До кога со лошо осмислени реформи во образованието?

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Нашиот образовен систем е подложен на реформи кои траат веќе долго време. Се менуваат одредени работи постојано во образованието.
Едни правила се донесуваат, други се укинуваат, трети се донесуваат но се укинати од повисоки институции итн.
Она што ме иритира е што најчесто одлуките за измени во образованиот систем се донесуваат без претходно да се направи вистинска анализа дали може да се оствари таа промена. Прво треба да има пробен тест период во одредени училишта, па потоа конечно да се донесе.
Плус овие промени не се имплементирани комплетно. Може се менуваат правилата, ама професорите остануваат, а голем дел од нив се со застарен систем на работа, па џабе има промени кога тие не ги исполнуваат.
Или одредени проекти траат само некој период и потоа ќе увидат дека не е добро организиран и пропаѓа тоа, а веќе претходно се вложувало во тоа. (пример со проектот компјутер за секое дете, каде бројот на компјутери што нефункционираат сега е огромен, а и оваа година компјутерите служеа само за забава, не за образование)

Што мислите за овие постојани промени во образованиот систем?
Кои промени ви се допаѓаат, а кои сте против?
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Се што се пробува да се направи како реформа во образованието ми се допаѓа макар и да пропадне по некое време. Се обидел некој да направи нешто, а има клошари што кочат што и да се прави. Не е само еднат страна виновна секогаш за пропаст на реформи.
Компјутерите работеа, кога на нив седнале деликвенти сега не работат . . . шо да прави министерството ? да се обеси !?

Рерформите нека се прават како што се прават и сега само нека ги нема тие што прават опструкции.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Компјутерите работеа, кога на нив седнале деликвенти сега не работат . . . шо да прави министерството ? да се обеси !?
Да се обеси! :icon_lol:
Компјутерите работеа да. Али прво компјутерите се на старо купени, користени се веќе долго време. Така да плус сеа транспорт на половно, па повторно активирање и со тоа се намалува уште повеќе векот на компјутерот.
Така да не се виновни учениците за секое расипување.
Плус компјутер на секое дете требаше.
А немаше секое дете компјутер. Некаде ставија, некаде не.
Требаше секое дете да си има свој компјутер и да си седи во таа училница. А не беше така. Си се менуваат во повеќето училишта децата и си имаат часови во различни училници во зависност од предметот.
Колку професори вршеа предавања на компјутери? На прсти да изброиш. Плус такви предавања се реткост.
Компјутерите служеа за мсн, фб, игрици ...
И тоа е проектот на министерството Компјутер за секое дете?
Хмм ништо не се оствари од тоа. Само џабе пари се дадоа на половни компјутери за кои јасно беше дека кога тогаш ќе се расипат.
Што не купија нови компјутери и ако се расипе ќе се знае ученикот е крив. Вака не се знае ни кој ученик е крив ни дали е тоа негова вина.

Сега последна реформа е бесплатно образование со бесплатни учебници.
А и две одделенија не знам точно кои беа ќе имаат измени во учебниците, а секако дека тие учебници уште не се излезени така да ќе чекаат уште долго време додека не им се достават истите. Али прво да се одлучат кои учебници па истите да се испечатат. Значи на крај на година ќе имаат.
Браво така се донесуваат измени за учебници.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Сега последна реформа е бесплатно образование со бесплатни учебници.
Конкретно за ова, делумно (една од двете генерации) се работи за седмо одделение, помалиот син пак нема да добие учебници. Велам пак затоа што и лани како шестооделенци, на таа генерација и беше оневозможено да има бесплатни учебници па ги добија некаде за нова година. до тогаш нешто запишуваа, нешто паметеа...
Вакви полуреализирани или некои од нив и неуспешни проекти има доста. Пример и со религии, етика на религии. Сега гледам дека и тоа не поминало. Дали се пласираат проекти во јавност ради јавноста или да се извршат тие проекти.
И друго. Проектот како проект е од кратки временски рамки (без разлика дали е кратко или долгорочен) и е со цел интеграција на неговите функции и позитивни резултати во општеството, фирмите и институциите. Затоа се формира проект (за ваучери, религии, компјутери) за да после тоа се премине во стална употреба на тие дејствија кои се преемаат со проектите. Но ако се издржливи, оправдани, да не се косат со постоечките прописи и ако резултатите од проектот задоволуваат. Тоа е целта на секој таков проект. Овде не видов ниту резултати од проектите, ниту sustainability (одржливост). Дури и за учебниците мањкаат средства, рокови, автори...за одредени генерации. Ако се помножат тие две генерации на кои нема да им дадат учебници се добива прилично голема бројка во Македонија. Истото би било и за ваучерите, штом се формира проект, резултатите се најверојатно позитивни (апсолвентите се опремуваат со компјутери, основна алатка денеска за многу активности-посебно на високообразовните кадри)...и тука нема отчет зошто и како. За религиите исто, дури народ се закрве помеѓусебе, а проектот :nesvest:

Проекот треба да се сфати како дел, иницијална каписла за реформа во одредена област, а не како времена акција -додека чичко Сем дава пари од еу добро е. После тоа затвори проектна единица, затвори финансиска конструкција и ни јаре ни паре. Значи со реформи ниту р, со наставни планови и програми...сејм, со едукација на наставниот кадар за приме и примена на нови техники во наставата...исто. Тоа е мое мислење, според она што го следам во годиниве преку моите деца :smir:
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Да се обеси! :icon_lol:
Компјутерите работеа да. Али прво компјутерите се на старо купени, користени се веќе долго време. Така да плус сеа транспорт на половно, па повторно активирање и со тоа се намалува уште повеќе векот на компјутерот.
Така да не се виновни учениците за секое расипување.
Плус компјутер на секое дете требаше.
А немаше секое дете компјутер. Некаде ставија, некаде не.
Требаше секое дете да си има свој компјутер и да си седи во таа училница. А не беше така. Си се менуваат во повеќето училишта децата и си имаат часови во различни училници во зависност од предметот.
Колку професори вршеа предавања на компјутери? На прсти да изброиш. Плус такви предавања се реткост.
Компјутерите служеа за мсн, фб, игрици ...
И тоа е проектот на министерството Компјутер за секое дете?
Хмм ништо не се оствари од тоа. Само џабе пари се дадоа на половни компјутери за кои јасно беше дека кога тогаш ќе се расипат.
Што не купија нови компјутери и ако се расипе ќе се знае ученикот е крив. Вака не се знае ни кој ученик е крив ни дали е тоа негова вина.

Сега последна реформа е бесплатно образование со бесплатни учебници.
А и две одделенија не знам точно кои беа ќе имаат измени во учебниците, а секако дека тие учебници уште не се излезени така да ќе чекаат уште долго време додека не им се достават истите. Али прво да се одлучат кои учебници па истите да се испечатат. Значи на крај на година ќе имаат.
Браво така се донесуваат измени за учебници.
Се обеси :icon_lol:
Немаа компјтери претходно, им донесоа дали биле нови или стари сеедно. Јас секаде каде што бев имаше компјутери кои функционираа и имаше за секои дете.
Сега пак за учебниците, е ок де ако не за сите за 70% ќе има и тоа е многу направено, наредната година повеќе . . . ај ич да нема а кога немаше па сите си ќутеа :) сега ќе има и се зборува. тишина :)
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Се обеси :icon_lol:
Немаа компјтери претходно, им донесоа дали биле нови или стари сеедно. Јас секаде каде што бев имаше компјутери кои функционираа и имаше за секои дете.
Тоа беше на почетокот или...?
Дека во јуни во пола школи немаше компјутери, тастатурите се со изменети букви (најФенси е името да си го напишеш:icon_lol:), маусите не работеа, мониторите се шкртани, лепени со мастики итн...

Среќа моето школо има строга дисциплина па дали по 1-2 компјутери во улчилниците не работат...а во некои школи има училници каде СИТЕ се извадени, некаде и делови си зимаш па после продаваш на пазар:pos:

Мора да се промени нешто со тие компјутери.
Предавањата на нив се супер, програмите се супер за учење само професорите не се едуцирани па затоа мсн и фејсбук не занимаваа
додека професорот си објаснуваше лекција:pipi:
Катастрофа!
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.970
Поени од реакции
5.565
Добра тема :)
Не сум баш добро расположен за мислења од сабајле, ама ај да си имам пријава за оваа тема, мислам дека може да падне добра дискусија.
Инаку ќе кажам само за компјутерите, колку што знам јас не се купени на старо и иако не беше оваа акција успешна во целост, треба да се почне од некаде, нели? Претходно немавме ич компјутери, сега ги имаме... не очекувам овој процес на привикнување на компјутерите да трае помалце од пет години, прво имаме професори кои врска немаат од компјутери, а голем дел од нив и не се спремни да научат нешто ново :raz: Ете така, доста е и од мене за почеток :)
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Би го сменила цело министерство за образование,на такви некомпетентни мајмуни работа не им се дава,цел систем кој вредеше го уништија.
 
rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Ееее до кога?Па се додека не изумрат тетките и чичковците кои земаа дипломи за време на Титова Југославија.Тргнувајки до фактот дека тогаш за да завршиш факс требало само да имаш желба, многу типови и типки иделе учеле колку да пројдат и добиле диплома за завршен факултет.Земале членски книшки и се вработиле во ресорното министерство.И сега ни ебаваат мајката глумејки изумители, па измислуваат топла вода:tapp:Исто како што провинцијалци од Отешево, регулираат и осмислуваат собракај у метрополава така и неписмењаци измислуваат реформи....
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.970
Поени од реакции
5.565
Не е точно Стефан дека за диплома требало да имаат желба... Кажи ми кој не сака диплома? Требало да се помачат за таа диплома, да бидат малтретирани од професори, да паѓаат иако имаат напишано се... А денес ќе си се запишиш на приватен, ќе си платиш 8.000 еура, ќе си полагаш од книгички помали од Зоки Поки и по четири години ќе си добиеш диплома... Кај нас на факултет овие факултети ги викаат фабрики за дипломи и мислам донекаде дека се во право. И мислам дека добро би било реформите да се насочат кон намалување на корупцијата во државните факултети, и поголема контрола врз приватните универзитети, за нивните критериуми за полагање, а исто така треба добро да проверат од што учат тие студенти и дали тие книги одговараат на нивната возраст. Па срамота е една книга да биде помала и од весник :raz:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тргнувајки до фактот дека тогаш за да завршиш факс требало само да имаш желба, многу типови и типки иделе учеле колку да пројдат и добиле диплома за завршен факултет.

Штета што времепловот не е се уште измислен......па да имаш прилика да ова го видиш од прва рака!:vozbud:

Ако се многу типови и типки едвај десетина посто од завршените средношколци..тогаш ова денес е......

За реформите....зошто бе тој толку зборен запад со векови не прави така драстични и чести реформи?
Ние изгледа најпаметни ќе да сме!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Ееее до кога?Па се додека не изумрат тетките и чичковците кои земаа дипломи за време на Титова Југославија.Тргнувајки до фактот дека тогаш за да завршиш факс требало само да имаш желба, многу типови и типки иделе учеле колку да пројдат и добиле диплома за завршен факултет.Земале членски книшки и се вработиле во ресорното министерство.И сега ни ебаваат мајката глумејки изумители, па измислуваат топла вода:tapp:Исто како што провинцијалци од Отешево, регулираат и осмислуваат собракај у метрополава така и неписмењаци измислуваат реформи....
Ќе морам да те цитирам и јас :)
Не е проблем кога/кое време ќе ја земеш дипломата. Јас, сопругата, наши школски...многу луѓе имаат земено тогаш дипломи. Голем број од нив се успешни во своите приватни (некои и државни :) ) бизниси. Проблем е дали ќе се прилагодиш кон општеството или ќе чекаш тоа да се прилагоди кон тебе.
Многу од тие луѓе се исто толку вредни и упорни во нештата кои ги преземаат како и сегашните генерации.
Едина разлика е што на нас (и нешто постарите генерации), како на генерации кои раснеле и делумно почнале да работат во едни општествени услови, а се затекнати во сосем други, проблем е со прилагодувањето кон работата и обврските. Тешко е, но некој успеа да се прилагоди, некој остана така...како што ги опиша тие луѓе-тетки и чичковци. Зависи од човекот и неговата флексибилност, моќта на прифаќање на нови идеи, принципи...и нивна примена.

Имав среќа моите работни искуства ги оформам во повеќе фирми, а во доста од нив (иако со факултет-немаше ни тогаш така лесно да се најде работа соодветна на школото) и како физичар :wink: односно истовар (и утовар) на шлепери, работа на производна лента, градби (ха, кровот на Орце Николов :) ), преселби на објекти (стоковната на пример во центар)...да не редам, не е интересно, џабе ќе ви одземам простор и време.:smir:

Битно е дека делумно со калење низ работата, делумно со умот и сфаќањето, перцепцијата и умешноста за примена се постига се -од норма при физичка работа до соодветно завршени канцелариски обврски и обврски со проекти (домашни и странски). Или...ако сака, човек може се...а очигледно тие луѓе погоре не сакаат...се додека не им се закани некој дека леб ќе изгубат :toe:

Инаку еден солиден број од тие постари генерации низ светот важат за добри и успешни работници во своето поле.

А за болдот така е, многу луѓе се на несоодветни места, ставени без критериум и концепт. Малку барем ако ова се измени, тогаш далеку подобро ќе функционираат некои работи.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
Штета што времепловот не е се уште измислен......па да имаш прилика да ова го видиш од прва рака!:vozbud:

Ако се многу типови и типки едвај десетина посто од завршените средношколци..тогаш ова денес е......

За реформите....зошто бе тој толку зборен запад со векови не прави така драстични и чести реформи?
Ние изгледа најпаметни ќе да сме!
Кај нас реформите со секоја власт се колку да се рече, демек работат нешто:). И наместо да си почнат да ги решаваат работите и проблемите од кои сме позасегнати (спорот со името, ЕУ, НАТО, вселенските и невозможни барања на албанците...), најпрво се почнува со реформи во образованието. Да биде уште потрагично сето тоа е на штета на учениците, па сега наместо од учебници, основците и средношколците учат од сликовници и не се способни на географска карта да покажат кај е север, а кај југ. Мислам дека ние порано пообразовани излегувавме од 8мо одделение. Друг проблем со реформите во образованието е што тие се спроведуваат формално, особено на факултетите од Државниот универзитет. Ретки се оние кои целосно го спроведуваат ЕКТ-системот, а другите тераат по старо.
И врв на сите образовни реформи е државната матура и критериумите во оценувањето на екстерните испити. Тие што полагале, знаат.
 
Државната матура е најдоброто нешто во нашето образование, тука доаѓа до израз кој колку навистина знае :) Но стварно е беспотребно тоа што на некои факултети студентите полагаат и приемни испити :kesa:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Кај нас реформите со секоја власт се колку да се рече, демек работат нешто:). И наместо да си почнат да ги решаваат работите и проблемите од кои сме позасегнати (спорот со името, ЕУ, НАТО, вселенските и невозможни барања на албанците...), најпрво се почнува со реформи во образованието

Така е. За жал кај нас, кај и да се свртиш владее политиката (бизнис, администрација, болница, образование...). Катастрофа жива. Никој не гледа што е најдобро за учениците туку што е најдобро за актуелната влада. Финтава е ко на К-15 види ме што направив- "А ти можеш ова?".

На пример, мене најмногу нешто што не ми се свиѓа е компјутер за секое дете. Ако сакаат позитивни промени прво треба да се едуцираат наставниците за работа со компјутери, а дури потоа да им се донесат на децата. А, не они директно компјутер за секое дете па после зашто сите дремеле на facebook? Епа да се чудиш зошто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom