Диети и слабеење

Член од
28 март 2006
Мислења
17.716
Поени од реакции
12.145
Ко ќе не читаш добро без очила...
Кои се последици од земање лажиче вински оцет (не у салата, концентрирано со малку сок од цвекло) 5-6 пати неделно пред или по трчање?
Случајно забележав дека наместо јаболков 2 месеци сум голтал 6% вински...некои ефекти на притисокот или на некој орган?
 
Б

Бат Елохим

Гостин
не е голема количина, исто ко салата кисела да си јадел 5 пати неделно, Ако ништо не ти е до сега, уживај, не е замарај. Друг пат - диета со наочари- да држиш :D
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
ако држите диета да ке ослабнете.. Но кога ќе се вратите со нормално јадење ќе вратите многу повеќе.. еден мој другар ослабна 10 кила ,врати 15..

За да бидете слаби цело време треба да го смените начинот на исхрана засекогаш.. А не да гладувате 3-4 дена и после пак по старо..
--- надополнето: Jun 4, 2011 11:30 PM ---
Ах, епа неможам повеќе од 1000 на ден.
неможеш повеќе од 1.000 калории? 200 грама кикирики имаат толку.. незнаеш што збориш..
 
DemijanaX

Sama se farbam!!
Член од
12 март 2011
Мислења
32
Поени од реакции
8
Ко ќе не читаш добро без очила...
Кои се последици од земање лажиче вински оцет (не у салата, концентрирано со малку сок од цвекло) 5-6 пати неделно пред или по трчање?
Случајно забележав дека наместо јаболков 2 месеци сум голтал 6% вински...некои ефекти на притисокот или на некој орган?
Dali si goltal vinski ili jabolkov ne e bitno . Bitno e ako imas osetliv zeludnik, moze da ti napravi problem , pa da imas problem so kiselini vo zeludnik od sve i svasta. Ete toa e posledica. Bi ti preporacala (koga veke pies ocet), apcinja na baza na jabolkov ocet, za namaluvanje na tezina se, sosema prirodni. Gi ima vo skoro site podobro snabdeni apteki. Sostavot im e jabolkov ocet, korpiva i hrom. Nisto stetno nema, i imaat efekt na slabeenje. Od Bitofarm se inace, koprivata pomaga za da ne ti se vlosi krvnata slika, a drugie dve komponenti za topenje na masti :)
 
Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
Пред да почнете со било каква диета, треба да се запрашате што всушност зборот диета значи. А тоа е правилна исхрана. Скоро и да не постои оној временски интервал меѓу народот познат како „диета за слабеење“ во кој оној кој е на спомената диета ќе ослаби толку кила бидејќи јадел тоа и тоа.
За оние што сакаат да слабеат прво и основно е дека треба да трошат повеќе калории отколку што трошат, или спротивно да примаат помалку одошто трошат. А тоа нормално треба да се постигне со исхрана, значи одреден број на калории. Според некој правила кои можете да ги најдете на интернет. Аналогно на тоа ви е и диета т.е. правилна исхрана за „поправање“ каде е логично да внесувате повеќе калории отколку што трошите.

Најважно од се е да ја прилагодите таа диета и да ја претопите во вашиот секојдневен живот. Навидум едноставно, но треба да посветите време на тоа што јадете, како јадете... што и како ТРЕБА да јадете. Една од основните работи е да се консумираат 5-6 помали порции преку денот, но сепак да се внесе зададениот број калории а притоа да се внимава на протеините, јаглехидратите и мастите, како и нивото на активност.

Зошто 5-6 пати?
Затоа што со тоа овозможувате нормално хранење на организмот без прејадување. Доколку јадете 3 големи порции, вишокот од внесената храна се претвора во сало.

Мислам дека свативте во кој контекст оди разговорот.
Доколку некој е заинтересиран повеќе, можам да ви дадам линкови до сајтовите од каде што ги собрав овие информации во последните неколку месеци кои се на англиски, а доколку има некој кој не разбира радо би преведел повеќе од содржините.

Инаку и јас имам проблеми со тежината, но во обратен правец... имам недостиг. И тоа е тоа во суштина. Сé се сведува на правилен начин на исхрана. Не постои оваа или онаа диета со јадење на ова или она или пиење оцет или зејтин. Може некои од овие т.н. диети ќе работат кај некој, но не кај сите. Генерално, она што работи за сите е правилниот начин на исхрана.

П.С. Не сум никакво медицинско лице. Овој пост го напишав со цел да помогнам на база на тие информации што ги собрав од интернет. Сепак, цврсто стојам зад ова. Доколку имате да додадете нешто, слободно. Во спротивно, тешко дека ќе си го сменам мислењето на оваа тема.

Поздрав
--- надополнето: Jun 13, 2011 3:56 PM ---
Сте слушнале за P90X? Јас сега вежбам [ги вежбам] само Cardio X дека сакам да бидам активен а тие се супер [40 мин. траат +3 мин. загревање].Исто трчам 10-15 мин така да дневно сум активен 1 час.
Сега сакам да прашам колку калории одприлика се трошат за тие 60 мин. кардио вежби?
Во врска со исхраната, во Јануари годинава имав 41-2 кг. и супер ми беше но се опуштив и почнав повеќе да јадам [за сегашна жал или за тогашна среќа БЛАГО коа го немав ставено во уста во вид на слатки и сл. такви десерти 6 месеци ;)... основната потреба од шеќер ја добивав со 2 плода овошје на ден насабаље или до попладне] и со тоа добив резлутат од покачена телесна тежина во Март месец 44 кг. Малку се грижев но тоа ти е, си апнував како секој нормално. Сега се мерев пред 1 недела имав 45 кг. и од денес почнав да внимавам на мешањето јаглехидрати & протеини. Целта ми е да ослабнам 2 кг. за 2 недели бидејќи знам дека така нема да ги вратам. Не јадам благо, 1 недела се откажував од него и поарно ми е - место сладолед од 160 калории можам да изедам мало парче стек со краставици. Значи сега оваа недела и другата до некој-си 10-11 јуни сум на тој режим и знам дека ќе ослабнам, верувам бидејќи сум активен и внесувам околу 1000 калории [иако знам дека се слабее и повеќе од 2 кг. со таква исхрана & активност за 2 недели].
Висок 165-6, тежок 45 кг. Цел-43 кг.
:)
Арно ти кажаа, не си играј играчка. Мал си уште. За таа висина јас би ставил уште 5-6 кила, а не да намалам. Сега си во пубертет и ќе почнеш да растеш и да се извишуваш, што значи ако не јадеш доволно... многу повеќе ќе ослабеш.

И остави ја ти таа програма. Р90Х не е наменета за почетници а посебно не за деца под 17 години. Ова ти го кажувам со 100% сигурност.
Ако толку сакаш да вежбаш и да бидеш во топ форма, доволно ќе ти бидат склекови и стомачни + да трчаш во парк или некој спорт како кошарка или фудбал.
 
Член од
13 јуни 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Јадете на секои 2 часа.. По ептен мали оброци.. Се слабее вака како лудо.. Башка метаболизмот ќе ви убрза.. Пијте вода на секој оброк..

Подобро нешто не сум испробал.. Ем јадеш цел ден ем слабееш :) Но не значи по 4тина бурек на секој 2 часа :)
Околу 200 калории оброк е супер.. Да ги имате 8 такви тоа се 1800 дневно :)
Може ли пример за 200 калории што би можело да биде?
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Може ли пример за 200 калории што би можело да биде?
епа брат имаш на интернет барем за овие работи. Башка на секој производ пишува рачунај си..

на пример 2 јаболка ти се 200 калории..
80 грама житарици ти се отприлика толку..
и пакетче туна исто така има толку..
1 ред чоколадо може да има 100че или 150..

Менувај направи си свој распоред.. Вака ако се храниш + ако се движиш или вежбаш нешто ќе се стопиш.. Само ќе пазиш да не ги зголемиш оброците... И да испадне 8-9 големи оброци :)
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
епа брат имаш на интернет барем за овие работи. Башка на секој производ пишува рачунај си..

на пример 2 јаболка ти се 200 калории..
80 грама житарици ти се отприлика толку..
и пакетче туна исто така има толку..
1 ред чоколадо може да има 100че или 150..

Менувај направи си свој распоред.. Вака ако се храниш + ако се движиш или вежбаш нешто ќе се стопиш.. Само ќе пазиш да не ги зголемиш оброците... И да испадне 8-9 големи оброци :)
Ова морам да го испробам ми звучи добро. Пакетче туна па после 2 саати овошје ќе заврши работа па обратно. А планирам да вежбам со Yourself!Fitness. И онака не сум по благото само по пиво/вино сум. Па ќе апстинирам едно 6-7 месеци. Да се стопам малце многу накачив :) Изгледа алкохол во било која форма пиво вино ракија виски има многу калории и не дозволува да се губи од маса (сало).
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ова морам да го испробам ми звучи добро. Пакетче туна па после 2 саати овошје ќе заврши работа па обратно. А планирам да вежбам со Yourself!Fitness. И онака не сум по благото само по пиво/вино сум. Па ќе апстинирам едно 6-7 месеци. Да се стопам малце многу накачив :) Изгледа алкохол во било која форма пиво вино ракија виски има многу калории и не дозволува да се губи од маса (сало).
многу празни калории има.. ако скратиш благо,алкохол и леб ќе ослабеш ненормално.. Брза храна исто така..гледај да пиеш вода со секој оброк и немаш гајле..
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Најубаво е така да јадете повеќе пати по малку, ама тешко тоа дека некој може да го постигне. Затоа, најреално е да јадете три пати дневно, да избегнувате благо, леб и алкохол (посебно да се избегнува газирани пијалоци со шеќер ала кока кола) и да вежбате барем три пати неделно. Ова со алкохолот не е толку страшно самиот алкохол, туку тој создава глад , а и плус тоа се празни калории, односно не ве најадуваат а внесувате калории. Моја препорака е и редовно спиење , барем 6 часа секоја ноќ, и да пазите да легнувате во исто време. Јас се откажав и од кафе, кога ми се пие нешто пијам зелен чај, исто има добар ефект.
За сите оние кои нешто не им е јасно, размислете, во кое македонско село порано имало кока коли, сникерси, по леб на ден (па уште и пченичен) или кафе? Дури и да имало кафе, тоа било повеќе со наут отколку со вистинско кафе, а лебот секогаш бил ржен и јаделе ко Ганди, за да остане. Месо се јадело само на празници, а највеќе јаделе компир, чорби , чат пат ориз , и јаболка секој ден. Па живееле по 100 години, немало дебели луѓе и никој не се замарал со тежина.
п.с. не дозволувајте на американското потрошувачко општество да ве излаже со нивните финти, за вашето здравје се работи. Прашајте се колку од овие американски богаташи пијат кока кола и јадат чоколадо.
 
А копање на нива не се рачуна? :LOL:
 
Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
Јадете на секои 2 часа.. По ептен мали оброци.. Се слабее вака како лудо.. Башка метаболизмот ќе ви убрза.. Пијте вода на секој оброк..

Подобро нешто не сум испробал.. Ем јадеш цел ден ем слабееш :) Но не значи по 4тина бурек на секој 2 часа :)
Околу 200 калории оброк е супер.. Да ги имате 8 такви тоа се 1800 дневно :)
Јадење на секој 2 часа е неизводливо. Дури и во случај да ти готви некој, тоа се 8 оброка од 7 наутро до 9 навечер (претпоставувајќи поголемиот дел од читателите не стануваат во 12 напладне и си легнуваат во 4 наутро). Тоа се според мене многу оброци. Најдобро би изгледало ако имате 3 големи оброци и 2-3 ужини помеѓу нив, распоредени на 2-3 часа. (еднаш 2, еднаш 3 - како ви одговара) Еве по мое:

Доручек: 7:00
Ужина: 9:00
Ручек: 12:00
Ужина: 14:30
Вечера: 18:00
Ужина: 20:30

Зошто?
Доручек во 7 саат пред факултет. Да претпоставиме дека не можете да јадете многу одма после будење, али доручекот е столб на исхраната. Пробајте да не го избегнувате. Не си јадел многу, следува ужина после 2 часа. За ужина, може да имате на пример кафе + јаболко.
Ручекот треба да биде голем оброк, затоа го ставам после 3 часа бидејќи тогаш сум способен да изедам повеќе, но не се осеќам многу гладен што е многу важно... сум се најал добро на ручек што значи дека ужина можам да имам после подолго време... за ужина може да имате бисквити без шеќер и ниско маслено млеко... и така натаму..

А за 1800 калории сакав да кажам дека ова не е стандардизирана бројка за слабеење. Доколку вашето ниво на активност е 0, т.е. во поголемиот дел од денот сте седнати, дали на работа, или на факултет па дома на учење... тоа значи дека вашиот организам ја користи енергијата од храната само за основни потреби (пример, запали ја колата и остави ја да работи). Доколку сте примиле 1800 калории тој ден, а сте истрошиле пример 1600... тогаш, вишокот калории се складира и не сте направиле ништо. Пробајте да користите некој онлајн калкулатор за калории, и бидете активни во текот на денот. 20 минутно трчање нема да ви одземе многу, ќе ве размрда, ќе ви истроши неколку калории, што значи ќе ви отвори апетит но секако за здрав оброк со не многу калории.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom