Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ф

Флеш

Гостин
Др. Фил го гледам постојано и кои само тешки случаеви има,понекогаш тешко ми е да го гледам заради емоционално. Во ова видео,прв пат татко го гледа синот кој се појавува како жена.У ситуација како Македонија, каде сега доаѓа до табу трансџендер,видеово е одличен пример ....

 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Само се надевам дека вие што сте заглавени секојдневно во сообраќајниот метеж со кола заработувате по 125.000 денари месечно,и дека работното место ви е одалачено 24км од вашиот дом.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Sto ubavo si bese porano koga si vozevme,fico,skoda 1000mb,zigula 1200,i tristac...kade i koga i da bide nesto problem,zastanisi i si znaevme, zacisti svekici,namesti platini,smeni gumena spojka,kajs ili cela poluosovina i prodolzi da vozis a sega so ovie tojoti,pezovci,sevroleti i kiji znaeme samo da otvorime kapace za gorivo,ako otvoris hauba kako da si videl Apolo 11,idi najdi mu krajot kade e sto e...makata sto ne ide.
Автоматски споено мислење:

GRATIS...spomeni od minatoto koga i fico bese kola.
Фотографија на Strezo Cubalevski.


Ех што би сакал оваа слика сега да ја видам на Градскиот стадион :)
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.086
Поени од реакции
18.249
До утре можам да пишувам и за некого пак ќе е малку а за други пак џабе.Само овие 3 точки се доволно за тие што знаат
...

 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.364
Поени од реакции
25.085
После 4 месеци седам подолго време во Охрид, поточно недела дена и гледам да надокнадам што повеќе со татко ми или со другарите. Интензивно гледам фудбал, секакви фудбали, не пребирам лиги или термини, немам никакви преференции затоа што единствено што ми фалеше во животов е да гледам малку повеќе фудбал. Елиминирав филмови, јутуб, се што е поврзано со концентрација и што треба да се изгледа. Не можам после пола година филм филм филм да уклучам при здрав памет да изгледам нешто дома на лаптоп.

И така, нормално, ја гледаме најканцерогената утакмица на колото, Милан - Спал, во меѓувреме уклучени резултати.ком, бет365 и слични помагала при пратење пет шест тикети со вкупна добивка од 2000 денари, скромно. И седам така, кулирам, поточно се нервирам ама гледам да е со кулирање пошо горе-долу ми се одмили спортот ради Милан, и татко ми наеднаш се врти, а ретко споделуваме интимни работи и воопшто и ретко зборуваме за нешто суштински, се се тоа разговори за времето, за кој од маало што направил, па која утакмица била зицер, колку пари се мандарините зимава и наеднаш се врти и станува сериозен, од легната положба свечено седнува на каучот, отпрвин не го забележувам, секако дека нема да правиме муабет за сметки, плаќање кредити, жиранти, се она што е суштинско и е за споделување, ниту пак за најнови некролози, несакани бремености, политика, закони во фонд за здравствено, нормално дека нема сега на сред утакмица да ме зазборува за нешто такво, но наеднаш се врти и ми вели - Сега ќе ти дадам еден животен совет.

Ми текна на сите проблеми со кои што се соочувам во последно време, си реков сега којзнае каков совет ќе ми даде како татко на син, две секунди ми требаа да замислам дека еве сега дојде оној момент од приказните војникот си доаѓа дома после сите тие години, а дома го пречекува само кучето, жена му е одамна замината со неговиот најдобар пријател, но тука е родениот татко да го засолни, или еве дојде моментот кога напротив, треба да се оди на ворк енд травел во Алјаска и по некоја околност, со мажот на Јованка Житарова да се разработи бизнис со живина, а татковското чувство насетува дека нема повеќе да ме види, и мора да ми го каже тоа сега, додека гледаме Милан - Спал, не можеше да избере друг момент за да ме воспита, да ме направи маж, да ми даде благослов да се оженам, да го најдам кумот што не остави на мојот петти роденден поради лихварски долгови и го напушти Охрид, или да ми рече дека сум на ок пат во животот, но дека нешто треба да променам и тоа нешто да го пронајдам толку длабоко во себе, што треба да се впуштам во авантура од умберто ековски калибар, или еве да ми каже како да ја надминам анксиозноста што ја имам откако мојата збирка раскази излезе од печат, суштински прашања вредни на шекспировски расплет, но тој само го фиксира погледот врз мене, почека точно додека да ги замислам сите овие нешта, и ми рече - Да знаеш, ако во билтенот имаш утакмица со 5 коеф за домаќинот и 1.7 за гостинот, тогаш играј ја 2 и гг, секогаш има гг на тие утакмици, само прво консултирај се со течајеви, ако паѓа за гостинот, да, 2 и гг, ако не, само 2, не брзај...

Убо шо не сум близок со моиве.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.840
Поени од реакции
5.963
Драга,

Дојдов само да ти пишам дека Џимеј би го читал до утре сабајле па какви било бљувотини да напише овде кај тебе.
Би ги дал дури и своите пари за викендашко излегување во кафана за да му ги прочитам расказите. :D

Честитки @џимеј за прво издадената книга.

Кога еднаш ќе се пробие мразот, многу полесно е да се пробие и втор пат.
Истото важи и за жените. Кога еднаш ќе "даде", вториот пат е полесно.
Ти посакам да ни "дадеш" уште една(ш), набрзо. :D

Иначе да пишеш нешто наслов, издавачка куќа, а-у, за каде може да се погледне и купи книгата? :D

Во последно време, знам дека се поретко те дружам.
Членови како него се причината што сеуште се навраќам и ги листам сега твоите подновени страници.

Во старото руво ми беше некако поубава, естетски не, но квалитативно беше на едно повисоко ниво.
Жалам за тие дамнешни години, и жалам што многу членови кои ги пишуваа твоите страници повеќе не можам да ги најдам овде.

Јас и немам со што да ти се пофалам многу. Животецот ми е непредвидлив и не знам што ме очекува утре.
Можеби и таквите турбуленции ми ја убиваат монотонијата и ми внесуваат свежина во секојдневието.
Од друга страна пак, секој пат кога ќе почувствувам среќа, тука е "шамарот" да ме врати во реалноста, како еден потсетник: "Ти си роден за да страдаш, да патиш и да живееш во меланхолија. Среќата ти е моментален гостин кој само те одржува во живот. Уживај во неа додека трае(ше)."

Деновиве со татко ми знаеме да свртиме по некој "мудар" муабет, за чудо. Обично само се гледаме чат-пат и збориме некои тривијални глупости.

Вечерва беше, знаеш, од оние муабети каде што он збори некоја приказна од младоста која си ја слушнал којзнае колку пати, и секој пат приметуваш како истата си ја надополнува и накитува.
Некако ми фалеа тие приказни за минатото, за животот, за Југославија, за војска, за тоа како ја е*ел на командирот ќерка му...
Вечерва ми раскажа и за една (веројатно непрежалена) љубов која знаеше неколкупати да ја спомене до сега, но не оволку детално.
Пред да замине во војска, му подарила советски часовник, Ракета, веројатно за да ги брои саатите и деновите до следен пат кога ќе ја види. А она, она ќе го чека.
Чекала, чекала, ама не го дочекала. Жена чека 3 дни, така беше, нели? :)

Ме однесе на таван и почнавме да бараме по старите работи полни со прашина. Го најдовме саатот после 30 минутно мачење.
Не е во добра состојба, за жал, не работи. Решив да го земам и да пробам утре да го поправам. Чисто се сомневам, па затоа имам во план да го носам на саатчија и да прашам колку ќе ме "изгори" за да го курдиса.
Гледам, во гланц состојба таков на Ибеј е 50тина долари, па прашање е и колку ќе вреди да се поправа.
А би го носел.
Стварно би го носел.



Ми вети дека утре ќе ги побараме и ќе ми даде и три фотоапарати, Смена 6/8 и Љубител.
Сега уште да ми го даде и стариот Зенит.

Кога го прашав дали и него ќе ми го даде, се насмевна онака кисело и ми рече:
" Па, твој е. Кога ќе ме цркнеш, а ќе ме цркнеш за брзо, земи го." ;)

Епа цркни,
тато! :LOL:
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2012
Мислења
137
Поени од реакции
119
Драга кајгана,
Имам прашања милиони, како да сум заплеткана во прашања во некои дискусии и самата се задушувам.Немам воздух и повторно потоа одам по некои ходници во кои ме боли главата. Се само за да пронајдам некој одговор. Се запрашував долго време, дали сум среќна. Секој на различен начин си ја карактеризира среќата.За некој среќата е поим кој не е зависен, потребна му е друг за истата да ја почуствува. Ах, стој чекај....зарем не сум тука јас... и повторно некоја емоција ме донесе на почетокот ако воопшто се знае што е почеток. Сакам само да те гушнам.Да ти кажам дека си ми потребен и повеќе отколку што мислиш.Не е досадна фраза.Само сакам да сум со тебе. Денес, утре и засекогаш
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Три дена имам некоја гадна главоболка што не проаѓа (ок проаѓа ако земеш апче и по саат два ете ја пак), едвај доседов на еден роденден во петокот, вчера седев во темници, јок, шанса нема да пројде. Сабајле се изнарадував дека малку ја снема, попливав, отворив лаптоп, ми излезе линк од галерија од Fashion Week Skopje и ете ја пак уште поинтензивно. Се логирав да го пишам ова да знаете ако умрам за некој ден, да им пуштите линк на судска, да не се мачат да ме дебагираат. :pov:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom