D
Daedalus
Гостин
Нешто у тој стил е напишано тука, Берик е само саркастичен. Смешно е како уствари ликот што го поддржуваш и го браниш сегде кога се расправам со него, кажува нешто со што ти не се слагаш. Или и сега ќе кажеш дека ме издриблал у фудбал, без воопшто да прочиташ што сме зборувале пошто у твоја глава е менталитетот „ние“ против „нив“ кога ги читаш дискусиите?Znaci koga mu zvones na nekoj na mobilen ako ne se jave ti zaklucuvas deka ne postoe taj covek veke
Тачно е ова што го кажуваш, не знам само дали имаш конкретна поента или сакаше да се надоврзеш.Додека ти ја бараш дефиницијата за Бог и филозофираш по истото прашање што не е спорно од моја гледна точка тоа е твое право,муслиманот не размислува по истото прашање,он знае дека постои Алах и моментално прави потомци и размислува какво оружје да му земе на синчето кога ќе се роди.Што ти вреди тоа што си учен и паметен и атеистички поткован кога утре ќе бидеш малцинство и ќе се врши терор врз тебе во сопствената држава.Cheers
Али еве конкретно ме праша што ми вреди тоа што го учам.
Вредноста јас ја наоѓам во општествените импликации кои следуваат од ваквото размислување. Ако сакаме да напреднуваме на општествено ниво, мораме прво како единки да даваме пример за тоа како треба да се размислува. А ако не почнам од себе како пример, што понатаму?
Можеме истото прашање да го поставиме за Мил, Лок, Хобс или било кој филозоф или мислител низ минатото па до сега. Во тоа време имало исто војни и луѓе кои умирале на бојно поле не филозофирале, сепак знаеме дека влијанието на истите тие филозофи е огромно врз градењето на темелите на западната цивилизација.
Секако, ако дојде до покољ, првенствено сите ќе гледаме да преживуваме, а потоа да ломотиме за идеални утописки општества и други нормативи бидејќи егзистенцијалните динамици се примарни или тоа старото, не можеш да мислиш на гладен стомак.
Само не знам дали сосема ја оспоруваш вредноста на филозофирањето околу овие теми или сакаш да кажеш дека во дадени ситуации, некои работи се поприоритетни како тоа да преживееме ако нападнат екстремистите и да не дозволиме да преовладува нивниот фанатизам?
Ако ти е второто, повеќе од јасно е дека се сложуваме
Последно уредено од модератор: