До жените: Колку пати годишно посетувате гинеколог?

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Колку што приметив, не е отворена ваква тема. Ме интересира до каде е стигнато здравственото просветување во врска со оваа тема, земајќи во предвид дека ракот на грлото на матката заедно со ракот на дојката е најчестото канцерогено заболување кај жените на светско ниво. Гинеколозите препорачуваат да се извршуваат гинеколошки прегледи 2 пати годишно, поради тоа што природата на заболувањето е скриено и нечујно да се развива, а кога ќе се појават симптомите, веќе е доцна. Дали вие практикувате гинеколошки прегледи 2 пати годишно?Доколку не, зошто е тоа така? Дали некогаш сте направиле ПАП тест?... И слични размислувања во врска со оваа тема.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
21
Поени од реакции
21
Одењето на гинеколог е дел од личната култура, добро е барем еднаш во годината да се оди без разлика дали ние сме сексуално активни.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Се согласувам со тоа дека треба да се оди без разлика на сексуалната активност. Но за жал повеќето девојки тоа не го практикуваат, што од срам, што од страв. Не е ништо срамно, ниту пак страшно. Искрено пред да отидам првиот пат имав трема, чуствував паника, но тоа беше тогаш и толку. Сега ми исто дали ќе отидам на преглед кај гинеколог или општ лекар, не чуствувам ниту трема, ниту пак кревам паника.
Навистина неможам да ги сфатам девојките што од срам и страв до сега не биле ниту на еден преглед, а се сексуално активни повеќе време, имаат и проблеми ете се јавила некоја инфекција, доцнење или поранување на циклус, дилема околу бременост... и упорно ќе бараат совети од другарки, форуми и слично, наместо да отидат на преглед.
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Не треба да постои страм доколку сакате да бидете здрави и се грижите за вашето здравје. Два пати годишно мора да се оди и секогаш важи правилото подобро да се спречи отколку да се лекува. Значи еднаш за секогаш треба да се искорени тоа мислење дека ако оди на гинеколог е тогаш мора да е бремена. :)
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
на 6 месеца...
едноставно сакам да знам дека се ми е ок..
мене ми е чудно кога некој вика дека не оди... дека ете нема потреба... а шо треба да се деси за да има потреба?!
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Практикувам да одам два пати годишно.
И мене ми е чудно кога чекам во чекална и луѓе зјапаат во мене мислејќи дека сум бремена.Но се помирувам со тоа, како што се помирувам со фактот дека тие кога биле помлади можеби воопшто не посетувале гинеколог за проверка па сега се чудат на другите.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.709
Поени од реакции
19.806
Гинеколог е обврска, како што имаш обврска да идеш на забар заради здравјето на устата и забите така е и ова, значи нема срам, лоши погледи, кога станува збор во какво време живееме и со какви се болести се соочуваме од тоа треба да ни биде страв и истиот највеќе да не тера на одговорност, не се посетува гинеколог од кога проблемот ќе е видлив, пред тоа е подобро.
 
Член од
5 декември 2013
Мислења
32
Поени од реакции
8
Многу нормално дека треба да се оди на гинеколог, барем еднаш годишно. И јас порано мислев дека не е толку потребно а и некако ми беше незгодно... :unsure: но откако беше другарка ми и му најдоа некоја бактерија и не знам шо се му се искомплицира, почнав редовно да си посетувам гинеколог во Плодност, и супер ми е вака. :LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom