Види шефе, не продавај муда за бубрези.
Зошто оваа е екстремно позитивна врз економијата на Македонија?
-Кога секој граѓанин ќе има преглед на процентот на купени македонски производи, кога ќе забележи дека купува 5, 10 20 посто, ќе се замисли и ќе рече чекај бе, доста финансирав западни источни соседи и европи, дај да купам нешто НАШЕ па да си помогнам себеси а и на другите.
-Ние не сме членка на ЕУ па затоа не мораме да ги почитуваме европските закони.
Зошто е добро ти да ги платиш тие 5000 денари и да ја помогнеш твојата земја?
-Затоа што од кога го имаш гранапот, јавна тајна е и само ти знаеш колку данок и придонес си затаил со прикривање, неиздавање на фискални сметки од 2000 па навака, претходно си колел на позитивна нула си држел после придонесите и платата...
Така што, тие 5000 се капка во морето што ти и останатите "бизнисмени" во Македонија и ги украдовте на Македонија со затајувањето данок и неприкажувањето на реалниот профит остварен. Ви текнува на Цацко: "Кога нема да плати данок, тој станува БИЗНИСМЕН!"
Дека не плаќавте данок и не дававте сметки, не дававте. Тие 5000 нема со ништо да ве повредат, не туку се жалите. Доколку се налути државата, и спроведе истрага за тоа колку имате затаено последниве 20 години, ќе изградиме 4 нуклеарни централи, 15 автопати и 7 аеродроми.
"Не прашувај што твојата земја може да стои за тебе, туку што можеш ти да сториш за нејзе", и дајте веќе еднаш да тргнеме напред а не само да цицаме од државната цицка, бидејќи ќе снема! Фатете работете и не туку се жалите!
Да живее Македонија!