Верувам дека оваа тема е баш создадена за овој човек. Покрај многуте потфати што ги направил, за мене најинтересни се потфатот кога пред публика и камери во живо исчезна Боинг 747 од писта, и потфатот кога пред повеќе од 50 милиони публика низ светот ја помрдна и направи да исчезне Статуата на Слободата во Њу Јорк Сити. Едно истражување што го направив низ нетов, прочитав многу извори тврдат со сигурност дека Дејвид Коперфилд поседува направа која е пронајдена на откопини кај Маите, која ја пронашол еден археолог и ја продал на Дејвид и служи за стопирање на времето. Додека бев мал имав фантазија да поседувам сат со кој ќе можам да го стопирам времето и да влегувам низ продавници и да земам играчки, а кога бев малку поголем фантазирав за малку поинакви работи со стопирање на времето...
Како вие го објаснувате ова, што мислите?
Како вие го објаснувате ова, што мислите?