Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ф

Флеш

Гостин
Гомново има храброст да се осмели да се појави у јавност и као демек Македонец,бодри ....Извинете шо сум тука постирал,ама ми се гади оти е расипан чоек до коска. Го испокраде Ѓорче ко градоначалник,сеа се пикнал ко советник за ревизија на Македонија. Лицемер .... Коа го видов на МТВ на трибините,ми се згади,го знам лично,сум го запознал што копиле е,не го сакам ИЧ од душа ..... Пу,би го пљукал ...Кои дубари направи со на Сеат Кочан трговскиот и површинските асфалтирања .


FB_IMG_1650245593619.jpg
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.975
Поени од реакции
35.655
Прејако гази Византиецот на темата. Мој совет до него е да го зголеми бројот на постови дневно х2. Turn up the heat bro, ко шо би рекле овие со англицизмите. :cool:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.725
Поени од реакции
35.003
Кајг,
се уморив гледајќи, што значи да се нахрани толку народ, што значи да не ги дупне или стопи најлонските ракавици иако цело време работи над загреана плотна, све по мера, чисто, педантно, количински поштено за еден оброк, да ти е мерак и да се гледа и да се јаде!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.786
Поени од реакции
9.561
ДК
Сакам да и кажам на членката погоре Redfogv да не се плаши и да не ги избегнува членовите кои ставаат тажно, гневно смајли, напротив, бидејќи тие не се опасни и треба да ги жалиме и да им помогнеме.
Тоа се луѓе, интернет исфрустрирани садисти, тролови, кои пишувајќи злобни коментари, употребувајќи навреди кон некој, сакаат да делуваат на нивните емоции, да го повредат а тоа за нив е духовна сатисфакција.
Обично тоа се луѓе кои живеат во проблематични семејства, разорени, насилни, полни со кавги и расправии.
За жалење се...затоа не ги рецкај, нека стават какво сакаат смајли, тоа ја покажува нивната бедотија во душа а за нас нивното смајли не ни значи ама баш ништо....нема дејство.
Душички тие психоизреметени:(
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.370
Драга Кајгана,

Си дојдов на форумов после 5 години, си пораснав на форумов и ќе си го негувам и понатаму.

Една работа се мислам, дали да си ги отворам темите, коментарите низ годините или да оставам се на спомените..
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Се враќам од работа и така за да одбегнам гужва, возам по споредната улица со булеварот од Железничка према Аеродром, кај Рулет де.
И си возам 30-40, пред мене вози еден овчар со ЏИП (читај кола што сака да биде џип) зашантрува лево-десно и со неговиот ретровизор, му го разбива ретровизорот на едно мало количе паркирано од десно. Ретровизорот летна на сред асфалт.
Идиотот го разнесува ретровизорот на паркираната кола и мува не го лази, си продолжува да шантра и да тера напред.

Нормален човек, ќе застане, ќе го земе ретровизорот, ќе го побара сопственикот на колата по кафанчињата, доколку не успее да го најде ќе му остави негов број на хартија под бришач и ќе завршат работа со европски записник, никој нема да биде оштетен (сем осигурањето).
Но тоа е тоа.

Златна Македонијо, опинци те газат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.725
Поени од реакции
35.003
Кајг,
значи да не ти дојде „мајстор“ во куќа, све нешто се брза, све нешто накриво, све нешто неправилно, па одозгора те убедува дека мат страната на венецијанките требало да бидат од внатрешна страна на прозорот, а не свртени кон надворешна страна кон сонцето! а бе, логика треба, не мора да сум мајстор за венецијанки да го знам тоа дека е обратно, мат кон надворешниот дел! гррррр :mad:

image_1519425918_41.jpg drveni_roletni_roloenterier_4.jpg
вака треба од внатрешниот дел, а не обратно, оффф и тие биле мајстори! :facepalm:
 
Последно уредено:

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
898
Поени од реакции
1.442
Здраво Кајгана,

појма си немав кај да го објавам мислењето, па ај тука. У моментов оди лајв судењето од Џони Деп врз Амбер Херд. Смрдлата пред некоја година го намести дека ја тепал, типот последните години е бојкотиран од холивуд и од се можно, па сега реши да ја тужи - излегува дека типката е тежок психопат и дека уствари тепаниот и мелтратираниот е тој.

Повелете
 

Kajgana Shop

На врв Bottom