Директна државна помош за мали бизниси

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Здраво
На големо се зборва за директни грантови (или кредити) кои ги дава МБПР или некоја друга институција во државата.
Мене воопшто не ми е јасно како (и дали) функционира тоа, па доколку некој има искуство со нешто вакво би ценел доколку го сподели.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Прв пат слушам за вакво нешто. Имаш нешто извор на информацијава?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
МБПР парите неможе да ги дава директно на фирмите. Тие кредити за кои зборуваш од МБПР се пренесуваат до банките пример. Отвори сајт на било која банка и во делот на кредити ќе ги прочиташ условите за добивање на овој кредит.
Друга линија со која се помагаат моментално фирмите е преку агенција за вработување, 3000 евра за секое ново отворено место, огласот е завршен. Исто има услови да имаш две работени лица, во последните 6 месеци да немаш одјавено работник, да не си во стечај или ликвидација, да си профитабилен изминатата година и останато.
Директни пари како помош од државата кон малите фирми нема во смисла да ти дадат пари директно они. Сите пари се пренесуваат преку МБПР или преку државните органи преку проекти од типот вработување или волонтирање.
Каматите се поволни, условите за добивање се речиси исти како и за апликација на кредит од банкарски средства.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
12.07.2012, 16:14
За компаниите кредити со 3 отсто камата

Фирмите кои преработуваат земјоделски производи можат да аплицираат за кредити кај Македонската банка за поддршка на развојот
Македонските компании кои се занимаваат со преработка на земјоделски производи можат да аплицираат за евтини кредити кај Македонската банка за поддршка на развој. Средствата ќе се пласираат со камата од 3 проценти. Рокот на отплата ќе биде до пет години и грејс-период од една година доколку станува збор за основни средства и 18 месеци рок на отплата и три месеци грејс-период за кредити за обртни средства. Барањата ќе се поднесуваат директно во Македонската банка за поддршка на развојот во Скопје.

Договорот со Владата за докапитализација на МБПР со 10,7 милиони евра преку што се обезбедуваат средства за малите и средните претпријатија беше врачен вчера од страна на министерот за финансии Зоран Ставрески на претседателот на Надзорниот одбор на МБПР Оливер Костуранов.
„Пред два дена ја објавивме кредитната линија од 100 милиони евра за малите и средни претпријатија, која е голема финансиска поддршка за македонското стопанство, а сега објавуваме дека ставаме на располагање уште дополнителни 10,7 милиони евра средства наменети пред се' за фирмите што се занимаваат со преработка на земјоделски производи“, истакна Ставрески. Според него, Владата ги обезбеди овие две кредитни линии навреме како директна поддршка на стопанството во услови на нарушена ликвидност и зголемени проблеми поради европската должничка криза. Кредитите од МБПР со ниска камата се за фирмите кои се занимаваат со откуп, преработка и извоз на земјоделски производи.
„Со овие средства обезбедуваме поволни ликвидни инвестициски средства за 50-ина компании од Македонија кои во следните месеци треба што побрзо да ги искористат средствата и да ги повлечат. На тој начин им помагаме не само на компаниите, туку и на земјоделците кон кои ќе се врши навремено плаќање. Токму затоа е избран овој сектор од причина што тука има сезонски влијанија и осцилации во однос на периодот што е потребен од откупот до нивната преработка, пласирањето и отплатата на производите. Затоа во овој временски период им се потребни ликвидни средства да го пополнат тој јаз“, порача Ставрески.
Претседателот на надзорниот одбор на МБПР, Оливер Костуранов, истакна дека со овие средства ќе се подобри развојот на производните и конкурентските способности на малите и средни претпријатија.
Кредитната линија директно ќе биде менаџирана од Македонската банка за поддршка на развојот. (С.М.)


Новите заеми значајна поддршка за фирмите

Сто и десетте нови милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот се значајна поддршка за стопанството и е една од мерките што Владата ги презема во изминатиот период за надминување на последиците од европската должничка криза во земјата, оцени премиерот Никола Груевски.

„Овие пари за нашето стопанство се сериозна инјекција, особено што овие средства се со ниска камата што е субвенционирана од страна на Владата. Таа е 5,5 отсто и во моментов нема поевтин извор на финансирање од која било банка во Македонија. И не случајно во минатиот период сите компании во Македонија се насочија токму кон тие кредити затоа што се најповолни, најевтини и најдобри. Практично, тие се една од најсериозните мерки со кои се ублажува целата ситуација поради кризата што се случува во Европа и нејзиното влијание во земјава“, изјави Груевски. (Ек.Р.)
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F789B396B51C2044922674CB8152F259
--- надополнето: 14 септември 2012 во 12:26 ---
МБПР парите неможе да ги дава директно на фирмите. .
Грешка си за компаниите што преработуваат земјоделски производи МБПР директно ќе ги кредитира.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Грешка си за компаниите што преработуваат земјоделски производи МБПР директно ќе ги кредитира.
Земјоделците се посебна лига, нив и директно субвенции им даваат.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Земјоделците се посебна лига, нив и директно субвенции им даваат.
Јас ти кажувам за компании не за земјоделци, така да едино компаниите што преработуваат земјоделски производи директно кредитите ќе ги одобрува МБПР, а сите други компании што сакаат да искористат субвенционирани кредити од 5.5% што ги дава МБПР треба да се обратат кај банките што МБПР има склучено договори за одобрување на овие кредити.
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Најпрвин фала ти за одговорот,
јас моментално работам во компанија и би сакал да започнам свој бизнис. Во сам старт јас би имал потреба од мин. 10 вработени во новата компанија, ќе имам потреба од две возила, сопствен простор и сл. Работата е што поголем број од условите на овие кредити се со тригодишни позитивни извештаи што за мене е невозможно. Друг услов е хипотека, која јас моментално неможам да ја понудам. Можеби неможам доволно да ја истражам проблематиката и затоа неможам да се снајдам.
Наједноставно кажано, јас имам обезбедено пазар за одреден производ кој го набавувам по одредена цена, го вградувам (со помош на вработените) и добивам разлика во цена. Имам потреба од средства за да го изинвестирам продуктот и би го вратил грантот (или кредитот) во рок од еден месец.
Конкретен проблем за кој што барам конкретно решение, а сигурен сум дека голем дел од малите бизниси во Македонија го имаат истиот проблем.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Најпрвин фала ти за одговорот,
јас моментално работам во компанија и би сакал да започнам свој бизнис. Во сам старт јас би имал потреба од мин. 10 вработени во новата компанија, ќе имам потреба од две возила, сопствен простор и сл. Работата е што поголем број од условите на овие кредити се со тригодишни позитивни извештаи што за мене е невозможно. Друг услов е хипотека, која јас моментално неможам да ја понудам. Можеби неможам доволно да ја истражам проблематиката и затоа неможам да се снајдам.
Наједноставно кажано, јас имам обезбедено пазар за одреден производ кој го набавувам по одредена цена, го вградувам (со помош на вработените) и добивам разлика во цена. Имам потреба од средства за да го изинвестирам продуктот и би го вратил грантот (или кредитот) во рок од еден месец.
Конкретен проблем за кој што барам конкретно решение, а сигурен сум дека голем дел од малите бизниси во Македонија го имаат истиот проблем.
Види нејќам да ти солам памет но пробај преку некој бизнис ангел да ти го финансира проектов а ти за возрат дај му % од соптсвеноста на компанијата. Еве ти линк од македонските бизнис ангели http://www.i2b.org.mk/ пред брзо време се формираа нема повеќе од една година до сега две инвестиотиски вечери се одржаа меѓу бизнис ангели и претприемачи. Поздрав се надевам дека ќе успееш да го оствариш проектот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За ова само ангелите можат да ти помогнат, други институции немаат поддршка на бизнис идеи без покритие. Ако можеш да се снајдеш за покритие (хипотекарно) иди во Прокредит банка она прифаќа бизнис планови. Доколку ги отфрлиш просторот и возилата (на сам почеток) можеш и со проектот за самовработување да извлечеш некое евро, па со тие пари да земеш простор и кола.
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Хм...
многу интересно ова со бизнис ангеливе.
Воопшто не бев запознаен дека и кај нас функционира тоа.
Тоа е практично некој вид на “мецена“, али у бизнис смисла?
Во понеделник ќе искомуницирам со центарот и ќе ве известам за развојот. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom