Деца без родители и без родителска грижа- Моја лична акција за информирање на истите!

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Ја отворам темава бидејќи спаѓам во таа група.

Прво, тоа се две различни категории:

  • Деца без родители - Се деца чии родители се починати.
  • Деца без родителска грижа - Се деца чии родители се разведени, побегнати по други држави, а самите деца се оставени во Домовите, или згрижени од туѓо семејство.


Јас имав статус на дете без родителска грижа, како мене се братми и сестрами..

22 години водиме буквално можам да кажам војна со Социјалните Работиници. Почнувајќи ја таа борба прво мојата баба, па ете денес одговорноста се префрла на мене.

Тој дел од држвава е изоставен тотално, луѓе со машински факултет некои само земјоделско се поставени за социјални работници, кои не го ни знаат добро законот за Социјална Заштита.

Дел од министерствата исполнет со корупција:

Пример : Човекот има имот голем но ете некој му средил работа за 3.000 месечно да зема од кои 1.000 ги зема социјалниот работник.

Чуда се дешаваат, децата немаат примања, им се скратуваат законските финансиски примања, не им стигнуваат никакви извештаи за промени на законот, буквално ништо.

Но сепак, дојде денот кога нормално ќе излезеш на факс, нови људи, стануваш академски граѓанин, високо ниво на интелигенција, и ете ќе почнеш да си решаваш проблемите. Проблемот со Социјалното. Гледаш дека си бил искористен, секогаш ти велеле дека немаш право на ништо!

Јас лично незнам како сум станал на 17 годишна возраст Старател на братми и сестрами... замислете полнолетен... скратувања на примања(нели ние не бевме криви што таков статус имаме).

Веќе неколку месеци трае остварувањето т.е поднесувањето на документите, ете денеска успеав, се надевам дека конечно Вистинското лично право ќе си го остваруваме.

Политиката на системот е таков, Ние имаме закони и членови, но не сме должни да трчаме по Вас, самите треба да си ги средувате своите проблеми, ова не е Европска Унија каде што други трчаат по Вас.


Еве линк : Службен весник на Република Македонија Барајте Член бр 68 и Член број 69

Тие што го немаат остварено ова право потребни Ви се следниве документи:

  • Потврда од Општина за остварен/неостварен нето приход.
  • Потврда од Катастар за имотна состојба.
  • Државјанство.
  • Извод од книгата на родените.
  • Потврда од училиште/факултет доколку сте редовен ученик/студент.
  • Потврда од Пенсзионо дека не примате семејна пензија.
  • Копија од лична карта.

Потрудетесе малце повеќе остварете ги своите права, ние не сме криви што имаме статус на деца без родители или без родителска грижа.

Искористетеја својата маана пропуст во животот за подобра иднина. Верувајте подобро ќе Ви биде!

Со почитт, секогаш ќе Ви одговарам на прашањата, и сите Вие кои имате пријатели со вакви статуси информирајтеги.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Bravo za temava ocigledno e deka instituciite vo makedonija ne vodat dovolno griza za ovaa kategorija na gragjani koja e najpogodena samo po mediumite kolku informacii stigaat za zloupotreba na decata vo dom do koga ce bide vaka koj znae
 
H

HITCH

Гостин
На конкурсот за социјален работник во општина Аеродром бараа и примија лице кое има завршено математика факултет. Сестра ми е дипломиран социјален работник и не можеше да учествува на конкурсот, бидејќи сите апликации кои не ги исполнуваат условите се одбиваат. Значи, некој кој го има завршено соодветниот факултет не може да аплицира. Не знам дали да се насмеам или да се расплачам.
Знам низ кој пекол поминувате! Тргнувајќи од крадење на донираната облека, до тотална негрижа за тие деца од страна на вработените лица во домовите.
Ова што сакаш да го започнеш е огромна работа, бара многу труд, време и трпение. Доколку на било кој начин можам да ти помогнам слободно контактирај ме!
Браво за идејава! Жалам што си во ваква незавидна ситуација!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
На конкурсот за социјален работник во општина Аеродром бараа и примија лице кое има завршено математика факултет. Сестра ми е дипломиран социјален работник и не можеше да учествува на конкурсот, бидејќи сите апликации кои не ги исполнуваат условите се одбиваат. Значи, некој кој го има завршено соодветниот факултет не може да аплицира. Не знам дали да се насмеам или да се расплачам.
Нема што да се смееш или плачеш предвреме се знае човекот што се прима на работа и огласот со услови се прави спрема него и тоа е тоа.
 
H

HITCH

Гостин
Нема што да се смееш или плачеш предвреме се знае човекот што се прима на работа и огласот со услови се прави спрема него и тоа е тоа.
Да, затоа оние на кои навистина им е потребна помош не добиваат ништо!
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Другар ми има починато мајка...како што се води тој? знам зема по 100 и нешто евра месечно како пензија му иде тоа..
 

violet

<3 SwEeT DaRkNeS <3
Член од
17 јуни 2008
Мислења
99
Поени од реакции
7
Да тоа е семејна пензија, ја земам и јас и изнесува 70% од вкупниот износ на пензија (плата) на починатиот родител се зема најдоцна до 26 години само и само ако си редовен студент. Јас читав во законот и прочитав дека семејната пензија се добива и ако си запишан редовно на постдипломски студии , дали некој знае нешто повеќе? бидејќи планирам да дипломирам и да се запишам на постдипломски.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Да тоа е семејна пензија, ја земам и јас и изнесува 70% од вкупниот износ на пензија (плата) на починатиот родител се зема најдоцна до 26 години само и само ако си редовен студент. Јас читав во законот и прочитав дека семејната пензија се добива и ако си запишан редовно на постдипломски студии , дали некој знае нешто повеќе? бидејќи планирам да дипломирам и да се запишам на постдипломски.

Во мојот пост има линк од службен весник, прочитај си.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Да, затоа оние на кои навистина им е потребна помош не добиваат ништо!
Па намерно се прави тоа нестручни лица се ставаат на места за кои што поим немаат што треба да се работи, ова јас го мислев дека е само кај нас ама со малку истражување видов дека не е така тоа е тренд во многу земји посебно со социјалните работници.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Плус потребен документ : Трансакциона сметка од Поштенска Банка.

Која идиотка таа за ППП.
После месец дена ми кажува дека треба и тој документ да и го донесам.
Идиоти се!
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Има нов закон, сите РЕДОВНИ студенти кои немаат пишано квадрат, можат да поднесат парање за Право на студирање.

Овој нов закон ги опфаќа, оние кои имаат статус на деца без родители и родителска грижа до 18 години.

Потребни документи:

1. Потврда од факултет дека сте редовен студент
2. Барање за одобрување на право за студирање


Што добивате?

18.000 денари месечно, мене ова ми делуваше како плата, но не е баш така.

Доколку имате живеалиште за кое плаќате кирија, во тој случај на рака добивате 9.000 денари, додека останатите се испраќаат за исплатување на сметките и киријата нив не ги гледате :)

Додека имате живеалиште и НЕ плаќате кирија, во тој случај добивате 9.000 денари месечно.

Значи 3.200 денари повеќе одколку што сега пристигнува.

Ако случајно ве вратат од меѓуопштинскиот центар за социјална работа, јавете се во министерство за труд и социјална политика, голем број од социјалните службеници не го знаат законов. Истиот постои од Мај годинава.

Освен правото на постојана парична помош, имате право на еднократка парична помош, која се покренува директно од самиот службен работник, по негова волја, таа може да биде 1.500 денари или 18.000 денари.

Чистајте и информирајте се.

Доколку познавате студенти кои имаат ваков социјален статус премногу ќе им помогнете со информацијава.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
„Член 69-а
Лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска
грижа, кое е запишано по прв пат на студиска година од прв и втор циклус на
студии како редовен или вонреден студент на јавните високообразовни установи
има право на парична помош за студирање во висина од 9.000 денари месечно,
ако користи социјален стан под закуп, односно 18.000 денари месечно, ако не
користи социјален стан под закуп, усогласена со порастот на трошоците на живот
за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за
тековната година.
Доколку лицето од ставот 1 на овој член ја повтори студиската година, правото на
парична помош за студирање му мирува сé до запишување на следната студиска
година по прв пат.
Лице од ставот 1 на овој член кое е запишано на трет циклус докторски студии
има право на парична помош за студирање од ставот 1 на овој член за
времетраењето на докторските студии на јавните високообразовни установи, но
најмногу до пет години од датата на запишувањето. Лицето, еднаш годишно до
центарот доставува потврда за редовно извршување на обврските од докторските
студии, согласно со статутот на високообразовната институција, а најдоцна до
септември за тековната година.
Лице кое користи право на парична помош за студирање од ставовите 1 и 3 на
овој член, се исклучува од користење на правото на парична помош од членот 69
на овој закон.“
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
1. Со најновата програма на Владата, 34 лица со ваков статус ќе бидат вработени во некои од Министерствата на Република Македонија. Секако оние кои исполнуваат услови, го поминат испитот за државен службеник, поминат неколку интервјуа!!

2. Доколку имате измеѓу 18-26 години, имате статус дека до 18 години сте живееле без родители или родителска грижа, а студирате како РЕДОВЕН студент, имате право на 18.000 месечно, или 24.000 доколку живеете под кирија!!!!

Со сестрами и братми сеа се смееме, за прв пат после години и години, осеќаме као да имаме некакви родители кои ни помагаат :))


Доколку познавате лица со ваков статус, и се студенти, информирајте ги.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom