16:00 Тревките на баба Рада и чичко Кили, Здравствено-халуциогено шоу
17:00 Титаник - Неосоцијалистичка трагедија со Кумот и буџетот во главни улоги
18:30 Нека лаптопот биде во вашите срца - Верска едукативна програма со архиепископот господин господин Мерцедес_СЛК_V12
19:11 Зајко кукурајко и морковот - Емисија за деца и млади, генерален спонзор - Кока Кола
20:00 Дневник во 8 - Хумористично-научнофантастична емисија за случувањата и процветот во државата
20:69 Сексот и народот - Политичка садистичка крими серија
22:00 Танго и Кеш - Игран филм од српско говорно подрачје, спонзориран од една Македонска Банка
00:00 Пенетрирај ми нежно: Набрекнати и обрежани пастуви од Шипковиц - Еротска драма за меѓуетничкиот соживот во државата

За среќа сите телевизии ќе имаат иста програмска шема, ако пропуштите на некоја Тв ќе може истото да го изгледате на друга Тв.

*Благодарност до Валкан Експрес за инспирацијата
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
ДК,
Ми се оди некаде далеку... едно две-три недели... без мобилни, лаптопи, интернет, било каква комуникација со светот.
Да се одморам како човек.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.321
Поени од реакции
17.765
Пред дваесеттина минути станав од спиење и ми текна дека треба да се бањам. :facepalm:
Влагам у веце, машината работи, бојлерот празен, нема ни шампон. :tapp: И пред пет-десет минути, се вратив од продавница. Лутав низ населба, за да најдам некое малечко шишенче шампон. :icon_mrgr: Притоа да ме ошурат, ко да сум купила авион. :tapp:

Сум облекла кратки ракави и шалвари. Ко што бев у паника и уште поспана, среќа и тоа што сум го погодила. :pos:Ја мислев некоја ногавица на раце да не сум ставила. :icon_lol:
Малку се измрзнав и ги погодив сите можни вирчиња ама ај, битно најдов. :icon_lol: Башка тоа, за ручек си експериментирав некое ново јадење, со две главици кромид. Се убив од плачење и си легнав да спијам. Уште ми е страв да се погледнам у огледало. Којзнае кои хорори сум. :pos:Еднаш ќе си ставам маскара и мора кромид да сечам. Ај нек се угоде. :vozbud:

Сега барем машината да доработи. :D Обично мајка ми ја уклучува кога ќе дојде евтина, значи накај 10. Ваљда ќе заврши набрзо? :cool:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Ај тука да видам дали ќе ми го избришете:cool:

Шумахер се разбудил од кома, а мајка му: „Сега ли се станува бе, магаре недно! Кое време е!?". И го пратила до продавница.

# @Andrew апнисибеитакасидебел.
 
Член од
22 јули 2013
Мислења
34
Поени од реакции
109
Кајги,
сакам да си олеснам душа ама не иде. Постов го пишувам, па пребришувам илјада пати, за на крај да испадне дека не сакам ништо да ти кажам. А од многу молчење не е на арно, ни од многу зборење не е на арно. Иди најди му го крајот.
Се` е превртено кајги, луѓето почнаа на глава да стојат, само да бидат поинтересни. Како да имаш бесплатна карта за во циркус до крајот на животот, и мораш да гледаш дневно по најмалку две-три претстави. Еј дури и од книгите успеаа да направат талент шоу, кој поголем "памет" има. Има по цели листи кој писатели морале да се прочитаат. Зошто морам? Зошто ако не ги прочитам не сум доволно паметна да ја препознаам големината на форумските фаци кој што се кријат зад цитатите на Достоевски или Фројд? Немој да ме сфатиш погрешно, немам ништо против писателите, напротив, туку не сакам некој однапред да ме дефинира. Во моментов јас пре би нешто друго, нешто за душа. :sneaky::D
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Дк

Колоквиуми се ближат, колоквиуми се ближат.
п.с Моментот кога решаваш тест и ти се паѓа прашање што си го пресконал кога си учел, мислејќи дека нема да се падне.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
почнаа да ми ги крадат темиве по други форуми,а веројатно и по странство, ама не сум јас тој,јас сум тука на Кајгана Picture 1544.jpg
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.836
Поени од реакции
11.031
ДК
Мора да се вратам неколку страници наназад каде Турвиор е во некоја недоумица за некое плукање по системот и ненахрането нечие его и сл. Претпоставувам дека постот не е лично наменет кон мене, но тоа е небитно бидејќи иснпирацијата е добиена токму од мојот пост погоре.
Интересно е тоа што подобрите мозоци со големо его (што се спомнуваат во линкуваниот пост), се пропаганда на форумов од поодамна токму во подфорумот каде авторот е и модератор, со тоа што нагласено е дека нивните умови не го заслужуваат тоа богохулење да слушаат бендови како Рибља Чорба, бидејќи истите се се' освен рок бенд, па затоа ќе се слуша недопирливиот прогресивен рок/метал кој е за луѓе (мозоци) со повисоко ниво на свесност.
Интересна е аналогијата и за болјата во фудбал (се мисли на бољи пар). Но и таа не поминува добро во случајов, затоа што ако ја чекавме болјата со луѓето од кои добар дел од нив подоцна ми станаа пријатели, многу веројатно е дека ќе имавме анонимна жртва на плоштадот на изборите пред 3 години кога највисокото раководство (се зборува за таа со брковите) негираше било каков инцидент за време на славјето на победата на владејачката партија, па ја дотуркавме работата да се осуди тој што се осуди на 14 години (иако требаше да има уште неколку цимери со него во ќелија). Ако ја чекавме болјата немаше да се крене глас против поскапувањата за струја, протести кои траеја значително помалку и во помал број од горенаведените, бидејќи веројатно останатите граѓани што ја плаќаат истата струја (како нас) чекале болја или ги чешале партиските книшки на задник ;) Веројатно ако чекавме болја сега ГТЦ ќе ни беше во барок стил and so on. Штета што не можам да ги поддржам пријателите од Железара што протестираат против фабриката што ги загадува бидејќи во случајов главам по 15 саати на работа со инжинерска диплома (не дека е голем курац) во работно одело, но шефот во случајов е исто така со инжинерска титула (за работите да не бидат толку трагични), само што и он е од тие 95% на газди кои се правени со ист ист кур, т.е. го интересира се' освен работниците. Но мудрост се стекнува постепено, ако почнеш од ништо и стигнеш до нешто, затоа ни јас ни ти ни 95% од форумов не се сеуште мудри.
И секако дека плунката не е потрошен материјал, не е ни бунтот ни револтот за кој не си секогаш во можност да го искажеш на друг начин освен мисловно.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
Влегов да пишам ко да видам за мене ми пишале. Барем тагнете ме да не се барам :)

Штета што цела суштина е утната, затоа што поврзаноста на мојот пост нема никаква поврзаност со постот ниту на Ацета, ниту на било кој од темава, туку со статусчиња и коментари од социјалната мрежа. Веројатно че треба во иднина да пишувам од кај црпам инспирација за да не ме вадат од контексти и да не ми фрлаат пикови непотребно. Од друга страна и да фрлат, ништо страшно, имало и поопасни работи.

Барем за момент се почувствував како да сум спомнат во некој прес од некоја политичка партија каде се насочуваме кон една личност, ја објаснуваме и дефинираме истата подобро од што самата себе може да се дефинира, зато шо ете така, нам ни е попозната одошто самата себе си е позната.

п.с друг пат не претпоставувај, туку прашај, а јас ќе бидам доволно културен за да одговорам и разјаснам ако имало некој таков момент, чисто за да немаш заблуди, или со правна терминологија кажано како погрешна претстава за факти.
Од друга страна ако постот мој бил инспирација за контра-пост за некои други цели, постои подобар начин истиот да се искористи од веќе прикажаниот :)

то е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom