Дефиниција на интелигенцијата?

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Повеќето автори ја дефинираат како " способност за приспособување, учење, апстрактно мислење и глобална способност за целисходно, рационално и за успешно функционирање со својата околина".
Самиот збор интелегенција потекнува од латинаскиот збор "inteligere" што се преведува со сфаќам или разбирам:
1. Приспособувањето како битен елемент на интелигенцијата се однесува на:
-приспособување во и кон околината,
-општо ментално приспособување кон новите проблеми и барања од животот,
-приспособување кон нови ситуации и нови услови.
2. Учењето се однесува на:
-способност за учење и за стекнување знаење,
-способност за учење и за користење на искуствата,
-способност за стекнување способност.
3. Апстрактно мислење се сфаќа како:
-способност за мислење во решавањето на проблемите,
-способност за апстрактно мислење и за разбирање на паричните и односите меѓу предметите и појавите,
-увидување на важни и битни односи.
4. Целисходност, рационалност и успешност во приватните и професионалните релации.
Интелигенцијата се мери со помош на повеќе тестови преку кои математички се пресметува количникот на интелигенција. Нормалниот количник на интелигенција се движи од 90 до 110.

Луѓе тоа што ме интересира мене е вашето лично мислење, вашата лична дефиниција за интелигенцијата, се надевам дека ке добијам добри одговори.
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
...uspeshno prilagoduvanje vo sekoja situacija e definicijata za intelegencija, megutoa moze da znachi i deka e toa prosechna intelegencija...sekogash intelegencijata se meri so kreativnosta ... sto pogolema kreativnost toa pogolema intelegencija toa bi bilo toa u kratki crti...mrafko...i ushte neshto...da dopunam u vrska so intelegencijata...sto pogolema intelegencija poosamen e svetot...vo koj se naoga intelegentniot toj...
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
...uspeshno prilagoduvanje vo sekoja situacija e definicijata za intelegencija, megutoa moze da znachi i deka e toa prosechna intelegencija...sekogash intelegencijata se meri so kreativnosta ... sto pogolema kreativnost toa pogolema intelegencija toa bi bilo toa u kratki crti...mrafko...i ushte neshto...da dopunam u vrska so intelegencijata...sto pogolema intelegencija poosamen e svetot...vo koj se naoga intelegentniot toj...
A kako mislish poosamen?
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Hm ne mislam deka ke bide osamenn bash onaka ke bide gord so sebe si:D
 
U

UnholY

Гостин
Интелигенција...Способност да се размислува на високо ниво...Луѓето кои добро се снаоѓаат интелектуално во повеке области се смета дека имаат одлична општа интелигенција...Исто е познато и дека постои генетска преодреденост за интелигенцијата и дека таа е наследна....За некој да се каже дека е интелигентен тој треба да има добра меморија широко познавање од многу работи....Има повеке фактори кои влијаат врз интелигенцијата како средината во која поединецот се развива...Се смета дека поединецот без добро образование има лоши предуслови за развој на неговата интелигенција
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Koi drugi faktroi vlijaat na inteligencijata osven sredinata i obrzovanieto?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Поголем број на психолози интелигенцијата ја сфаќаат како способност за мислење и решавање на проблеми, способност за успех или снаоѓање во нови ситуации, способност за увидување на битни ситуации и сл. Имајќи ги во предвид сознанијата за развојот и функционирањето на мозокот како органска основа на интелигенцијата односно присутноста на влијанието на наследството врз доменот на менталните способности како доста сигурно сознание, мора да се нагласи дека ова влијание не може да се издвои од контекстот на срединските услови во кои развиток се одвивал. Во средини со поволни културни стимулации развојот на интелектуалните се одвива многу поуспешно отколку во средини кои се сиромашни во овој поглед. Уште повеќе, неповолните средински услови оставаат трајни последици врз развојот на интелигенцијата посебно во детсвото. Голем број сознанија укажуваат на тоа дека, со подобрување на општите животни услови, интелектуалното ниво на цели популации луѓе се покачува во однос на претходните генерации. Според некои истражувања глобалната интелигенција, во споредба со последниот век, е во пораст барем за 20 бода.

Што се однесува до развојот на интелигенцијата, т.е. менталните процеси кои ги условуваат постигувањата на човекот од непобитна важност се сознанијата дека конгнитивниот развој минува низ неколку колективно различни фази кои следат една по друга и имаат свој структурални и функционални својства. Според поголем број испитувања за брзината на интелектуалниот развој може да се каже дека околу 16 до 18 година завршува стекнувањето на основните интелектуални снаги заеднички за сите нормални луѓе од одредени културни средини.

Но, современите сознанија укажуваат и на тоа дека факторите од неинтелектуална природа не се движат доволно брзо по истата нагорна линија, а за тоа сведочи постоењето на повеќе проглеми во секојдневното живеење на човекот,(употрба на оружје, насилство, пороци, нетолеранција и сл.). Затоа, кога говориме за научна организација на човечката дејност говориме за ефикасно активирање на интелектуалните и емоционалните ресурси на личноста.

Факторот човек е главниот творечки агенс во модернизацијата на процесот на работата во сите подрачја на материјалното производство и опшествениот развој. Од тука, сознанијата за психолошката информација во врска со карактеристиките на личноста на човекот (на пример способноста за адекватно оценување на ситуацијата, за благовремено донесување на одлуки, толеранција на фрустрации и сл.) се составен дел на напорите за оптимален развој на дејностите. Кога говориме за успешен развој на детето, а подоцна и на возрасниот човек, треба да ги имаме предвид сознанијата дека, склопот на особини на личноста каде што се испреплетуваат влијанијата на интелектуалните фактори имаат суштествена улога врз тој развој, а никако издвоени едни од други. Глобалниот скор на интелигенцијата (рационалната интелигенција која е главно наследно детерминирана) како и емоционалната интелигенција (која се развива под влијание на околината - родителите, педагозите, другарите) имаат пресудна улога во развојот на успешноста на детето.

Воспитно - образовниот систем може битно да влијае на емоционалната интелигенција и да го помогне информирањето на личноста со високо морални критериуми кои многу успешно комуницираат со другите луѓе, полесно се справуваат со секојдневните стресни ситуации, поуспешни се на работното место, полесно ги преживуваат емоционалните конфликти, имаат силно развиена емоционална контрола и сл.

Ако вербалните и невербалните способности како што се помнењето, речникот, разбирањето, решавањето на проблемите, апстрактното мислење, способноста за забележување, вештините на обработка на информациите, визуелно - моторните способности и др. т.е. она што се мери со стандардизираните тестови на интелигенција се показатели на глобалната интелигенција изразена со IQ кој многу малку се менува по шестата година (кога се смета дека завршува функционалниот развиток на на нервните ткива) и обично колерира со успехот во учењето, емоционалниот коефициент се дефинира како еден подвид на опшествената интелигенција и се состои од способност за препознавање и следење на сопствените и туѓите чувства, како и употреба на тие инфирмации како водич во мислењето и постапките.

Не е возможно во една личност да се спојат сознајните и емоционалните вештини, а тоа пак е сигурен пат кон успешноста на човекот во практичното живеење.
Детството и адолесценцијата се критични точки во кои настануваат основните емоционални навики кои ќе управуваат со нашите животи. Современите сознанија од нервохирургијата не упатуваат кон битни показатели дека, со стимулирање на мисловниот дел од мозокот успеваме да го научиме детето да ги контролира своите емоции т.е се развива емоционална контрола со помош на емоционална реедукација. Емоционално вештите луѓе умеат интелигентно да ја употребат емоцијата и се во предност во сите домени во животот. И обратно луѓе со висок IQ а ниска интерперсонална во практичниот дел од животот мошне тешко се снаоѓаат. Во урамнотежувањето на разумот и чувствата учествуваат таламусот, амигдалниот и фронталните делови на кортексот со подршка на други мозочни структури и жлезди. Емоциите се пренесуваат и контролираат по пат на биохемиски материи од мозокот до останатите делови на телото. Притоа се одвива процес на извонредно брза комуникација во мозокот со помош на наведените делови од кортексот.

Ако говориме за интелигенцијата од аспект на тоа влијае на животниот успех на човекот би морале да го актуелизираме нејзиното пошироко видување односно да дадеме акцент на емоционалната интелигенција. Според некои истражувачи за успешноста на индивидуата од битно значење се следните емоционални особини: емпатија (сочуствување со другите), изразување и сеќавање на сопствените чуства самосовладување (самоконтрола), независност, прилагодливост, омиленост кај другите, пријателско однесување, љубезност, почитување.
Преку реален оптимизам и усмерување на емоциите во правец на креативноста се развива силна самомотивација на личноста која го отвора патот кон лична среќа и задоволство на човекот.


Извор, сајтот на MENSA
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Интелегенцијата како општ поим јас ја сваќам како способност за многу брзо согледување на работите од повеќе интересни аспекти, за ова интересни да се појаснам, интелегентните луѓе вродено поседуваат или изнашле добри техники за памтење и едноставно логичко согледување и подредување на набљудуваните предмети и појави по редослед кој ќе им овозможи да запамтат повеќе, да согледаат повеќе и на тој начин во потребен момент да можат да ги искористат деталите за тој предмет или појава, е сега тука како некаков мерен елемент се употребува коефициентот на интелегенција т.е можност за согледување на набљудуваниот предмет или појава која е поголема или помала во зависност од капацитетот на единката.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Што поголема интелегенција - поголема самосвест. За најинтелигентните животни делфините се смета дека имаат одреден степен на самосвест, не како кај човекот туку како кај помалите деца. Додека оние кутри луѓе во установи за тешко ретардирани баш делуваат ко животни без самосвест.
Но високата интелегенција не е мерило за објективност и свесност. И најретардираниот може да биде почовечен од најинтелигентниот.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Повеќето автори ја дефинираат како " способност за приспособување, учење, апстрактно мислење и глобална способност за целисходно, рационално и за успешно функционирање со својата околина".
Самиот збор интелегенција потекнува од латинаскиот збор "inteligere" што се преведува со сфаќам или разбирам:
1. Приспособувањето како битен елемент на интелигенцијата се однесува на:
-приспособување во и кон околината,
-општо ментално приспособување кон новите проблеми и барања од животот,
-приспособување кон нови ситуации и нови услови.
2. Учењето се однесува на:
-способност за учење и за стекнување знаење,
-способност за учење и за користење на искуствата,
-способност за стекнување способност.
3. Апстрактно мислење се сфаќа како:
-способност за мислење во решавањето на проблемите,
-способност за апстрактно мислење и за разбирање на паричните и односите меѓу предметите и појавите,
-увидување на важни и битни односи.
4. Целисходност, рационалност и успешност во приватните и професионалните релации.
Интелигенцијата се мери со помош на повеќе тестови преку кои математички се пресметува количникот на интелигенција. Нормалниот количник на интелигенција се движи од 90 до 110.

Луѓе тоа што ме интересира мене е вашето лично мислење, вашата лична дефиниција за интелигенцијата, се надевам дека ке добијам добри одговори.
Темава океј ми е, само мислам дека не требало прво да кажеш што е интелигенција по дефиниција, пошо откако ќе се прочита што е, веќе ненамерно се менува и личната дефиниција. Не може да се прочита, и да се остане на истото мислење како и пред тоа, зашто имаш веќе некое знаење кога ќе прочиташ што е. Се надевам ме сфаќаш...
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Самата интелигенција е често неопходна, но не и доволна за успех. Многу се битни способноста кај човекот, неговите особини, околностите и секако мотивацијата..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom