Ве читам на темава и можам да дојдам до заклучок дека повеќе е отстапување од правилото отколку негово потврдување да секој кој потекнува од нефункционален брак или пак растел со самохран родител бил еден вид хендикепиран.
Донекаде можеби да, но во принцип во многу зависи од останатиот родител кој си земал за обврска да го израсне детето. Тука паѓаат во вода сите статистики и доаѓа во вид индивидуалноста на родителот кој го усмерува детето во животот.
Лично познавам, а и од темава се гледа, неколку примери кои израснале во прекрасни личности и индивидуи и имаат одлични односи со своите партнери иако потекнуваат од семејство со еден родител. Едноставно биле научени на соживот, трпение, повеќе биле измачени и знаат дека не може се' да добијат на тацна - сега и веднаш.
Од друга страна, голем дел од деца кои се воспитани со маскимата „тате носи, мама меси“ т.е. дека секогаш ќе има некој за нив кој ќе им биде на располагање 24/7 и во кого ќе најдат закрила имаат подоцна во животот проблеми кога самите ќе се соочат со ситуации (особено во брак) кога треба самостојно да одлучуваат и да донесат возрасни и издржани одлуки за себе и семејството. Тука паѓаат многу, па така и голем дел од браковите во денешно време доаѓаат под знак прашање.
Напротив, мислам дека децата од ваквите семејства порано пораснале, порано се соочиле со суровоста во животот и иако можеби на еден начин се оштетени (во одредена мера) заради недостатокот на родител - сепак израснуваат во поизградени и посериозни личности соодвествено на годините кои ги имаат.
Точно.
Дете од 16 год што живее тешко без еден или двата родители, пошто има случаеви и со баби пораснале е светлоносни години понапред со размислувањата од врсниците што си живеат во нормални семејства. А и не можеш да знаеш колку е едно семејство нормално само затоа што е семејство.
Такво дете, знае дека парите треба да се ценат, зошто тешко се излегува на крај со една плата или со некаква помош, така да во иднина тешко дека ќе посегне по луксузи како казина, дроги или други пороци, за разлика од оној што парата ја стекнал лесно без пот и не му значи ништо. Знае дека со 100 денари што би ги лупнал на машина за една минута, се хранеле 3 дена дома кога бил дете.
Знае што значи мака и немаштија, пошто колку и да се имаат пари, реално тешко е еден родител да гледа деца, има тука и штедење и скратување на некои работи. И вакво дете може да биде и важен фактор на некое место, зошто за разлика од оние кои имале и сакаат уште и уште, зошто сит на гладен не верува, со ваков човек поголеми се шансите за помошта да заврши онаму каде што е потребна, него во џеб.
За партнер, многу филмови гледате. Кажав, изборот ќе биде поопрезен и поистанчен, сигурно поучен од сопствената ситуација нема да си дозволи да биде со насилник или лик без иднина, без разлика дали фалела татковска или мајчина фигура, постои поука тука.
За брак, самостоен живот не е ништо ново, не треба време за адаптација каде нормалните деца не знаат што ги снашло кога ќе остават чинија со недојадено месо и по три дена мравки на неа, а мама не ја собрала, тука нема проблем, баш и обратно, подобро е многу да имаш ваков партнер, отколку некој што очекува да му бидеш мајка. Тој човек сам си ги перел чорапите пример...
За деца, тие деца сигурно нема да израснат разгалени и безобразни, големи се шансите да бидат приземни луѓе, како што би ги воспитал родител кој не поминал добро во детството.
Значи секако дека не се работи за сите, секаде има исклучоци, ама верувам дека голем процент ова се случува и треба да се очекува и многу е грдо, нечовечно и глупо да се деградираат овие луѓе и да се гледаат како чудаци кои не знаат што е нормално.