Децата и теaтарот

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Дали и колку ги носите своите деца, внуци, братучеди на театар?

Посетата на театар има потенцијал да биде силно емоционално доживување, кое може да воспитува. Театарот може да ја допре детската фантазија, да пробуди интерес од уметноста и ја запали артистичноста во децата. Тој во себе содржи ресурси од различни области, како историја, географија, јазик и др. Театарот е комплексна уметност во која се измешани литература, музика, танц, дизајн, игра…


Поради овие специфики, театарот им помага на децата за духовна надградба, формирање осет за убавото, уметнички поглед, збогатување на системот на вредности… Затоа е важно децата да се носта на театар од најмала возраст.

Од друга страна, театарските групи во училиште ги учат децата на важни вредности како посветеност и ангажман. Програмите на овие активности, помагаат децата да добијат различни познавања од историја но и други нешта, кои несе учат во училиште. Театарот игра голема улога во развојот на децата, било тие да се актери или само гледачи. Ако сепак вашето дете реши да се занимава со актерство и да погледне зад завесата на овој чуден, забавен и приказен свет, еве уште неколку добри аргументи кои ќе ги добие од него…

Самодоверба
Учеството во пиеси, е доказ за децата дека, постојат луѓе кои знаат да ги ценат. Театарот помага за изградба на самодоверба преку аплаузи и критики, кои учесниците- деца најчесто ги добиваат од возрасните или своите врсници.

Почит
Во театрите се ракоплеска, насочува, слуша, корегира, адаптира и сл…со еден збор, се работи на талентот на детето-актер. Не се допуштаат навреди, подигрувања, подсмевања и сл…кога некој направи грешка. Најчесто, добриот актерски мајстор, прави корекции само кога гледа некоја грешка. Секој човек е вреден, уникатен. Ова правило е од основно значење во театарот, а и во животот.

Комуникација
Кога ќе се најде во некоја несакана ситуација, можноста на детето кое посетувало татар, да се изрази правилно и јасно, е од голема важност. Тоа уште подразбира правилно разбирање и користење на јазикот на телото и невербална комуникација. Театарот о одличен учител на сето тоа.

Ораторство
Јавните настапи можат да бидат голем проблем, за деца кои се срамежливи или повлечени. Кога се дел од театарска група, децата можат да ја надминат срамежливоста и да развијат добри способности за јавен говор.

Одговорност
Учеството во театарска група е одличен начин, детето да се научи на одговорност. Кога едно дете учествува во создавање на драма, тоа ќе осознае дека, постојат многу други кои зависaт од него, дека без него нема да биде изводлива. Ќе разбере дека има должности, кои мора да бидат исполнети, за да не ги изигра останатите и доведе до неуспех.

Посветеност
Театарот бара многу работа. Детето треба да ги научи сите реплики напамет, да ги запамети движењата…сетоа тоа, може да се примени и во реалниот свет. Децата тоа го учат, додека се дел од процесот на правење на драмска претстава.

Извор
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Домашен театар
Театарот е многу важен за развојот на детето. Куклениот театар, секогаш е добра забава за најмалите. Ако имате желба, може да си направите домашен театар, сцена со кукли… не е премногу комплицирано, а сигурно ќе ви се допадне.


Корисни совети, како да си направите сцена за театар во домот :

- Ќе ви треба една голема кутија(на пример, од некој ел. апарат). Ако немате, може да побарате во најблиската продавница, веројатно нема да ве одбијат, зошто многу од кутиите кои ги имаат, одат на ѓубре.

- Направете голем отвор на едната страна од кутијата, кој ќе служи како заден дел на театарот.

- Измерете околу 15 см. од горниот дел на спротивната страна и исечете првоаголник. Треба да биде доволно голем, за да може да се собере едно дете.

- За да биде позабавен, декорирајте ја кутијата со различна хартија во бои…може да додадете и украси по ваш избор. Дизајнот на кутијата зависи од вашата фантазија.

- Земете ластик со должина на предниот отвор на кутијата и позврзете ги двете страни. На ластикот закачете платно, кое ќе служи како завеса, која ќе се спушта од двете страни…

- Се што останува е да измислите содржина, во која ќе биде вклучено и вашето дете.

Какви кукли да користиме?

Преку куклениот театар децата ја развиваат фината моторика, фантазијата и артистичниот начин на мислење. Во оваа возраст фината моторика е сеуште слабо развиена…затоа може да почнете со игра, која ги содржи играчките и киклите- мечиња, колички, кукли…кои децата веќе ги имаат. Подоцна може да вклучите и попрости кукли како чорапи за раце и сл… Може да ги изработите сами, има безброј туторијали на интернет. Може да користите и музика како дел од вашата театарска представа…

Туторијал за кукла од чорапи

- Одберете некој чорап, кој не е подолг од лактот на раката, за да биде удобен за носење. Бојата може да биде по избор.
- Најдете две копчиња во иста боја и зашијте или залепете ги за петата на чорапот.
- Сега облечете го чорапот на вашата рака и направете ја како уста.

Глас

Оставете го детето само да импровизира со гласот и да се “преправа“ така, како што осеќа дека куклата треба да глуми. Ако користите кукли за раце, природна тенденција е да ја затворате раката – устата на секоја кукла.

Најмалите деца немаат потреба од премногу стилизирана сцена, зошто тие знаат сами да си измислат приказни и да импровизираат.
За малку поголемите, кукленото шоу, направено од родителите во домот, е многу добра алтернатива на телевизијата или компјутерот. Децата знаат вистински да се забавуваат кога разговараат со овие кукли или кога тие им одговараат.

Експертите велат дека, куклениот театар во домот е одличен начин за децата да се изразат. Куклите често се користени од самите детски психолози за терапија преку игра.

Театарот може да биде голема страст за секој од нас. Ако еднаш влеземе во тој свет, знае да не натера да размислуваме, да се смееме, да плачеме, да не маѓепса. Тој може да не промени, не тера да бидеме силни и да веруваме во чудата. Театарот е магија, како за возрасните, така и за децата… свет од кој тешко може да се излезе… зошто секогаш нешто не влече кон него.

Извор


http://babyccinokids.com/blog/2013/01/08/diy-with-socks/
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.619
Поени од реакции
10.877
Едвај чекам да се роди за едно 2 години да го/ја носам во театар.
До тогаш ќе издржам некако, јбг.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Македонец и театар -:pos:дај не ме смеј молим те, која навика ја имало/ има кај него за посетување театар? единствено кога организирано ги носеле од училиште- па бидејќи „морало„ тие оделе
Спомни му на некое дете -каде би сакало да оди и во опциите стави и театар
па заклучи си сам
Да, навика од мали нозе се создава - но таа брале во МКД не ја барај, но со оглед на изградените бројчано многу нови театри- а никаквата посетеност, се’ мислам дека повторно ќе заживее она одење ( делење билети преку организации, синдикати, училишта) - но, само за да не блеат празни- а не и заради огромното влијание што го има театарот врз образовниот процес на една личност- дејството врз детската психа пред се’- придонесот во развивањето на фантазијата, емоциите, естетскиот вкус кај детето, духовно да ги збогати, па дури и да ги социјализира
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Младите родители, можат да ја променат таа слика...се зависи од родителот и начинот на кој го воспитува своето дете. Посетата на театар е прашање на висока свест, интелект и култура...прости луѓе не одат на театар, просто тоа не ги интересира, тие имаат други интереси :)
Театарот е зараза, доста е 3-4 пати да се посети, псоле само те влече...Мислам дека личноста н младиот човек во макдеонија, е доста нагризана и деградирана...уште неможам да разберам како млад човек може да се качи во автобус, да турне бабичка и буквално да гази врз неа...исто грозна слика е кога се види, млад човк како се изживува со животни, ги мачи и малтеретира а тоа на овие ширини го имаме видено...значи , важни се првите неколку години од животот, ако тие се испуштат после е касно за една личност да биде како што треба.
Колку повеќе младиот родител го стимулира детето да се изразува креативно, колку повеќе му го пополнува времето со активности како солено тесто, моделирање, музика, театар, фотографија, цртање и сл....толку поголема е веројатноста дека тоа дете ќе израсне во прекрасна личност. А доста често, деца што растат во таква средина, подоцна во живото развиваат желба да се занимаваат со нешто во сверата на уметноста...а кој родител не би сакал неговото дете еден ден да стане светски познат артисти, како Пикасо, Дали, Фрида...или глумец, или скулптор, или фотограф :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
И тоа како треба да се учи детето од мали нозе на убави нешта. Еден ден кога ќе имам син или ќерка, обавезно ќе го носам на театри, колку што можам почесто, многу има влијание културата кога ќе се изгради кај детето на мала возраст. Што знам, еве и јас самиот ќе тргнам, никогаш кај мене дома не се слушало српска музика, и ден денеска имам наклонетост кон добра музика, за разлика од некои кои што пуштат таква музика и автоматски децата се навлекуваат на тоа.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Театарот е убава работа, посебно ако одиш на некоја добра претстава со добра содржина.
Јас на театар немам отидено некои 14 години т.е. немам отидено од трето-четврто одделение....., но тоа незначи дека во иднина не би отишол:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom