Десет типови на луѓе кои одат на одмор во Охрид

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
:eek::eek::eek: Зашто плакjaш пари за багаж?! Това е пракса на таксистите или...?!
Па не, ама те гледа оти имаш багаж, оти не си од негов град и одма гледа некако да те украде :)
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Па не, ама те гледа оти имаш багаж, оти не си од негов град и одма гледа некако да те украде :)
Jaс имав слично изкуство со един сличен - посака пари,кои не можат изобшто да се замислат - просто му оставив пари колкото мислев и си излезов. Тоj утре може да ти стави такса воздух.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.144
Поени од реакции
18.168
А што е поразлично од сликите освен тоа што маската ја нема а, е Скопје? :)
Искрено за таксистите Охрид на лето 50% се од Струга/Ресен/Битола/дури и Дебар и сите се лакоми. Еве мене тука Скопје од автобуска нарачав такси ме донесе до дома за 100 денари (точна цена) + 60 денари за багаж? За една торбица и ранец? :confused: Се јавив после во истата такси компанија и чудеа зш ми наплатил...ама ете сакам да кажам секаде се истите..не се доволно платени никаде и крадат.
Последново лето еднаш се возев со Битолчанец еднаш со Прилепчанец таксист.А охридски таблици да му ебам...Ама ги познав по говорот, а се прам на неОхриѓанец.Е тука е интересното, 160 ден.Далјан - Охридска ми побара едниот :pos:
 
M

macgowan

Гостин
Страно е наплакjaнето во црквите(Св. Наум, Jоан Канео, Св.Софиja,...), а уште пострано е наплакjaнето различно за македонски грагани и за туги. Уште поинтерно ми беше,дека на некои места наплакjaв директно во лев.--- надополнето: Dec 2, 2011 7:40 PM ---
Tоа со наплаќањето влез во црквите е демек дека се на ниво музеи па еве се наплаќа влез...абе си плакале мајката попојте пријателу! Да не одам оф-топик ама тоа со наплаќањето страшно ме нервира одамна ама нема да има промена скоро на тоа, т.е. „ ...док је Тита биче и вискија...“
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Tоа со наплаќањето влез во црквите е демек дека се на ниво музеи па еве се наплаќа влез...абе си плакале мајката попојте пријателу! Да не одам оф-топик ама тоа со наплаќањето страшно ме нервира одамна ама нема да има промена скоро на тоа, т.е. „ ...док је Тита биче и вискија...“
Пропуснав да напишам изкуството си со регистрациja во полициja. Знам дека мора да направам таква и реков на газдата. Он рече-немаj гаjле. Доjде последниот ден - регистрациja немаме се уште. Отидов во полициска станица - рекоха ми без газда не може да направам. Пак му се jaвив - он рече-абе тераj вака, ако ти направат проблем на граничниот премин да ми се jaват на телефон :)
Така и стана - на Деве Баир ни барат регистрациja - немаме- едни разправии,каде,ама зашто, ама казна сега... во краjна сметка разминавме се без казна. :)
Мислам това мора малце да се среди и да сакам да изполнам се, ако газдата не сака - jaс сум прекршил закона и мене на граничен ме прашат.
 
Неубаво indeed...жалам за твоето искуство. Секаде има `домаќини` како овај твојот да не чува ксметот од такви...Охриѓани(јас сум помалу охриѓанец, ми идет 16тина) се добри луѓе во основа(риби фашчет, тикви јадет).
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Таксито, паркингот, цената, влезот, мочки во езерото... па и серки во последно - раскажува една згрозена скопјанка :pos:
Мислам... нема смисла луѓе... менете тактика, гледате дека оваа не е продуктивна веќе 1 деценија...
Или напрајте брана на Вардар, неколку филтри (пОгОлеми).. и искористете ја Градска плажа 2 - како мотив + за да го преболите нашето гнасно езеро полно со скопски фекалии :tapp:
Ако тоа не помага, дајте не во ХАГ ! (y)
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Каде на Балканот ке најдете подобар нокен живот? Каде ке најдете пиво за 100 денари во туристичко место? Па како сакате бе луге цело лето исполнето е со Дј од ибица српски пејачи македонски пејачи што сакате повеке за цената што не ви се свига?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.740
Поени од реакции
9.864
Каде на Балканот ке најдете подобар нокен живот? Каде ке најдете пиво за 100 денари во туристичко место? Па како сакате бе луге цело лето исполнето е со Дј од ибица српски пејачи македонски пејачи што сакате повеке за цената што не ви се свига?
Toa е тачно ..добар ноќен живот,евтино пиво има настани и дџ-и па и српски певаљки.. ама тачно е и

- нељубезност на голем процент на Охриѓани
- ужасна неорганизираност
- лош јавен и такси превоз
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
- нељубезност на голем процент на Охриѓани
- ужасна неорганизираност
- лош јавен и такси превоз
Има фини места за излегување кои ги држат охригани, сите места што ги менаџираат скопјани битолчани има обезбедување од с.Лешани и с.Велгошти кои стварно не се културни во природа им е што да им правиш.
Под ужасна неорганизираност не знам што подразбираш во кој поглед се неорганизирани.
Превозот е како во цела Македонија така и во Охрид. Неколку пати се имам возено во Скопје, Штип и Куманово со такси секогаш кога ке познаат дека сум Охриганец цената е барем за 30% повисока од што треба.А со кола Скопје е убедливо катастрофа како што направиле сега некој си зони измислиле пред 2 недели бев и за 5 мин застанав да земам некој документи на паркинг кој нема ни знак ни е прикажано дека е паркинг ми ја блокираа колата и платив 1300 денари за да ми ја одблокират.
Се расправав со тој велосипедистот со клемите за блокада, му викам абе нема знак не е означено дека е паркинг од кај да знам дека се плака не ми е дојдено до 100 денари да не платам, тој ми вика како не знаеш имаше во весник. Дешавкава беше во Аеродром
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.144
Поени од реакции
18.168
Каде на Балканот ке најдете подобар нокен живот? Каде ке најдете пиво за 100 денари во туристичко место? Па како сакате бе луге цело лето исполнето е со Дј од ибица српски пејачи македонски пејачи што сакате повеке за цената што не ви се свига?
Не ќе беше лошо да е само ова во црно, а да се намалат тие во црвено.Градот на лето стана панаѓур со пуканки, пченка, шеќерна свила, бокс апарати и голема турбо фолк дестинација.На лето се осеќам ко да сум на сплав во Белград, а не во Охрид.

А за цените си во право, не ги разбирам луѓево од Скопје шо се жалат за цените.100 денари Скопско е тука негде со нивните места, а голем дел пијачки и поефтини се во Охрид.Ги разбирам само луѓево од Источна Македонија,Прилеп и некои помали места заш е стварно поскапо од таму.Па ако сакаш да ти е ефтино на одмор, не оди.Или оди на друго место, имаш избор.
Од друга страна, за млади и немат некој избор баш поради тие едни исти фаци шо се вртет лето и зима (сервирањето на Аца Ужас како најголема светска ѕвезда секој 2-3 месец е жално), немат аква - парк (забавен парк), салам бродски линии меѓу Струга и Охрид (и Поградец), немат добар пат до на плажа,авионска поврзаност, паркинзите итн.
Можда жалбите се во смисла однос понуда - цена.Слаба понуда за тие цени.

Toa е тачно ..добар ноќен живот,евтино пиво има настани и дџ-и па и српски певаљки.. ама тачно е и

- нељубезност на голем процент на Охриѓани
- ужасна неорганизираност
- лош јавен и такси превоз
За лошиот јавен + такси превоз е крива Општина Охрид и Република Македонија со нивните инспекции.Поголем број од нив лесно препознатливи, секое лето мојш да ги најш по кафичите со газдите запиени.На зима по кафаните.
А јавна тајна е дека во Охрид (и во цела Македонија) на тие места се газди бивши / сегашни криминалци и сељачана.Секоја чест на исклучоци.

Дури и нељубезноста можам да ја поврзам со инспекцискиот хаос - глувците се главни во време ко ќе спиет мачката.А нашата мачка е години заспана.Барем 40 % од туристите се непријавени и за нив не е наплатена туристичка такса.Немат страв од инспекции.Ама од друга страна ете прашање, зошто да платат такса ко градоначалникот пријавил нула денари приходи по тој основ? Многу е едноставно за подобрување, ако секој си ја гледат работата озбилно.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Не ќе беше лошо да е само ова во црно, а да се намалат тие во црвено.Градот на лето стана панаѓур со пуканки, пченка, шеќерна свила, бокс апарати и голема турбо фолк дестинација.На лето се осеќам ко да сум на сплав во Белград, а не во Охрид.
Па нема бе другар луге за таков тип на журки. Единствено што можат да наполнат е со популарните Аца, Харис,Жељко. Прости примери има пред 3 години плажата relaxin го донесоа Лукас Вега и усте 3 дџи не се секавам влегоа 60 000 евра во загуба, немо лани го донесоа david morales извадиа само за кикиритки а додека кадмо ги донесе овие фолкериве направиа бум само од карти извадиа можи по 20 -30 000 евра на журка. Затоа не се носат такви дџи единствено на Парк им се исплака таму ако сакаш и дџ Коне однесиго полно ке е се менаџира преку liquid i objektiv охриганец си ги разбираш работиве
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.144
Поени од реакции
18.168
Охридските хотели до врв полни за новогодишните празници
Охрид е хит дестинација за дочек на Нова година. Охридските хотели се речиси целосно исполнети, во најголем дел со гости од соседните држави.

-Хотелите „Метропол“ и „Белви“ во овој момент се исполнети над 90 проценти. Најбројни се гостите од Србија, Бугарија и Грција, а интерес има и од домашните туристи, изјави менаџерот Филип Мишески.

Во двата сместувачки капацитети на „Климетица“ исполнетоста е преку 80 проценти
.

-Главно тоа се гости од Црна Гора и Србија, а дел од аранжманите се продадени на домашни туристички агенции, изјави Љупчо Цветаноски од х. „Климетица“.

Околу 70 отсто од резервациите се продадени и во хотелот „Тони“, каде исто така најбројни се гостите од балканските држави.

-Со оглед на интересот очекуваме деновиве да бидат продадени и преостанатите аранжмани за новогодишните празници, истакна менаџерот Владо Секулоски.

Речиси целосно исполнет е и хотелот „Силекс“ кој деновиве ја промовира програмата за дочекот на Новата година.

- Оваа Нова година во Охрид ќе биде екстра одлична исполнетост. Нашиот објект е 90 отсто продаден на гости од Србија и Црна Гора, а има интерес и од домашните туристи, изјави менаџерот Тоше Чочороскки.

Главно охридските хотели нудат тридневни аранжмани за Нова година, чија цена се движи од околу 110 до 160 евра по гостин.

OhridNews​

10.12.2011 11:50​

Прочитана е : 1104 пати​

© 2011 Ohridnews.com​
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.556
Поени од реакции
34.902
Тридневен аранжман за Нова година во Охрид чини од 110 до 160 евра.
Евтино, морам да признаам :cuc::cuc::cuc:
Ама кога ќе погледнам по агенцииве и кога ќе видам дека за истите тие 110 до 160 евра, јас можам да ја посетам една Прага, еден Истанбул, една Будимпешта и ред други градови, тогаш се прашувам зошто луѓето кукаат дека секоја година има се помалку и помалку туристи:vozbud:
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.144
Поени од реакции
18.168
Тридневен аранжман за Нова година во Охрид чини од 110 до 160 евра.
Евтино, морам да признаам :cuc::cuc::cuc:
Ама кога ќе погледнам по агенцииве и кога ќе видам дека за истите тие 110 до 160 евра, јас можам да ја посетам една Прага, еден Истанбул, една Будимпешта и ред други градови, тогаш се прашувам зошто луѓето кукаат дека секоја година има се помалку и помалку туристи:vozbud:
Бројот на домашни туристи е во опаѓање, а на странски во зголемување.
Ова 110-160 евра се најскапите хотели и хотели со лакоми менаџери / газди, сеедно.Проблемот е дека странските туристи нема да идат секоја година, за разлика од домашните шо можат неколку пати годишно да дојдат за викенд или одмор.
Јас не можам да ги сфатам тие шо идат секое лето и после на зима се жалат како било скапо и негостопримливи биле луѓето...до почетокот на другото лето.Па нормален чоек не би одел на гости негде ако е свесен дека нема добро да си поминит.
 
Kajgana Shop

На врв